Фати Вејсели ќе се бори за златен медал на Медитеранските игри


Фати Вејсели се пасира во финалето на Медитеранските игри во Таранто – Итлија и го обезбеди првиот медал за Македонија, најмалку сребрен.  Фати Вејсели во полуфиналето го победи Јасин Јесил од Турција со 5-3. Резултати Медитерански игри: 74 кг Фати Вејсели – Хиаридн Бен Тлили (Тунис) 6-3 Фати Вејсели – Омар Мухамед Мурад (Египет) 4-1 […]

Македонија со двајца полуфиналисти во борење на Медитеранските игри


Македонското борење продолжува со одлични настапи на Медитеранските игри во Таранто, каде што двајца наши претставници обезбедија место во полуфиналето. Реџеп Хајдари стигна до завршницата во категоријата до 94 килограми, иако патот до полуфиналето не му беше без проблеми. Во првата борба македонскиот борач претрпе убедлив пораз од Гркот Дурен Куруглиев со 0-10, но веднаш […]

Дејан Георгиевски по исцрпувачка борба не се пласира во полуфиналето на Медитеранските игри


Дејан Геогиевски во борба во три рунди загуби од турскиот репрезентативец Хусеин Демирџиоглу со 1-2. Така, останавме без медал во таеквондо на Медитеранските игри во Таранто, Италија. Дејан беше на чекор да обезбеди најмалку бронза. -80 кг Филип Блажевски – Неџат Хусиќ (Босна и Херцеговина) 0-2 +87 кг Дејан Гоегоргиевски – Мотаж Ифауи (Тунис) 2-1 […]

Де Брујне: Се надевам на сезона без повреди


Фудбалерот на Наполи, Кевин Де Брујне, ги сподели своите очекувања за сезоната 2026/27. – Минатата година беше тешка, морав да одам на операција и да бидам надвор од терените пет месеци. Мислам дека добро ја започнав минатата сезона, но беше многу тешко да се вратам во март кога сите други се во врвна форма. Се […]

Македонија со европско сребро, Ана Бергер со злато – параглајдеристите испишаа историја во Крушево


Крушево изминатите недели беше сцена на еден од најголемите успеси во македонскиот параглајдинг. Македонија го освои среброто на Европското првенство во екипна конкуренција, додека Ана Бергер стана европска шампионка во женска конкуренција. На првенството, кое од 8 до 19 август се одржа во Крушево, учествуваа 130 пилоти од 30 земји. Словенија го освои златото во […]

Дејан Георгиевски избори четвртфинале во Таранто


Македонскиот таеквондист Дејан Георгиевски успешно ја започна својата мисија на Медитеранските игри во Таранто, откако обезбеди место меѓу најдобрите осум во својата категорија. Во осминафиналната пресметка, Георгиевски по голема борба го совлада претставникот на Тунис, Моатаз Ифауи. Македонецот мораше да одигра три рунди, а на крајот триумфираше со 2-1, по меч кој траеше 10 минути […]

Вавринка остана без покана за Отвореното првенство на САД во последната сезона од својата кариера


  Организаторите на Отвореното првенство на САД се соочија со критики откако му одбија на поранешниот шампион Стен Вавринка покана за главната ждрепка на овогодинешниот турнир, иако 41-годишниот Швајцарец е во последната сезона од својата професионална кариера. Последната покана во машка конкуренција му беше доделена на Американецот Патрик Кипсон, додека друго место, испразнето откако Мартин […]

Баерн го освои Суперкупот на Германија


Баерн Минхен синоќа ја победи Борусија Дортмунд со 2:1 во Суперкупот на Германија 2026. Натаниел Браун, новото засилување на Баерн, го отвори резултатот во 28. минута. Михаел Олисех беше асистент. Самиот Олисех го дуплираше водството на Баерн кон крајот на првото полувреме. Фабио Силва го постигна единствениот гол за Дортмунд во 75-та минута. Натпреварот се […]

Пегула и Гоф финалистки на турнирот во Синсинати


Американките Џесика Пегула и Коко Гоф ќе играат за трофејот на ВТА 1000 турнирот во Синсинати, САД. Ова е епилогот по двата полуфинални меч. Ноќеска Гоф ја победи Чехинката Сара Бејлек, претходно Пегула беше поуспешна од Ига Швјонтек од Полска. Резултати во полуфиналето: Коко Гауф (САД, 4 носителка) – Сара Бејлек (Чешка) – 6:4, 6:1 […]

Сиљановска-Давкова ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, во својство на покровителка, им ги додели наградите на победниците на 39. Охридски пливачки маратон. На оваа престижна меѓународна спортска манифестација, којашто по 39-ти пат се одржа во Охрид, победничка во женска конкуренција и добитничка на ловоровиот венец беше аргентинката Мајте Ален Пука, а првото место и ловоровиот венец во машка конкуренција […]

Боксерот Ален Рустемовски со победа во Таранто обезбеди четвртфинале


Македонскиот боксер Ален Рустемовски победнички го започна настапот на Медитеранските игри во Таранто, откако попладнево го совлада Михајло Декиќ од Босна и Херцеговина и се пласира во четвртфиналето во категоријата до 60 килограми. Рустемовски ја доби осминафиналната борба со прекин во третата рунда. Судијата го запре мечот на 20 секунди пред крајот, односно по две […]

Италијанецот Алесио Окипинти победник на 39. Охридски пливачки маратон


Италијанскиот пливач, Алесио Окипинти, е победник на 39-тиот Охридски пливачки маратон. Тој патеката „Климе Савин“ од Свети Наум до Охрид во должина од 25 километри денеска ја исплива за 5:03.44 часа. Најдобар македонски претставиик денеска беше Петар Цеков кој низ целта мина како третопласиран. На целта на Кејот „Македонија“ пливачите ги пречека претседателката Гордана Сиљановска- […]

Македонски деца играа со Ибрахимовиќ и Видиќ на јубилејот 30 години од Плазма Спортските игри за млади


Македонските деца имаа можност да играат заедно и против некои од најголемите спортски имиња во светот на Ол-стар натпреварот организиран во рамки на меѓународното финале на Плазма Спортските игри за млади во Сплит, каде што беше одбележан и јубилејот 30 години од постоењето на манифестацијата. Како што соопштуваат од Спортски игри за млади, во традиционалниот […]

Елмас оди на позајмица во Аталанта


Бергамо – Македонскиот фудбалски репрезентативец Елиф Елмас претстојната сезона ќе настапува за Аталанта. Во моментов најдобриот македонски фудбалер во калчолигашот од Бергамо ќе игра како позајмен фудбалер од Лајпциг. Германскиот клуб и Аталанта може да се договорат за целосен трансфер по крајот на 2026/27 доколку Елмас ги исполни очекувањата. За Елмас, Аталанта е трет тим од […]

Рељиќ донесе прва македонска победа на Медитеранските игри во Таранто


Најдобрата македонска таеквондистка, Милијана Рељиќ, го стартуваше настапот на Медитеранските Игри со сигурна победа во осмафиналето во категоријата до 57 килограми. Македонката без проблеми славеше во дуелот со Ана Куорво, добивајќи ја борбата со резултат 2:0 и веќе може да се подготвува за следниот предизвик. Рељиќ во денешното четвртфинале ќе се соочи со Шаима Туми […]

Меси пред два дена го удри противникот во главата со дланката. Сега е казнет


Лионел Меси е казнет за инцидент за време на натпреварот помеѓу Интер Мајами и Филаделфија Јунион (2:2), објави Дисциплинската комисија на МЛС. Аргентинската ѕвезда ќе мора да плати казна, чија висина не е откриена, но нема да биде суспендиран и ќе може нормално да игра за Интер Мајами. МЛС го казни Меси за кршење на […]

Накашима и Тиафо изборија полуфинале во Синсинати


Синсинати– Американските тенисери Френсес Тиафо и Брендон Накашима ќе играат во полуфиналето на АТП Мастерсот 1000 во Синсинати, САД. Ова е епилогот по нивните четвртфинални мечеви против Италијанецот Лоренцо Мусети, односно Тејлор Фриц од САД. Резултати: Накашима –  Фриц 7:6 (11:9), 4:6, 6:3 Тиафо – Мусети 7:6 (7:2), 7:5. Првата полуфинална двојка ја сочинуваат Коболи (Италија) […]

Синер нема да игра на УС опен


Милано – Италијанскиот тенисер Јаник Синер нема да настапи на Гренд слем турнирот УС опен поради проблемот со десното колено. Тој веста ја објави социјалните мрежи. Синер се подготвуваше во Монте Карло последните денови, но со својот тим процениле дека сè уште не е подготвен за настап. „Иако работев напорно со својот тим и со […]

ФИФА строго ги казни Аргентинците за инцидентите по финалето на СП. Паредес помина најлошо


Дисциплинскиот комитет на ФИФА ги објави казните за инцидентите по финалето на Светското првенство во 2026 година помеѓу Шпанија и Аргентина. Со десет натпревари пауза е казнет аргентинскиот репрезентативец Леандро Паредес, а шпанскиот репрезентативец Гави со еден. Казните важат исклучиво за репрезентативните натпревари и нема да влијаат на клупските настапи на играчите. Во одлуката се […]

Сиљановска – Давкова на отворањето на Медитеранските игри во Таранто


Италијанскиот град Таранто од денеска е центарот на медитеранскиот спорт, а меѓу знамињата на земјите учеснички е и македонското. Македонската делегација вчера пристигна во градот домаќин, подготвена за настапите на XX Медитерански игри „Таранто 2026“, а заедно со нив е и претседателката на Македонија, Гордана Силјановска-Давкова. Денеска, во Олимпиското село, таа се сретна со македонските […]