Заев со надеж за наоѓање решение за бугарското вето пред јуни, Борисов бара разговори засновани на разум, не на емоции


Нови пораки за можноста за придвижување на односите меѓу Скопје и Софија, по бугарското вето за почеток на преговори на Северна Македонија со Европската Унија. Бугарскиот премиер Бојко Борисов вчера порача дека двете страни треба да се подготват за преговори засновани на разум, а не на емоции, бидејќи несогласувањата меѓу двете земји треба да се […]

Османи ја продолжува работната посета на Швајцарија, ќе се сретне со својот колега Касис


Министерот за надворешни работи Бујар Османи денеска ја продолжува работната посета на Швајцарија, при што ќе се сретне со својот колега, сојузниот министер за надворешни работи Игнацио Касис. Од МНР најавија дека Османи ќе има и други средби со дијаспората, кои живеат во други кантони на Конфедерацијата. Работната посета на Швајцарската Конфедерација, Османи ја започна […]

Е-конзулат за побрза и поефикасна услуга за нашите во странство


Владата на вчерашната седница ја разгледа и усвои Информацијата за проектот за дигитализација на конзуларните услуги во Дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во странство. Дигитализацијата на конзуларните услуги во странство (Е-конзулат), се појаснува во соопштението од владиниот Сектор за односи со јавноста, се наметнало како неопходна потреба заради модернизирање на работата на ДКП-ата, а […]

Села позитивен на Ковид-19


Претседателот на политичката партија Алијанса за Албанците, Зијадин Села, е позитивен на вирусот Ковид-19. Преку неговиот фејсбук профил Села, ја инфомираше јавноста дека неговата здравствена состојба е добра. -Сакани пријатели. Денеска го направив ПЦР тестот за Ковид-19 и треба да го споделам резултатот со вас. Позитивен е. Клинички сум добро, без никакви грижи. Но, здравствените […]

Заев в недела ќе побара поддршка и доверба од членството на СДСМ за нов лидерски мандат


Зоран Заев в недела на 21 март ќе ја бара довербата и поддршката од членството на СДСМ, како кандидат за претседател, за нов мандат за лидер на партијата. Првпат во македонскиот плуразлизам, како што нагласи тој во денешното обраќање, на директни непосредни внатрепартиски избори, овој врвен чин на внатрепартиската демократија ќе го направи токму СДСМ. […]

ВМРО-ДПМНЕ најави интерпелација за Венко Филипче


По вицепремиерите Никола  Димитров, Љупчо Николовски и министерот за правда Бојан Маричиќ , сега и министерот за здравство ќе треба да се соочи со пратениците и да одговори на опозициските обвинувања за катастрофално справување со Ковид- кризата. ВМРО-ДПМНЕ ќе поднесе предлог за интерпелација  во Собранието  на министерот за здравство, Венко Филипче  обвинувајќи го дека поважни […]

Заев во Луксембург: „Дефинитивно сме огорчени“


Премиерот Зоран Заев во интервју за весникот „Луксембургер ворт“, од земјата која е еден од основачите на Европската унија, порача дека Македонија е целосно разочарана од ветото на Бугарија, велејќи дека „со вакво однесување ЕУ никогаш нема да постоеше, Европејците гледаа кон иднината, не кон минатото“. Во интервјуто, објавено утринава пред денешните разговори со луксембуршкиот […]

OJO бара парични казни за палење на бугарското знаме во Вевчани


Основното јавно обвинителство Струга, по спроведена претходна постапка, поднесе Предлог за издавање казнен налог за три лица за кривично дело – Повреда на угледот на странска држава од член 181 од Кривичниот законик. – Обвинетите, на 14 јануари, за време на самоиницијативниот собир на граѓани по повод верскиот празник Св.Василиј во Вевчани, со намера за […]

Борисов му зборувал на Османи за преговори со разум, а не со емоции


Според Борисов, геостратегиска цен на Софија била да се најде решение за проблемите меѓу двете држави, но не соопшти што значи тоа    На неочекуваната средба на софискиот аеродром меѓу Бојко Борисов и Бујар Османи, бугарскиот премиер претставил платформа, според која Софија ништо не ја обврзува, а уште помалку да дава ветувања.  Според она што […]

Заев во Луксембург на средба со Бетел


Премиерот Зоран Заев денеска ја продолжува посетата на Луксембург, каде според најавите ќе има средба со неговиот колега Ксавиер Бетел. На првиот ден од посетата, Заев и министерот за финансии Фатмир Бесими, вчера се сретнаа со шефот на дипломатијата на Луксембург Жан Аселборн, од кого добија безрезервна поддршка за европската перспектива на Северна Македонија. Заев […]

Армија според НАТО или пакистански стандарди: Во чиј интерес работи полковникот Ковачки?


Полковникот со политичка функција, Драган Ковачки, повикува за НАТО стандарди во нашето Министерство за одбрана, а тој самиот поради нив би добил веднаш клоца во американската или британска армија   Слободанка Јовановска „Од рубриката ‘Датум за датум, но не сега’‚ на коалицијата ‘Лажеме со леснотија’,  да се потсетиме како манипулираше Шекеринска. Па, уште бара и […]

Османи во посета на Швајцарија и Шпанија


Министерот за надворешни работи  Бујар Османи, денеска ќе престојува во работна посета на Швајцарија и на Шпанија.  Како што соопшти МНР, во рамки на престојот во Берн, министерот Османи ќе се сретне со бројни здруженија на граѓани и членови на нашата дијаспора од кои ќе побара поддршка за процесот на Попис 2021. За време на […]

Предлог измените на Законот за лична карта пред Комисијата за политички систем


Предлог законот за изменување и дополнување на Законот за лична карта, во прво читање, е на дневен ред на денешната седница на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците. – Со предлагањето на Законот за изменување и дополнување на Законот за личната карта се цели кон проширување на можностите кои би ги имале […]

Заев: Безрезервна поддршка од Луксембург за европската иднина на Северна Македонија


Премиерот Зоран Заев доби безрезервна поддршка од шефот на дипломатијата на Луксембург за европската перспектива на Северна Македонија. „Благодарност за топлата средба и пречекот од нашиот домаќин тука во Луксембург, министерот за надворешни работи, Аселборн. Ми беше задоволство што се видовме и со драгиот пријател Флекенштајн, со кого имавме инспирирачки разговори за европската иднина на […]

СДСМ тврди дека Мицкоски бил нервозен по притворот на Камчев


Владејачките социјалдемократи денеска објавија дека лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, побрзал да го одбрани Орце Камчев затоа што имал големи хипотеки кон него. „Адвокат на Орце е Менкиновски, партиски функционер, човек на Мицкоски, претседател на партиската правна комисија, преговарач за Законот за ЈО… За сите поддршки коишто Орце ги давал на ВМРО-ДПММНЕ ли Мицкоски му […]

Османи: Решавањето на спорот со Бугарија не е услов на ЕУ за старт на преговорите, но одлуките таму се носат со консензус


Министерот за надворешни работи Бујар Османи не смета дека решавањето на спорните прашања со соседна Бугарија се издигнати како услов на Европската унија за отпочнување на преговори за членство. Тој вели дека инсистирањето на еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји ова прашање да се реши побрзо доаѓа поради фактот што, како што рече, сите одлуки во […]

Заев и Бесими во посета на Луксембург, најавени средби со премиерот и со претседателот на ЕИБ


Премиерот Зоран Заев заедно со министерот за финансии Фатмир Бесими денеска ќе замине во посета на Луксембург. За време на посетата, владината делегација ќе се сретне со претседателот на Европската инвестициска банка Вернер Хојер, а ќе оствари средба и со премиерот на Луксембург, Ксавиер Бетел. Од владината прес-служба најавуваат дека ќе информираат за сите активности […]

Обвинителството побара, судот одреди 30 дена притвор за Камчев


Еден од најбогатите Македонци, Орце Камчев, во наредните 30 дена ќе биде во затворот во Шутка, откако судија на претходна постапка го усвои барањето на обвинителството. Камчев утрово беше приведен од полицијата по претходни сознанија на Агенцијата за национална безбедност дека се подготвувал да избега од државата. Јавното обвинителство попладнево потврди дека побарало притвор по […]

Заев: Внатрешното и меѓусебно помирување главен темел за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување


Премиерот Зоран Заев денеска преку својот Фејсбук профил им го честита на православните христијани празникот Прочка.   -Прочка e, денот кога православните христијани ги чествуваат простувањето и помирувањето. Нашето внатрешно и меѓусебно помирување се едни од главните темели за градење на заедница на граѓани исполнети со меѓусебно почитување, со грижа и љубов за другиот. Тоа […]