ДКСК: Вицепремиерот Битиќи и министерката Стефоска не поднеле анкетни листови


Актуелната министерка за култура Ирена Стефоска и и вицепремиерот за економски прашања Фатмир Битиќи не поднеле анкетни листови по изборот на функција, информираше на денешната 40-та седница Државната комисија за спречување на корупција. Претседателката на ДКСК Билјана Ивановска, посочи дека рокот за поднесување е 30 дена и се дадени во натамошна постапка за издавање платни налози. […]

Ахмети: Ако имаме можност, пак ќе се бориме за слободата


Лидерот на ДУИ, Али Ахмети, им честиташе на косовските лидери што достоинствено одговориле на “повикот на правдата“ на Хаг и им посака брзо враќање на функциите откако ќе посведочат за „вистинските слободарски цели“ на војната што ја водеа како ОВК. -Војната на Ослободителната војска на Косово беше вистинска војна на албанската нација за слобода и […]

Германија го одложи министерскиот состанок на ЕУ за 17 ноември. Причина – карантинот на Михаил Рот


Корона вирусот ѝ даде уште малку простор на дипломатијата, барем што се однесува на вжештениите барања на Бугарија за големи отстапки од Македонија за да може да ја одобри преговарачката рамка со ЕУ. Германија го одложи министерскиот состанок на ЕУ (ГАК) од 10 за 17 ноември. Оваа одлука ја потврди портпаролот на германското претседателство. На […]

Уставен ќе одлучува по иницијативата за членот 11-а од Законот за помилување


Уставните судии на денешната седница треба да донесат одлука по иницијативата за оценување на уставноста  на членот 11-а од Законот за дополнување на Законот за помилување од 2016 година. Овој член од Законот предвидува претседателот на Републиката да го поништи помилувањето дадено без претходна постапка за помилување во рок од 30 дена од денот на […]

Пратениците трет ден ќе расправаат дали Кацарска да биде избрана за уставен судија


Пратениците денеска трет ден ќе расправаат за предлогот Добрила Кацарска да биде избрана за судија во Уставниот суд. Вчера, пленарната седница беше прекината нешто пред 18 часот, а претседателот на Парламентот Талат Џафери го закажа продолжението на седницата за денеска во 12 часот. Изминатите два дена поминаа во меѓусебни обвинувања на власта и опозицијата. Опозицијата […]

Бугарија е во голема политичка изолација, вели поранешниот министер за одбрана Бојко Ноев


Софија сака Македонија да декларира во ОН дека нема територијални претензии кон Бугарија   Бугарија ја повикува Северна Македонија да им соопшти на ОН дека нема територијални претензии кон Бугарија, рече во четвртокот министерката за надворешни работи Екатерина Захариева. Таа за бТВ објасни дека напредокот што го најави пред два дена е всушност поврзан со […]

Николовски: Избори во Штип ќе има според сите протоколи и заштитни мерки


Избори во Штип ќе има, а Сашко Николов е идниот градоначалник. Изборите ќе бидат според сите стандарди, протоколи и заштитни мерки, здравјето на граѓаните ќе биде заштитено, истакна вечерва генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за борба против корупција Љупчо Николовски. Во интервју за телевизија „Стар“, Николовски рече дека СДСМ има огромно водство и води […]

Средба на шефовите на дипломатиите на Берлински процес на 9 ноември, ко-претседавачи Османи и Захариева


Состанок на шефовите на дипломатиите од Берлинскиот процес за Западен Балкан ќе се одржи на 9 ноември во рамки ко-претседавањето на процесот од страна на Северна Македонија и Бугарија. Средбата на шефовите на дипломатиите ќе претходи на средбата на врвот на процесот на 10 ноември во Софија, соопшти бугарското Министерство за надворешни работи. Поради ситуацијата […]

Стамов: Мицкоски кукавички бега од избори


Членовите на ВМРО-ДПМНЕ кои се дел од Иницијативата за свикување вонреден конгрес денеска го обвинија претседателот на партијата, Христијан Мицкоски дека се бори само за неговата фотелја, а не и за интересите на членството на ВМРО-ДПМНЕ и граѓаните. „Мицкоски кукавички одлучи да бега од изборно соочување во Штип, препуштајќи го без борба вмровскиот бастион на […]

Маричиќ за обвинувањата кон Кацарска: ВМРО-ДПМНЕ си ги брани злоделата


Министерот за правда Бојан Маричиќ е оптимист дека Собранието ќе ја избере Добрила Кацарска за судија на Уставниот суд, бидејќи предлогот помина со мнозински гласови во Комисијата за избори и именувања. – Со оглед на тоа дека предлогот судијката Добрила Кацарска да биде судија на Уставниот суд помина со мнозински гласови во Комисијата за избори […]

Османи: Соседите да бидат мотор, а не кочница


Посакувам нашите соседи да бидат моторот, а не кочницата во нашиот процес на интеграција и заеднички да ги уживаме придобивките од политичката, економската и социјалната трансформација на регионот, порача министерот за надворешни работи Бујар Османи во обраќање на видео конференцијата посветена за Западен Балкан по 2020 година – акции и одлуки во време на пандемија. […]

Ќучук за Македонија: Нема време за кардинални одлуки, политичарите да покажат храброст


Илхан Ќучук ја смета за големо достигнување формулата „заедничка историја“ во договорот на Бугарија  со Македонија бидејќи, како што вели, „нашето заедничко минато, заедничката историја и заедничките корени ќе постават многу цврста основа за нашата заедничка иднина“. Крајната цел, смета тој, е да бидеме заедно во Европската унија и ова е стратешки интерес на Бугарија, […]

Захариева: Во моментов, Бугарија не е во можност да ја одобри рамката за преговори за С. Македонија


Вицепремиерката и министерка за надворешни работи, Екатерина Захариева за „БТВ“ изјави дека нема начин во оваа фаза да се каже „да“ за почетокот на преговорите меѓу С. Македонија и ЕУ. „Нашата поддршка за С Македонија никогаш не беше безусловна. Бугарија не го оспорува јазикот и модерниот идентитет на тамошното население. Ја ставивме нашата позиција многу […]

Предложените амбасадори ќе реферираат пред Комисијата за надворешна политика


Во Собранието денеска седница ќе одржи Комисијата за надворешна политика, чии членови треба да ги чујат платформите на неколку новоименувани амбасадори на Северна Македонија во странство. Претставување на платформата ќе имаат Сашко Тодоровски кој треба да биде амбасадор во Прага, Чешка, Горан Цеков номиниаран за Јапонија, Светлана Гелева во Стразбур, Васко Грков кој треба да […]

Берлин и Скопје се за старт на преговорите во декември


Продолжуваат дипломатските напори во насока на приближување на ставовите на Северна Македонија и Бугарија со цел овозможување на одржување на првата Меѓувладина седница со ЕУ за време на германското претседателство. Берлин и Скопје се за старт на преговорите во декември, за што како заедничка цел и интерес било разговарано и во текот на вчерашниот телефонски […]

Димитров му одговори на Милошоски: Имам работа, треба да останам негативен


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров на својот профил на Фејсбук попладнево објасни зошто не присуствувал на денешната седница на собраниска Комисија за надворешни работи, посочувајќи дека веднаш ја прифатил поканата но оти со оглед на Ковид-19, сакал неговото присуство да биде дигитално. -На два ума бев дали воопшто вреди да објаснувам, но вистината е […]

Заев разговараше со Меркел: Преговорите со ЕУ треба да почнат сега


Премиерот Зоран Заев денеска телефонски разговараше со канцеларката на  Германија, Ангела Меркел, при што бил споделен заедничкиот интерес и истата цел на двете земји за време на германското претседателство со ЕУ, да се одржи првата меѓувладина конференција во декември како почеток на преговорите на Северна Македонија за членство во ЕУ, соопшти владината прес-служба. Заев изразил […]

Пендаровски и Радев разговараа за бугарската блокада


Претседателите на Македонија и Бугарија, Стево Пендаровски и Румен Радев, денеска во телефонски разговор зборуваа за позициите на двете држави во однос на условите за започнување преговори на Македонија за членство во Европската Унија. Двајцата претседатели разговараа за можноста да се постигне одржливо решение за европскиот развој на нашиот регион и, особено, за интеграцијата на […]

Радев омекнува, сега може да почнат преговорите


Бугарија е одговорен член на Европската унија и нема да дозволи нерешени билатерални прашања да го поткопаат единството на Унијата, му порачал бугарскиот претседател Румен Радев на германскиот колега Франк Валтер Штајнмајер. – Декларацијата, која едногласно беше усвоена во Собранието, треба да биде вградена во главата 35 од преговарачката рамка на Република Северна Македонија со јасно утврдени […]

Одложена дискусијата за Македонија во ЕУ


Постојаните претставници  на земјите членки во Европската унија расправата за преговарачката рамка за Северна Македонија ја одложија за в петок, дознава Радио Слободна Европа од дипломатски извори во Брисел. Имено, КОРЕПЕР, како што скратено се нарекува Kомитетот на амбасадори на земјите членки на унијата кој вообичаено ги подготвува одлуките за министрите, требаше денеска да расправа […]