Македонија во група со БиХ, Турција и Романија на одбојкарската кадетска Балканијада


Машката одбојкарска репрезентација на Македонија до 19 години ќе се соочи со селекциите на домаќинот Босна и Херцеговина, Турција и Романија во групната фаза на Балканскиот шампионат што од 9 до 13 јули ќе се одржи во Бања Лука. Македонските одбојкари се дел од групата А, додека во групата Б се репрезентациите на Бугарија, Грција, […]

Трагедијата на Диого Жота: Се ожени пред 11 дена со мајката на неговите три деца


  Светот на фудбалот се разбуди овој четврток со трагичната вест за смртта на играчот на Ливерпул, Диого Жота (28 години), заедно со неговиот брат Андре, исто така фудбалер. Сообраќајна несреќа на 65-тиот километар од автопатот А-52, во покраината Замора, ги одзеде животите на двајцата браќа откако автомобилот во кој патуваа се запали. Тие патувале […]

Диого Жота, напаѓачот на Ливерпул, загина во сообраќајна несреќа


  Напаѓачот на Ливерпул и португалски репрезентативец Диого Жота (28) загина во сообраќајна несреќа додека беше на одмор во Шпанија рано наутро во четвртокот Заедно со Диого, загина и неговиот брат Андре, фудбалер од Пењафиел. Трагичната несреќа се случи во покраината Замора, во раните утрински часови. Возилото во кое се наоѓале Диого и Андре излетало […]

Алкараз без проблеми во мечот од второто коло на Вимблдон


Двократниот победник на Вимблдон Карлос Алкараз од Шпанија без поголеми проблеми оствари победа во мечот од второто коло. Тој го совлада домашниот тенисер Британецот Оливер Тарвет со 3:0 во сетови (6:1, 6:4 и 6:4). По доминацијата во првиот сет Британецот Тарвет (733.место АТП) на моменти бодрен од домашните навивачи поведе со 2:0 во гемови на […]

Запознајте ја Дајана Јастремска, украинската убавица која ја победи Коко Гоф на Вимблдон


Лондон – Дајана Јастремска ги освои насловните страници во вторникот со тоа што го комплетираше едно од најголемите изненадувања на Вимблдон со својата победа во првото коло во два сета над второрангираната Коко Гоф. Но, нерангираната украинска тенисерка не е сосема непозната. 25-годишната тенисерка е рангирана на 42-ро место во светот и има три титули […]

Македонските У18 кошаркарки на стартот против Романија на Европското првенство од Дивизијата „Б“


Женската кошаркарска репрезентација на Македонија до 18 години денеска отпатува за Литванија каде ќе се игра Европското првенство од Дивизијата „Б“ за оваа возрасна категорија. Нашата јуниорска селекција ќе го почне натпреварувањето на овој евро-шампионат на 4 јули (четврток), од 12.00 часот во Алтиус против селекцијата на Романија. Наредниот ден, на 5 јули, од 17.00 часот, […]

Ѓоковиќ објасни зошто „пумпаше“ на Вимблдон (Видео)


  „Пумпањето“ на Новак Ѓоковиќ по победата во првото коло против Французинот Александар Милер на Вимблдон предизвика бура од реакции во Србија, но и во регионалната јавност бидејќи тоа беше асоцијација на протестите на студентите. Во исто време, тоа е проблем за Србинот затоа што не се дозволени политички пораки на терените на Ол Ингланд […]

Зверев призна дека е целосно „празен“. Ќе му треба помош од психолог


  Александар Зверев доживеа изненадувачки пораз во првото коло на Вимблдон. Германецот, кој е трет на АТП листата, загуби од Артур Риндеркнех од Франција во пет сета, а на прес-конференцијата по натпреварот отворено зборуваше не само за тоа што не чувствува задоволство на теренот, туку и во животот. „Никогаш не сум се чувствувал толку празно. […]

Вимблдон никогаш не видел вакви резултати, аутсајдерите се радуваат


Третиот Гренд слем во сезоната донесе некои неверојатни резултати, а никогаш во историјата немало толку многу изненадувања. Овогодинешниот Вимблдон, покрај тоа што изненадуваше со прекрасното време во првите два дена, шокираше и со невидена елиминација на носителите, од кои тринаесет беа елиминирани во првото коло. Последната „жртва“ на носителската титула беше Французинот Уго Умберт, кој […]

Еванс противник на Ѓоковиќ во 2. коло на Вимблдон


Лондон– Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ, не дозволи неговиот дуел против Александар Муле да влезе во нов ден и пред полноќ успеа да го скрши отпорот на Французинот, совладувајќи го со 3-1 во сетови (6-1, 6-7 (7), 6-2, 6-2). Шестиот тенисер во светот до победата на централниот терен на „Ол Ингланд Клуб“ дојде по […]

Елиминирана шампионката на Ролан Гарос


Лондон – Актуелната шампионка на Ролан Гарос Американката Коко Гоф е елиминирана во првото коло на Вимблдон. За изненадувањето се погрижи 25-годишната Украинка Дајана Јастремска, која со 2:0 во сетови (7:6(3) и 6:1) ја совлада втората светска тенисерка.  Во првиот сет двете тенисерки имаа по еден брејк. Јастремска поведе со 5:2 во гемови, но Гоф изедначи […]

Вимблдон: Елиминиран третиот носител Зверев


Лондон – Третиот носител на годинашниов Грен слем турнир Вимблдон Александар Зеверев од Германија е елиминиран во првото коло по поразот од Французинот Артур Риндеркнеш со 3:2 во сетови. Меч денеска го имаше своето продолжение откако синоќа поради доцниот почеток беше префрлен за денешната програма и заврши со изненадување,  а траеше вкупно 4 часа и 40 […]

Ѓоковиќ стартуваше со победа на Вимблдон


Лондон – Седумкратниот победник на Вимблдон, Новак Ѓоковиќ со победа го започна годинашниот свој настап. За најтрофејниот светски тенисер ова е 20-ти настап на неофицијалното светско првенство, на кое ќе го брка 25-от трофеј на Гренд слем турнирите. Во мечот од 1.коло што траеше 3 часа и 20 минути, Ѓоковиќ го совлада Французинот, Муле во […]

Ѓоковиќ денес стартува на Вимблдон против Французинот Милер


Лондон – Дојде време за нов почеток, нова кампања кон долгоочекуван рекорд. Во текот на пролетта конечно ја видовме таа 100-та титула во неговата кариера, а летото е вистинско време за 25-от трофеј од Гренд слем. Новак Ѓоковиќ ќе сака да ја оствари таа можност на Вимблдон, а првата пречка на тој пат ќе биде […]

Бекер по петти пат ќе стане татко


Минхен– Германската тениска легенда Борис Бекер ќе стане татко по петти пат, а веста ја објави самиот на социјалните мрежи преку видео со својата сопруга Лилијан де Карваљо Монтеиро. „Најдоброто допрва доаѓа“, напиша Бекер во објавата илустрирана со видео од неговата 35-годишна сопруга како го покажува својот стомак. Двајцата се запознаа во Лондон во 2022 […]

Шок на Вимблдон: Медведев испадна уште во првото коло!


Рускиот тенисер Данил Медведев веќе беше елиминиран во првото коло на Вимблдон! Французинот Бенџамин Бонци направи големо изненадување победувајќи го Медведев во четири сета – 7:6 (2), 3:6, 7:6 (3), 6:2. Бонци, 64-тиот тенисер во светот, успеа да направи големо изненадување и да го елиминира поранешниот светски број еден и човекот кој двапати играше во […]

УЕФА ја одложи одлуката за учеството на играчите на Кристал Палас во Лигата на Европа


 Европската фудбалска централа (УЕФА) ја одложи одлуката за учеството на Кристал Палас во Лигата на Европа следната сезона, објави денес Би-Би-Си. Фудбалерите на Кристал Палас обезбедија место во Лигата на Европа, откако минатата сезона го освоија англискиот ФА Куп. Би-Би-Си потсетува дека УЕФА им забранува на клубовите со исти сопственици да учествуваат во истото натпреварување […]

Почнува Вимблдон: Алкараз прв фаворит, останатите во сенка


Лондон – Денеска во Лондон почнува 138-то издание на најстариот тениски турнир, кој, многумина тенисери, го сметаат и за неофицијално светско првенство. Во наредните две седмици, најдобрите светски тенисери и тенисерки ќе се обидат да триумфираат во некоја од петте категории: машка, женска, игра во двојки и микс двојки. За главен фаворит се смета минатогодишниот […]

Наскоро игран филм за Дарко Панчев во продукција на „Петровски Брадрс“


Животната приказна на македонската фудбалска легенда Дарко Панчев наскоро ќе биде преточена на филмското платно. Станува збор за игран филм во кој ќе бидат прикажани сите најинтересни моменти од неговата кариера, но и од животот, неговите лични борби, успеси и падови. Самата филмска приказна треба да ја заинтересира пошироката публика, а не само пасионираните љубители […]

Леброн Џејмс одлучи да продолжи со Лос Анџелес Лејкерс и следната сезона


Лос Анџелес– Леброн Џејмс го искористи своето право еднострано да го продолжи договорот со Лос Анџелес Лејкерс за уште една сезона. Ова го објави ЕСПН, повикувајќи се на агентот на играчот, Рич Пол. Џејмс, кој ќе наполни 41 година на крајот на декември, ќе добие 52,6 милиони долари следната сезона, што ќе биде негова 23-та […]