Марсиал одбил да потпише нов договор со Јунајтед


Напаѓачот на Манчестер Јунајтед, Антони Марсиал одбил нов договор од клубот, објавија медиумите во Франција. Според „РМЦ Спорт“ причината е дека 22-годишниот играч е незадоволен од слабата минутажа која ја добива оваа сезона, и претпочита да биде ставен на трансфер листа. Актуелниот договор на Французинот истекува летото 2019 година, додека новата понуда била во рок […]

Зидан: Би се радувал повеќе на титулата во Ла Лига, отколку во ЛШ


Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, призна дека би се радувал повеќе на титулата во Примера, отколку на третиот последователен трофеј во Лигата на шампионите. Според францускиот тренер, освојувањето на шпанскиот шампионат е најтешка задача. Зизу додаде дека нема друго објаснување зошто неговиот Реал е поуспешен во Европа отколку на домашната сцена. – Немам објаснување […]

Победа повторно со нов тренер


Тони Мегленски е четвртиот тренер кој оваа сезона ќе ја предводи Победа од Прилеп, откако денеска од клубот си замина Слободан Крчмаревиќ. Мегленски ќе има тешка задача да обезбеди опстанок во Првата македонска фудбалска лига, бидејќи позицијата на Победа на табелата е незавидна. Прилепчани се на осмо место со само еден бод повеќе од Пелистер […]

Циндриќ: Имаме квалитет да ги одбраниме титулите


Организаторот на играта на актуелниот македонски, сеха и европски ракометен шампион Вардар, Лука Циндриќ, смета дека „црвено-црните“ имаат квалитет да ги одбранат трофеите освоени мината сезона. Хрватот во интервјуто за официјалниот магазин на СЕХА Газпром лигата очекува тешки натпревари, бидејќи противниците на средбите со Вардар сега ќе пристапат многу посериозно и помотивирано. – Први сме […]

Ѓоковиќ повторно тренира со Вајда


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ до крајот на сезоната ќе работи со неговиот поранешен тренерот, Марјан Вајда. Словачкиот стручњак од минатиот викенд повторно тренира со Ѓоковиќ во Марбела, Шпанија, како дел од подготовките за Мастерсот во Монте Карло. Засега се уште е непознато дали Вајда ќе биде долгорочно решение или ќе му помогне на српскиот […]

Јувентус ќе го нападне Реал со четворица напаѓачи


Тренерот на Јувентус, Масимилијано Алегри размислува да извади состав со четворица „истурени“ фудбалери на реваншот од четвртфиналето во Лигата на шампионите. Италијанските медиуми објавија дека Алегри разгледувал две формации, едната е 4-2-4, а другата 4-3-3. Како што се наведува, доколку Јувентус игра со тројца во средниот ред и три напаѓачи на теренот тоа ќе бидат […]

Велосипедист почина од срцев удар на трката Париз-Рубе


Белгискиот велосипедист Мишел Гулертс почина на 23-годишна возраст од срцев удар за време на трката Париз-Рубе. Гулертс падна по 110 извозени километри од 237 километри долгата трка. Тој бил во бессознание кога пристигнаа лекарските служби, а по првите обиди за реанимација покрај патеката велосипедистот со хеликоптер беше префрлен во болница. – Со незмерна тага мораме […]

Гвардиола: Мора да одиграме совршен натпревар


Тренерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, на прес-конференцијата пред утрешниот реванш натпревар против Ливерпул од четвртфиналето во Лигата на шампионите верува дека неговиот тим може да го надополни поразот од 3:0 во првиот меч. – Мораме да одиграме совршен натпревар за да одиме понатаму, истакна Гвардиола. Тој вели дека неговиот тим е исклучителен и дека […]

Фернандо Торес заминува од Атлетико Мадрид


Фудбалерот на Атлетико Мадрид, Фернандо Торес, соопшти дека на крајот од сезоната ќе го напушти клубот. За популарниот „Ел Нињо“ ова е втор мандат во мадридскиот клуб, откако по првиот период во Атлетико од 2001-2007 година, потоа ги носеше дресовите на Ливерпул, Челзи и Милан. Торес се врати во 2015 година, но оваа сезонава е […]

Зидан: Не ми се допаѓа тоа што не сметаат за фаворити во ЛШ


На тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан му пречи тоа што неговиот тим го сметаат за прв фаворит во Лигата на шампионите. Сигурните игри на „кралскиот клуб“ во елитното натпреварување придонесоа обложувалниците низ цела Европа да го намалат коефициентот за освојување на трофејот. – Не ми се допаѓа фактот дека сме фаворити во Лигата на […]

Капело најави крај на кариерата


Познатиот италијански фудбалски стручњак Фабио Капело најави завршување на богатата тренерска кариера. – Јас постигнав се што сакав. Италијанскиот национален тим? Веќе реков „Не”. Имав искуство во работата со националните тимови на Англија и Русија. Сакав повторно да работам со клуб. Џиангсу Сунин беше моето последно тренерско искуство. Многу сум среќен од моите постигнувања. Сега […]

Шкендија убедлива во тетовското дерби, Скопје ја изненади Победа


Во Правата македонска фудбалска лига денеска се одиграа четири натпревари од 26. Коло во кое сигурна победа забележа лидерот Шкендија. Значајни бодови во борбата за опстанок освои Скопје на гостувањето кај Победа. Резултати во 26. Рунда од ПМФЛ: Работнички – Силекс 2:0, Академија Пандев – Вардар 1:1, Победа – Скопје 0:1 и Шкендија – Ренова […]

Македонските ракометари загубија од Русија


Македонската ракометна репрезентација ослабена без неколкумина стандардни од првиот состав, загуби на пријателскиот натпревар против селекцијата на Русија. Избраниците на Раул Гонзалез играа одлично во првото полувреме кое го завршија со предност од 19:15, но Русија знаеше да ги искористи проблемите со реализацијата на нашиот состав во текот на второто полувреме и направи пресврт за […]

Ван Нистелрој: Уште од самиот почеток, Роналдо знаеше што сака


Руд ван Нистелрој, поранешниот соиграч на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед, а потоа во Реал Мадрид искажа пофалби за Португалецот по одличните партии во последно време. – Игра неверојатно, неговите голови се навистина добри, но оној со ножици не беше од оваа планета. Висината на која Кристијано го погоди овој шут е неверојатна, рече Нистелрој. […]

Минимална, но битна победа на ЖРК Вардар против Митјиланд во Данска


ЖРК Вардар славеше на гостувањето во Данска против Митјиланд со минимална преднсот 23:24. Иако во првото полувреме Митјиланд одигра одлично и имаше четири гола предност, Вардар се разбуди во второто полувреме. Оствари серија од 6-0 и од три гола негатива дојде до водство од три разлика. На крајот македонскиот тим победи со 24:23. Драгана Цвијиќ […]

Клоп: Инцидентот со Сити е дело на неколку хулигани


Тренерот на Ливерпул, Јирген Клоп, повторно упати извинување до членовите на Манчестер сити поради инцидентот што се случи пред четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите. Инцидентот се случи на патот до стадионот „Енфилд“, а група навивачи на Ливерпул фрлаа тврди предмети како лименки и шишиња кон клупскиот автобус што ги превезуваше фудбалерите на Манчестер сити. […]

Компани: Титулата може да почека, се насочуваме кон Лигата на шампионите


Манчестер сити со победа на градското дерби против Манчестер јунајтед на пет кола пред крајот сезоната може да ја обезбеди шампионската титула во Англија. Меѓутоа, капитенот на „граѓаните“ Венсан Компани наведува дека не би му пречело да го одложат освојувањето на титулата со цел да се подготват за реванш натпреварот против Ливерпул од четвртфиналаната фаза […]

Повредата на Салах не е сериозна, но ќе го пропушти дуелот против Евертон


Фудбалерот на Ливерпул, Мохамед Салах, се повреди на четвртфиналниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер сити и најверојатно ќе го пропушти само дуелот против Евертон. Салах го напушти теренот во второто полувреме на натпреварот против Сити, но по деталните прегледи било утврдено дека не станува збор за потешка повреда. Поголем проблем за Ливерпул претставува […]

Работнички го совлада Гостивар


Работнички оствари нова победа во Суперлигата, откако на домашен терен со 71:57 го совлада Гостивар. Екипата на Гостивар во „Градски парк“ дојде без суспендираниот тренер Марјан Србиновски и беше рамноправен противник само во првата четвртина, кога дури имаше и водство од 17:11 во седмата минута. Избраниците на Марин Докузовски победата ја забетонираа во вториот период, […]

УЕФА покрена дисциплинска постапка против Ливерпул


УЕФА покрена дисциплинска постапка и ќе спроведе истрага против фудбалскиот клуб Ливерпул, поради инцидентот со неговите навивачи кои го нападнаа автобусот на Манчестер сити. Инцидентот се случи на патот до стадионот „Енфилд“ пред првиот четвртфинален натпревар од Лигата на шампионите, а УЕФА го обвини Ливерпул за предизвикување штета и нарушување на јавниот ред, бидејќи неговите […]