Полувреме од соништата: Атлетико Мадрид ѝ ја наполни мрежата на Барселона


 Екипата на Атлетико Мадрид во првото полуфинале од Кралскиот куп на домашен терен синоќа ја совлада Барселона со 4:0, а сите голови беа постигнати во првиот дел. Атлетико поведе со автоголот на Ерик Гарсија во 6.минута, а во 14.та минута веќе беше 2:0 – стрелец беше Антоан Гризман. Новото засилување на Атлетико Адемола Лукман зголеми […]

Македонија во групата Б1 на Лигата на нации против Шкотска, Швајцарија и Словенија


Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Брисел ги дозна своите противници за новото издание на Лигата на нации на УЕФА. Како дебитант во Лига Б, Македонија беше сместена во групата Б1, каде за ривали ги доби селекциите на Шкотска, Швајцарија и Словенија. Пеколно деби во посилната дивизија По одличните настапи во претходниот циклус, „Рисовите“ сега се […]

ЗОИ2026: Злато за Австриецот Хамерле во сноуборд крос


Австрискиот натпреварувач Алесандро Хамерле денеска го освои златниот медал во сноуборд крос на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина. Хамерле триумфираше во големото финале пред Канаѓанецот Еилот Грондон, кој го освои среброто, и Австриецот Јакоб Душек, кој се закити со бронзата. Четвртото место во големото финале го освои Французинот Аидан Шоле. 

ЗОИ 2026: ИОК го дисквалификува Украинецот Гераскевич поради носење нелегална кацига


Организаторите на Олимписките игри во 2026 година го дисквалификуваа украинскиот тркач со скелетон Владислав Гераскевич поради носење нелегална кацига со портрети на починати спортисти, пренесува ТАСС. ИОК, исто така, му ја одзеде олимписката акредитација на Гераскевич. „Марка“ објави дека претседателката на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК), Кирсти Ковентри, лично ќе пристигне на олимписката патека, Еугенио Монти, […]

Да, тоа е истиот човек – предводи 13 национални тимови на ЗОИ, а се пресоблекува како на лента


Ако некогаш сте помислиле дека да се биде зимски олимпиец е исцрпувачки и бара неуморна посветеност на емоционално и физички интензивен живот, обидете се да тренирате шеснаесет од нив, исто како Беноа Ришо Гледачите на кратката програма на Зимските олимписки игри можеби доживеале дежа ву кога камерите го покажаа грузискиот лизгач Ника Егадзе како седи […]

Македонската репрезентација вечер ќе ги дознае ривалите во Лигата на нации


Во Брисел вечер од 18 часот ќе бидат извлечени групите за Лига на нации сезона 2026/7. Македонската репрезентација се наоѓа во четвртиот шешир сегмент -Б заедно со репрезентациите на Шведска, Северна Ирска и Косово, против кои не можеме да се падне. Потенцијали ривали на „црвено-жолтите“ се: Прв шешир: Шкотска, Унгарија, Полска и Израел. Втор шешир: […]

ЗОИ 2026: Норвешка и Италија со по 13 медали најуспешни по пет натпреварувачки дена


На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина, досега најмногу медали имаат освоено Норвешка и Италија – по 13. САД се исто така двоцифрени со 12 медали. Норвежаните имаат освоено седум златни медали, два сребрени и четири бронзени. Италија има четири златни, два сребрени и седум бронзени. Американците имаат четири златни, шест сребрени и два […]

Влезниците за воведувањето на Федерер во тениската „Сала на славните“ продадени за две минути


Меѓународната тениска „Сала на славните“ потврди дека влезниците за церемонијата на воведување на Роџер Федерер се продадоа за две минути, иако организаторите додадоа неколку илјади дополнителни влезници во надворешната фан-зона. -Како мало, но историско место, нашиот капацитет е ограничен, објасни портпарол на Куќата на славните на социјалните медиуми. „Куќата на славните“ изјави дека очекувала такво […]

Интер Мајами го одложи пријателскиот натпревар против Индепендиенте дел Вале поради повреда на Меси


Интер Мајами одлучи да го одложи пријателскиот натпревар против еквадорскиот Индепендиенте дел Вале поради повреда на напаѓачот Лионел Меси. Триесет и осумгодишниот Аргентинец ја претрпе повредата на 8 февруари во пријателскиот натпревар против еквадорската Барселона (2:2), на кој постигна гол и асистираше. – За жал, почувствував истегнување на мускулот на последниот натпревар, но навистина се […]

Дефинитивен крај на Суперлигата, се повлече и Реал


Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) објави вечерва дека постигнала договор со Реал Мадрид за прекин на тековната битка околу формирање Суперлига, откако мадридскиот клуб остана единствен поборник за ова натпреварување. Главниот ривал на Реал Мадрид, Барселона, минатата недела објави дека се откажува од проектот Суперлига, а сега и Кралскиот клуб одлучи да го стори истото. „По […]

Линдзи Вон по трет пат оперирана по несреќата на ЗОИ. Се јави од болница


Милано Кортина – Американската скијачка легенда Линдзи Вон (41) повторно е оперирана, по трет пат за само неколку дена по сериозниот пад на олимпискиот спуст. Таа го сподели своето закрепнување од повредата со своите следбеници на својот Инстаграм профил и на други социјални мрежи. Објави фотографии од болничкиот кревет со охрабрувачка порака до своите обожаватели. […]

Ѓоковиќ, Федерер или Надал: Еве што вели Крис Еверт


Прашањата за тоа кој е најголемиот тенисер во историјата веројатно ќе траат засекогаш, со оглед на тоа колку лична пристрасност е завиткана во секој одговор. Некои може да гравитираат кон елеганцијата на Роџер Федерер, додека други би можеле да бидат поколебани од неуморната желба и решителност на Рафаел Надал преку повреди и замор. Потоа тука […]

Американски спортисти го бранат колегата нападнат од Трамп


Милано Кортина – Голем број американски спортисти кои се натпреваруваат на Зимските олимписки игри во Милано и Кортина застанаа во одбрана на својот колега скијач во слободен стил Хантер Хес откако претседателот Доналд Трамп го нападна на социјалните мрежи, нарекувајќи го „вистински губитник“ затоа што рекол дека не е лесно да се претставуваат САД во […]

Бронзениот Норвежанец не плачеше од среќа за медалот, туку што ја изневерил девојката


  Норвежанецот Стурла Холм Леграид се расплака откако освои бронзен медал во машкиот бијатлон на 20 км на Зимските олимписки игри, извинувајќи се дека имал афера и велејќи: „Ова беше најлошата недела во мојот живот“. Јохан-Олав Ботн го освои златото, а Французинот Ерик Перо беше втор, но токму Леграид ги запрепасти телевизиските гледачи во Норвешка […]

Легендарната Моника Селеш се бори со автоимуна болест


Тениската легенда Моника Селеш (52) неодамна јавно проговори за својата борба со ретка автоимуна болест. Минатото лето, таа откри дека во 2022 година ѝ е дијагностицирана мијастенија гравис, хронична невромускулна болест која предизвикува мускулна слабост, со што започна уште една тешка животна битка, овој пат далеку од спортските терени.     Први симптоми и патот […]

Бизарна приказна на ЗОИ: Холандија сруши рекорд, но не освои медал


  Зимските олимписки игри донесоа една од најбизарните приказни на програмата досега. Холанѓанките поставија нов олимписки рекорд во брзо лизгање на кратки патеки, но ги завршија Игрите без медал. Тоа беше штафетата на 500 метри мешано, дисциплина во која Холанѓанките се сметаа за едни од главните фаворити. Сепак, исходот беше сè друго освен очекуван. Одлучувачкиот […]

ЗОИ 2026: Норвешка води на листата медалисти, денес ќе бидат доделени медали во шест дисциплини


На Зимските олимписките игри во Милано и Кортина, лидер на листата медалисти е Норвешка. Норвежаните имаат освоено шест златни медали, два сребрени и четири бронзени – вкупно 12. По три злата имаат Германија, Швајцарија, Шведска, по два САД, Австрија, Италија и Јапонија.  Еден златен медал имаат освоено Франција, Чешка, Холандија и Словенија. Двоцифрен број медали […]

Виетнам го гради најголемиот стадион во светот – капацитет од 135.000 места


Виетнам започна со изградба на спортски објект кој, кога ќе биде завршен, треба да стане најголемиот стадион во светот. Стадионот Тронг Донг, чија изградба започна во декември, треба да се отвори во 2028 година. Според официјалните бројки, стадионот ќе има капацитет од 135.000 места, надминувајќи ги сите постоечки и планирани спортски објекти низ целиот свет. […]

ЗОИ 2026: Норвежанецот Бот олимписки шампион во биатлон


Јохан-Олав Бот од Норвешка е олимписки шампион откако триумфираше попладнево на биатлонската трка на 20 километри. Тој оствари најдобар резултат и немаше ниту едно промашување на стрелиштето. Бот постигна време од 51:31.5 минута. Второто место му припадна на Французинот Ерик Перо, кој заостана 14.8 секунди зад победникот со едно промашување на стрелиштето, додека бронзата ја […]

Кој е најголемата сензација на Игрите: Аутсајдер кој се плаши од висина стана олимписки шампион


Ова е приказна што постои само на Олимписките игри: човек кој се плаши од висина, никогаш не освоил Светско првенство и се откажал од скокање минатата година, сега го шокира светот и стана олимписки шампион. Олимписките игри се единствениот спортски настан во светот кој постојано докажува дека се поголеми од спортот. Ниедно друго натпреварување не […]