Јоновски е повреден, нема да игра против Романија


Ракометарот на бундеслигашот Ратинген и на македонската репрезентација, Ацо Јоновски, поради повреда нема да игра во јунските бараж средби против Романија за пласман на Светското првенство. Неговиот клуб на социјалните мрежи објави дека Јоновски на еден од натпреварите во лигата се здобил со повреда на градниот кош, а прогнозите се дека бекот треба да одмора […]

Наинголан се закани: Ќе го победиме Ливерпул со 3:0 во реваншот


Играчот од средниот ред на Рома, Раџа Наинголан верува дека неговиот тим не ја изгубил шансата да стигне до финалето на Лигата на шампионите. Во првото полуфинале, Римјаните загубија од Ливерпул на „Енфилд“ со 5:2. – Ние го започнавме добро натпреварот, но потоа направивме премногу грешки. Им овозможивме на противниците да ги контролираат настаните на […]

Луис Енрике е поблиску до Челзи, отколку до Арсенал


Луис Енрике ќе објави во кој клуб ќе работи во следните денови, а во моментот изгледа поблиску до Челзи, отколку до Арсенал, соопштува шпански „Спорт“. Поранешниот тренер на Барселона од прва рака се запознал со проектот, кој може да го развие на „Стемфорд Бриџ“. Сопственикот на Челзи, Роман Абрамович го очекува конечниот одговор од Луис […]

Рамос за Иниеста: Да се викаше „Андресињо“ ќе ја освоеше двапати „Златната топка“


 Шпанскиот репрезентативец Серхио Рамос го прокоментира фактот дека Андрес Иниеста никогаш не ја освои „Златната топка“. – Ако тој се викаше Андресињо, ќе ја освоеше наградата најмалку двапати, изјави дефанзивецот на Реал Мадрид. Се очекува утре искусниот играч од средниот ред да објави дека по завршување на сезоната ја напушта Барселона за да игра во […]

Луис ван Гал: Добив предлог кој не можам да го одбијам


Поранешниот менаџер на Манчестер Јунајтед, Луис ван Гал, чие име е едно од бројните, кое се поврзува со тренерската позиција во Арсенал, изјави дека добил понуда која не може да ја одбие. – Се уште не можам да кажам дека ја завршив кариерата. Се уште добивам многу предлози. Иако звучи досадно за некои луѓе, тоа […]

Таткото на Шумахер има пристап до неговите 800 милиони евра


Таткото на Михаел Шумахер, Ралф, има целосен пристап до финансиите на својот син, открива германскиот весник „Бунте“. Богатството на седумкратниот светски шампион се проценува на околу 800 милиони евра. Од медиумот информираат дека ваква одлука е донесено уште во 1992 година, кога со нотарски заверен документ, пилотот му дава право на неговиот родител да го […]

Розберг го избришал Фејсбук профилот за да ја освои титулата во Ф1


Поранешниот пилот на Мерцедес, Нико Розберг откри што морал да направи, меѓу другото, за да ја освои титулата во Формула 1 во 2016 година. Германецот се фокусирал на двете единствени нешта кои биле навистина важни: неговото семејство и како да се победи следната трка, за да се приближи уште повеќе до посакуваната цел. Во 2014 […]

Боатенг најави заминување од Баерн


По седум години поминати во Баерн Минхен, Џером Боатенг јасно стави до знаење дека сака да го напушти клубот. – Постигнав се со Баерн. И полека доаѓам до точка каде што треба да си дадам одговор на прашањата: „кои цели се уште не сум ги исполнил?“ и „дали сакам да продолжам да се докажувам себеси […]

ЛШ: Реал славеше во Минхен


Во првиот натпревар од второто полуфинале од Лигата на шампионите, Реал Мадрид со 2:1 славеше на гостувањето на „Алијанц Арена“ кај Баерн. Поведе Баерн со голот на Кимих во 28 минута, а изедначи Марсело со удар од работ на шеснаесетникот во 44 минута. Во 57. минута нововлезениот Асенсио погоди за водство од 2-1 кое се […]

Надал урна рекорд стар 45 години


Најдобриот тенисер во светот Рафаел Надал го совлада без изгубен сет неговиот сонародник Роберто Карбаљес Баена во второто коло на АТП-турнирот во Барселона. Иако Надал не играше на вообичаеното ниво сепак не му препушти ниту еден сет на 77-от играч на АТП-листата, а токму овој детаљ го одбележа натпреварот. Имено Надал освои 38 сетови во […]

Окслејд-Чембрлејн нема да игра на Светското првенство во Русија


Фудбалерот на Ливерпул и член на англиската репрезентација Алекс Окслејд-Чембрлејн нема да игра на Светското првенство во Русија поради повредата на коленото која ја доби на првиот полуфинален натпревар против Рома од Лигата на шампионите. Англискиот репрезентативец настрада во дуел со Александар Коларов и во првото полувреме на носилки беше изнесен од теренот. Веднаш по […]

Вардарки совладани од Крим во регионалната ВРХЛ лига


Ракометарките на Вардар беа совладани од Крим сo 29:34 во последниот натпревар од регионалната женска ракометна ВРХЛ лига. Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата, а денешниот натпревар и вчерашната победа против Будуќност на последниот турнир од регионалното натпреварување во Подгорица беа само формалност. По осумте победи и само едно реми, ова е прв пораз […]

Ѓоковиќ: Не ги оправдав очекувањата на навивачите


Најдобриот српски тенисер Новак Ѓоковиќ не го криеше разочарувањето по поразот од Словакот Мартин Клижан уште на првиот настап на АТП-турнирот во Барселона. Поранешниот светски рекет број 1 загуби од 140-тиот на АТП ранг-листата, Мартин Клижан во три сета со 6-2, 1-6 и 6-3. – Жалам што не ги оправдав очекувањата – ниту на навивачите, ниту […]

Работнички го совлада Вардар, Шкендија ремизираше со Академија Пандев


Работнички со 1:0 го совлада Вардар во 30. коло од Првата фудбалска лига. Стрелец на единствениот погодок беше Виктор Ангелов, кој во 56. минута постигна прекрасен гол и му донесе победа и три бода на Работнички. Академија Пандев и Шкендија одиграа без победник 2:2 во Турново. Стенио Жуниор и Бесарт Ибраими и донесоа водство на […]

Рома се дистанцираше од насилните навивачи


Двајца навивачи на Рома се уапсени во Ливерпул под обвинение за обид за убиство, а италијанскиот клуб денеска се дистанцираше од нив. Тие вчера пред натпреварот од Лигата на шампионите критично претепаа навивач на Ливерпул. –  Најостро го осудуваме однесувањето на мал број навивачи кои допатуваа во Ливерпул и го посрамотија клубот и останатите навивачи […]

Левандовски: Реал фаворит, но тоа не значи дека ќе не победи


Напаѓачот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски во пресрет на вечерашниот дуел со Реал Мадрид, ја препушти фаворитската улога на ривалот, но потенцира дека тоа не значи и однапред победа за актуелниот европски првак. – Реал е фаворит, но тоа не значи дека ќе не победи. Кога ќе ја освоиш Лигата на шампионите две години по […]

Вардарки го совладаа Будуќност во регионалната ВРХЛ лига


Ракометарките на Вардар ја продолжија одличната серија и го совладаа Будуќност со 26:27 во претпоследниот натпревар во регионалната женска ракометна ВРХЛ лига. Екипата на Вардар веќе ја одбрани титулата, а денешниот натпревар и утрешниот против Крим на последниот турнир од регионалното натпреварување во Подгорица се формалност. Македонските ракометарки имаа предност во текот на целиот натпревар, […]

Шарапова елиминирана уште на стартот во Штутгарт


Поранешната најдобра тенисерка во светот Русинката Марија Шарапова беше елиминирана уште во првото коло на турнирот во Штутгарт, откако Французинката Каролин Гарсија ја совлада со 2:1 во сетови. Шарапова го доби првиот сет со 3:6, а потоа во тајбрејк го загуби вториот со 7:6. Иако Русинката во третиот решавачки сет имаше почетно водство, Гарсија успеа […]

(Видео) Европа се восхитува на мајсторските голови на Пандев и на Барди


Горан Пандев и Енис Барди украдоа дел од фудбалското внимание на стариот континент што е насочено кон полуфиналните судири во Лигата на шампиони (Ливерпул – Рома и Баерн М. – Реал М.). Двајцата ја принудија Европа на восхит со мајсториите што ги демонстрираа против Верона и против Атлетик Б. Двајцата се запишаа во листата на […]

Финалето од Купот меѓу Шкендија и Пелистер на 23 мај во Струмица


Финалето од Купот на Македонија меѓу Шкендија и Пелистер ќе се одигра на 23 мај на стадионот „Младост“ во Струмица со почеток од 20 часот. Иако, битолчани се бранители на титулата, тетовскиот тим ќе влезе како фаворит во финалната пресметка. Шкендија, откако ја потврди шампионската титула во Првата македонска фудбалска лига, ќе се обиде за […]