Пауза во Собранието, за збор за изборот на Кацарска не е пријавен ниту предлагачот


Очекував барем малку доблест од Судскиот совет и владејачкото мнозинство, да слушнеме зошто Добрила Кацарска е предложена за уставен судија. Ова што денеска го промовирате е лоша пракса, зашто бирањето уставен судија не е бирање судија во втора лига фудбал, рече координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски на денешното продолжение на 20. собраниска […]

Арсовски: Договорот од 2017 е добра основа за разговори со Бугарија, нема потреба од нов или анекс на договорот


Договорот со Бугарија од 2017 година е добра основа и рамка за да продолжат разговорите во насока на изнаоѓање решенија, изјави денеска на прес-конференција портпаролот на Владата, Душко Арсовски. – Дозволете денеска да се случи разговорот на премиерот Зоран Заев со германската канцеларка Ангела Меркел, па потоа да известиме за деталите, додаде Арсовски одговарајќи на […]

Захариева и бугарската делегација што преговараше во Берлин во карантин


Бугарската министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева, е во самоизолација, откако нејзиниот заменик Петко Дојков добил позитивен резултат  за ковид-19  во рамки на рутинската проверка на раководниот состав на МНР. Од Министерството соопштуваат дека се чекаат резултатите од неговиот PCR тест. Захариева нема здравствени потешкотии, добро се чувствува и продолжува да ги извршува своите работни […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги бојкотира локалните избори во Штип?


Порталoт politika.com.mk, повикувајќи се на извори од ИК на ВМРО-ДПМНЕ, објави дека во текот на вчерашниот ден се одржал состанок помеѓу тројцата клучни водачи на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, Христијан Мицкоски и Александар Николоски, со цел да договорат заеднички настап на денешниот состанок на ИК на ВМРО-ДПМНЕ, кој ќе се одржи во попладневните часови.   Одлуката […]

Османи и Димитров не се појавија на еднопартиската „журка“ на Милошоски


Шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот Никола Димитров не се појавија на денешната собраниска седница на Комисијата за надворешна политика што самиот ја закажа, како нејзин претседавач, Антонијо Милошоски. На неа тие беа повикани да ги објаснат преговорите со Бугарија. Поради немање кворум, Комисијата за надворешна политика не расправаше по единствената точка на дневен […]

Николоски: Заев излезе најголем антизападен играч


Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски, на телевизија Алфа рече дека ова е втор ребаланс на Буџетот каков што не е виден до сега во плурална Македонија во кој се проектира огромна дупка во Буџетот. „Според проекциите на министерстворто за финансии дупката ќе биде 960 милиони евра, односно Заев и владата ќе потрошат 960 милиони евра […]

Бугарските барања ги оспоруваат и грчките позиции


Противењето на Бугарија да го признае македонскиот јазик и идентитет предизвикува реакции и кај грчката медиумска јавност бидејќи Грција со Преспанскиот договор ги призна тие македонски особености. Грчкиот магазин „Greek City Times” од Австралија поради тоа пценува дека однесувањето на Бугарија е навредливо и за Грција. „Од грчка перспектива, спротивставувањето на Бугарија за влез на […]

Ќулавкова: Безумно е да се бара да си го поништиме државотворното право и идентитет


 Делата како што е творештвото на Марко Цепенков покажуваат дека македонскиот народ не е никаква комунистичка творба туку сосема нормално се развивал во согласност со сите законитости и модели на развој на балканските народи, европските народи, и во одредени услови и конституирал својата држава. Безумно е да се бара да си го поништиме самите државотворното […]

Малинка Ристевска: Се бара спас за бугарскиот образ


Малинка Ристевска Јорданова од Институтот за европска политика (ЕПИ) смета дека Бугарија наметнува пристап во кој процесот на пристапување би го претворила во процес на промена на идентитетот. Вели дека ние мораме да бидеме и цврсти и јасни дека сме подготвени за објективен процес на исполнување стандарди за пристапување во ЕУ, но не и за […]

Заев денеска ќе разговара со Меркел


Премиерот Зоран Заев денеска ќе разговара со германската канцеларка Ангела Меркел. Разговорот е дел од дипломатските напори на Берлин за цел приближување на ставовите на Скопје и Софија со цел одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ и официјален старт на преговорите на Северна Макеоднија за време на германското претседателство, по најавите за вето од […]

Пратеникот д-р Сашко Николов е кандидат за градоначланик на Штип


Извршниот одбор на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија на денешната онлајн седница го утврди Сашко Николов како кандидат за градоначалник на Штип, за предвремените локални избори, кои наскоро треба да се одржат. Според соопштението на партијата, Д-р Сашко Николов е актуелен пратеник од СДСМ кој продолжи да работи како интервенет кардиолог во Штипската клиничка болница. „Д-р […]

Берлин во обид да ги приближи позициите на Скопје и Софија


По извесниот напредок постигнат  во Берлин на средбата на вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров и шефот на димпломатијата Бујар Османи со министерката за надворешни работи на Бугарија Екатерина Захариева на инцијатива на нивниот германски колега Хајко Мас, продолжуваат дипломатските напори во насока на приближување на ставовите на двете страни со цел овозможување на одржување […]

Дипломатска битка на амбасадорско ниво во Брисел за Македонија


Дипломатски извори од земји–членки на ЕУ во Брисел тврдат дека сѐ уште се води битка на амбасадорско ниво од страна на Бугарија, во нацрт заклучоците да влезат дополнителни забелешки, но, барем засега, бугарските барања не се прифатени, јави МИА од Брисел. Останува да се види дали вчерашната министерска средба во Берлин, разгворот на Ангела Меркел […]

Заев утре ќе разговара со Меркел


Премиерот Зоран Заев е оптимист во однос на решавање на отворените прашања кои ги отвори Бугарија и кои се закануваат со блокада на почетокот на долгоочекуваните преговори на Македонија со ЕУ до крајот на годинава. Тој најави дека утре ќе има телефонски разговор со германската канцеларка Ангела Меркел. „Има оптимизам, видов оптимизам и кај изјавите […]

Штајнмаер му кажал на Пендаровски дека очекува преговорите со ЕУ да почнат до крајот на годинава


Германскиот претседател Франк-Валтер Штајмаер му рекол денеска на македонскиот пшеф на државата дека очекува првата меѓувладина конференција со ЕУ да се одржи до крајот на годинава. „Сојузниот претседател Штајнмајер истакна дека после конструктивните разговори меѓу претставниците на владите на Северна Македонија и Бугарија во Берлин во текот на вчерашниот ден, се надева дека во рамките […]

Меркел разговарала со Борисов за Македонија


Половина ден по министерската средба во Берлин, германската канцеларка Ангела Меркел имала разговор преку онлајн врска со бугарскиот премиер Бојко Борисов околу забелешките на Софија за отпочувањето на меѓувладината конференција на Македонија и ЕУ. „Бугарија и јас сме благодарни за посветеноста на германското претседателство и вие лично за изнаоѓање формули што ќе ѝ овозможат на […]

Средбата во Берлин траела пет часа, Захариева вели дека има мал напредок


„Има напредок во однос на отворените прашања, но и покрај напредокот по петчасовни преговори, не можеме да ја одобриме рамката за преговори“. Ова го изјави министерката за надворешни работи на Бугарија, Екатерина Захариева, по средбата со вицепремиерот за европски прашања, Никола Димитров, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи во Берлин, јавуваат бугарските медиуми. „Сè […]

Карл Билт: Со наметнување „историски вистини“ се кочи европската иднина на Балканот


Поранешниот шведски премиер и специјален претставник на ЕУ за поранешна Југославија Карл Билт, коментирајќи ја позицијата на Бугарија кон С.Македонија, оценува дека со наметнување на свои „историски вистини“ долгорочно ќе се пролонгира европската иднина на Балканот. – Ако напредокот на Балканот кон ЕУ зависи од тоа дали една или друга држава ќе наметне некаква „историска […]

Берлин во посредувачка мисија меѓу Скопје и Софија


По зачестените најави од бугарски официјални лица дека преговорите за пристапување во ЕУ со Република Северна Македонија, кои треба да започнат за време на германското претседателство, можат да стартуваат само откако земјата ќе ги исполни посебните услови на Бугарија, вчера во Берлин на покана од министерот за надворешни работи на Германија Хајко Маас и германскиот […]

Отворено писмо од македонски и бугарски научници


Македонски и бугарски научници упатија заедничко писмо  до премиерите на Северна Македонија и Бугарија, Зоран Заев и Бојко Борисов, шефовите на дипломатиите на двете држави Екатерина Захариева и Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања на РСМ Никола Димитров: Почитувани госпоѓи и господа, Ние, претставници на хуманистичките и општествените науки од двете држави, се обраќаме […]