НБА-шампионот Бостон Селтикс ќе биде продаден за рекордн 6,1 милијарди долари


Актуелниот НБА-шампион Бостон Селтикс ќе биде продаден за рекордна сума во историјата на лигата – 6,1 милијарди долари.  Купувач ќе биде компанија предводена од Вилијам Чишолм, која дејствува со поддршка на приватниот инвестициски фонд „Sixth Street“, објави „Sportico“. Претходно, „Fadeaway World“ објави дека одлуката на семејството Граусбек да го продаде клубот би можела да биде […]

Пливачката Кристи Ковентри именувана за нов претседател на МОК


Атина – Двократниот олимписки шампион и член на Извршниот одбор на Меѓународниот олимписки комитет (МОК), Кристи Ковентри стана нов претседател на организацијата. Ова попладнево го соопшти актуелниот претседател Томас Бах на 144-та седница на МОК. Преносот на овластувањата ќе се случи на 24 јуни. Четириесет и едногодишната жителка на Зимбабве стана првата жена претседател во […]

Јапонија прва успешно ги мина квалификациите за СП2026


Јапонската фудбалска репрезентација прва официјално обезбеди пласман на Светското првенство во 2026 година преку квалификациите, приклучувајќи им се на кодомаќините САД, Мексико и Канада кои директно се квалификуваа. Јапонија попладнево го совлада Бахреин со 2-0 (0-0) во 7. коло од групата Ц од главната фаза на натпреварувањето во азиската квалификациска зона како домаќин во Саитама, […]

Почина Еди Џордан, легендата на Формула 1


Легендата на Формула 1, Еди Џордан, почина на 76-годишна возраст, откако ја загуби битката со ракот. Минатата година му беше дијагностициран рак на мочниот меур и на простатата, а во четвртокот наутро неговото семејство потврди дека починал, пишува Дејли мејл. Минатиот месец и самиот Џордан зборуваше за неговата состојба. „Извинете момци, само малку, ви благодарам. […]

Тиквеш го повлече дресот кој го носеше фудбалерот Андреј Лазаров


Македонскиот прволигаш ГФК Тиквеш го повлече дресот со бројот 16 со кој настапуваше за кавадаречкиот клуб 25-годишниот фудбалер Андреј Лазаров кој го загуби живот во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани. Лазаров, кој беше роден во Кочани, настапуваше за Тиквеш од 2019 до 2023 година, пред да ја продолжи кариерата во хрватските екипи Рудеш и […]

Вокер нов рекордер според постигнати поени во ФИБА Лигата на шампиони


Кошаркарот на грчкиот клуб Промитеас, Џордан Вокер, постави нов рекорд според бројот на постигнати поени во натпревар од Лигата на шампионите на ФИБА. Американскиот кошаркар реализираше 54 поени, заедно со седум скокови, седум асистенции и индекс на корисност 58 на натпреварот против германскиот тим Вирцбург, кој неговиот тим го доби со 119:115 по две продолженија. […]

Тур де Франс 2027 ќе стартува од Велика Британија


Реномираната велосипедска трка Тур де Франс ќе стартува во Единбург во 2027 година со три почетни етапи во Шкотска, Англија и Велс пред велосипедистите да се упатат кон Франција. Ова ќе биде трет пат Тур де Франс да стартува од Велика Британија, по Лондон во 2007 година и Јоркшир во 2014 година, а последната етапа […]

У19: Македонските фудбалери ќе одиграат два дуели со Албанија во Корча


Македонската фудбалска репрезентација до 19 години ќе одигра два контролни натпревари со соодветната селекција на Албанија. Контролните средби ќе бидат одиграни на градскиот стадион во Корча Првиот дуел е закажан за 21. март со почеток во 15. Часот, а два дена подоцна на програмата е втората контролна пресметка, која ќе започне во 12. часот. Селекторот […]

Чудесна четвртина на Лука Дончиќ: ЛА Лејкерс го победија Денвер


Лос Анџелес Лејкерс на домашен терен го совлада Денвер Нагетс со 120:108 во натпревар кој го пропуштија три силни имиња во НБА. Леброн Џејмс поради повреда не играше за Лејкерс, а за Нагетс не играа Никола Јокиќ и Џамал ​​Мареј. Играше Лука Дончиќ и тоа ја направи разликата во корист на домаќините од Лос Анџелес. […]

Манев: Болката е огромна, ќе играме во спомен на сите погодени од трагедијата


 Македонскиот фудбалски репрезентативец Јован Манев, кој е роден во Кочани, во емотивно обраќање денеска рече дека двата претстојни натпревари во мундијалските квалификации доаѓаат во тешки денови за него лично и за целата нација, откако 59 лица загинаа во пожарот во дискотеката „Пулс“. „Загубивме многу блиски пријатели, но знам дека тие би сакале да продолжиме да […]

Меси: Многу сакав да играм, но поради повреда нема да настапам против Уругвај и Бразил


Фудбалерот на Интер Мајами и Аргентина, Лионел Меси ја коментираше својата повреда која ќе го спречи да игра за националниот тим. -Голема штета што ќе морам да пропуштам важни натпревари против Уругвај и Бразил. Многу сакав да играм, но поради ситна повреда нема да можам да одам во репрезентацијата. Ќе навивам за тимот од страна, […]

Српската власт се обидува да го „замолчи“ Новак Ѓоковиќ


  Турбулентната ситуација во Србија и грчевитата борба на СНС за задржување на власта достигнаа сосема ново ниво кога станува збор за медиумска пропаганда и контрола на информации кои мора да го поминат филтерот на соодветноста на сегашниот режим. Тоа го почувствува и тенисерот Новак Ѓоковиќ. Исто така, тренерот на кошаркарите на Партизан, Жељко Обрадовиќ. […]

Лејкерси повторно купуваат од Далас


Лос Анџелес Лејкерс е во потрага по нов центар, а потенцијална опција за позицијата број пет би можел да биде поранешниот соиграч на Лука Дончиќ, Даниел Гафорд. „Атлетик“ објави дека Гафорд е реална центарска опција за Л.А. Лејкерс, кој би можел да ги следи стапките на Дончиќ, кој на почетокот на годината беше трејдуван во […]

Црвена звезда на 16 април во Скопје на хуманитарен натпревар со Вардар за настраданите во Кочани


Црвена Звезда од Белград на 16 април во Скопје ќе одигра пријателски меч со македонскиот клуб Вардар. Мечот ќе биде од хуманитарен карактер а средствата собрани ќе бидат донирани за семејствата на настраданите од трагедијата која се случи вчера во Кочани. До оваа идеја дошол поранешниот македонски репрезентативец, Дарко Панчев. -Последниот ден од викендот се […]

Томас Бах го напушта МОК по 12 години на чело


Коста Наварино – Претседателот на Меѓународниот олимписки комитет (ИОК) Томас Бах, чиј наследник ќе биде избран за три дена во Грција, во понеделникот призна дека ја напушта функцијата „многу спокојно“, тврдејќи дека е „во мир“ со себе, за се што му дал на олимпиското движење, пренесоа грчките медиуми. Запрашан за неговото расположение во последните денови […]

Дрејпер го декласира Руне, го освои Мастерсот во Индијан Велс


Британскиот тенисер Џек Дрејпер, синоча, го оствари најголемиот успех во кариерата, го освои Мастерсот во Индијан Велс. Моментално 14. тенисер на АТП листата, во финалето го победи Холгер Руне, 13. на АТП листата со 6:2, 6:2. Дрејпер беше благ фаворит во финалето, но никој не очекуваше дека работата ќе ја заврши за само 70 минути. […]

Новицки: Секогаш ќе бидам дел од Далас, но размената на Дончиќ многу ме погоди


Далас – Легендарниот кошаркар на Далас маверикс проговори за одлуката на раководството на клубот да го размени Лука Дончиќ во Лејкерси. По трејдот, Дирк Новицки присуствуваше на првиот натпревар на словенечкиот играч во дресот на Лос Анџелес лејкерс. – Секогаш ќе бидам дел од Мавс. Но, оваа размена навистина болеше. И ќе треба време пред сето […]

Пикси: Ќе предложам да одиграме хуманитарен натпревар со Македонија


Селекторот на српската репрезентација Драган Стојковиќ Пикси им се обрати на медиумите на прес-конференција во пресрет на натпреварот од плејофот од Лигата на нации против Австрија и пред своите први зборови изрази сочувство до семејствата и пријателите на загинатите во големата трагедија во Кочани. – Пред да ја започнеме конференцијата во врска со претстојниот натпревар, […]

Младиот кошаркар Петар Ивановски загина во пожарот во дискотеката во Кочани


Петар Ивановски, кошаркар на Баскет Дино Деликатес од Кочани, е жртва на трагедијата во Кочани. Кобната вечер Ивановски бил во дискотеката, во која загинаа најмалку 59 лица. Покрај Ивановски, има загинати уште двајца спортисти, фудбалерот Андреј Лазаров и голманот Дамјан Танески, кој настапуваше во неколку клубови во источна Македонија. „Аххх , аххх наш Петар. Со […]

Хрватска Горица се прости од Лазаров, нивен поранешен фудбалер кој почина по пожарот во Кочани


Хрватските медиуми пренесуваат дека фудбалскиот клуб Горица се прости преку социјалните мрежи од Андреј Лазаров (25), поранешен фудбалер на Горица и Рудеш кој почина во болница откако беше повреден во пожар на концертот на ДНК во кочанската дискотека Пулс.  Претходно денеска неговиот клуб Шкупи на социјалните мрежи објави дека е надвор од животна опасност, а […]