Обвинителството се жали на ослободителната пресуда за Груевски во ,,Талир 2″


Во скопското обвинителство дека е поднесена жалба на ослободителната пресуда за екс премиерот Никола Груевски во случајот ,,Талир 2″ . -Надлежниот јавен обвинител ја прими првостепената пресуда и вложи жалба, информираа од Обвинителството. Инаку, пред неполн месец во Кривичниот суд беше изречена ослободителна пресуда за екс премиерот Никола Груевски, кој беше обвинет во ,,Талир 2″, […]

Муцунски: Идејата за измена на Уставот стана политички токсична


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во интервју за  „Политико“,  порача дека државата заслужува праведен, предвидлив и кредибилен пат кон полноправно членство во Европската Унија. Во текстот на „Политико“ се посочува дека земјата е кандидат за членство од 2005 година и е целосно усогласена со надворешната политика на Унијата, но дека, две децении […]

СДСМ тврди дека власта тепала нивни активисти


  СДСМ тврди дека премиерот Христијан Мицкоски веќе не може да ги скрие неуспесите и дека сега физички се пресметува со тие што  го критикуваат.   -Не му помагаат ниту 40% од Орбановите медиуми, ниту фармите на тролови, ниту бот-платформите наследени од сестринската СНС. Народот ги прочита. Катастрофалната економија, постојаното задолжување и труењето на цела […]

Левица: Уште колку пати треба да се запали „Дурмо Турс“ за државата да реагира?


Левица објави денеска дека на  3 август автобус на „Дурмо Турс“ се запалил на автопатот Тетово–Гостивар. Патниците овојпат успеале да го напуштат возилото и била избегната нова трагедија. Партијата притоа посочува дека безбедноста на луѓето не смее да зависи од среќата, брзината на евакуацијата или од тоа дали пламенот ќе се прошири неколку минути порано […]

МНР ги нарече „измислици“ тврдењата дека го прифатила францускиот предлог


По тврдењето од  СДСМ дека Владата веќе договорила прифаќање на францускиот предлог и сега ја подготвува јавноста за тоа, Министерството за надворешни работи и надворешна трговија категорично ги отфрла ваквите наводи како „измислици“ и уверува дека нема тајни преговори, ниту отстапки од националните интереси, идентитетот, јазикот и историјата. Од МНР велат дека институциите редовно комуницираат […]

СДСМ не и верува на владата за тендерот за „Кожувчанка“


  Владата денеска „демантира“ и тврди дека водата од „Кожувчанка“ за Гостивар била набавена на тендер. Лажат, тврди СДСМ јасно порачувајќи дека не им верува во врска со демантот објавен претходно  во кој се потврдуваше дека е вистина дека оваа компанија на градоначалникот на Кавадарци ги снабдува Гостиварци со вода, но дека таа била поевтина и […]

СДСМ во пресметка со Стоилковиќ: Не ни сметаат Србите, ни сметаш ти!


СДСМ влезе во отворена политичка пресметка со вицепремиерот Иван Стоилковиќ кого го гледа како манифестација на „Српскиот свет“ на претседателот Александар Вучиќ во Македонија. по инцидентот во Собранието по кој СДСМ бараше јавно извинување од Владата, сега спорот се отвора и на јавната сцена. Во соопштението денес СДСМ посочува и зошто: „Иван Стоилковиќ, не ни […]

Жерновски тврди дека власта подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог


 Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, на прес конференција денес порача дека Владата подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог и дека тоа е поврзано со изјавата на шефот на дипломатијата Тимчо Муцунски за некаков таен договор за започнување на прегововри со ЕУ. -Почитувани граѓани, се подготвува терен за прифаќање на францускиот предлог. Наши […]

СДСМ: Мицкоски со години го плука народот, сега се навредил од еден граѓанин


СДСМ реагира на информацијата дека е поднесена  кривична пријава против граѓанин затоа што го навредил премиерот Христијан Мицкоски на прославата за Илинден. Според нив, ако за тоа се поднесува кривична пријава, цела Македонија треба да поднесе такви пријави против него самиот, бидејќи таков вокабулар (навредлив) користи со години.   -Кривична пријава за граѓанин што го […]

Левица: Институциите задолжени да ја штитат државата се претвораат во перална за биографии


  Разузнавачот Киро Тодоровски, кој признал вина и е правосилно осуден во предметот „Титаник“, во ноември 2025 година бил вратен во Агенцијата за разузнавање, во февруари 2026 година добил сертификат за пристап до информации со степен „државна тајна“, а веќе во јули бил испратен во Виена како дипломатски претставник на државата, објавува Левица.   -Според […]

Македонски граѓанин, а не Бугарин, го навредувал Мицкоски во Ташмаруништа


СДСМ тврди дека македонски граѓанин, а не Бугарин, го навредувал премиерот Христијан Мицкоски во Ташмаруништа, каде што го одбележуваше празникот Илинден.   -ВМРО-ОКГ и Мицкоски вчера повторно лажеа. Тврдеа дека лицето кое упатило вербални навреди кон премиерот Мицкоски во Ташмаруништа покажало бугарска лична карта Тоа не е точно.   Според официјалните податоци на Министерството за внатрешни […]

Имамот Бекир Халими и аналитичарот Валон Беља прогласени за непожелни во Албанија


  Уште двајца Албанци од Македонија се прогласени за персона нон грата во Албанија од страна на тамошното министерството за внатрешни работи на Албанија. Тие се осомничени за извршување непријателски активности против суверенитетот на албанската држава. Извори за Репорт ТВ информираат дека по предлог на Дирекцијата за борба против тероризмот, Министерството за внатрешни работи ги […]

Андреј Жерновски: „Ете, тоа е Мицкоски – човек со патолошка политичка омраза“


  Не стивнуваат реакциите на опозицијата на говорот на премиерот Христијан Мицкоски на Илинден во Пелинце, во кој тој повторно ги употребуваше омилените термини за политичките противници како „талог“, „мочуриште“… Членот на Извршниот одбор на СДСМ, Андреј Жерновски, на денешната прес-конференција обраќањето го нарече говор полн со омраза и навреди од страна на премиерот. На […]

Димитриевски го опомена Гаши: Ако не ги почитуваш празниците, не ја почитуваш ни државата!


Илинден и АСНОМ не се обични историски датуми, тие се темелите врз кои е изградена македонската држава, симболи на слободата, државноста и на вековната борба на македонскиот народ за сопствена држава. Oдносот кон овие датуми е прашање на државничка одговорност, а не на личен избор, порача претседателот на ЗНАМ, Максим Димитриевски. Осврнувајќи се на отсуството […]

ВМРО-ДПМНЕ смета дека СДСМ сама се препознала како “талог“ во општеството


ВМРО-ДПМНЕ преку соопштение со остри критики реагираше на изјавите на СДСМ, обвинувајќи ја опозициската партија дека самата се препознала и се самопрогласила за „талог“.Од владејачката партија оценуваат дека СДСМ во седумгодишното владеење не ги решавала проблемите на граѓаните, туку работела исклучиво во сопствен интерес. Во соопштението се наведува дека денес, како што тврдат од ВМРО-ДПМНЕ, […]

Политиката на изолација на Мицкоски најдобро се гледа на граничниот премин


СДСМ реагира на долгите колони на граничните премини посочувајќи дека таков проблем немаат функционерите на власта бидејќи имаат бугарски пасоши – или етаат со службен авион.   -Додека Христијан Мицкоски со државниот авион (што веќе го третира како приватен) оди на своите екскурзии,  македонските граѓани со децата, стојат со саати под жешкото сонце на граничните премини. Колони […]

И инцидентот во Ташмаруништa ги разгоре партиските кавги


  Инцидентот во струшко Ташмаруништа каде едно лице протестирало против премиерот Христијан Мицкоски беше повод за препукување на двете најголеми партии во Македонија. СДСМ утринава преку соопштение праша „што навистина му се случило на Мицкоски во Ташмаруништа? Дали е точно дека граѓаните вербално го нападнале Мицкоски? Дали го пцуеле незадоволни од неисполнетите ветувања? Незадоволството кај граѓаните […]

Зошто Мицкоски и на Илинден зборува за предавства, талог, отров, цинизам…?


  Потпретседателот на Собранието, Антонио Милошоски, на Мечкин Камен на 2 Август зборуваше за демографијата и за надградба на татковината за која сонувале илинденците. Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во Скопје велеше дека е неопходна борба против корупцијата, организираниот криминал и партократијата, со цел младите да останат да живеат и работат во Македонија.  А премиерот Христијан Мицкоски […]

Има разговори за излез од европскиот ќор-сокак, но Муцунски не смее да открива детали


  Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски нагласува дека се работи на трајно и одржливо решение за одблокирање на нашиот европски пат, но вели дека не смее да споделува детали од разговорите со цел да не ги осуди на неуспех. Тој во интервју за МИА уверува дека граѓаните треба да бидат спокојни […]

Милошоски од Мечкин камен: Демографијата е нашата нова борба за Македонија


Потпретседателот на Собранието Антонијо Милошоски, кој ја предводи собраниската делегација на одбележување на 2 Август – Денот на Републиката во Крушево денеска во своето обраќање од Мечкин камен порача дека нашето востание денес не се пушката и Црешовото топче, туку одговорноста да се создаде семејство и да се воспитаат деца и нагласи дека демографијата е […]