Стразбур ја објави листата на функционери што се повикуваат на аболицијата на Иванов


Судот во Стразбур ја објави листата на поранешни функционери кои се повикуваат на аболицијата на поранешниот македонски претседател, Ѓорге Иванов. Десет екс функционери ја тужат државата пред судот во Стразбур. Во првата група се Миле Јанакиески, Кирил Божиновски и Киро Тодоровски. Во втората група апликции се Никола Груевски, Сашо Мијалков, Миле Јанакиески, Гордана Јанкуловска, Тони […]

Во анкетниот лист на Заев нема вила во Халкидики


За три години неколку промени во имотниот лист на премиерот Зоран Заев објавен денеска на веб сајтот на ДКСК. За разлика од првиот мандат, Заев сега пријавил возило, но не станува збор за негов личен автомобил или мотор туку за возило Мини купер на неговите деца, кој е пријавен на вредност од 870 илјади денари […]

Заев: Не очекувам блокада од Бугарија за ЕУ


 Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека не очекува Бугарија да го попречува стартот на пристапните преговори на С.Македонија со ЕУ. Уште еднаш повтори дека идентитетските прашања, македонскиот јазик, македонскиот народ, се право на самоопределба, што не може да се оспорува. – Уште еднаш напоменувам – идентитетските прашања, македонскиот јазик, македонскиот народ се право на самоопределба. […]

Отворено писмо на бугарски интелектуалци против меморандумот на Софија за Македонија


Триесетина бугарски историчари, научници, универзитетски професори и јавни личности со заедничко писмо до јавноста се изјаснија против меморандумот што Софија го испрати до земјите членки на Европската унија во кој се изнесени сериозни тврдења и црвени линии на патот на Скопје кон ЕУ. Во писмото „Европа не нè разбира”, што го пренесува „mediapool.bg”, тие инсистираат […]

Бугарија на тапет во ЕП


Eвропскиот парламент, според Дојче Веле,  денеска ќе расправа за „значителното влошување на владеењето на правото, демократијата и основните права, вклучително за независноста на судството, поделбата на власта, борбата против корупцијата и слободата на медиумите“ во Бугарија. Резолуцијата за ова прашање ќе се гласа во четврток, на 8-ми октомври, откако минатата недела беше одобрена од Комитетот […]

Маричиќ: Лажна вест е дека Судот во Стразбур одлучил аболицијата на Иванов да важи


Министерот за правда Бојан Маричиќ на Фејсбук објави дека информацијата објавена во некои медиуми дека Судот за човекови права во Стразбур одлучил дека аболицијата на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов важи – претставува „класична лажна вест“. – Она што е точно е дека пред Европскиот суд за човекови права во Стразбур, одредени лица обвинети или осудени […]

Течат роковите за регистрација во ДИК и за ценовници за платено политичко рекламирање


Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) ги информира медиумите дека почнаа да течат роковите за регистрација во Државната изборна комисија и за доставување ценовници за Предвремените избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип кои ќе се одржат на 13 декември годинава. Радиодифузерите, печатените медиуми и електронските медиуми (интернет порталите), доколку обезбедуваат […]

Мицкоски: Зa Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање


За Гоце Делчев и за македонскиот јазик нема преговарање, тоа е завршена работа, тоа е стекнато право. Гоце Делчев е дел од нашиот национален идентитет. Врз основа на тој лик ние сме создале држава, вели лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски во неделното интервју на Радио Слободна Европа. Во однос на неговиот став за бугарскиот Меморандум […]

Пописот бил прекинат за да се избегнат меѓуетнички тензии, тврди Ахмети


Пописот на населението во 2011 бил прекинат за да се избегнат меѓуетнички тензии, дури како што рече, во тоа време дестабилизација на земјата, нешто што го посакувале многумина. Ова беше еден од одговорите на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, вчера на распитот кај обвинителката Фатиме Фетаи за случајот Попис. Тој тоа го кажа пред новинарите, […]

Мицкоски очекува „крволочни“ напади врз него


Со вообичаена иконографија и слични говори како на претходните маршеви, ВМРО-ДПМНЕ вечерва застана цврсто во одбрана на „уставобранителите“ и уште еднаш порача дека „мафијата на власт“ ќе одговара. Со забележливо помалку луѓе отколку на минатите протести, колоната тргна од пред Министерството за правда и заврши пред Јавното обвинителство. Главен говорник и овој пат беше претседателот […]

Заев: Владата ќе се посвети на обезбедување ЕУ мониторинг на судските предмети на висока корупција


Владата ќе се посвети на обезбедување ЕУ мониторинг на судските предмети на висока корупција што е можно побргу. Бевме прва држава во регионот кои од ЕУ побаравме веднаш да ја стартува иницијативата за мониторинг на судските предмети врзани со висока корупција. Европската комисија тоа го поддржа и најави брз старт за овој инструмент, вели премиерот […]

Штип и Пласница на избори за градоначалник на 13 декември


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија денеска го потпиша Решението за распишување на предвремени избори за градоначалник на Општина Пласница и Општина Штип. Како ден за одржување на изборите утврден е 13 декември 2020 година (недела).  Решението ќе го спроведат Државната изборна комисија, Општинската изборна комисија и избирачките одбори а влегува во сила со […]

Апасиев поднесе кривични пријави против Смаиловиќ и шест други лица за закани


 Претседателот на политичката партија Левица, Димитар Апасиев, заедно со неговиот адвокатски тим, денеска во архивата на Основното јавно обвинителство Скопје поднесе кривична пријава против Мерсиха Смаиловиќ од Скопје и уште шест други лица кои му се закануваа нему и на членовите на неговото поблиско семејство. Наводите од пријавата, информираат од партијата, се пријавени и до […]

Твитер реакции за гласањето во Софија: И Дедо Мраз е Бугарин!


Одлуката на бугарскиот парламент со која Кирил и Методиј беа прогласени за бугарски просветители, а кирилицата за бугарско писмо, наиде на големи реакции на социјалните мрежи. Еве некои од нив: И Дедо Мраз е. (Стојанче Ангелов) Од таа страна на разумот! (Владимир Милчин) ЕУ треба одвреме навреме да започне со преиспитување на своите членки … […]

Заев: Идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија


„Знаете дека сме фокусирани на брзо решавање на ова прашање кое што е исправено пред нас. Секако гаранцијата на идентитетските прашања се потврдени со Договорот за добрососедство со Бугарија, тоа е македонскиот јазик и македонскиот народ“, изјави денес премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање како ја коментира изјавата на бугарската министерка за надворешни работи […]

Берлин е за старт на преговорите до крајот на годинава


Германија, актуелниот претседавач со ЕУ, очекува до крајот на годинава да биде одржана првата Меѓувладина конференција и да почнат пристапните преговори со С.Македонија. Според официјален Берлин, земјата ги исполни условите и затоа треба што побрзо да ги почне преговорите со ЕУ. – Во својство на претседавач со Советот за општи работи, гордо изјавувам дека планираме […]

Софија ќе бара од ЕУ да ја признае кирилицата како „бугарска азбука“


Денот на словенската писменост 24 Мај, кој покрај Македонија, го одбележува и Бугарија, Софија ќе го слави како „најбугарски празник“, како „ден на бугарската писменост”. Со поддршка и на партијата на премиерот Бојко Борисов, бугарскиот парламент го усвои предлогот на коалицијата „Обединетите патриоти“, зад кои стои Красимир Каракачанов, за промена на името на празникот, со […]

Захариева: Добрососедството не го измисли Бугарија


„Добрососедските односи не ги измисли Бугарија, туку се основен услов и критериум за членство во ЕУ. Македонија мора да го почитува и да го спроведува Договорот за пријателство и добрососедство што го потпишавме“, порача бугарската вицепремиерка и министерка за надворешни работи – Екатерина Захариева. Таа истакна дека „Гоце Делчев е едно од многуте прашања што […]

На бугарскиот меморандум не треба да му придаваме преголемо значење – интервју со Ѓорѓи Спасов


Во Бугарија веќе на сите им е јасно дека Македонија не само што е независна држава и што неа Македонците ја чуствуваат како своја национална држава, туку и дека обидите за некакво трагање по бугарските етнички корени на населението се целосно бесполезна работа   Љупчо Поповски Во Бугарија многумина не можат да го прифатат фактот […]

Пендаровски: Постигнавме значителен напредок во политичкото учество на жените


Се соочуваме со невообичаени предизвици во време на КОВИД-19, кои, за жал, ги продлабочија пред-пандемиските родови нееднаквости, рече претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски, во неговото обраќање по повод 25-годишнината од Четвртата светска конференција за жените. што се одржа во рамки на 75. сесија на Генералното Собрание на Обединетите Нации на тема „Забрзување на […]