Хамилтон не е премногу задоволен од подобрувањата на Ферари


Седумкратниот светски шампион Луис Хамилтон не беше премногу задоволен од големите подобрувања што тимот на Ферари ги воведе на почетокот од викендот на Гран При на Австрија во Формула 1. На патеката Ред Бул Ринг, Скудерија има нов под и нов дифузер, кои требаше да го подобрат притисокот на СФ-25. Сепак, по тренингот во петокот, […]

Каратистите на „Макпетрол“ учесници на Светската младинска лига во Хрватска


Светската Карате 1 Младинска лига од 26 до 29 јуни се одржува во хрватскиот град Пореч, а меѓу учесниците се и членови на клубот „Макпетрол“. На овој глобален турнир настапуваат 3,225 каратисти со 3,326 натпреварувачки влезови од 78 држави. Претставникот на скопската екипа, Данило Божовиќ (+84 кг.), не успеа да победи во борбата за бронзен […]

Клоп откри дека можел да стане селектор на германската репрезентација пред ЕП 2024


Јирген Клоп откри дека можел да стане селектор на германската репрезентација пред Европското првенство во 2024 година, но одлучил да остане во Ливерпул. -Сезоната пред тоа (2022-23) не помина толку добро за Ливерпул, а летото по таа кампања, Германија бараше нов тренер. Можев да кажам да, бидејќи можеби ќе беше подобро да правам нешто различно. […]

Турција и Романија победници на Балканијадата во одбојка на песок во Тетово


Со финалните дуели во машка и женска конкуренција вчера во Тетово заврши тридневното Балканското првенство во одбојка на песок до 22 години што се играше од 25 до 27 јуни на игралиште оформено на градскиот плоштад.  Во женска конкуренција победи екипата на Романија, додека втори беа одбојкарките од Турција, а третата позиција го освои Молдавија. […]

Погледнете како ќе изгледа новиот стадион на Валенсија, чудо од 322 милиони евра


Фудбалскиот клуб „Валенсија“ обезбеди средства за изградба на стадионот Ноу Местаља – најголемиот проект во историјата на клубот“, е објавата на веб-страницата на иконскиот шпански клуб. Веб-страницата на клубот објави графики за тоа како ќе изгледа новиот стадион. Планирано е да се отвори во 2027 година и ќе има 70.000 седишта, што го прави еден […]

ПСЖ му помага на Лион – ја плати целосната трансфер сума за Баркола


Пари Сен Жермен му ја плати на Олимпик Лион целосната трансфер сума на напаѓачот Бредли Баркола во обид да го спаси клубот од испаѓање од Лига 1 поради финансиски проблеми, објавува РМЦ Спорт. Според изданието, раководството на ПСЖ одлучило да им помогне на „децата“ со тоа што одеднаш ќе ги плати сите 45 милиони евра […]

Ѓоковиќ против Милер на стартот на Вимблдон, Алкараз против Фоњини


Лондон – Рекордерот според освоени грен слем титули, српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, ќе игра во првото коло на Вимблдон против Французинот Александар Милер (АТП-40), одлучи денешната жрепка во Лондон. Доколку Ѓоковиќ ја мине првата пречка, во второто коло ќе игра против победникот од британската пресметка меѓу Џеј Кларк и Ден Еванс. Шпанецот Карлос Алкараз ќе ја […]

Легендарната „10-ка“ во Барселона ќе ја носи Јамал


Шпанскиот репрезентативец Ламин Јамал, кој во јули ќе го прослави својот 18 роденден, ќе го носи легендарниот дрес на Барселона со број 10, со кој во минатото настапуваше Аргентинецот Лионел Меси. Раководството на Барселона одлучи да му го даде култниот дрес на Јамал пред сезоната 2025/2026, објави денеска шпанскиот весник „Мундо Депортиво“., додавајќи дека овој […]

Анчелоти го повика Нејмар да се подготви за Мундијалот 2026


Селекторот на фудбалската репрезентација на Бразил, Карло Анчелоти, го повика Нејмар добро да се подготви за Светското првенство во 2026 година, нагласувајќи дека тој е „многу важен играч“ и покрај бројните повреди. „Тој мора добро да се подготви и да има доволно време за тоа“, рече Анчелоти во интервју за Јужноамериканската фудбалска конфедерација (КОНМЕБОЛ). Триесетитригодишниот […]

Што ќе добие Роналдо со новиот мега договор со Ал Наср: Половина милијарда евра, авион, чистачка…


Кристијано Роналдо (40) го потпиша најпрофитабилниот договор во историјата на спортот. Португалецот би можел да заработи 492 милиони фунти (577 милиони евра) за две години, објави „Сан“, наведувајќи детали за договорот на Роналдо со саудискиот клуб за кој ќе игра дури и на 42-годишна возраст. Британските медиуми објавија дека на Роналдо му се дадени голем […]

Комплетирани осминафиналните парови на Светското клупско првенство


По одигрувањето на завршното коло синоќа во Групата Х, познати се сите 16 учесници и осумте осминафинални парови на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД. Четири бразилски клубови, Палмеирас, Ботафого, Фламенго и Флуминенсе, се квалификуваа во осминафиналето, во кое место изборија и Реал Мадрид, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, Бенфика, Јувентус, Интер, Монтереј, Манчестер […]

Кристијано Роналдо потпиша нов договор со Ал Наср


Кристијано Роналдо потпиша нов договор со Ал Наср, потврди клубот во објава на своите социјални мрежи. Легендарниот Португалец потпиша договор до јуни 2027 година. Тогаш ќе има 42 години. Кристијано затоа одлучи да остане лидер на проектот во Ал Наср и долгорочниот план на Саудиската професионална лига. Португалската суперѕвезда се приклучи на Ал Наср во […]

Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање


Килијан Мбапе го тужи Пари Сен Жермен за психолошко малтретирање, според соопштението од обвинителството во Париз, цитирано од весникот „Екип“. Мбапе поднел жалба против клубот на 16 мај за психолошка траума и обид да го принудат да потпише договор во летото 2023 година, како и за неговата изолација од тимот. Покрај судскиот случај, Килијан Мбапе […]

Стефановски го собори македонскиот рекорд во скок со стап, стар 57 години


Македонскиот атлетичар Огнен Стефановски постави нов македонски рекорд во дисциплината скок со стап, прескокнувајќи ја летвичката на височина од 4.05 метри. Стефановски успеа да собори еден од најстарите национални рекорди што беше поставен во 1968 година. Височината од 4.05 метри Стефановски ја прескокна на Европското првенство во третата дивизија, во Марибор. на кое македонските атлетичари […]

Во Тетово почна Балканско првенство во одбојка на песок


 По прв пат во Тетово се одржува Балканското првенство во одбојка на песок за играчи до 22 години. Натпреварите се играат на градскиот плоштад овие три дена од 25 до 27 јуни. Покрај македонската репрезентација учествуваат уште одбојкари и одбојкарки од Албанија, Косово, Турција, Романија и Молдавија. – Ова е еден од најдобрите моменти па да […]

Надал не се гледа себеси како тренер во наредните години


Еден од најголемите тенисери во историјата на спортот – Рафаел Надал, објави дека засега не се гледа себеси како тренер во наредните години. Тој нема да го следи примерот на другите шпански тенисери, како што се Карлос Моја и Хуан Карлос Фереро, кои успешно се преквалификуваа како тренери. -Не знам, тешко е да се каже. […]

Нејмар останува во Сантос


Бразилската фудбалска ѕвезда Нејмар ќе остане до крајот на годината во редовите на Сантос, каде ја започна својата богата кариера, објави денеска бразилскиот клуб. „Сантос не е само мој тим, туку е и мој дом, моите корени, мојата историја и мојот живот се тука“, изјави 33-годишниот Нејмар за веб-страницата на клубот по продолжувањето на договорот. […]

Почина ФИДЕ мајсторот Љубомир Илиќ


Истакнатиот македонски шахист, ФИДЕ мајсторот Љубомир Илиќ, почина денеска на 69-годишна возраст. „Неговото заминување не е само загуба за шаховската заедница, туку и за сите кои веруваа во вредностите што тој ги носеше: чесност, достоинство, правда“, објави Шаховската федерација на Македонија. Својот последен настап на шаховската табла Илиќ го имаше во јануари оваа година кога […]

Доминација на Дарио Ивановски на 5.000 метри – голема победа за Македонија на Европското екипно првенство


Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски, забележа убедлива победа на трката на 5.000 метри, која се одржа во Марибор, Словенија, во рамки на Европското тимско првенство – трета дивизија. Ова е втора победа за македонската атлетска репрезентација на шампионатот. Ивановски трката ја заврши со време од 14:04,06 минути, што претставува негов најдобар резултат оваа сезона, иако […]

Руне ги продава своите скршени рекети за добротворни цели


Лондон – Данскиот тенисер Холгер Руне ги стави на продажба своите скршени рекети од натпреварите низ годините, меѓу колекцијата предмети во неговата нова онлајн продавница за која се надева дека ќе помогне во добротворни цели. Светскиот број осум ја лансираше веб-страницата, давајќи им можност на фановите да купуваат предмети како што се книги, постери и […]