Почнува новата сезона во англиската Премиер лига, носи важни промени


Новата сезона во англиската Премиер лига, која започнува денес со натпревар помеѓу бранителот на титулата Арсенал и Ковентри (21 часот), носи голем број важни промени во правилата. Целта на новите мерки е да се забрза играта и да се воведат построги казни за доцнење, кои опфаќаат земање тајм-аути, третман на повреди и употреба на ВАР […]

Во водите на Охридското Езеро утре ќе се одржи 39. „Охридски пливачки маратон“


Шеснаесет пливачи од осум држави утре ќе застанат на стартот на 39. Охридски пливачки маратон, што ќе се одржи на традиционалната 25-километарска патека „Климе Савин“ од Свети Наум до Охридското пристаниште. На маратонот ќе настапат пливачи од Македонија, Србија, Турција, Канада, Италија, Шпанија, Португалија и од Аргентина, од кои 11 во машка и пет во […]

Таранто 2026: Четврто учество на македонските спортисти на Медитерански игри – одбојкарките почнаа со пораз


Со свеченото отворање вечерва во италијанскиот град Таранто ќе биде означен почетокот на 20. те Медитерански игри. За македонските спортисти ова ќе биде четврто учество, по Мерсин 2013, Тарагона 2018 и Оран 2022 година. Македонскиот тим ќе биде најброен досега со 88 спортисти кои ќе се натпреваруваат во 4 екипни спортови и во 15 индивидуални. […]

Македонските параглајдеристи освоија злато и сребро на европското првенство


Македонската репрезентацијата стана европски вицешампион во параглајдинг, додека македонската претставничка во женска категорија Ана Бергер е новата европска шампионка. На домашен терен, пред македонската публика во Крушево, параглајдеристите го освоија историското сребро во екипна конкуренција, додека Бергер се искачи на европскиот врв во женска конкуренција, пренесе Колегиум. Европското првенство во параглајдинг се одржуваше од 8 […]

Алкараз ќе го брани пехарот на УС опен


Мадрид – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз без одигран меч ќе се појави на УС опен. Самиот настап на Гренд слем турнирот значи дека Алкараз ќе ја брани титулата освоена ланската година со победата против Јаник Синер во финалето. „Се гледаме во Њујорк“, објави Алкараз. Последниот настап шпанскиот тенисер го имаше на турнирот во Барселона пролетва, кога […]

Реал Мадрид е највредниот фудбалски бренд во светот трета година по ред


Реал Мадрид е највредниот фудбалски бренд во светот трета година по ред и најсилниот бренд петта година по ред, според податоците од списанието Brand Finance, објави мадридскиот клуб. Додадено е дека извештајот Football 50-2026 ја проценува вредноста на брендот на Реал Мадрид на 2,4 милијарди евра и резултат на сила од 95,8 од 100. Вредноста […]

Наградниот фонд на Отвореното првенство на САД достигна рекордни 108 милиони долари


Наградниот фонд на Отвореното првенство на САД во тенис се зголеми на рекордни 108 милиони долари, објавија денес организаторите на последниот Гренд слем турнир во годината. Ова е втора година по ред во која наградниот фонд се зголеми за 20 проценти. Шампионот во поединечна конкуренција на Отвореното првенство на САД ќе заработи по 5,5 милиони […]

Сабаленка загуби од 35. светска тенисерка Бејлек во четвртото коло на турнирот во Синсинати


Синсинати – Белоруската тенисерка и прв светски рекет Арина Сабаленка рано утрово загуби од Чехињата Сара Бејлек во четвртото коло на турнирот во Синсинати, САД, со 6:7 (7:9) и 4:6. Мечот траеше 1 час и 57 минути.  Дваесет и осумгодишната Белорусинка не сервираше ниту еден ас, направи четири двојни грешки и реализираше четири од своите шест […]

Алварез не доаѓа во Барселона, но на радарот е друг Аргентинец


Екипата на Барселона најверојатно се откажува од трансфер на аргентинскиот репрезентативец Хулијан Алварез од Атлетико Мадрид, но веќе во планови имаат ново аргентинско засилување. Атлетико Мадрид не планира овој преоден рок да му даде „зелено светло“ на Алварез. Со ваквиот расплет на ситуацијата сега главна цел за трансфер е напаѓачот на Интер, Лаутаро Мартинез. Аргентинскиот […]

ФФМ ја повлекува поддршката за кандидатурата на Џани Инфантино


По состанокот на претседателите на членките на УЕФА со претседателот и Извршниот комитет на УЕФА, Фудбалската федерација на Македонија донесе одлука да ја повлече својата поддршка за кандидатурата на Џани Инфантино за реизбор за претседател на ФИФА за периодот 2027–2031 година. За одлуката, ФФМ испрати и официјално писмено известување. Одлуката е донесена по внимателно разгледување […]

Кокаин во допинг-тестот на Кирјос


Лондон – Финалистот на Вимблдон 2022, Ник Кирјос, беше позитивен на кокаин за време на АТП турнир и доби привремена суспензија, објави Меѓународниот орган за интегритет на тенисот (ITIA). Триесет и едногодишниот Австралијанец, рангиран на 919-то место во светот, беше позитивен на метаболит на кокаин на турнирот во Мајорка во јуни 2026 година. На 17 […]

Мурињо откри како пропадна најголемиот летен трансфер на Реал Мадрид


Жозе Мурињо за прв пат детално зборуваше за неуспешниот обид на Реал Мадрид да потпише со Родри, кој вчера официјално стана нов играч на Барселона. Португалскиот тренер потврди дека лично разговарал со шпанскиот играч од средниот ред и дека Реал му испратил многу добра понуда, но исто така објасни зошто во еден момент го изгубил […]

Без победник на првите три натпревари од последната рунда во квалификациите за Лигата на шампионите


Загреб – Ниту една екипа синоќа не успеа да обезбеди предност по првиот натпревар во последното квалификациско коло за пласман во главната рунда на фудбалската Лига на шампиони. Трите натпревари завршија нерешено. Убава предност од 2:0 која ја имаше по само 10 минути пропушти Динамо Загреб против норвешки Викинг. Гостите израмнија до крајот на првото […]

Официјално Родри член на Барселона до 20230 година


Шпанскиот првак Барселона доби големо засилување за новата сезона. Тоа што долго се најавување и доби и официјална потврда – капитенот на шпанската фудбалска репрезентација актуелниот светски првак Родри е нов член на Барселона. Тој со „каталонскиот клуб“ потпиша договор до 2030 година. Потписот и доаѓањето на Родри треба да донесе стабилност, контрола и искуство […]

Благој Гугинов деветти во Европа, Општина Велес ќе го поддржи неговиот настап на Европскиот куп


Седумнаесетгодишниот велешки кајакар Благој Гугинов, член на Кајак кану клубот „Арка-Борец“, постигна историски успех на Европското првенство за јуниори во кајак на диви води, што се одржа изминатиот викенд во Грандтули, Шкотска. Гугинов во конкуренција на 39 натпреварувачи од 19 европски земји обезбеди пласман во големото финале, каде што го освои деветтото место, со што […]

ФИФА го отпушти главниот оперативен директор кој го критикуваше Инфантино


Меѓународниот одбор на фудбалски асоцијации (ФИФА) денес го отпушти својот главен оперативен директор, Кевин Ламур, откако тој ги критикуваше плановите на претседателот Џани Инфантино да продаде удел во натпреварувањата на приватни инвеститори. „ФИФА може да потврди дека работниот однос помеѓу ФИФА и Кевин Ламур, главен оперативен директор, ќе заврши на 17 август 2026 година. ФИФА […]

Мурињо направи клучен потег: Еве како треба да изгледа новиот Реал Мадрид


Жозе Мурињо имаше шест натпревари за да го тестира тимот пред отворањето на лигата против Еспањол, а Реал Мадрид ги заврши подготовките без пораз – со пет победи и едно реми. Резултатите се придружени со сè подобар впечаток на теренот. Реал не прими гол против Депортиво и Шалке, па ќе пристигнат во Корнела со серија […]

Неизвесен настапот на Синер на УС опен


Италијанскиот тенисер Јаник Синер може да се повлече од Отвореното првенство на САД поради повреда на коленото, објави „Газета дело Спорт“. Дваесет и петгодишниот тенисер се врати во Торино во понеделник, каде што го започна закрепнувањето од повредата на коленото и го одржа својот прв затворен тренинг.  Синер ќе биде подложен на нов преглед, по […]

Вардар со победа ја стартуваше Регионалната лига


Ракометарите на Вардар постигнаа победа во првиот натпревар од новоформираната Регионална лига. Тие попладнево во Охрид ја совладаа Војводина со 36:30. Ова беше дуел од 8.коло од ова натпреварување. Двата тима се дел од турнирот во Охрид, кој почнува утре. Во регионалната лига настапуваат десет екипи, поделени во две групи, а во секоја од групите […]

Дури 88 спортисти ќе ги бранат боите на Македонија на Медитеранските игри во Таранто


Македонскиот олимписки комитет (MOK) денес во просториите на СРЦ „Јане Сандански“ ја претстави делегацијата која ќе ја претставува Македонија на Медитеранските игри Таранто 2026. За подготовките, очекувањата и амбициите пред настапите говореа дел од спортистите, како и претседателот на МОК, Даниел Димевски. – Одиме максимално подготвени. МОК даде максимална логистичка поддршка. Тоа значи патувањето, сместувањето, […]