Заев уште не ги знае деталите за уапсениот дипломат


Не можеме никого да прогласиме виновен додека не се докаже вината. Но секој што го прекрпил законот треба да одговара, изјави денеска премиерот Зоран Заев за случајот на уапсениот македонски дипломат Миле Миленкоски во Србија каде е во екстрадициски притвор по барање на Ерменија. Тој рече дека сѐ што државата ќе добие како информација, а […]

Пендаровски: Имунизацијата клучнa за излез од кризата


Глобалната економија се уште е многу фрагилна, а предизвиците се големи. За разлика од лани, општата економска прогноза е подобрена, иако, закрепнувањето, според очекувањата се одвива бавно, изјави претседателот Стево Пендаровски во обраќањето на првиот „Скопје економски и финансиски форум“ на тема „Економско заздравување и раст по Ковид“, организирана од Министерството за финансии. Пендаровски смета дека […]

Џафери на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти и Првиот парламентарен самит за борба против тероризмот во Виена


Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Талат Џафери, од денеска до 9-ти овој месец ќе учествува на Петтата светска конференција на претседатели на парламенти и Првиот парламентарен самит за борба против тероризмот, во Виена, Австрија. Петтата светска конференција на претседатели на парламенти, е во организација на Интерпарламентарната унија (ИПУ) и Австрискиот парламент, а во […]

Мицкоски се премисли, сега ги повикува граѓаните масовно да се попишуваат


Одговорни за законско и точно спроведување на пописот се Владата и Државниот завод за статистика, сѐ останато во овој процес е фолклор, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во денешното интервју за ТВ 24 коментирајќи го почетокот на пописот.   „Тоа што ВМРО-ДПМНЕ го направи на почетокот на годината беше практично да се одложи пописот […]

Максим Димитриевски: Никој нема да прави пашалук од Куманово


Актуелниот градоначалник на општина Куманово и независен кандидат за втор мандат Максим Димитриевски, во интервју за Прес 24 потенцира дека поединци сакаат да го имаат Куманово под свое. Димитриевски истакнува дека граѓаните не се бореле за да видат иста приказна како таа која беше симната од власт. „Девизата дека сите се исти не сакам да […]

Стевчо Јакимовски повторно ќе се кандидира за градоначалник на Карпош


  Поранешниот градоначалник на Карпош, Стевчо Јакимовски повторно влегува во трка за градоначалничката функција во скопската општина. Јакимовски денеска на Фејсбук ја објави својата намера да влезе во трката за градоначалник на Карпош на претстојните локални избори „Сакам да ве известам дека одлучив да се кандидрам за следен градоначалник на Општина Карпош на претстојните локални […]

Грција ќе ги ратификува меморандумите со Македонија во „соодветно време“


Трите меморандуми со Северна Македонија што произлегуваат од Договорот од Преспа, а веќе една година чекаат ратификација во грчкиот Парламент, според портпаролот на грчката Влада Јанис Иконому ќе бидат ратификувани во, како што рече, „соодветно време во следниот период“, јави дописничката на МИА од Атина. Со оглед на тоа што меморандумите беа дел од темите […]

Зоран Милески – Кичеец имал тахикардија и затоа бил пуштен на слобода


Контроверзниот осуденик во случајот „Рекет“ му било дозволено да добие 30-дневно отсутво од затворот поради тоа што му била влошена здравствена состојба, за што тој доставил и специјалистички извештаи од лекарски прегледи. Во тие лекарски прегледи било наведено дека имал чувство на забрзана срцева работа, градна болка  и видлива агитираност кои се јавиле после интезивен […]

Заев: За упасениот дипломат ќе постапиме согласно меѓународните договори


Оливер Спасовски изјави дека Наќа Чулев како технички министер би требало да знае повеќе за потерницата распишана од Ерменија во неговото време   Премиерот Зоран Заев не ги знале сите детали за случајот на уапсениот дипломат Миле Миленкоски кој се наоѓа во екстрадициски притвор во Србија, но дека прочитал оти се работело за случај од […]

Во четврток на полноќ завршува увидот во Избирачкиот список за локалните избори


До четврток на полноќ граѓаните ќе можат да ги проверат своите податоци за Избирачкиот список, а до сабота на полноќ (11 септември) се поднесуваат кандидатурите за учество на локалните избори закажани за 17 октомври. Учесниците на изборите ги објавуваат и последните кандидати што ќе ги претставуваат, а веќе подолго време се одвива неофицијална кампања со […]

Османи во Ватикан на централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза


Министерот за надворешни работи, Бујар Османи денеска заминува во посета на Ватикан, по повод централното одбележување на јубилејот пет години канонизација на Мајка Тереза, што прв пат е во заедничка организација на Министерството за надворешни работи и Светата Столица, соопшти МНР. Во рамките на одбележувањето, Османи ќе ја отвори изложбата „Мајка Тереза – од девојка […]

И Димитров се оградува од одговорноста за скандалот со Миленкоски


Вицепремиерот за европски прашања Никола Димитров, на својот фејсбук профил вечерва објави информации во врска со приведениот дипломат. „За разјаснување на дипломатскиот скандал и во интерес на точно информирање на јавноста, укажувам на следниве факти и информации за односниот дипломат. Тој бил испратен во Мисијата на ОБСЕ во Виена во 2015 година, кога со МНР […]

Софија нѐ обвини за репресија кон Бугарите


Бугарското Министерство за надворешни работи излезе со став за почитување на правата на бугарските граѓани и државјани со бугарски идентитет во Република Северна Македонија во врска со изјавата на премиерот Зоран Заев од 3 септември, за правата на Бугарите во Северна Македонија. Во документот се вели дека Софија во неколку наврати изјавила дека е свесна […]

Бени Шаќири кандидат за градоначалник на Скопје, Никола Пановски носител на советничка листа од коалицијата „Одлучно за промени“


Пејачот Бени Шаќири е кандидат за градоначалник на Град Скопје од коалицијата на ЛДП и ДОМ, а микробиологот Никола Пановски е носител на советничката листа. Тие денеска беа промовирани од страна на ЛДП и ДОМ кои на изборите ќе настапат заеднички под слоганот „Одлучно за промени“. Шаќири на промоцијата изјави дека мотив за да се […]

Маричиќ: Денеска почна најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега


Министерот за правда Бојан Маричиќ во својата видео-порака по повод почетокот на теренскиот дел од пописот, кажа дека ова претставува најважната статистичка операција спроведена од осамостојувањето до сега.   -Попис не е спроведен речиси 20 години. Ваквата состојба едноставно повеќе е неодржлива и тоа не смееме да го толерираме. Државите членки на Обединетите Нации се […]

Арифи во Тетово, Мерко во Струга, Бејта во Гостивар… ДУИ објави 17 кандидати за градоначалници


Демократската унија за интеграција денеска на седница на партискиот Централен одбор што е одржа во Гостивар, ги утврди имињата на 17 кандидати за градоначалници за претстојните локални избори. Лидерот на партијата Али Ахмети направил преглед на актуелните политички случувања во земјата и регионот нагласувајќи дека ДУИ на локалните избори ќе ја следи политиката за уште […]

Филхармонија, дефилеа, воен оркестар – позната програмата за прославата на 30 години независност


Со изведба на делото „Симфонија за филхармонија“ од нашиот композитор Живоин Глишиќ и дефиле на националните ансабли и културно-уметничките друштва, на рударите, земјоделците, волонтерите на Црвен крст, извидниците, здравствените работници, спортистите, пожарникарите, полицијата и армијата, во среда на 8 септември во 17:30 часот пред Парламентот ќе започне прославата по повод 30 години независност. Според протоколот, […]

Раководството на ДУИ ги утврдува кандидатите за градоначалници


На состанок кој е во тек, раководството на политичката партија Демократска унија за интеграција ги разгледува предлозите за кандидатите за градоначалници и листите за општинските совети за престојните локални избори. Во присуство на речиси сите државни функционери, се дискутираат и внатре партиските состојби.   Состанокот на Генералниот совет на партијата, што се одржува во ресторанот […]

МНР станува зелено и ќе има климатски амбасадор


Министерот за надворешни работи Бујар Османи, на денешната прес-конфeренција во Градскиот парк ја промовираше иницијативата „Зелена дипломатија – новото нормално“ и најави дека ќе биде назначен климатски амбасадор. „Не случајно се наоѓаме во Градскиот парк, во една убава, пријатна и зелена атмосфера за да го ланисраме нашиот, во амбиент којшто асоцира на нашиот проект што […]

Потпишан договор за заедничка коалиција меѓу ЛДП и ДОМ


Договор за заеднички настап на локалните избори потпишаа претседателите на ЛДП и на ДОМ, Горан Милевски и Маја Морачанин, формирајќи го „Движењето Одлучно за промени“. – Коалицијата има над 50 кандидатски листи за локалните избори, со голем број на граѓански активисти и непартиски лица, со што оваа коалиција се позиционира како трета политичка сила на […]