Заев следната недела во НАТО


Премиерот Зоран Заев на 8 октомври во седиштето на НАТО во Брисел ќе се сретне со генералниот секретар на Северноатлантската алијанса Јенс Столтенберг. Како што соопшти прес-службата на НАТО, Заев ќе биде придружуван од министерката за одбрана Радмила Шекериснка и шефот на дипломатијата Бујар Османи. Предвидено е по разговорите, Столтенберг и Заев да одржат заедничка […]

Рот – Димитров: Македонија ги исполни условите, пристапните преговори да почнат што побргу


Германија очекува до крајот на нејзиното претседавање со ЕУ да биде одржана првата Меѓувладина конференција и да почнат пристапните преговори со С.Македонија, изјави германскиот министер за Европа Михаел Рот по денешната средба во Берлин со вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров. – Во својство на претседавач со Советот за општи работи, гордо изјавувам дека планираме […]

Груби тврди дека во компаниите речиси сто отсто работат Македонци


 Првиот вицепремиер во Владата Артан Груби денеска изјави дека се формира работна група која ќе ги систематизира вработените по Рамковен договор, кои не се распоредени и оти се размислува за закон за овие лица. – Тоа е дел од нашиот коалициски договор помеѓу ДУИ и СДСМ за систематизација на сите вработени по Рамковен договор по […]

Димитров на средби во германското МНР


По вчерашните средби со советниците на претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и на канцеларката Ангела Меркел, вицепремиерот задолжен за европски прашања Никола Димитров денеска во германското Сојузно министерство за надворешни работи ги продолжува разговорите главно фокусирани на динамиката на усвојување на преговорачката рамка. Како што соопшти СЕП, тој имаше средба со Забине Штер, ополномоштеник за ЕУ политики […]

Груби: Нелогична и неконзистетна е одлуката на ВМРО-ДПМНЕ да не гласа за одлуките за вонредната состојба


Првиот вицепремиер во Владата Артан Груби денеска изрази надеж дека дека ВМРО-ДПМНЕ ќе ја преиспита одлуката да не гласа за уредите за вонредната состојба на претседателот Стево Пендаровски. Груби вели дека опозицијата учествуваше во техничката Влада и оти  нелогично е и неконзистентно политички да не поддржуваш нешто во Собрание за што претходно си се согласил. […]

ВМРО-ДПМНЕ најавува импичмент за Пендаровски


ВМРО-ДПМНЕ се подготвува за импичмент на претседателот Стево Пендаровски. Портпаролот на опозициската партија, Димче Арсовски, по тој повод истакна дека се разгледуваат сите можности и опции во телата и органите на партијата. „Ние одамна кажавме дека Пендаровски е соучесник на мафијата на Заев, која што за жал оваа мафија функционира во оваа држава Република Македонија […]

Заев: Мицкоски разговара за да не се договора


Пакетот на антикризни мерки е за добробит на граѓаните, да ги спасиме економија, стандардот и за заштита на честа на родителот пред детето, за тоа се работи. Не е се за критика, нешто е за поддршка, изјави премиерот Зоран Заев во интервју за ТВ Стар во врска со обвинувањата на опозицијата за четвртиот пакет мерки […]

Малку познатиот Ѓорѓија Сајкоски стана нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ


Историчарот и сегашен пратеник во Собранието, Ѓорѓија Сајкоски, е нов генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, избран по предлог на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Сајкоски, роден во Кичево, во својот роден град беше претседател на општинскиот Совет од 2009 до 2013 година, бил заменик-министер за локална самоуправа и директор на јавното претпријатие „Студенчица“. Во последниве десет […]

Заев: Ние сме НАТО, одиме кон ЕУ


На овој ден пред две години 609.813 македонски граѓани го заокружија изборот „ЗА“ на референдумското прашање „Дали сте за членство во ЕУ и НАТО со прифаќање на Договорот помеѓу Република Македонија и Република Грција?“, објави премиерот Заев на Фејсбук. – Патот кој води до сигурна евроатлантска иднина доби повеќе гласови од победниците на сите парламентарни […]

Средба на Димитров со Јан Хекер: Реафирмирани напорите на Германија за заокружување на Преговарачката рамка


Во рамките на агендата од првиот ден во Берлин, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров имаше средба со Јан Хекер, главен советник за надворешна и безбедносна политика на канцеларката Ангела Меркел на која беа реафирмирани напорите на Германија за заокружување на Преговарачката рамка. – Одржувањето на првата Меѓувладина конференција за време […]

Дескоска : Не гледам јавен интерес во објавувањето на Јанкуловска со лисици на рацете


Поранешната министерка за внатрешни работи Рената Дескоска реагираше на објавената снимка од Гордана Јанкуловска при спроведувањето во суд со лисици на рацете. -Jас не гледам јавен интерес во објавување на слики на лице лишено од слобода со лисици на рацете. Но гледам  повреда на нејзиното достоинство и будење на ниски страсти кај публиката. Правилото „око […]

Пендаровски ги потсети ВМРО-ДПМНЕ дека дале согласност за вонредните состојби


По најавите дека ВМРО-ДПМНЕ нема да гласа за потврда на одлуките за прогласување на вонредна состојба во март, април, мај и јуни, се огласија  од кабинетот на претседателот Стево Пендаровски. „Претседателот Пендаровски ги донесе одлуките за прогласување на вонредна состојба во врска со пандемијата на КОВИД-19 во согласност со Уставот, врз основа на образложени предлози […]

ВМРО-ДПМНЕ в сабота ќе протестира против реваншизам


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ за в сабота најави нов протест во Скопје, на кој, како што соопшти денеска, ќе протестираат против неправда, реваншизам и политичко насилство. Протестот ќе почне во 18.30 часот  пред Министерството за правда, по што ќе продолжи пред Основното јавно обвинителство. Според ВМРО-ДПМНЕ, „власта во недостаток на успеси и во услови на секојдневни порази […]

Проштална средба на Пендаровски со францускиот амбасадор Тимоние


Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба го прими амбасадорот на Франција, Кристиан Тимоние. На средбата беа разменети мислења за севкупните билатерални односи меѓу двете држави, при што беше оценето дека се карактеризираат со пријателство и меѓусебна доверба. Пендаровски, како што соопштува неговиот кабинет, изразил задоволство што за време на четиригодишниот мандат на амбасадорот Тимоние двете […]

ВМРО-ДПМНЕ нема да ги гласа одлуките за вонредна состојба на Пендаровски


Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ ќе гласа против одлуките за вонредна состојба, соопшти Антонио Милошоски посочувајќи дека причината за ваквата одлука  е што тие биле злоупотребени. -Ставот на пратеничката група е дека ќе гласаме против овие одлуки за вонредна состојба од три причини. Првата причина е дека одлуките за вонредна состојба беа донесени за подобро справување […]

Собранието нема денес да гласа за одлуките за вонредна состојба


Одлуките за прогласување на вонредната состојба се ставени денес за расправа во Собранието, но спикерот Талат Џафери не очекува да се гласа за нив. Дали ќе биде обезбедено двотретинско мнозинство тој не можеше да каже, посочувајќи на најавите од ВМРО-ДПМНЕ дека нема да ги подржат. За дефинитивен став ќе решава Извршниот комитет на оваа партија. […]

Османи за Агенција Европа: Првата меѓувладина конференција во декември


Белгија – Во интервју за Агенција Европа, дадено за време на неговата посета на Брисел, министерот за надворешни работи, Бујар Османи, изјави дека очекува првата меѓувладина конференција со ЕУ да се одржи во декември, јави дописничката на МИА од Брисел. -Првата меѓувладина конференција е од врвно значење, таа подразбира операционализација на политичкиот консензус постигнат во март […]

Се очекува до крајот на годината да се одржи првата меѓувладина конференција, билатералната соработка во преден план


По позитивните пораки, што ги доби министерот за надворешни работи Бујар Османи во Брисел, упатената надеж за скорешно отворање на преговорите од страна на новиот евроамбасадор во земјава Дејвид Гир, како и по поддршката за европските перспективи на РСМ, искажани во писмото на високиот претставник на Унијата за надворешни работи и безбедносна политика Жосеп Борел, […]

Димитров во Берлин на разговори за првата Меѓувладина конференција


На покана на државниот министер за Европа на Сојузна Република Германија, Михаел Рот, заменик претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Никола Димитров од денеска ќе престојува во дводневна работна посета на Берлин. Како што соопшти СЕП, ова е прва посета на претставник на Владата на Северна Македонија по нејзиното формирање, а воедно и прва за […]

Новиот евроамбасадор Гир: Земјава се движи во правилна насока, да се зголеми темпото во реформите за владеење на правото


Се надевам дека првата меѓувладина конференција ќе се одржи што е можно поскоро. Сега е потребно земјите-членки да ја договорат финалната верзија на преговарачката рамка, којашто практично ја отвора вратата да се започне со преговарање, вели новиот евроамбасадор во Северна Македонија Дејвид Гир, во ексклузивното интервју за МИА, коешто е негово прво по преземањето на […]