Пратеникот Фадиљ Зендели од Беса, кандидат за градоначалник Гостивар


Актуелниот пратеник и потпретседател на политичката партија „Движење Беса“ ќе биде кандидат за градоначалник на општина Гостивар. Тој беше единствен предлог на основачкото собрание на гостиварскиот огранок, кое се одржа синоќа. На една од точките од дневниот ред беше и избор на кандидат за градоначалник, по што членовите на собранието едногласно го поддржаа предлогот, Зендели […]

Стасаа првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, се интензивираат подготовките за локалните избори


Државната изборна комисија (ДИК) ги презеде од германската компанија „Дермалог“ првите 200 уреди за биометриска идентификација на гласачи, коишто ќе бидат употребени на претстојните локални избори, што ќе се одржат на на 17 октомври. Во следниот период со овие терминали ќе се вршат обуките, а до 1 октомври треба да дојде и последната пратка и […]

Филипче и Филиповски побараа од лисичани да се вакцинираат


На вечерашната средба на кандидадот за градоначлник за Општина Аеродром, Александар Филиповски, во Лисиче, присуствуваше и потпретседателот на СДСМ и министер за здравство Венко Филипче, кој побара од граѓаните да се вакцинираат. – Вакцинацијата е клучен фактор и најсилно оружје во борбата со коронавирусот и најсигурен начин за стекнување колективен имунитет. Податоците покажуваат дека на […]

Маричиќ: Најголемиот број на попишувачи се вакцинирани, да не го злоупотребува ова прашање


Министерот за правда Бојан Маричиќ, во своето гостување на ТВ 21 вечерва истакна дека попишувачите се обезбедени, а Државниот завод за статистика ги прави последните подготовки. Министерот вели дека во моментов и обуките на попишувачите се при крај, а здравствените протоколи се одамна заклучени, па сега останува после дваесет години државата во недела да започне […]

Притворениот македонски дипломат во Србија ставен во екстрадиционен притвор, МНР вели бил на приватно патување


Министерството за надворешни работи потврди попладнево дека вработен во министерството бил притворен во соседна Србија, но не ја кажуваат причината за овој случај, за кој веќе известија медиумите. Но, додаваат дека за него бил одреден екстрадиционен притвор, што само по себе претставува голем скандал.  Од МНР за Независен велат дека е ставен во мирување работниот […]

Двајца македонски дипломати приведени во Србија, МНР молчи


  Минатата недела на граничниот премин Прешево, на пат од Виена кон Македонија, полициската служба на Србија го задржала македонскиот дипломатски службеник Миле Миленкоски, кој од неодамна извршува дипломатска служба во македонската мисија на ОБСЕ во главниот град на Австрија, пишува порталот „МКД“. Миленкоски потоа бил префрлен во Врање, каде пред неколку дена бил приведен […]

Николовски: Работиме на отстранување на системските слабости, а не во делот на поединечни предмети


Државната комисија за спречување на корупција може да води постапки само против актуелните функционери и тоа додека се на функција. Тука, вклучувајќи ги и судиите, обвинителите и останатите именувани и избрани функционери и затоа ги имаме слабостите токму на системот коишто треба да ги отстраниме преку нови начини и алатки, изјави вицепремиерот за борба против […]

Нема предвремена кампања за локалните избори, се е законски, тврди Заев


Премиерот Зоран Заев денеска изјави дека со промовирање на досега сработените проекти по реакциите во јавноста за предвремена кампања за локалните избори не се прекршува законот и оти сакаат да им предочат на граѓаните нешто позитивно на што се работело за време на падемијата. – Должност е на сите да им предочиме на граѓаните што […]

(Видео) Прес-конференција на премиерот Зоран Заев и вицепремиерот Љупчо Николовски


Проследете ја заедничката прес-конференција на премиерот Зоран Заев и заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси, Љупчо Николовски.  

Независност и непристрасност на судството, тема на Осмиот регионален Форум за владеење на правото во ЈИЕ


Форумот за владеење на правото во Југоисточна Европа што се одржува денеска и утре ќе ги обедини судиите на Европскиот суд за човекови права и претставниците на правосудните институции од седум држави на Југоисточна Европа. Темата на овогодинешниот форум е: Независност и непристрасност на судството. Форумот ќе им даде можност на европските правни експерти да […]

Филиповски бара поддршка за зелен, чист и урбан Аеродром


Злоупотребата на јавниот простор станува минато, а за секој квадрат нов бетон во Аеродром, ќе има двојно повеќе зеленило. Фокусирани сме да обезбедиме и почисти населби, да направиме ре-организација на комуналните служби, а чистите улици и пешачки зони да бидат секојдневие. Ова го истакна Александар Филиповски, кандидат на СДСМ и коалицијата за градоначалник на општина […]

Словенија сака самитите ЕУ-Западен Балкан да станат регуларни – еднаш годишно


Редовните самити би претставувале тип на притисок до земјите-кандидати, а и обврска на ЕУ да го оствари ветеното   Претседателството на Словенија со ЕУ ќе биде домаќин на самитот ЕУ-Западен Балкан на почетокот на октомври и неговата желба е овие самити да бидат редовен годишен настан како средство за забрзување на процесот на проширување на […]

Максим Димитриевски: Моето исклучување од СДСМ е желба на поединци


Актуелниот градоначалник на Куманово, Максим Димитриевски, реагираше на најавата дека ќе биде исфрлен од сите тела и од партиското членство на првиот состанок на Централниот комитет на СДСМ. Според него исклучувањето од партијата ќе биде желба на поединци и не е волја на членството.   -Како може партиското раководство на СДСМ однапред да ги знае […]

Употребата на С. Македонија е понижување кон државата и кон Уставот, смета Заев


Премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање за се позачестената употреба од страна на политичарите на кратенката за името на државата „Република С.Македонија“, вели да се користи уставното име Република Северна Македонија. – Делумно ова прашање е преокупација на сите нас во секојдневните работи во коишто работиме. И прво, нашата држава се вика Република […]

Заев: Кога ќе тргнете против СДСМ, не може да бидете дел од СДСМ


Премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев денеска ја појасни одлуката на партијата да го исклучи Максим Димитриевски, актуелниот градоначалник на Куманово, повикувајќи се на Статутот на партијата. – Кога ќе тргнете против СДСМ, кога ќе се спротивставите на СДСМ, не може да бидете член на СДСМ – рече Заев. – Во Куманово ќе победи […]

Кои се кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ


Најголемата опозициска партија во земјава, ВМРО-ДПМНЕ до сега ги објави кандидатите за градоначалници во 55 општини, а како независен кандидат, ја поддржа Данела Арсовска за Град Скопје. Од  партијата најавија дека до крајот на неделава ќе ја комплетираат нивната понуда со која што излезат на претстојните локални избори. Еве ја листата која до сега официјално […]

Скопје останува на европската агенда и бара решение со Софија, очекува ЕУ да го исполни ветеното


Скопје и мнозинството членки на ЕУ сметаат дека треба да се тргне бугарската блокада и Северна Македонија да ги почне преговорите со Унијата. Нема друга опција освен европски Западен Балкан и затоа Скопје и Тирана треба да го добијат ветеното од ЕУ и час побргу да го отворат преговарачкиот процес. Оваа порака вчера беше упатена […]

Партиите најавуваат позитивни кампањи за локалните избори, но веќе почнаа со меѓусебни обвинувања


Изборната кампања за локалните избори на 17 октомври започнува на 27 септември, но партиите веќе почнаа со меѓусебни обвинувања и повици за позитивна кампања. До 9 септември тече рокот за увид во Избирачкиот список, во подрачните и канцеларии на ДИК и електронски, преку веб страницата на Комисијата. Се очекува викендов да пристигнат и првите 200 […]

Вархеји: ЕУ не смее да го изневери Западен Балкан


Еврокомесарот за проширување Оливер Вархеји изјави во Блед дека Европската унија не смее да си дозволи да го изневери Западен Балкан и дека нема повеќе време за чекање. – Проширувањето е процес, има фази и тоа е повеќе административен процес отколку политички. Треба да зборуваме за политичка, економска, социјална и безбедносна интеграција. Ова се теми […]

Блед: Македонија направи се, ЕУ не испорача ништо


Европа е нашето семејство и очекувано е семејството да ја прифати Северна Македонија која е во срцето на континентот, порача премиерот Зоран Заев во обраќањето на лидерскиот панел на Бледскиот стратегиски форум посветен на темата „Иднината на Европа – Проширувањето“. – За нас ЕУ нема алтернатива. Ситуацијата на Северна Македонија е како кога некој сака […]