СДСМ за пораките на Мицкоски: Тендер-патриотите сакаат на сила да се вметнат во историјата!


СДСМ реагира на говорот на премиерот Христијан Мицкоски во Пелинце оценувајќи дека тој и ВМРО-ДПМНЕ повторно се обидуваат да се вметнат во историјата каде што не припаѓаат.   „ВМРО-ДПМНЕ (денес ОКГ) нема никаква организациска, идејна ниту кадровска врска со АСНОМ. Напротив – историското ВМРО на Ванчо Михајлов соработувало со фашистичките сили и бугарскиот окупатор. Тоа […]

Сиљановска-Давкова: Државата се чува со младите, со мудра политика и национално помирување


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, по повод 2 Август – Илинден, порача дека Македонија треба да ја гради својата иднина врз идеалите на Илинден и АСНОМ, нагласувајќи дека државата се чува со вложување во младите, мудра надворешна политика и национално помирување. На свеченоста што под нејзино покровителство се одржа пред споменикот на Методија Андонов-Ченто на плоштадот „Македонија“ […]

Мицкоски: Битката на оваа генерација е да ги победи омразата, цинизмот и талогот што ја трујат Македонија


Илинден не е само датум, тој е и завет, но и карактер. Илинден е најсилниот доказ дека постојат народи кои можат да бидат окупирани, можат да бидат напаѓани, можат да бидат предавани, можат да бидат потценувани, но никогаш не можат да бидат покорени, затоа што слободата не започнува на границите на една држава, туку во […]

ВМРО-ДПМНЕ честиташе и за Крушево и за АСНОМ


По повод 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, ВМРО-ДПМНЕ упати честитка до граѓаните, оценувајќи дека Илинден е најсилниот симбол на македонската борба за слобода, сопствена држава и обврска кон идните генерации. Од партијата наведуваат дека во Илинден се испреплетуваат идеалите на илинденците од 1903 година и делото на генерацијата која преку АСНОМ ги поставила […]

Костадиновски: Чин на највисок патриотизам денес е вистинска посветеност на владеењето на правото


По повод одбележувањето на 2 Август – Илинден, Денот на Републиката, претседателот на Уставниот суд  Дарко Костадиновски упати честитка во која порача дека сите граѓани треба да се обединат околу Уставот и дека чин на највисок патриотизам денес претставува вистинската посветеност на владеењето на правото. „Денес, кога одбележуваме 123 години од Илинденското востание и 82 […]

Филипче од Крушево: Сеќавањето на Илинден вреди само ако градиме подобра иднина


Лидерот на најголемата опозициска партија Венко Филипче порача од Крушево дека зад силните зборови за Илинден треба да стојат вистински напори да се изгради слободна и достоинствена Македонија, инаку сето тоа не вреди.  „Денес во Крушево оддаваме почит на хероите на Илинден и на Крушевската Република – на оние кои пред повеќе од еден век […]

СДСМ: Мицкоски јавно призна кривично дело – повеќе од две години водата во Гостивар не била за пиење


СДСМ тврди дека премиерот Христијан Мицкоски со изјавата вчера за водата во Гостивар јавно признал кривилно дело, односно дека таа не била за пиење од почетокот на неговиот мандат, а не презел ништо.    „Христијан Мицкоски вчера јавно изјави: Верувам дека за првпат по многу години граѓаните ќе користат вода која е целосно бактериолошки исправна. […]

Сиљановска: Илинден нè обврзува да бидеме достојни и одговорни наследници


Претседателката Гордана Сиљановска Давкова упати честитка по повод Илинден во која порача декатоа е најсветиот македонски ден  „За мене, 2 Август, Илинден, е најсветиот македонски ден, денот на којшто во 1903 година, македонската републиканска идеја се отелотвори во Крушевската Република и денот кога во 1944 година, на АСНОМ, по вековна борба, се реализира правото на […]

Мисајловски: Врз илинденското дело е изградена современата македонска држава


   Министерот за одбрана Владо Мисајловски упати честитка до граѓаните, припадниците на Армијата и вработените во Министерството за одбрана по повод 2 Август – Илинден, истакнувајќи дека овој датум претставува најголемиот празник и еден од најзначајните симболи на македонската државност. Во честитката, Мисајловски нагласува дека Илинден ги претставува идеалите на слободата, самобитноста, патриотизмот и љубовта […]

ДУИ: Владата на ВМРО- ВЛЕН додели околу 90% од грантовите за спроведување на Охридскиот договор на српската заедница


Демократската унија за интеграција (ДУИ), денеска преку соопштение до медиумите реагира на распределбата на средства наменети за спроведувањ ена Охридскиот рамковен договор. Според ДУИ, станува збор за „невиден скандал и сериозен аларм за правецот во кој се турка државата“. Од оваа партија посочуваат дека Владата доделила околу 90 проценти од средствата од програмата за спроведување […]

Средба Сиљановска Давкова – Мацут: Посебен осврт на претстојниот Самит Брдо-Бриони што во ноември ќе се одржи во Охрид


Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска во вила „Билјана“ во Охрид остварила средба со српскиот премиер Ѓуро Мацут. -Во вилата „Билјана“ се сретнав со српскиот премиер, проф. д-р Ѓуро Мацут, придружуван од македонскиот премиер проф. д-р Христијан Мицкоски. Особено ми беше драго што, покрај политичките функции, тројцата нè поврзува и академската професија, којашто секогаш отвора […]

Гаши: Денот на Републиката нè обединува околу вредностите врз кои е изградена државата


Претседателот на Собранието, Африм Гаши, по повод 2 Август – Денот на Републиката, упати честитка до граѓаните, истакнувајќи дека овој празник нè обединува околу вредностите врз кои се гради и зајакнува нашата држава и нè потсетува на заедничката одговорност да ја зајакнеме со дела, визија и посветеност. -2 Август нè потсетува на идеалите за слобода […]

Во мај Мицкоски ги повика Македонците да летуваат во Македонија, а тој сега ќе оди во Белгија


  Граѓаните би требало да размислат за неговите препораки, а самиот тој нема да ги следи. На 4 мај годинава, откако стана јасно дека поради новите правила за влез во шенгенскиот простор ќе може да има долги чекања на границите, премиерот Христијан Мицкоски ги повика македонските граѓани да летуваат во нашата земја, на планините и […]

Филипче ги нарече „игранка“ најавите за обезбедување внатрешни гаранции за ЕУ


Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, предупреди на опасноста Македонија да не се најде во  наредниот седумгодишен буџет на Европската унија и со тоа да си ја запечати шансата за евроинтеграција, бидејќи без обезбедени пари нема ни прием во Унијата – лекција што ја научивме од Агендата 2000. Тој расправата за блокираната евроинтеграција практично ја сврте […]

Мицкоски го брани законот за „Скопје 2028“. Тој барал да се повлече од Собранието


  Јавноста се дезинформира. Вака премиерот Христијан Мицкоски ги отфрли критиките на опозицијата и на невладиниот сектор во врска со реализацијата на проектот „Скопје – Европска престолнина на културата“. Тој денеска изјави дека проектот започнал пред десет години, но не бил реализиран. Скопје беше избран за престолнина на европската култура за 2028 во 2023 година […]

Мицкоски ќе нема класичен одмор, ќе оди осум дена на „екскурзија“ во Белгија


Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека нема да оди на класичен годишен одмор, туку на еден вид екскурзија во Белгија. Одговарајќи на новинарско прашање при неговата посета на Битола, тој рече дека ќе биде заедно со семејството. „Во суштина нема да имам класичен одмор, ќе биде еден вид екскурзија. Со семејството ќе бидам една недела […]

СДСМ најавува жешка есен, ќе поднесе интерпелација за Гаши и Стоилковиќ


  Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека премиерот Христијан Мицкоски вчера избегал од можноста да му се постават пратенички прашања и дека циркусот што се одвиваше во Собранието бил оркестриран од потпретседателката Весна Бендевска. Тој нагласи дека е единствениот од опозицијата што успеал вчера да постави прашање, иако имало цела листа на пријавени, окарактеризирајќи […]

ДУИ бара одговорност за загубениот грант од 60 милиони евра за пругата кон Бугарија


  Опозициската ДУИ прашува кој ќе понесе одговорност за губењето на 60,77 милиони евра грант на Европската унија за изградбата на пругата кон Бугарија. Зошто не беа исполнети роковите за реализација на проектот? И дали сега граѓаните ќе треба од државниот буџет да го покриваат она што Европската унија беше подготвена да го финансира како […]

Пола Македонија отруена, а одговорни нема, реагираат од СДСМ


СДСМ преку соопштение обвини дека институциите сè уште не утврдиле одговорност за загадувањето на водите, иако, како што велат од партијата, последиците ги чувствуваат граѓаните во повеќе делови од земјата. Од партијата посочуваат дека, според неофицијални информации, во реките Лепенец и Вардар завршила хемикалија што се користи при производство на детергенти, додека, како што наведуваат, […]

Македонија изгуби милиони евра од ИПА, Владата манипулира дека „нема финансиски импликации“


  Македонија остана без ИПА-средствата предвидени за изградбата на третата делница од железничкиот Коридор 8 кон Бугарија,а од Владата тврдат дека реструктуирањето на финансиската рамка за овој проект – нема нови финансиски импликации за Македонија! Практично, да не беа поднесени законските измени за заемите од ЕИБ и ЕБРД во Собранието, немаше ни да се знае […]