Валверде: Титулата во Ла Лига е најтешка за освојување


Тренерот на Барселона, Ернесто Валверде по освоената титула синоќа изјави дека неговите момчиња биле најдобриот тим во шампионатот и заслужено триумфираа. – Успеавме да ја освоивме титулата иако има уште натпревари до крајот на сезоната. Сметам дека бевме најдобриот тим, прокоментира тренерот по мечот. Валверде објасни и која е тајната за успехот на тимот, кој […]

Фергусон со подарок за Венгер пред дербито на „Олд Трафорд“


Манчестер – Легендарниот тренер на Манчестер Јунајтед, Алекс Фергусон, пред натпреварот на 35.круг на шампионатот на Англија против Арсенал, му даде подарок на гостинскиот менаџер Арсен Венгер. Со овој чин, Јунајтед му оддаде признание на 68-годишниот Французин, кој по 22 години на крајот на сезоната ќе го напушти Арсенал. Пред почетокот на средбата и тренерот […]

Кил победи во Скопје, но Вардар оди на фајналфор во Келн


Македонскиот првак Вардар втора година по ред ќе игра на завршниот турнир во Лигата на шампионите. „Црвено-црните“ денеска во реванш четвртфиналето загубија од Кил со 28:27, но благодарение на победата на гостински терен со 29:28 и повеќе постигнати голови на гости обезбедија Ф4 во елитното натпреварување во кое го бранат трофејот. Гостите најавија тежок натпревар […]

АТП турнир во Барселона – 11. трофеј за Надал


Барселона – Шпанецот Рафаел Надал го победи грчкиот тенисер Стефанос Циципас во завршниот меч на АТП турнирот во Барселона. За Надал ова беше 11. трофеј во исто толку финалиња во каталонскиот град. Домашниот тенисер за само 1 час и 18 минути го реши мечот со 2-0, по сетови 6:2 и 6:1. Наградниот фонд изнесуваше 2,5 […]

Вардар преку Кил ќе се обиде да стигне до Келн


Бранителот на трофејот во Лигата на шампионите за ракометари, тимот на Вардар попладнево го очекува реваншот од четвртфиналето со германски Кил. „Црвено-црните“ имаат гол предност од првиот дуел и се во добра позиција, втор пат по ред да патуваат на Ф4 завршниот турнир во Келн. Сепак, во таборот на Вардар се свесни дека ништо не […]

Кошаркарска суперлига: Работнички го преслуша Куманово, МЗТ Скопје се реваншира на Гостивар


Лидерот Работнички и актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром забележаа победи во 8. коло од кошаркарската Супер лига. Работнички во „Градски парк“ го победи Куманово со 109:76 и му се реваншира за единствениот пораз доживеан досега сезонава во македонското првенство. Шампионот МЗТ Скопје не дозволи по втор пат да биде изненаден од Гостивар на гостувањето во […]

ПСЖ прв патник на ракометниот Ф4 во Келн


Ракометарите на Пари Сен Жермен го добија и реваншот од четвртфиналето со Киелце и први изборија пласман на „Фајнал Фор“ турнирот од ЕХФ Лигата на шампионите. ПСЖ во реваншот го совлада полскиот првак со 35:32 и со вкупни 69:60 одат во келн. Во другите четвртфинални пресметки играат: Вардар Кил (прв натпревар 29:28 за македонскиот и […]

Монтела доби отказ, Капарос нов тренер на Севилја


Винченцо Монтела повеќе не е тренер на Севилја, откако раководството на клубот реши да ја прекине соработката поради слаби резултати. Отказот за Монтела доаѓа по само четири месеци поминати на кормилото на Севиља и му е врачен по вчерашниот пораз од Леванте, екипа која се бори за опстанок во Ла Лига. Италијанецот сезоната ја почна […]

Формула 1: Пол-позицијата во Баку за Фетел


Возачот на Ферари, Себастијан Фетел ќе тргне од пол-позицијата на трката во Баку за Големата награда на Азербејџан од шампионатот во Формула 1. Германецот трет пат по ред е најбрз во квалификациите. Веднаш до Фетел од првиот ред ќе стартува Луис Хамилтон од Мерцедес, актуелен шампион во Ф1. Од вториот ред како трет трката ќе […]

Бенитез започна преговори со Њукасл за нов договор


Менаџерот на Њукасл, Рафаел Бенитез, започна разговори со премиерлигашот за продолжување на соработката и рече дека следната недела ќе се одржат нови средби со раководните луѓе. Шпанецот кој го презема Њукасл во 2016 година, има уште една година од неговиот сегашен договор. „Разговарав со управата и повторно ќе разговараме следната недела. Добро е ако нештата […]

Левандовски не е на листата засилувања на Реал Мадрид


По многуте шпекулации за можен трансфер во Реал Мадрид, шпанска „Марка“ објави дека фудбалерот на Баерн Минхен, Роберт Левандовски не се наоѓа на листата потенцијални засилувања на „кралскиот клуб“. Според реномираниот весник, Реал разгледува три кандидати за напаѓачката позиција: Хари Кејн од Тотенхем, Тимо Вернер од Лајпциг и Мауро Икарди од Интер. Ниту Реал, ниту […]

Монтела пред отказ во Севилја


Тренерот на Севилја, Винченцо Монтела во скоро време ќе биде отпуштен од Севиља, објавија шпанските медиуми. Под водство на италијанскиот фудбалски стручњак, Севилја не ги исполни очекувањата на управата и навивачите, па извесно е прекинување на соработката со италијанскиот стручњак. Монтела е во Севилја од 28 декември во 2017 година. Со него тимот загуби десет […]

Бартомеу сака да го врати Нејмар во Барселона


Претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, е подготвен да го врати Нејмар на „Камп Ноу“, објавија шпанските медиуми. „Ми се допаѓа кога најдобрите играчи настапуваат во Шпанија, и, се разбира, ќе бидам отворен за повторно потпишување договор со Нејмар“, изјави Бартомеу. Бразилецот минатото лето за рекордни 222 милиони евра се пресели од Барселона во ПСЖ, […]

Стефанос Цисипас: Новата тениска ѕвезда


Стефанос Цисипас, 63. тенисер на светската АТП листа е сензационален финалист на големиот турнир во Барселона. Попладнево, со 2-0 во сетови (7-5, 6-3) го совлада Карено-Буста од Шпанија. Во финалето ќе игра со победникот од мечот: Надал-Гофен. Цисипас е 19-годишен грчки  тенисер, кој никогаш немал позначителни успеси во сениорскиот тенис, но со значителен успех меѓу […]

Ѓоковиќ одби да игра во Есторил


Поранешниот светски рекет број 1, Новак Ѓоковиќ ја одби специјалната покана од организаторот на АТП турнирот од Серијата 250 во Есторил, Португалија. Србинот одлучи следната седмица да паузира од турнирите и што подобро да се подготви за Мастерсот во Мадрид. Турнирот во шпанската престолнина е на 6 мај, а потоа ќе настапи на турнир од […]

Пад на великанот: Кајзерслаутерн во трета лига


Четирикратниот германски фудбалски првак, Кајзерслаутерн првпат во својата 118-годишна историја испадна во третата лига откако вчера загуби на гостувањето во Билефелд со 2-3. Кајзерслаутерн е на последното место во втората лига со 29 бодови, осум помалку од зоната за опстанок. Овој тим, кој ја освои бундес-лигата во 1951, 1953, 1991 и 1998 година, последен пат […]

Реал против ЦСКА во Белград


Екипите на Реал Мадрид и ЦСКА Москва ка комплетираа „четворката“ која ќе игра на завршниот турнир од кошаркарската Евролига, откако синоќа во драматични натпревари беа поуспешни од своите ривали во четвртфиналето. Реал на домашен терен го совлада Панатинаикос со 89:82 за вкупно 3-1 во серијата. Гостите од Атина се вратија резултатски од големата негатива (22 […]

И Барбара Лазовиќ се сели од Вардар во Букурешт


Ракометарката на ЖРК Вардар, Барбара Лазовиќ, заминува од македонскиот клуб и кариерата ќе ја продолжи во Романија каде ќе го носи дресот на ЧСМ Букурешт. Словенечката ракометарка потпиша едногодишен договор со романскиот клуб. – По четири години во Вардар се радувам што ќе се приклучам на ЧСМ Букурешт. Секоја промена е тешка, но верувам дека ја донесов вистинската одлука. ЧСМ […]

Берлускони: Повторно ќе го купам Милан


Поранешниот сопственик на италијанскиот фудбалски клуб Милан, Силвио Берлускони, најави дека повторно размислува да го купи клубот. Минатата сезона Берлускони го продаде Милан на кинески конзорциум, а претходно над триесет години успешно го водеше клубот. Милан оваа сезона речиси сигурно нема да обезбеди пласман во Лигата на шампионите, а Берлускони не го крие разочарувањето од […]

Иниеста со солзи во очите: Заминувам од Барселона


Капитенот на Барселона, Андрес Иниеста официјално објави дека го напушта „Камп Ноу“. Триесет и четири годишниот фудбалер ја соопшти својата одлука на денешната прес-конференција. „Ова е моја последна сезона во Барселона. Одлуката е тешка и јас никогаш не мислев дека ќе биде толку комплицирано и емотивно да го објавам“, рече во солзи познатиот играч од […]