Заев до Каракачанов: Доста беше омраза


Премиерот Зоран Заев конечно се најде испровоциран од бугарскиот министер за одбрана Красимир Каракачанов кој со навреди и омаловажувања кон Македонија прави рејтинг во Бугарија. На својот ФБ профил тој го повика Каракачанов да престане со говорот на омраза.   „Јас сум Македонец кој зборува македонски јазик, признат од целиот свет. Каракачанов е Бугарин кој […]

Кавга меѓу „браќата“ во Европската народна партија: Ковачев му рече на Мицкоски дека „лаже“


Бугарскиот европратеник порачува дека во рамките на ЕПП ќе покрене расправа за однесувањето на ВМРО-ДПМНЕ   Уште не беше пренесена во повеќето македонски медиуми изјавата на Христијан Мицкоски дадена денеска пред Владата, оти има „информација дека овој викенд се распарчува Македонија во Софија и се преговара за иднината на нашиот идентитет“, се огласи европаратеникот од […]

Максим Димитриевски бара извинување за шовинистичките изјави на Каракачанов


Кумановскиот градоначалник Максим Димитриевски од СДСМ преку Фејсбук бара бугарскиот премиер Бојко Борисов да се огради од изјавата на вицепремиерот Красимир Каракачанов, кој по интервјуто на премиерот Зоран Заев рече дека „според стара бугарска изрека, на Бугаринот умот му доаѓа идниот ден, така и на колегата Заев“. Во спротивно Димитриевски бара да прекинат разговорите со […]

Ангел Димитров се плаши дека интервјуто на Заев е само политичка игра


Интервјуто на македонскиот премиер Зоран Заев за бугарската агенција Бгнес може да е игра на политичката сцена, смета шефот на бугарскиот тим од комисијата на  историчарите, Ангел Димитров. Во изјава за бугарското национално радио, Димитров вели дека за да се земе кажаното како сериозно, треба да има и нешто посериозно, како меѓународно-правен документ. „Тоа што […]

Заев: Немам закажано средба со Борисов


 – Премиерот Зоран Заев денеска изјави за ТВ 21 дека има закажано средба со неговиот бугарски колега Бојко Борисов. -Нема закажано средба помеѓу мене и Борисов. На ниво на работни групи под раководство на нашиот и бугарскиот министер за надворешни работи се разговара, вели премиерот. За десетина дена треба да се одржи Советот на министрите […]

Мицкоски: „Јас ја предводам македонската хистерија“


Откако на денешниот протест пред Владата лидерот на ВМРО-ДПМНЕ ги повтори изјавите дека „Зоран Заев подготвува национален пораз“ и дека е „изолиран од тесна клика на платеници и клиентилисти“, тој упати остри пораки до бугарските политичари Красимир Каракачанов и Екатерина Захариева, тврдејќи дека тие во македонскиот премиер нашле „квислинг“ и дека ја имаат „последната шанса“ […]

Шекеринска: Партијата која направи кариера зборувајќи против антифашизмот нема право да зборува за него


 – Можеби единствените кои немаат право да говорат многу за нашата антифашистичка борба е токму партијата којашто изгради кариера зборувајќи и работејќи против антифашизмот. Тоа се истите луѓе коишто уништуваа споменици на наши херои, истите коишто го избркаа Сојузот на борци на улица и истите кои што се трудеа да фрлат идеолошка сенка на таа […]

Македонскиот јазик и идентитет се неспорни, можен патоказ кон Договорот со Бугарија, но не како дел од преговарачката рамка


Македонскиот јазик и идентитет не се предмет на преговори, потенцираа вчера високи претставници на Владата и напоменаа дека темната страна на историјата треба да остане зад нас, а решенијата со Бугарија да се бараат преку взаемно почитување и простување. Темел за решавање на спорот е Договорот за добрососедство, постои можност кон него да се додаде […]

МНР го осуди скрнавењето на споменикот за жртвите од потонувањето на бродот “Илинден”


 Министерството за надворешни работи на  Македонија најостро го осуди вандалскиот акт на скрнавење на споменикот во Охрид посветен на  жртвите од трагичната несреќа со бродот “Илинден” во 2009 година, во која настрадаа бугарски туристи. -Надлежните служби се информирани и во најскоро време ќе го отклонат ова злодело на неодговорни и злонамерни поединци, за да можеме […]

ВМРО-ДПМНЕ протестираше низ Македонија


Опозициската ВМРО-ДПМНЕ вечерва со автомобили одржа протести во неколку градови во државата поради ставовите на премиерот Зоран Заев изнесени во интервјуто за БГНЕС. Антонијо Милошоски од протестот во Велес го повика премиерот Зоран Заев  да поднесе оставка, а потпретседателот на партијата, Владо Мисајловски на протестот во Куманово порача дека никој не смее да тргува со […]

Стружанец го врати бугарскиот пасош поради политиката на Софија


Стружанецот Васко Јолески се откажа од бугарското државјанство револтиран од последната политичка ситуација. Тој бугарскиот пасош и патните исправи ги испрати по пошта од едно од нивните претставништва во нашата земја.   Јолески тврди дека пасошот кој го извадил во 2003 година  му бил потребен од егзистенцијални причини, но сега кога Македонија е уценета и […]

Маричиќ: Стојам целосно зад Заев кој јасно кажа дека нема преговори за нашиот идентитет


 Недвосмислено стојам зад премиерот Зоран Заев и неговите искрени намери во отворање на патот за почеток на преговорите, вели министерот за правда, Бојан Маричиќ. Во интервју за „Еурофокус“ на ТВ Телма, Маричиќ нагласува дека земјава изоди многу долг и мачен пат за да дојде до точка на почеток на преговорите и ова, според него, е […]

Маричиќ: Преговори или разговори околу македонскиот јазик и идентитет нема да има


Министерот за правда, Бојан Маричиќ уверува дека преговори или разговори околу македонскиот јазик и идентитет нема да има. Може да се разговара, како што вели, само за динамиката и за начините на спроведување на Договорот за добрососедство. Маричиќ во вечерашното интервју за „Еурофокус“ на ТВ Телма нагласува дека нашата европска иднина не може да зависи […]

Јакимовски: Да се поништи Договорот со Бугарија, да се постават црвени линии


Претседателот на ГРОМ, Стевчо Јакимовски, вели дека во оваа ситуација, Договорот со Бугарија треба да се раскине и да се постигне нов договор. Тој смета дека за некои работи не треба воопшто да се преговара. Како што кажа во „Само интервју“ не треба да брзаме со отворање на преговорите за членство во Европската Унија. Вели […]

Ахмети: Заев ја ризикува политичката кариера, но директно ги кажа нештата


Претседателот на Демокрaтската унија за интеграција Али Ахмети коментирајќи ја изјавата на премиерот Зоран Заев за бугарскиот медиум БГНЕС истакна дека кај него има добра волја за да се реши бугарското прашање, што е многу важно за иднината на нашата земја за отворањето на преговорите за интеграција во Европската унија. Тој смета дека премиерот Заев […]

Бучковски: Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности


Северна Македонија нема алтернатива. ЕУ е нашата стратешка цел, затоа мора да се избориме за почетокот на преговорите со ЕУ. Заев се бори за нашата европска иднина во духот на европските вредности, вели Владо Бучковски универзитетски професор, кој е поранешен премиер и екс-претседател на СДСМ. – Ние деновиве поминуваме низ една специфична катарза. По интервјуто […]

Николоски: Срамот на Заев не треба да стане колективен срам


    Два дена по скандалозното интервју, наместо Зоран Заев да се извини и да се повлeче од изјавите кои претставуваат удар на темелите на македонската држава и самобитноста на македонскиот народ, тој уште подлабоко навлегува во небулози и навреди кон својот народ, рече денеска на прес-конференција потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски. Според него, Заев […]

Спасовски: Куманово е ослободено од борците против фашизмот


Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски смета дека фактите оти македонскиот народ ја остварил својата сувереност во АВНОЈ-ска Југославија, оти АСНОМ е потврда на македонскиот јазик и идентитет, дека нашата државност се заснова на антифашизмот, како и дека земјава била ослободена од македонските борци од НОБ се неспорни и тоа не може да биде доведено […]

Русковска за сведочењето на Заев: Обвинетите не се мали деца да ги манипулираат


По денешното сведочење на премиерот Зоран Заев за настаните од 27 април 2017 година, со кое тој се посомнева дека биле организатори на нападот обвинетите политичари во случајот, со исклучок на неговиот претходник Никола Груевски, обвинителката  Вилма Русковска  изјави дека нема намера да го повлекува обвинението бидејќи Заев не само што не понудил докази, туку […]

Радев: Ќе биде грешка ако се потпише нова декларација на желби


Бугарскиот претседател Румен Радев смета дека би била голема грешка ако премиерите Бојко Борисов и Зоран Заев одиграат некаков театар и потпишат нова декларација на желби, како што е Договорот за добрососедство од 2017 година, без јасни критериуми и механизми за верификација, јавува БГНЕС. Како што пренесува медиумот, Радев порачува дека Бугарија има голема желба […]