Заев: Продолжува надоградувањето на концептот за едно и еднакво општество за сите


Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците денеска се вселува во новата владина зграда. Увид на вселувањето денеска изврши премиерот Зоран Заев кој изјави дека Владата втор мандат успешно продолжува да го надоградува концептот за едно и еднакво општество за сите. – Нашето општество е изградено од граѓани со различни етнички, јазични, културни, религиозни […]

Костадинов: Од канабисот можен е прилив од 250 милиони евра


Со стратешката Акција 21- европските стандарди ги носиме дома и преку нови мерки, економски политики за целосно искористување на сите економски потенцијали. 2021 година е година на можности, на нови економски потенцијали, вели портаролот на партијата Костадин Костадинов. Тој наведува дека еден од нив е и канабисот како една од најдинамичните индустрии во светот. -Според […]

Анализа на ФАЦ: Проширувањето на ЕУ е мртво, што следи?


Принципот дека реформите доведуваат до членство во ЕУ повеќе не важи за земјите од Западен Балкан, пишува „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ во анализа. Никој не го сфати ова појасно од Република Северна Македонија, која дури и го смени името по барање на Грција за да може да започне преговори со ЕУ. Сепак, грчкото вето беше проследено […]

Разговорите ќе продолжат со која било бугарска влада, вели Маричиќ


Разговорите со соседна Бугарија ќе продолжат, тие се наши соседи и мораме преку европска достоинствена политика и дијалог да бараме решение за недоразбирањата. Разговорите ќе продолжат со оваа и која било друга идна бугарска влада, вели во интервју за МИА министерот за правда Бојан Маричиќ. Повторното одложување на почетокот на преговорите за членство на Северна […]

Османи очекува португалското претседателство да помага како и Германија


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи има позитивни очекувања од португалското претседавање со Советот на ЕУ кога е во прашање усвојувањето на преговарачката рамка за Македонија. На денешната прес конференција Османи рече дека во првичните контакти со португалското претседателство искажана е сериозна намера да се продолжи процесот што остана од германското претседавање со Унијата. „Очекувам […]

Бугарската блокада го стопира европскиот пат на Северна Македонија


Петнаест години откако ЕУ и го додели на земјава статусот на кандидат за членство во Унијата, во март годинава Европскиот совет донесе одлука за старт на пристапните преговори, па и во услови на пандемијата со Ковид-19 се очекуваше тие да започнат до крајот на годинава. Но, кога се чинеше дека по приемот во НАТО, годинава […]

Андов за Данас: Во Меморандумот на Бугарија сè е прекроено, има многу лаги и глупости


Парадоксално е тоа што национализмот може да се потисне со европеизацијата на Балканот, а истиот национализам е овој Бугарскиот што го запира целиот тек поради амбицијата кон Македонија, вели во интервју за белградски „Данас“ Стојан Андов, првиот претседател на македонското собрание и висок функционер во поранешната Сојузна влада на СФРЈ, јави дописникот на МИА од […]

Интервју: Заев уверен дека ќе ја совладаме и бугарската блокада


Создавање дијалог, а не конфликт со Бугарија, интензивирање на комуникацијата по празниците со цел пронаоѓање решение, кое ќе биде во духот на европските вредности, но и зацврстување на ставот дека нашето членство во ЕУ нема друга алтернатива се дел од пораките, кои премиерот Зоран Заев ги упати во интервјуто за МИА. Со Заев говоревме за […]

Предвремени избори нема да има, вели премиерот


 Нема предвремени избори и нема да има неосновано изнудување на оставка на Владата. Нема ниту потреба, ниту логика за оставки. Таквата постапка би била изневерување на сите што дадоа поддршка за европската агенда на земјата. Владата е стабилна, поддржана од стабилно мнозинство во Парламентот, вели премиерот Зоран Заев во интервју за МИА. Заев говорејќи за […]

Буџетот на институциите e намален, но доволен за натамошни реформи, вели Заев


Владината политика е јасна – администрацијата ќе се намалува и ќе станува се поуслужна кон граѓаните. Во нејзината структура сѐ уште се чувствуваат последиците од масовната партизација на институциите што се правеше 11 години до 2017 година и од спроведување на операцијата „заробена држава“. Ова во интервју за МИА го посочи премиерот Зоран Заев, кој говореше за […]

Заев: Билатералните прашања не треба да бидат пречка за евроинтеграциите, ниту изборите за билатералните процеси


Дијалог, а не конфликт создаваме со Бугарија, смиреност и подготвеност за соработка, наместо национализам за домашна употреба и нови изолации, вели премиерот Зоран Заев во интервјуто за МИА во врска со натамошните чекори за решавање на спорот со соседната земја. Премиерот нагласува дека комуникацијата со официјална Софија продолжува во насока на изнаоѓање решение и додава […]

Македонската дипломатка страдала од депресија


Македонската дипломатка што се самоуби во Њујорк на Нова година страдала од депресија, се дознава неофицијално.  Таа последните три дена не доаѓала на работа што била причина да ја побараат во нејзиниот дом. Живеела во дипломатски кварт спроти мисијата на САД во ОН. Станува збор за дипломатка од помладата генерација која во МНР дошла од […]

МКД: Се самоуби македонска дипломатка во ОН


Триесет и осумгодишна дипломатка во ОН во новогодишната ноќ била пронајдена мртва во нејзиниот стан на Менхетн во Њујорк, јави ТВ Фокс њуз. МКД.мк дознава дека се работи за член на делегацијата на Македонија во Обединетите нации. Според пишувањето на Фокс њуз станува збор самоубиство. Полицијата ја пронашла дипломатката со ремен околу вратот и две испразнети […]

„Трнливиот пат“ на Северна Македонија кон ЕУ продолжува и во 2021


Изминатата година беше турбулентна на секој план – пандемија на Ковид-19, предвремени парламенарни избори, економска криза, но беше бурно и во нашите евроатлантски интеграции. Северна Македонија стана 30. членка на НАТО, доби одлука за почеток на преговори со Европската Унија по 15 години поминати во чекалницата на ЕУ како земја кандидат. Но, и покрај очекувањата […]

Анализа на угледниот „Франкфуртер алгемајне цајтунг“: Како ЕУ да се однесува кон Балканот?


Дописникот на угледниот весник „Франкфуртер алгемајне цајтунг“ за југоисточна Европа Михаел Мартенс анализираше како Европската Унија треба да се однесува кон Западен Балкан. На почетокот на текстот „Што да се направи со Балканот? (Was tun mit dem Balkan?” потсети дека Хрватска засега стана последна членка на ЕУ, а пред неа во 2007 година членки станаа […]

Заев: Претседателот Киро Глигоров беше „историја што чекори“


Со денешното одбележување на годишнината од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров, влегуваме во годината во која ќе го одбележиме историскиот настан – 30 години од референдумот за независност и 30 години самостојна државност, напиша денеска на својот Фејсбук профил, премиерот Зоран Заев.   -За време на неговиот живот и за […]

Работењето на судиите и на обвинителите на проверка – од денеска почнува прочистување на правосудството


Од денеска стартува прочистувањето на правосудството, што како приоритет Владата го стави на прво место меѓу 10-те за 2021 година. Прочистувањето ќе се прави врз основа на извештај со увид во шест предмети за обвинителите и десет предмети за судиите, како што предвидува Методологијата за проверка на работата на правосудството во нашата земја. Ова заедно […]

Пендаровски: 2020 беше помеѓу стравот и надежта


Претседателот Стево Пендаровски ја оцени годинава што изминува како една од најтешките од македонската независност. „Ја поминавме во постојана тензија помеѓу стравот и надежта. Стравувавме за нашето здравје и животи. Бевме загрижени и за економијата, за работните места, многу лични и професионални планови беа одложени. Но, најтрагично од сѐ, многу човечки животи беа изгубени“, рече […]

Џафери: Да ја надминеме пандемијата и да тргнеме кон ЕУ во 2021


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, упати видео честитка до граѓаните на земјава за новата 2021 година, посакувајќи им сѐ најдобро на индивидуален и фамилијарен план. Џафери посака во новата година надминување на пандемиската состојба и остварување на стратешката цел – членство во Европската Унија.

Заев: Во 2021 носиме европски стандарди дома, сите во акција!


Ја испраќаме годината запаметена по светска пандемија која целосно ни го измени начинот на живеење, а со тоа и светогледот. Ќе ја паметиме како година на најголемата светска криза во новиот век. Старата поговорка вели „на мака се познаваат јунаците“ – така и оваа мака ни покажа многу јунаци на првата борбена линија, ама ни […]