Медалите на олимпијците се кршат. Од што се всушност направени?


Милано Кортина –  Иако на прв поглед изгледаат како да се направени од чисто злато, медалите што спортистите ќе ги креваат на подиумот на Зимските олимписки игри во 2026 година се покажаа како проблематични – бидејќи се кршат. Холандската брзолизгачка Јута Лирдам (27), која го освои својот прв златен олимписки медал на 1.000 метри во […]

ЗОИ 2026: Клебо доминантно до златото во машкиот крос-кантри спринт


Норвешкиот скијач Јоханес Клебо освои олимписко злато во крос-кантри спринтот на Игрите во Италија. Клебо 1,6 км. ги мина со време 3:39,74 минути. Ова е втората победа на Норвежанецот на Олимписките игри во 2026 година. На 8 февруари, Клебо освои злато во скијатлон. Американецот Бен Огден (+0,87 секунди) го освои второто место во спринтот, додека […]

Мурињо наскоро ќе ја преземе една од најдобрите репрезентации во светот?


ЖОЗЕ Мурињо наскоро ќе добие понуда да ја преземе португалската репрезентација по Светското првенство во 2026 година, кое ќе се одржи во САД, Канада и Мексико. Португалската фудбалска федерација (ФПФ) наводно планира да го ангажира сегашниот тренер на Бенфика откако ќе истече договорот на сегашниот тренер Роберто Мартинез на крајот од турнирот, објави Goal.com. Желбата […]

Линдзи Вон: „Не жалам за ништо“


  Линдзи Вон вели дека претрпела комплексна фрактура на потколеницата „која ќе бара повеќекратни операции за правилно да се поправи“ кога нејзините олимписки надежи завршија со тежок пад. Американката падна по 12 секунди во нејзината трка за време на натпреварот по спуст за жени во неделата. Нејзините крици на болка можеа јасно да се слушнат […]

Симболичен настап на Јада во квалификациите на крос-кантри спринтот – заврши на 89 место


 Првиот Македонец кој настапи на Зимските олимписки игри 2026, Ставре Јада имаше само симболичен настап. Јада патеката долга 1,6 км. во претпладневните квалификации во спринт крос-кантри ја мина со време 3 минути, 59 секунди и 56 стотинки, или 52,19 секунди побавно време од најбрзиот натпреварувач. Со постигнатото време јада го освои 89.место од вкупно 94 […]

Вон заработи богатство за 12 секунди на Олимписките игри


Милано Кортина – Линдзи Вон (41), една од најдобрите скијачки на сите времиња, доживеа сериозен пад и сложена фрактура на ногата по само 12 секунди од трката по спуст на Олимписките игри во Кортина д’Ампецо. По падот, проследен со вресок од болка, Вон беше префрлена со хеликоптер во болница, каде што беше оперирана. Со тоа […]

ЗОИ 2026: Анархистите ја преземаа одговорноста за саботажата на денот на отворањето


Анархистите ја преземаат одговорноста за саботажата на железницата во Италија на денот на отворањето на Зимските олимписки игри во 2026 година, според блог пост на протестното движење. Претходно, се појавија извештаи за неколку оштетени железнички пруги и инфраструктура во областа Болоња еден ден по отворањето на Игрите. Доцнењата на линиите траеја два до три часа, […]

Лејкерси загубија од Оклахома, Џејмс запиша дабл-дабл


 Лос Анџелес Лејкерс утринава загуби од Оклахома сити дома во натпревар од НБА-лигата со 119:110. Ветеранот на Лејкерс, Леброн Џејмс, запиша дабл-дабл со 22 поени и 10 асистенции. Лејкерси (32 победи и 20 порази) се петти во Западната конференција на НБА-лигата. Нивната серија од три победи заврши.  Оклахома Сити (41-13) останува лидер во Западната конференција. […]

„КБ Инвест“ АД Скопје нов спонзор на ГФК „Осогово“ од Кочани


 Најголемото признание за потенцијалот на тимот, како  и предана работа на стручниот штаб и управата, доаѓа кога некој што има беспрекорна репутација во областа на финансииите, ќе ве препознае и ќе ви подаде рака. Ова стои во денеска објавеното  соопштението на управата на кочанските „жолто-сини“, со кое се информира дека КБ Инвест АД Скопје станува […]

ЗОИ 2026: Злато и сребро за Холандија во брзо лизгање кај жените на 1.000 метри


 Натпреварувачките на Холандија ги освоија првите две места во дисциплината 1.000 метри брзо лизгање на ЗОИ Милано Кортина. Најдобар резултат оствари првата фаворитка Јута Лердам, која патеката ја мина за 1:12.31 минута што е нов олимписки рекорд. Второто место и припадна на нејзината сонародничка Фемке Кок, која имаше заостанување од 28 стотинки. Олимписката шампионка од […]

Полуфиналето на турнирот во Порто и донесе скок на Ѓорческа од 12 места


Македонската тенисерка Лина Ѓорческа со пласманот во полуфиналето на ИТФ турнирот Порто 50 и новите 20 поени направи скок на денеска објавената ВТА листа. Таа сега со 387 поени се наоѓа на 182.место. Ѓорческа има одиграно 25 турнири, според кои го има овој ранг. Со успешните резултати македонската тенисерка е сè поблиску до својот најдобар […]

Швајцарскиот втор тим до злато во тимската комбинација


Швајцарскиот втор тим стигна до златниот медал во тимската комбинација. Тандемот Фрањо фон Алмен и Танги Неф беа најбрзи со постигнато време 2:44.04 минути, фон Алмен се натпреваруваше на патеката за спуст, додека Неф во слалом, каде што имаше и најдобро време. Сребрениот медал го поделија тимовите на Австрија 1 и Швајцарија 1, кои имаа […]

Македонската репрезентација бележи скок од четири позиции на ЕХФ ранг-листа


Македонската ракометна репрезентација напредуваше четири места на најновото рангирање на Европската ракометна федерација. „Црвено-жолтите“ сега се наоѓаат на 15. Место. Прогресот се должи на добрите настапи на ЕХФ Еуро 2026 во јануари. Водечки на ранг-листата на ЕХФ се Данска, Франција и Германија. Во ТОП 10 се и селекциите на: Хрватска, Португалија, Шведска, Исланд, Унгарија, Норвешка […]

Првиот Хаиќанец во крос-кантри скијање ги освои срцата на публиката


Стивенсон Саварт (25) влезе во историјата на Зимските олимписки игри станувајќи првиот спортист што некогаш го претставувал Хаити во крос-кантри скијање. Младиот спортист го оствари својот олимписки сон во Милано и Кортина д’Ампецо, каде што привлече големо внимание од јавноста уште од самиот почеток. Саварт беше и носител на знамето на Хаити на церемонијата на […]

Еве кога настапуваат македонските спортисти на Зимската олимпијада


Македонскиот олимписки комитет го објави официјалниот календар на натпревари за македонските олимпијци на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина д’Ампецо. Во наредните денови, нашите репрезентативци ќе ги бранат боите на Македонија на најголемата светска спортска сцена. ❄️ Нордиско скијање (лрос-кантри): ⛷️Ставре Јада 10 февруари во 9:55 ч. (спринт) 13 февруари во 11:40 ч. (10 […]

Релиќ освои бронзен медал во Австрија


Македонската таеквондистка Милијана Релиќ викендот го освои третото место и се закити со бронзен медал на турнирот Австрија Г-1 Опен во Инсбрук. Во категорија – 62 кг Македонката ја покажа својата врвна форма пред десет дена исто така, се закити со бронза на натпреварот во Фуџарија Г-2 Опен во Обединетите Арапски Емирати. Во првата борба […]

Американец изведе салто на една нога, дури и Ѓоковиќ го гледаше со чудење


Американскиот уметнички лизгач Иља Малинин продолжи да ги поместува границите на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина, изведувајќи салто на една нога за време на слободната програма. Историскиот настап на Малинин му помогна на американскиот тим да го освои златниот медал, а неговиот настап беше оценет со 200,03 поени. Репрезентацијата на САД го заврши […]

ЗОИ 2026: Норвешка лидер на листата медалисти


На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина досега се поделени 13 комплети медали. Најмногу златни одличја има Норвешка, додека домашните натпреварувачи, Италијаните имаат освено најмногу медали. Вкупно 15 држави имаа свој претставник на победничкиот подиум. Листа на медалисти на ЗОИ 2026: 1. Норвешка   3+1+2 (златни+сребрени+бронзени)  2. САД            2+0+0 3. […]

Сиетл го победи Њу Ингланд во Супербоулот 2026


Екипата на Сиетл го совлада тимот на Њу Ингланд во Супербоулот во американскиот фудбал во 2026 година со 29:13 (3:0, 6:0, 3:0, 17:13). Натпреварот се одржа на стадионот „Левис“ во Санта Клара пред 70 илјади гледачи. Претходно, Њу Ингланд го победи Денвер со 10:7 во финалето на Американската фудбалска конференција. Во решавачкиот натпревар на Националната […]

Бурниот љубовен живот на Линдзи Вон: Од спортски легенди до милионери


Страшниот пад на Линдзи Вон (41) во спустот на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина ги шокираше сите, па таа беше итно однесена во болница. Како што беше објавено, Линдзи Вон била подложена на операција за стабилизирање на скршена лева нога, објави италијанската болница каде што беше примена по сериозен пад на Зимските олимписки […]