Алкараз поразен во полуфиналето на Индијан Велс


Индијан Велс – Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз е разочаран по поразот од Британецот Џек Дрејпер во полуфиналето на турнирот во Индијан Велс (САД). Натпреварот заврши со резултат 6:1, 0:6, 6:4 во корист на 14. светски рекет. – Се разбира, сакав да победам трет натпревар по ред. Не сум толку многу разочаран што не го направив тоа, […]

Арсенал планира да потроши 360 милиони евра на засилувања ова лето


Лондонски Арсенал има намера во летниот преоден рок да го доведе крилниот напаѓач на Баерн, Лерој Сане (29), чиј договор со бундеслигашот истекува во јуни, јавија денеска британските медиуми. Сане оваа сезона во сите натпреварувања постигна осум голови и додаде четири асистенции, а германскиот клуб засега не покажува интерес за продолжување на неговиот договор. Британските […]

Судијата на натпреварот Атлетико – Реал: Јас бев тој што го извести ВАР


Реал во средата навечер по изведување пенали го победи Атлетико во осминафиналето на Лигата на шампионите во Мадрид и со тоа се пласираше во четвртфиналето против Арсенал. Првиот натпревар на Сантијаго Бернабеу заврши со победа на Реал од 2-1. Во реваншот Атлетико победи со 1-0 на својот стадион со голот на Конор Галагер во 1. […]

Како Југославија стана дел од фудбалската ДНК на Австралија?


Кога словенечките играчи излегоа на фудбалскиот терен во Штутгарт во јуни 2024 година, емоциите беа навистина високи. Тоа беше првиот натпреварувачки настан на Словенија по 14 години, бидејќи последен пат учествуваа на Светското првенство во фудбал во 2010 година. Словенечката страна дојде на ЕП само со една голема фудбалска ѕвезда: Јан Облак од Атлетико Мадрид […]

Српски фудбалер се самоуби скокајќи од тераса


Некогашниот голман на Партизан, Радиша Илиќ извршил самоубиство, скокајќи од тераса, објавија утринава српските медиуми. Имаше 47 години, а во Партизан бранеше во два наврата, од 1998 до 2003 и од 2010 до 2013 година. За тоа време освои пет титули во шампионатот и две во Купот на Србија, однсно Србија и Црна Гора. Кариерата […]

Скандалот со мамење го шокираше скијачкото скокање. Репутацијата на Норвешка растресена


  Мамење со знаци во бејзбол. Местење натпревари во фудбалот. Наводи за допинг во пливање. Сега скијачките скокови имаат свој скандал кој ескалираше во средата. Мамењето од страна на функционерите на норвешката репрезентација со манипулирање со скијачки костуми ја разниша националната репутација за фер-плеј и високи принципи на нивниот домашен нордиски светски шампионат, каде што […]

Одредени сите четвртфиналисти во Лигата на шампионите


Нион – По одигрувањето на синоќешните реванш натпревари од осминафиналето во фудбалската Лига на шампионите, формирани се двојките за четвртфиналната фаза. Четвртфиналните двојки во Лигата на шампионите: Арсенал – Реал Мадрид ПСЖ – Астон Вила Барселона – Борусија Дортмунд Баерн Минхен – Интер.  Првите четвртфинални натпревари се закажани за 8/9 април, а реваншите за 15/16 […]

Роналдо се повлече од трката за претседател на Бразилската фудбалска федерација


 Легендарниот бразилски фудбалер Роналдо денеска изјави дека се повлекува од трката за претседател на фудбалската федерација на неговата земја, откако не успеа да собере доволно поддршка од регионалните федерации за да ја претстави својата кандидатура. Поранешниот фудбалер, освојувач на „Златната топка“ и двократен светски шампион, ја објави својата намера да се кандидира за претседател во […]

Почина поранешниот кошаркар и мултимилионер Улисес Ли Бриџмен


Поранешниот кошаркар и сосопственик на Милвоки, Јуниор Бриџмен почина на 72-годишна возраст, соопшти прес-службата на НБА. Поранешниот спортист почина откако му се слоши за време на хуманитарен настан. Во текот на неговата кариера, Бриџмен беше член на Милвоки бакс (10 сезони) и Лос Анџелес клиперс (2 сезони), пензионирајќи се во 1987 година. Богатството на Бриџмен […]

Македонските ракометари ја пречекуваат Словенија во квалификациите за ЕП


Македонската ракометна репрезентација вечер ќе се соочи со Словенија во третото коло од квалификациите за Европското првенство 2026. Селекторот на Македонија, Кирил Лазаров очекува многу тежок натпревари и има респект за противникот. – Словенија е во Топ 8 репрезентации во светот. Имавме малку време за подготовки за овој натпревар. Ги знаеме нивните квалитети, но ние […]

Баерн, ПСЖ, Интер и Барселона четвртфиналисти во Лигата на шампиони


 Фудбалерите на Интер, Баерн Минхен, ПСЖ и Барселона се пласираа синоќа во четвртфиналето во Лигата на шампиони. ПСЖ допатува на гостувањето во Ливерпул со негатива од еден гол, но преку Дембеле во 12 минута го израмни вкупниот резултат (1-1), а откако до крајот на регуларните 90 минути и двете продолженија на „Енфилд Роуд“ мрежите мируваа, […]

Барселона прв четвртфиналист во Лигата на шампиони


 Барселона е првиот четвртфиналист во Лигата на шампиони, откако вечерва ја совладаа Бенфика на домашен терен со 3-1 (3-1) во реванш осминафиналниот дуел. Барселона, која минатата недела триумфираше на гостувањето во Лисабон со 1-0, втор пат беше поуспешна од Бенфика, извојувајќи заслужена победа со головите на Рафиња (11 минута, 42) и Јамал (27). Почесниот гол […]

Македонските ракометарки од третиот шешир ја чекаат жрепката за евроквалификациите


Македонската женска ракометна репрезентација од третиот шешир ќе ја чека жрепката закажана за 20 март во Клуж за пласман на Европското првенство 2026. Континенталниот турнир ќе се одржи во декември идната година во Полска, Чешка, Словачка, Романија и Турција. Заедно со Македонија, во третиот шешир се Украина, Португалија, Италија, Грција и Косово. Можни противници на […]

Прв пат во историјата НБА ќе гостува во Австралија


Националната кошаркарска лига на Австралија (НБЛ) и НБА лигата објавија денеска дека НБА лигашот Њу Орлеанс ќе одигра два претсезонски натпревари против НБЛ тимови во Мелбурн во октомври оваа година. Ова ќе биде прво гостување во Австралија на една од екипите од најсилната светска кошаркарска лига. Њу Орлеанс, во моментов претпоследен во Западната конференција со […]

Ракометарите на прием во Владата – ќе добијат премија од три милиони денари


Ракометните репрезентативци на Македонија денеска беа на прием во Владата кај премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, Борко Ристовски. Ветената премија од два милиони денари беше зголемена за дополнителен милион, па така ракометарите ќе добијат вкупно три милиони денари. „Денеска, заедно со премиерот Христијан Мицкоски, во Владата организиравме прием за нашите херои – машката […]

Манчестер јунајтед потврди: Го напуштаат иконскиот „Олд Трафорд“, градат најсовремен стадион


  Манчестер Јунајтед денеска и официјално потврди дека ќе започне со изградба на нов стадион, кој ќе ја заокружи приказната за иконскиот Олд Трафорд по долги 115 години. Гигантите од Манчестер потврдија дека ќе градат нов стадион во близина на Олд Трафорд. Стадионот ќе има 100.000 седишта, а неговата изградба ќе чини повеќе од две […]

Клебо: Сè уште не можам да верувам дека е реално тоа што го направив на СП


Норвешкиот скијач Јоханес Клебо на социјалните мрежи ги искажа своите импресии за триумфот на Светското првенство во 2025 година во Трондхајм. На Мундијалот, 28-годишниот спортист освои шест златни медали и стана 15-кратен светски шампион. -Го замислив овој момент милион пати, но сè уште не можам да верувам дека е реален. Освојувањето на шест од шест […]

Црногорската војска го спаси легендарниот скијач Ивица Костелиќ од морето кај Улцињ


Црногорската војска синоќа од морето кај вливот на реката Бојана, кај Улцињ, извлекла двајца странски државјани, од кои едниот е хрватскиот скијач Ивица Костелиќ, потврдија за медиумите од црногорската влада. Потврдено е дека Костелиќ и уште еден странски државјанин биле спасени „во сложени околности“ со употреба на патролни чамци за брза интервенција на Морнарицата на […]

Почнува пријавувањето за ракометниот камп „40х20“


 По успешно реализирани три изданија на ракометниот камп „40х20“, во Охрид, организаторот на кампот, агенцијата КМГ Спорт, ги стартува подготовките за четвртото издание на еден од најквалитетните ракометни настани во регионот. Пријавувањето ќе почне денес од 12 часот. Кампот ќе се одржи од 6 до 11 јули во Охрид. Горан Ѓоргоноски, основач и координатор на […]

Лазаров пред дуелот со Словенија: Ако одиграме на нашето најдобро ниво, мислам дека можеме да ја оствариме целта


 Се соочуваме со сериозен противник кој неодамна играше полуфинале на Олимписки игри и беше петтопласиран на последното Европско првенство. Словенија секогаш има високи амбиции, имаат специфичен стил на игра со одлична тактика и техника. Ќе пробаме максимално да го искористиме периодот за подготовка и се надевам дека ќе се прикажеме во одлично светло, изјави денеска […]