Богдановиќ верува дека се искрени намерите на Црвенковски


Градоналаникот на Центар, Саша Богдановиќ, верувадека се искрени намерите на екс претседателот Бранко Црвенковски и ги прифаќа неговите критики и сугестии. -Станува збор за осетлива тема која што допира до секој од нас. Не сакам од старт да давам осуди за било што за да не влијаеме во процесот на преговарање. Има податоци за кои […]

Нешков: Интервјуто предизвика земјотрес во Скопје


Не невреме, туку земјотрес со јачина од 9 степени предизвика ова интервју во Република Северна Македонија. Такво обединување на длабоката држава, за кое и самиот Заев потврди дека постои, не постои од 1945 година, изјави  авторот на интервјуто со премиерот Зоран Заев, Љубчо Нешков. Нешков истакна дека Зоран Заев се дистанцирал од кампањата против Бугарија, […]

Заев: Миле, Спиро и Трајко не беа организатори на 27 април


Премиерот Зоран Заев во својот исказ пред судот изјави дека обвинетите за настаните од 27 не се организатори туку биле изманипулирани од Никола Груевски. -Како човек кој беше жртва, логично мислам дека има организатор тој настан, но како информиран човек, не мислам дека главни осмислувачи, мотиватори и организатори се Миле, Спиро, Трајко. Според моите сознанија, […]

Димитров: Не се откажуваме ни од македонскиот идентите, ни од европската иднина


Прашањето на јазикот и идентитетот е резултат на еден историски процес и ние не можеме за тоа ниту да разговараме ниту да преговараме. Напорите уште продолжуваат. Меѓутоа ние немаме намера да дигнеме раце и да се откажеме од нашата европска иднина, ниту пак имаме намера да го допреме, или да дозволиме да биде допрен македонскиот […]

ЛДП бара средба на коалициските партнери по ветото и интервјуто на Заев


 ЛДП бара средба на коалиционите партнери за да се разговара за ЕУ перспективите, особено во контекст на ветото од Бугарија и интервјуто на премиерот за БГНЕС. По одржаниот состанок во партијата, ЛДП излезе и со други заклучоци: – ЛДП се залага за решавање на сите отворени прашања преку отворен дијалог, врз основа на взаемно почитување, […]

Мицкоски најави покренување расправа за доверба на Владата


Мора да се водиме од фактичка ситуација во смисла на историски факти. Не смееме да седнеме на маса и да преговараме за нешто што не е за преговарање. Како дојдовме во оваа ситуација да се преговара за тоа. Некој ги изгубил сите преговарачки позиции, се однесува како коцкар на покер кој залутал во политиката и […]

Софија вознемирена од објавувањето на податоци за лицата со бугарски пасош


Бугарија ги цени брзите потези на властите во Скопје за палењето на бугарското знаме и манифестациите на говор на омраза на социјалните мрежи, но очекува брза реакција и за тоа што податоци за лица со бугарско државјанство кои живеат на територијата на Република Северна Македонија биле дистрибуирани на фејсбук. Ова му било кажано на вршителот на […]

Каракачанов со владини пари бара бугарски карактер на НОБ во Македонија


Бугарската влада веќе петта година по ред го финансира здружението „Македонски научен институт“ (МНИ) кое, меѓудругото, има за цел да ја „расветлува насилната денационализација на бугарското население во Македонија“, пишува денес „Дојче Веле“. Бугарските медиуми го пренесуваат истражувањето на бугарската редакција на „Слободна Европа“, во кое се наведува дека за таа цел досега од парите […]

Македонскиот јазик и идентитет не се на масата за преговори, Берлин останува оптимист за првата меѓувладина до крајот на годината


Нашата државност почива на темелите на антифашизмот, но неприфатливо е давање етнички карактеристики на фашизмот,  изјави вчера премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, осврнувајќи се на ставовите што ги искажа во интервјуто за бугарската агенција БГНЕС, а кои предизвикаа реакции во јавноста. Заев вчера одговараше на новинарски прашања по реакциите кои ги предизвика неговото […]

Заедничко интервју на Рот и Димитров


Германското претседателство со ЕУ е во секојдневен близок контакт со Северна Македонија и Бугарија во потрага по решение за спорот кое би го отворило патот за почеток на пристапните преговори во декември годинава, вели за Ди Велт германскиот министер за Европа Михаел Рот. Тој и вицепремиерот Никола Димитров дадоа заедничко интервју за денешниот број на весникот Ди Велт во кое ги […]

Захариева пак тврди дека имаме ист јазик


Министерката за надворешни работи, Екатерина Захариева, во интервјуто за “Ефе”, кое го пренесува БГНЕС, оценува дека односите меѓу двете соседни земји треба да наликуваат на односите кои денес ги имаат Шпанија и земјите од Латинска Америка. “Фактот дека Аргентинците и Чилеанците зборуваат шпански јазик, не ги прави помалку Аргентинци и Чилеанци. Фактот дека во еден […]

Шекеринска и Маричиќ застанаа зад ставовите на Заев


По генералниот секретар на СДСМ Љупчо Николовски, со поддршка на ставовите на лидерот Зоран Заев и како одговор на повикот на екс лидерот Бранко Црвенковски, излегоа и Радмила Шекеринска и Бојан Маричиќ. -Овие ставови се изградени во рамки на партијата и нејзините органи, овие ставови се државни ставови и државни позиции, врз основа на довербата […]

Реакција на СДСМ: Ставовите на Заев се ставови на партијата, Црвенковски е историја


Социјалдемократскиот сојуз попладнево официјално реагираше на обраќањето на поранешниот претседател на партијата, Бранко Црвенковски, велејќи дека ставовите на Зоран Заев биле ставови и на партијата. Но во реакцијата, нема остра критика на барањето на Црвенковски итно да се свика Централниот одбор и се нагласува дека партијата „и натаму ги почитува и ќе ги почитува сите […]

ВМРО-Народна ја смета за храбра позицијата на Заев


Во врска со вчерашното интервју на премиерот Зоран Заев за бугарската информативна агенција (БГНЕС), ВМРО-Народна партија сака да изрази поддршка за храброста со која зборувал Заев за македонската историја, наведено е во соопштението. Партијата на Љубчо Георгиевски смета дека, за жал, она што македонската историографија требало да го отвори во изминатите три децении на демократија, […]

Софија Куновска бара оставка од Заев


Зоран Заев, заедно со своите најблиски соработници, треба да замине веднаш од СДСМ и од фунцијата премиер, смета актерката и поранешна пратеничка и претседателка на Форумот на жени на СДСМ, Софија Куновска. Во нејзината реакција на социјалните мрежи, по интервјуто на премиерот Зоран Заев за бугарската агенција БГНЕС, Куновска вели дека тие треба веднаш да […]

Ахмети очекува конструктивни разговори со Бугарија


Претседателот на ДУИ Али Ахмети е убеден дека преку конструктивни разговори со Бугарија, сите отворени прашања ќе се надминат пријателски и Бугарија ќе остане силен поддржувач на Република Северна Македонија како дел од Европската Унија. Ахмети ова го истакнал на денешната средба со шефот на мисијата на ОБСЕ во Скопје, амбасадорот Клеменс Која, на која […]

Шекеринска го брани премиерот


Она што премиерот Зоран Заев го кажа во интервју за БГНЕС не е негација ниту на фашистичката опасност, ниту на нашата антифашистичка борба, изјави денеска министерката за одбрана Радмила Шеќеринска. – Планот, политиката е да не дозволи тоа што се случувало пред 70 години да ни биде единственото нешто за што дискутираме во 21 век – […]

Бранко Црвенковски бара СДСМ да се огради од Заев за ставовите во интервјуто


Во еден драматичен отклон од својот наследник во партијата, Бранко Црвенковски денеска со јавно обраќање до членовите на СДСМ побара од нив да се оградат од ставовите на Зоран Заев изнесени во интервјуто за бугарскиот медиум, затоа што тие ќе предизвикале „тешки и долгорочни последици за македонскиот народ  и македонската држава“. Тој, исто така, објави […]

Каракачанов: Заев направи чекор во вистинската насока


Интервјуто на премиерот Зоран Заев за агенцијата БГНЕС, претставува мал чекор во вистинската насока, изјави денеска во Велико Трново бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов. „За ова му честитам на Заев. Тој собра храброст, поради што некои од неговите противници го критикуваат. Ако се продоложи вака, мислам дека следната година можеме да зборуваме […]

Твоја партија прашува во чие име зборува Заев


ТВОЈА партија со огромно разочарување го проследи последното интервју на актуелниот премиер Зоран Заев и со загриженост прашуваме во чие име тој зборува?, велат од партијата. -Дали ставовите кои Заев ги изнесува, се официјален став на Владата, на СДСМ или на парламентарното мнозинство?Од сето изнесено во интервјуто, не може а да не се забележи нитка […]