Мнозинство има, очекуваме преку разговорите да се зголеми дополнително, вели Османи


Шефот на дипломатијата Бујар Османи денеска изјави оти мнозинство во Парламентот има, и оти очекува тоа дополнително да се зголеми. – Мнозинство има, тоа можам да го потврдам, очекуваме со овие разговори ова мнозинство да се зголеми дополнително и да да биде стабилно за да може во наредните месеци и години да се продолжи со овие […]

Хоџа ја потврди средбата со Муса Џафери, прашува кој го следи


  На социјалните мрежи се појави фотографија од министерот во оставка од Движењето Беса, Аријанит Хоџа и поранешниот висок функционер на ДУИ, Муса Џафери. Хоџа призна дека таа фотографија е вистинска, наведувајќи дека средбата се случила на јавно место без да се крие од никого и без никакво влијание во политичко дејствување. Хоџа прашува кои се […]

Димитар Ковачевски ќе се кандидира за лидер на СДСМ


 Заменик-министерот за финансии и член на Извршниот одбор на СДСМ Димитар Ковачевски изјави дека ќе се кандидира за лидер на партијата, откако СДСМ вчера ја утврди оставката на претседателот на партијата Зоран Заев и распиша внатрепартиски избори по пат на непосредно гласање. – Во рокот од седум дена, ќе подготвам програма и ќе поднесам кандидатура за […]

Груби: Оставката на Заев од премиерското место треба да почека


ДУИ ќе ја почитува внатрепартиската одлука на СДСМ за избор на нов претседател кој е најавен дека ќе биде избран на 12 декември. Првиот вицепремиер Артан Груби, денеска изјави дека тоа е нивно внатрешно партиско прашање кое што тие го почитуваат и нагласи дека им посакува голем успех на 12 декември на внатрепартиските избори за […]

Османи за бугарската НОВА: Тоа што се случи покажува дека можеме да си помагаме и во добро и во лошо


Бугарските институции постапија професионално и обезбедија мир на семејствата на загинатите, бидејќи имаше премногу шпекулации, што дополнително ги оптоваруваше емотивно, коментира за бугарската НОВА ТВ министерот за надворешни работи на Северна Македонија Бујар Османи. Како што јави дописникот на МИА од Софија, Османи коментира дека ова е уште еден знак дека сме блиски пријатели и […]

Предан: Ако не успее ЕУ да го пополни просторот во регионот, тогаш некој друг ќе направи тоа


Сметам дека регионот заслужува јасна европска перспектива. Да се надеваме дека следната година во исто време нема да има потреба да зборуваме колку е важна европската перспектива, туку ќе можеме да кажеме дека европската перспектива е веќе тука, дека веќе преговарате. Речиси сум сигурен дека тоа ќе се случи, ќе дознаеме во декември, но тоа […]

Во Новата година со нов премиер и со нова Влада?


Станува извесно дека земјата околу Нова Година ќе има нов премиер и нова Влада, по синоќешните состаноци на највисоките партиски раководства на СДСМ и на Алтернатива. СДСМ на 12 декември ќе избира нов лидер што треба да го наследи Зоран Заев кој поднесе оставка, за што постапката почнува утре. Оваа одлука била донесена на синоќешната […]

Заев го предложил Ковачевски за наследник


Премиерот и лидер на СДСМ Зоран Заев, на вечерашната седница на партискиот Централен одбор го предложил заменик-министерот и член на партискиот Извршен одбор Димитар Ковачевски за негов наследник во партијата, а со тоа и за нов мандатар, велат партиски извори. Според неофицијални информаци, откако Заев се појави со Ковачевски на средбата со лидерот на Алтернатива Африм […]

Алтернатива одлучи да преговара за влез во Владата


Алтернатива по состанокот на претседателството одлучи да преговара за влез во Владата. „Разговаравме за политичката состојба во земјата и констатиравме дека ние сме во  длабока политичка, енергична и здравствена криза. Овој ќорсокак предизвикува многу неизвесност. Јас согледавме оваа ситуација и Алтернатива, како сериозна партија,  сака да помогне да се одблокира оваа ситуација. Одлучивме да и […]

За новиот лидер на СДСМ ќе се гласа на 12 декември


На 12-ти декември СДСМ да гласа за нов лидер, е  предлог одлуката што ќе оди како предлог пред Централниот одбор на партијата, потврдил за ТВ 24 висок партиски функционер од СДСМ. Датумот се поклопува со Конгресот на ВМРО-ДПМНЕ на кој исто така ќе се бира лидер на партијата. Ваквиот предлог  доаѓа откако по нешто помалку […]

(Во живо) Прес на Алтернатива


Централното претседателство на Алтернатива по тричасовна дебата ја заврши седницата зад затворена врата на која се решаваше дали партијата ќе се приклучи кон Владата и парламентарното мнозинство или ќе остане во опозиција. Проследете ја прес-конференцијата на Алтернатива за Албанците во живо:  

Шилегов: Извесен е влезот на Алтернатива во Владата


Членот на Извршниот и на Централниот одбор на СДСМ Петре Шилегов пред почетокот на седницата на ЦО на партијата изјави дека нема да се расправа за оставката на премиерот Зоран Заев, туку, како што рече, треба да разгледаат неколку сериозни позиции кои се однесуваат на формирањето на политичкото мнозинство, влезот на Алтернатива во Владата. Според […]

ЦО на СДСМ ќе дискутира за оставката на Заев и актуелната политичка состојба


Ќе расправаме за актуелната политичка состојба, ќе не информира претседателот на партијата до кај се разговорите со потенцијалните нови коалициски партнери и секако ќе се отвори дебата во однос на неговата оставка, информира вечерва пред седницата на Централниот одбор на СДСМ, членот на Извршниот и на Централниот одбор на партијата Мухамед Зеќири. Тоа што ќе […]

Трајко Славески не закажува седница за помош на семејствата на настраданите


Трајко Славески не закажува вонредна седница на Советот на Град Скопје за помош на семејствата на настраданите во несреќата во Бугарија, извести денес СДСМ.    -Советничката група на СДСМ на коалицијата и ДУИ во Град Скопје вчера поднесе иницијатива за свикување на вонредна седница на Советот на која треба да се усвои предлогот за финансиска […]

Данела Арсовска затворена, 100 дена ќе бара злоупотреби на Шилегов


Почекајте, бидете трпеливи, ќе бидеме достапни за медиумите, па ќе видите што оставил Петре Шилегов, претходникот на сегашната градоначалничка Данела Арсовска, порача денес лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски при промоцијата на проект во Општина Аеродром.  -Ќе има материјал со што ќе се занимава и обвинителството и истражните органи, дополни Мицкоски, посочувајќи практично што работи Данела […]

Маричиќ: Одложувањето на почетокот на преговорите со ЕУ ќе има негативно влијание врз целиот регион


За време на работната посета на Брисел ја пренесов порака дека понатамошното одложување на почетокот на преговорите со Европската унија ќе има негативно влијание не само врз Северна Македонија, туку врз целиот регион, напиша утрово на Фејсбук министерот за правда Бојан Маричиќ. – На состанокот со еврокомесарот за проширување Оливер Вархеј повторив дека сите реформи […]

Пировска ќе помилува, а Нокшиќи ќе одликува


Претседателот на државата Стево Пендаровски донесе одлука за составот и за именување претседател и членови на Комисијата за помилување. Како што соопшти Кабинетот на Пендаровски, за претседател на Комисијата за помилување е именувана Уранија Пировска, а за членови се именувани Фехми Стафа, Љубомир Јовески, Љубомир Михајловски, Темелко Ристевски, Ерол Рушид, Томислав Кежаровски, Божин Аврамовски, Сафет […]

Активно ќе се бара решение со Бугарија до крајот на годината, Софија очекува конкретни резулати од дијалогот со Скопје


Македонските власти остануваат на ставот дека во следниот период активно ќе се бара решение за отворените прашања со Бугарија. Софија, пак, порачува дека нејзината позиција кон Северна Македонија останува непроменета и очекува конкретни резултати од дијалогот со Скопје. Шефот на дипломатијата Бујар Османи вчера во интервју за БГНЕС рече дека добрите односи со Бугарија и […]

Централниот одбор на СДСМ треба да ја разгледува оставката на Заев


Седницата на Централниот одбор на СДСМ, која беше одложена во вторникот поради тридневната жалост, треба да се одржи вечер и на неа се очекува да биде разгледана оставката на претседателот на партијата Зоран Заев. Доколку оставката биде прифатена, почнува постапка за избор на нов претседател на партијата. Според Статутот на партијата, предвиден е рок од […]

Претседателот на црногорскиот Парламент Бечиќ во посета на Скопје


Претседателот на Собранието Талат Џафери денеска ќе биде домаќин на црногорскиот колега Алекса Бечиќ. Џафери и Бечиќ ќе остварат билатерална средба, а ќе се обратат и на регионалната конференција на тема „Подобрување на дијалогот меѓу парламентите и новинарите од Западен Балкан”. Црногорската делегација, превдодена од Бечиќ, ќе има средба и со претседателката на пратеничката група […]