Алтернатива одлучува дали ќе биде дел од владината коалиција


Партијата Алтернатива за вечер во 18 часот има закажано седница на Централното претседателство, што беше одложена поради тридневната жалост и автобуската несреќа во Бугарија. Членовите на Централното претседателство треба да му дадат насока на Централното собрание, највисок орган на партијата, кое треба да донесе финална одлука дали Алтернатива ќе се приклучи кон Владата и парламентарното […]

Макрон и Пленковиќ разговарале за Македонија


Францускиот претседател Емануел Макрон денеска во Загреб изјави дека Париз сака Западен Балкан да биде простор на мир и стабилност. – Француската визија е да се изгради област на мир, стабилност, соработка, да се зајакне протокот на луѓе и да се создаде вистински европски простор,нагласи Макрон на заедничката прес-конференција со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ. Запрашан […]

Бучкоски: Можеме да постигнеме компромис со Бугарија, но не знам колку бргу


Специјалниот пратеник на Македонија за Бугарија, Владо Бучкоски, изрази уверување дека коалициските разговори во Бугарија ќе доведат до формирање влада која ќе почне да работи на решавање на спорните прашања меѓу Софија и Скопје. – Верувам дека промените што ги ветија тандемот Петков и Василев имаат сериозно позитивно влијание врз македонската јавност. Довербата е прекршена […]

Алтернатива утревечер ќе излезе со став дали ќе биде дел од владината коалиција


Алтернатива утревечер во 18 часот има закажано седница на Централното претседателство, што беше одложена поради тридневната жалост и автбуската несреќа во Бугарија во која загинаа 45 патници. Членот на Алтернатива и пратеник Скендер Реџепи Зејд за МИА изјави дека утревечер членовите на Централното претседателсто треба да му дадат насока на Централното собрание, највисок орган на […]

Оставката на Заев утре пред Централниот одбор на СДСМ


СДСМ утревечер треба да одржи состанок на Централниот одбор, кој поради тридневната жалост беше одложен, а на кој се очекува оставка на претседателот на партијата и премиер Зоран Заев. Доколку се случи тоа, почнува постапката за избор на нов претседател на партијата.  Според статутот на партијата, почнува рокот од 15 дена за распишување внатрепартиски избори […]

Јанев: Бугарија нема да отстапи од својатa позиција за Северна Македонија


Политиката на Бугарија кон Северна Македонија останува непроменета, рече во речиси едночасовното интервју за БНТ привремениот бугарски премиер Стефан Јанев. Како што јави дописникот на МИА од Софија, според Јанев, Бугарија многу добро го соопштила својот став пред бугарското општество во однос на позицијата кон Северна Македонија, но не и пред партнерите од ЕУ. Јанев, […]

Османи: Добрите односи со Бугарија немаат алтернатива, ќе бараме решение


Добрите односи со Бугарија и европската перспектива за Република С Македонија се без алтернатива, изјави министерот за надворешни работи Бујар Османи во интервју за Агенцијата БГНЕС. Прашан што ќе направат властите во Скопје по реафирмираниот став на Бугарија во однос на почетокот на преговорите за членство во ЕУ, Османи нагласи дека по однос на политичките […]

Преговорите на Македонија со ЕУ станаа дел од програмата на новата германска влада


Коалицискиот договор на трите германски партии што ќе ја формираат новата сојузна влада ја поддржува европската интеграција на шесте земји од Западен Балкан, дознава European Western Balkans. Договорот предлага отворање на првите преговарачки поглавја со Албанија и Северна Македонија, визна либерализација за Косово и продолжување на преговорите со Црна Гора и Србија. -Ја поддржуваме европската […]

Заев – Донфрид: Почеток на преговорите на Северна Македонија со ЕУ е геостратешки интерес на САД


Премиерот Зоран Заев доцна синоќа имаше телефонски разговор со помошник државниот секретар на САД, Карен Донфрид, која во име на Владата на САД и на американските граѓани изрази длабоко сочувство до македонските граѓани за загинатите во автобуската несреќа во Бугарија. Премиерот Заев и помошник државниот секретар Донфрид разговараа за евро-интегративниот процес на Северна Македонија, при […]

Димитров онлајн во Белград на Конференција Отворен Балкан со Брнабиќ, Рама и Ескобар


Во Белград денеска во српскиот Парламент ќе се одржи Конференција „Отворен Балкан – Патот кон стабилизација, соработка и просперитет на регионот“, на која на политичкиот панел покрај српската премиерка Ана Брнабиќ, онлајн ќе учествуваат и вицепремиерот за европски прашања Никола Димтров, албанскиот премеир Еди Рама и специјалниот американски пратеник за Балканот Габриел Ескобар, јави дописникот […]

Спорот со Бугарија денес беше тема на министерскиот совет во ЕУ


Словенечкиот државен секретар за европски прашања, Гашпер Довжан, изјави дека министрите за европски прашања разговарале за проширувањето и посебно за спорот меѓу Бугарија и Северна Македонија, јави дописничката на МИА од Брисел. Министрите денеска во Брисел се состанаа во рамките на Советот за општи работи, а проширувањето беше една од темите. Словенечкиот државен секретар порача дека […]

Одложени состаноците на Извршниот и Централниот одбор на СДСМ


СДСМ ги одложи за вечерва закажаните состаноци на Извршниот и на Централниот одбор поради деновите на жалост и несреќата што се случи во Бугарија кога во македонски автобус изгореа 46 патници, а неколкумина се повредени. -СДСМ и целиот наш народ е во болка и тага поради страшната трагедија што се случи во Бугарија. Закажаните состаноци […]

Преговорите со Скопје и Тирана на дневен ред на Советот на ЕУ денеска


Белгија– Во Брисел денеска се одржува редовниот Совет за општи работи на ЕУ, една од точките на дневен ред е проширувањето, посебно преговорите со Северна Македонија и Албанија, јави дописничката на МИА од Брисел. Гашпер Довжан, словенечкиот државен секретар за европски прашања и претседавач на денешниот состанок ја повтори поддршката на Словенија за што побрзо […]

Алтернатива го одложува Централното претседателство поради несреќата во Бугарија


Во знак на солидарност со жртвите од трагедијата во Бугарија и нивните семејства, седницата на Централното претседателство на Алтернатива се одлужува за наредните денови, информираа од партијата. „Притоа Алтернaтивa им изразува топли и искрени сочуства на семејствата на загинатите, а на повредените им пожелува брзо враќање  во нивните домови“, додаваат од таму. Централното претседателство на […]

На Макрон не му одговара Македонија да почне преговори додека тој е претседавач со ЕУ


Според „Еурактив“, Франција ќе го преземе ротирачкото претседавање со Советот на ЕУ од 1 јануари и сака прашањето околу преговорите за членство на Македонија  да се реши најдоцна до 31 декември, или со други зборови – пред нејзиното претседавање. Вистинското место и време треба да биде самитот на ЕУ на 16-17 декември. „Постои силна хипотеза […]

Рот ја повика Бугарија да ги отстрани пречките за Македонија во ЕУ


Германскиот државен министер за Европа , Микаел Рот, пред утрешниот состанок на Советот за општи работи во Брисел порача дека  кредибилитетот на Европската унија е доведен во прашање во Западен Балкан поради ветото на Бугарија кон Македонија.  „По изборите одржани во Бугарија, сега е клучно бугарското раководство конечно да ја исполни својата европска одговорност и […]

Писмо од Конгресот на САД до бугарскиот амбасадор во Вашингтон


Бугарија треба да постигне „конечно решение“ за спорот со Северна Македонија за да може заедно со Албанија да ги започне преговорите за членство во Европската унија „пред крајот на годината“. Ова е наведено во писмото испратено од двајца членови на Комисијата за надворешни работи на Претставничкиот дом на САД, Клаудија Тени (републиканец) и Вилијам Китинг […]

СДСМ и ДУИ денес на средба за парламентарното мнозинство


Првиот вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедници, Артан Груби изјави дека во парламентарното мнозинство се добредојдени сите партии кои се залагаат за европската иднина на државата и отворање на преговорите со Европската унија. „Во моментов разговараме не само со Алтернатива, туку има контакти и со други политички партии што се дел […]

Само 328 гласачи од Македонија на изборите во Бугарија


Само 328 гласачи од Македонија учествувале на изборите во Бугарија што се одржаа викендов. Најголем дел од нив гласале за актуелниот претседател Румен Радев. Претседателот Румен Радев победи на гласањето во Македонија, како и во речиси сите други земји. Ова го покажуваат податоците на Централната изборна комисија во време кога Радев се обидува да ја […]

Царовска: Значајно е во Собранието да се обезбеди соодветно мнозинство за да се задржи курсот на државата


Потпретседателката на СДСМ и министер за образование и наука Мила Царовска на новинарско прашање кој ќе биде нов претседател на партијата и дали очекува Алтернатива да влезе во владината коалиција, одговори дека ниту е нејзина надлежност ниту смета, рече, дека треба да се шпекулира. -Сите ние заеднички треба да ги следиме овие процеси затоа што […]