Заев за случувањата во Вашингтон: Насилството мора да биде осудено, демократијата да надвладее


Загрижувачки и вознемирувачки се сликите од Вашингтон синоќа. Насилството мора да биде осудено. Се надеваме и веруваме дека демократијата ќе надвладее, напиша премиерот Зоран Заев на Твитер по повод синоќешните немири во Вашингтон. – Тоа е единствениот начин да се продолжи напред, вели Заев во пораката на Твитер.

Димитров: Да одмориме со Бугарија до изборите кај нив, да се фокусираме на сопствениот двор


Нашиот пат кон Европската Унија е многу тежок, тесен и многу стрмен. Процесот е во криза, проширувањето е во криза и мислам дека неуспехот на Европската Унија да ја спроведе сопствената одлука испрати негативен сигнал за еден регион што е опкружен географски од земји-членки на Европската Унија. Ова го изјави вицепремиерот за европски прашања Никола […]

Пендаровски по настаните во САД: Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата


Претседателот на државата Стево Пендаровски денеска на својот профил на Твитер порача дека насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата изразувајќи сочуство и солидарност со американските граѓани по синоќешните настани во Вашингтон. -Насилството не може да биде изговор за поткопување на демократијата. Однесувањето на поединци нема да ја сруши довербата во институциите. […]

Каракачанов се заканува дека Македонија уште долго ќе чека пред портите на ЕУ


„Не може со инает каков што гледаме во Скопје да се оди во ЕУ“, порача бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана По неколку дена затишје околу новогодишните празници, повторно нови провокации од Бугарија во врска со спорот со Северна Македонија, кој се провлекува со месеци наназад. Бугарскиот вицепремиер и министер за одбрана Красимир Каракачанов во  […]

Маричиќ до владиката Петар: Ќе има графа за национална и верска припадност на пописот


Министерот за правда Бојан Маричиќ преку Твитер му одговори на владиката Петар кој постави прашање дали на пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност и дека доколку нема, ќе повика на бојкот.   „На пописот во април ќе има графа за национална и верска припадност. Очекувам сега, владиката Петар, за доброто […]

Португалија не смета дека Бугарија е кочничар на проширувањето


Официјален Лисабон ќе се однесува претпазливо кон прашањето за проширувањето на Европската Унијата, изјави денеска нивниот амбасадор во ЕУ, Нуно Брито. Тој потенцира дека португалското претседателство, кое раководи со Советот на ЕУ во првите шест месеци од годинава, нема да брза и да предлага нови заклучоци на Советот на ЕУ за проширувањето. Прашан како го оценува […]

Владата го усвои Предлог-законот за буџети


Владата на денешната редовна седница го разгледа и усвои Предлог-законот за буџети со цел имплементација на реформите во процесите на планирање и извршување на буџетот, зајакнување на фискалната дисциплина, стабилни фискални проекции за среднорочен период, интегрирање на процесите во јавните финансии и подобрена транспарентност. Во соопштението од владината прес-служба стои дека со оглед на тоа […]

Грашковска ќе проверува дали се прекршени мерките за роденденот на Ахмети


Граѓаните биле совесни за новогодишната ноќ која поминала мирно и безбедно и без многу прекршувања на протоколите за заштита од КОВИД-19.  Претседателката на Инспекцискиот совет Магдалена Грашкоска денеска на редовната прес-конференција истакна дека очекува така да биде и за претстојните празници Бадник и Божик, но повторно апелираше до сите граѓани и до стопанствениците да ги […]

Османи: Продолжуваме да бараме решенија со Бугарија, чекаме одговор на нашите предлози


Ќе ја продолжиме комуникацијата со Владата во Софија и со другите земји членки на ЕУ за надминување на разликите со Бугарија и за почнување на пристапните преговори, изјави денеска на прес-конференција министерот за надворешни работи Бујар Османи. Прашан за координацијата на владиниот тим задолжен за евроинтеграцијата во врска со идните чекори и насоките по кои […]

ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривични пријави за хонорарите во СЈО


Обвинителите во поранешното СЈО во текот на четири години од 2015 до 2019 година противправно си исплаќале надоместоци и додатоци на плата, со што го оштетиле буџетот за 4.6 милиони евра.Овие 4.6 милиони евра народни пари, без било каков основ си исплатиле Катица Јанева, Фатиме Фетаи, Ленче Ристоска, Лиле Стефанова, и другите обвинители од СЈО. […]

Османи: Немаше ниту прослава на роденденот на Ахмети, ниту партизација, ниту непочитување на протоколите


 Роденденот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети вчера предизвика погрешна интерпетација. Немаше ниту прослава, ниту партизација ниту непочитување на протоколите, посочи денеска министерот за надворешни работи Бујар Османи. Тој рече дека станува збор за изненадување за лидерот на ДУИ во просториите на Министерството за политички систем од страна на еден од вработените, со честитка за […]

И за пописот, дијаспората може да се изјасни од земјава или од странство каде што живее


И досега нашата дијаспора имаше опционо право на гласање – да гласа преку ДКП-ата, каде што е, или дома. Ако го искористи правото и се регистрира навреме, согласно Изборниот законик, да гласа во дијаспората, ќе си гласа таму, а ако не се регистрира, и останува само првато да гласа дома, истакна денеска премиерот Зоран Заев. […]

Богојески: Ахмети создава историја на Албанците во Македонија, вие не ја гледате!


Петар Богојески, промоторот на платформата Македонски концепт преку својот официјален фејсбук профил излезе со остра реакција откако на фејсбук почна да се споделува фотографијата од министртеи и високи функционери на ДУИ како го прославуваат роденденот на лидерот на партијата, Али Ахмети во салата за состаноци и тоа на денот на вселување во новата зграда на […]

ДУИ си доби приватно министерство за прослави без маски


Свеченото отворање на новата зграда во која се всели Министерството за политички систем и односи помеѓу заедниците го искористи првиот вицепремиер Артан Груби со сите владини функционери на ДУИ да му организира роденденска прослава на партискиот лидер Али Ахмети.На фотографијата се гледа дека ниту еден од функционерите не носи заштитна маска, ниту е на потребната […]

Се гради стратегија за продолжување на разговорите со Бугарија, големи очекувањата од португалското претседателство


Стратегија соодветна како да се пристапи, адаптирање на активностите во понатамошните разговори и комуникација за надминување на разликите во разговорите со соседна Софија, е приоритет на владиниот тим за евроинтеграции, предводен од премиерот Зоран Заев, на првиот работен ден од 2021 година. На координативен состанок, вчера сите овие прашања беа на дневниот ред за да […]

Галерија: Како изгледа новото министерство на Груби?


Министерството за политички систем што го предводи Артан Груби од денес функционира од нов објект. Зградата е лоцирана во близина на МНР и е дел од проектот „Скопје 2014“ во вредност од 14 милиони евра.  Министерство за политички систем, сепак, нема да биде единствен корисник на барокната зграда. Таму ќе се сместат и Агенцијата за […]

Коцарев: За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика


Македонскиот јазик има повеќедневна традиција, формиран е пред формирањето на државата Македонија, а се зборува надвор од границите на денешна Македонија. За посебноста на македонскиот јазик веќе поодамна се изјаснила светската славистика, не македонската или бугарската. Ова го истакнува претседателот на МАНУ Љупчо Коцарев во интервју за ТВ Телма, кој вели дека Денот на светите […]

ВМРО-ДПМНЕ: Tоа што ние го изградивме, Заев не може ни да го искречи


Зградата во која денес се всели министерството за политички систем е започната со градба во 2015 година, а беше спремна за вселување уште 2017 година. СДСМ чекаше буквално 4 години, можеби со мисла дека народот ќе заборави дека истата е градена во време на ВМРО-ДПМНЕ, порача денес ВМРО-ДПМНЕ како реакција на вселувањето на вицепремиерот Артан […]

Владиниот тим за евроинтеграции на координација за проблемот со Бугарија


 Мислам дека изборите се несоодветен момент за решавање на вака политичко сензитивни прашања, посебно прашања во коишто барем нашата страна не може да утврди каде е проблемот, изјави денеска премиерот Зоран Заев одговарајќи на новинарско прашање до каде сме во решавањето на отворените прашања со Софија и дали смета дека тоа е можно до март […]

Претседателката на ССК, Данела Арсовска нов почесен конзул на Унгарија


Владата на седница одржана на 29 декември минатата година донесе одлука за отворање Почесен конзулат на Република Унгарија во Штип, а Данела Арсовска е нов почесен конзул. Владата го задолжи Министерството за надворешни работи да ја спроведе оваа одлука, која стапи во сила наредниот ден од денот на објавувањето во Службен весник односно од 30 […]