Големи очекувања од словенечкото претседателство со ЕУ, одложувањето на почетокот на преговорите сериозна геостратешка грешка


Премиерот Зоран Заев има големи очекувања од словенечкото претседавање со ЕУ кое почнува од 1 јули, годинава. Тој во интервју за словенечко „Дело“ изразува верување дека како земја членка на ЕУ, која недвосмислено ја реафирмираше својата определба за проширување со земјите од Западен Балкан, Словенија ќе направи сѐ што треба ЕУ да не ги изгуби […]

Први внатрепартиски избори за претседател на СДСМ


Близу 69.000 членови на СДСМ денеска ќе избираат претседател на партијата на први директни, внатрепартиски избори. Единствен кандидат претседател е актулениот премиер и прв човек на партијата Зоран Заев. За неговата кандидатура треба да се изјаснат сите активно регистрирани членови на СДСМ. Изборите ќе се спроведат во сите 80 општински организации на СДСМ од страна […]

Османи со поддршка до Захариева за случајот со шпионажа во корист на Русија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи и изрази поддршка на неговата бугарска колешка, Екатерина Захариева, за справување со случајот со откриената група за шпионажа, која пренесуваше информации за Бугарија, ЕУ и НАТО на Русија,. -Силна поддршка за суверенитетот на Бугарија, нашиот сосед и сојузник во НАТО. Република Северна Македонија ги осудива сите малигни активности на […]

Заев на ФБ: На денешен ден пред 30 години беше изгласана првата демократска Влада на тогашна СР Македонија


На денешен ден пред 30 години, поточно на 20 март 1991 година, по спроведувањето на првите повеќепартиски парламентарни избори, Собранието ја изгласа првата демократска Влада на тогашна Социјалистичка Република Македонија по воведувањето на политичкиот плурализам. На чело на оваа прва експертска Влада беше избран Никола Кљусев, а за вицепремиери беа избрани Блаже Ристовски, Јован Андонов […]

СДСМ бара истрага за корумпирањето на германскиот пратеник


СДСМ бара од надлежните органи да отворат истрага околу скандалот со сомнително финансирање на консултанти во 2016 И 2017 година, за кој во Германија пратеник си поднесе оставка.   „Јавно ги повикуваме сите надлежни институции да го истражат овој случај и да ја информираат јавноста за наодите, особено што ВМРО-ДПМНЕ секогаш се поврзува со сомнителни […]

Заев: Ако некој заслужил преговори со ЕУ, тоа е Македонија


Ако некој заслужил да добие поддршка на следниот чекор на патот кон ЕУ, тоа е Северна Македонија и важно е што Словенија, заедно со земјите од Вишеград потврдуваат дека сѐ уште има европско во Европската Унија и тоа е нашата водилка и мотивација и за реформите за да си ја европеизираме државата, истакнува претседателот на […]

Пролетта носи промени во најголемите политички партии во земјата


Први внатрепартиски избори за претседател на СДСМ, со само еден кандидат – актуелниот лидер на партијата и премиер Зоран Заев, по што се најавени кадровски промени во врвот на партијата, барање за вонреден конгрес на незадоволни членови на ВМРО-ДПМНЕ, обединување и повик за нови членови, први чекори за реализација на договорот за надминувања на несогласувањата […]

Владата фокусирана на спроведување безбеден попис, опозицијата бара да се одложи


Пописот 2021 ќе се спроведе, а гаранција за тоа се строгите протоколи. Надлежните порачуваат дека граѓаните и попишувачите ќе бидат безбедни, и оти целиот фокус на Владата е во таа насока. Од опозицијата сметаат дека пописот сега ќе биде кобен за граѓаните, и бараат да се одложи за септември. Владата ги следи препораките на Комисијата […]

Рускоска собира материјали за Рашкоски во Владата


Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција почнало да ја собира докоментацијата од генералниот секретаријат на Владата и другите институции и фирмата Инвока-груп за набавката на софтверот за сообраќајни прекршоци што ја направил поранешниот секретар на Владата, Драги Рашковски. -Потпишав повеќе наредби за да се собере документацијата и од Владата и од други институции. […]

Ривалите до Мицкоски: Се ближи крајот на твоите партиски бизниси


Иницијативниот одбор за вонреден конгрес на ВМРО-ДПМНЕ ги коментира реакциите во матичната партија откако донесе одлука да го одложи закажаниот конгрес на крајот на март поради пандемијата. „Еуфоријата на се уште актуелниот претседател на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски за одложувањето на вонредниот конгрес покажува колку е тој очаен и колку го интересира само сопствената функција. Христијан […]

Средба Шекеринска-Пахор: Претстојното словенечко претседателство ќе го врати регионот во фокусот на ЕУ


Министерката за одбрана Радмила Шекеринска со средба со претседателот на Словенија Борут Пахор, ја заврши еднодневната официјална посета на Република Словенија што се реализираше на покана на министерот за одбрана, Матеј Тонин. Како што соопшти Министерството за одбрана, во разговорот со словенечкиот претседател, Шекеринска изрази благодарност за континуираната поддршка на нашата земја. -Северна Македонија и […]

Германски пратеник поднесе оставка поради лобирање за ВМРО-ДПМНЕ


Тобијас Цех (ЦСУ)преку неговата компанија му давал консултантски услоги на ВМРО-ДПМНЕ, а во исто време како пратеник присуствувал во кампањата за изборите во 2016 година   Два локални весници од Баварија („Пасауер ное пресе“ и „Минхнер меркур“) му ја запечатија кариерата на пратеникот од Христијанско-социјалната унија, Тобијас Цех, поради тоа што неетички, па и незаконски, […]

Внукот на Ахмети ја објави кандидатурата за градоначалник на Кичево


Внук на Али Ахмети ја објави својата кандидатура за Општина Кичево како независен кандидат, во знак на револт за неговото незадоволство од случувањата во ДУИ. Фатмир Лимани остро ги критикува политиките на партијата. „Ќе се кандидирам како независен поради неуспесите на ДУИ воопшто и особено на сегашниот градоначалник на Кичево. Актуелниот градоначалник од 2002 година […]

Словачка, Чешка и Македонија заеднички ќе ја организираат манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“


Премиерот Зоран Заев денеска го прими амбасадорот на Словачка, Хенрик Маркуш, кој на средбата го претстави долгогодишниот организатор и иницијатор на манифестацијата „По трагите на светите Кирил и Методиј“ Стојан Лекоски, наш сонародник кој повеќе децении живее во Словачка. Лекоски на средбата информираше дека оваа година „По трагите на светите Кирил и Методиј“ е вклучена […]

Груби во еднодневна посета на Приштина


Вицепремиерот и министер за политички систем и односи меѓу заедниците, Артан Груби денеска ќе престојува во еднодневна работна посета на Косово. Како соопшти неговиот кабинет, Груби во Приштина ќе има средба со лидерите на тамошните политички партии, Вјоса Османи,  Енвер Хоџај, Лумир Абдиџику, Рамуш Харадинај, Фатмир Лимај, како и со претседателот на здружението „Балкански сираци“, […]

ГЕРБ ја зацементира блокадата на Македонија во предизборната програма


Во програмата за изборите, партијата на премиерот Борисов запиша „гарантирање на правата на бугарското малцинство во Албанија“ и заштита на сите бугарски заедници надвор од Бугарија. Каракачанов, пак, ќе бара впишување на Бугарите во македонскиот Устав и давање бугарски пасоши и  политички права за Гораните во Косово   Слободанка Јовановска Партијата на Бојко Борисов, ГЕРБ, […]

Рашковски за ТВ24: Многу е евтино во Мексико


Поранешниот генерален секретар на Владата, а сега секретар за мониторинг и поддршка на институциите при реализацијата на владината програма, Драги Рашковски, во изјава за ТВ24 вели дека одморот за Мексико го испланирал пред неколку месеци кога не можел да што ќе се случува на политичката сцена. – Одморот ми е планиран пред неколку месеци. Така што, искрено […]

Ахмети на средба со Гир: Не сме далеку од договорот со Софија


Политичките случувања во земјата и регионот, тековните процеси што се случуваат во нашата земја, структурните реформи, како и напредокот кон отворање на преговорите за членство во Европската Унија, биле темите за кои разговарале на денешната работна средба во седиштето на ДУИ во Тетово претседателот на партијата Али Ахмети и амбасадорот на Европската Унија во Република […]

Комисијата за заразни болести изготви протокол за попис, но одлуката дали ќе се одржи е политичка, вели Караџовски


Комисијата за заразни болести направи предлог протокол и тој протокол го дадовме до Министерство за здравство и до Државниот завод за статистика, a понатаму дали ќе се одржува пописот или не, на кој начин ќе се одржува, е политичка одлука, истакна пртседателот на Комисијата за заразни болести Жарко Караџовски на денешната прес-конференција.   Тој нагласи […]

ВМРО се правда: Во Македонија ќе гласаат само 500 Бугари бидејќи биле престрашени


Пратеникот на ВМРО Красимир Богданов ги убедувал членовите на делегацијата од Советот на Европа дека во Македонија се пријавиле многу мал број на Бугари за гласање бидејќи биле преплашени од реакцијата на власта. Зборувајќи за борбата на неговата партија за правата на Бугарите во Македонија тој тврдел дека овие права се кршат и денес, посочувајќи […]