Подготвени сме да разговараме за Изборниот законик, но тој не смее да се носи избрзано, порача Ковачевски


Социјалдемократскиот сојуз е подготвен да разговара за измени на Изборниот законик, но тие не смее да се носат избрзано, изјави вечерва во интервју за Канал 5, премиерот Димитар Ковачевски. – Во програмата на Владата стои дека изборното законодавство ќе биде усогласено со препораките од ОБСЕ/ОДИХР. Отворена е дискусијата и за една изборна единица, а СДСМ […]

Ковачевски: Неполезно е да се бараат избори во услови на криза


Во услови кога имаме здравствена, енергетска и економска криза, е целосно неполезно да се бараат избори, изјави премиерот Димитар Ковачевски во интервју за Канал 5, во врска со барањето на ВМРО-ДПМНЕ за предвремени парламентарни избори. – Немате ново што да понудите, туку само повторувате секој ден дека треба избори. Јас понудив соработка, ги повикувам опозицијата, […]

Скопје и Лондон имаат заеднички интерес Македонија да обезбеди одржлива енергетска независност


Претседателот на Владата на Република Северна Македонија, Димитар Ковачевски ја прими амбасадорката на Обединетото Кралство Рејчел Галовеј која што на премиерот и на новата Влада им посака успешен мандат и остварување на програмските приоритети во интерес на граѓаните. Премиерот Ковачевски на средбата ја изрази неговата, благодарноста на Владата и на граѓаните на нашата земја за […]

ЛДП возвраќа: Мицкоски сака да направи пуч во партијата


  Откако ВМРО-ДПМНЕ ја обвини Либерал-демократската партија и нејзиниот лидер дека поради тесни интересе ја поддржуваат коалицијата на СДСМ и ДУИ, од ЛДП излегоа со остра реакција дека Христијан Мицкоски се обидува да направи пуч во нивната партија. „Ниту претседателот Горан Милевски, ниту пратениците, ниту кој бил друг член на раководството на ЛДП, не можете […]

Ковачев: Петков сака главните прашања да ги смете „под тепих“


Европратеникот Андреј Ковачев (ГЕРБ) ја коментираше посетата на бугарскиот премиер Кирил  Петков на Скопје со оценка дека главните прашања новата влада сака да ги стави под тепих.   „Сѐ што во моментов се зборува дека ќе се надградува или за што ќе се прави работна група е за сите други аспекти, но не и за главните. […]

Маричиќ: Да не очекуваме друг да ни ги реши проблемите


Франција е многу важна држава членка на ЕУ без која не може да се утврди крупна политика во проширувањето, тоа го видовме и осетивме на своја кожа во 2019 година. Сметам дека напорите на претседателот Емануел Макрон се искрени. Тие помагаа и досега, заедно со Германија и други фактори, но тоа не значи дека проблемите […]

ВМРО-ДПМНЕ со сета сила против ЛДП и Горан Милевски


  Она што почна на седницата при изборот на новата влада ВМРО-ДПМНЕ го продолжува преку соопштенија. Денеска преку соопштение ја обвинија ЛДП и нејзиниот лидер Горан Милевски дека таа партија е виновна што трае коалицијата на СДСМ и ДУИ. Во соопштението се вели дека „Милевски си ја третира партијата како гранапче, затоа молчи за криминалот […]

Османи: За неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија


Министерот за надворешни работи Бујар Османи во изјава за БТВ најави дека за неколку дена ќе има предлог за амбасадор во Бугарија. Како што јавува дописникот на МИА од Софија, министерот Османи оценил дека е грешка што во текот на овие години Северна Македонија немала амбасадор во Бугарија, но изразил надеж дека во следните денови […]

Месиќ, Тупурковски и Богиќевиќ подготвуваат документ за поделбата на БиХ


  Стипе Месиќ, поранешен претседател на Хрватска и член на последното Претседателството на СФРЈ, изјави дека со Богиќ Богиќевиќ и Васил Тупурковски работи на изработка на документ кој ќе биде испратен на одредени адреси во БиХ, што сведочи за договорот меѓу Слободан Милошевиќ. и Фрањо Туѓман за поделба на Босна и Херцеговина. Месиќ тоа го […]

Маричиќ: Решението за краткото име е доказ дека има волја на двете страни


Ова прашање беше отворено пред повеќе од две години и беше една од трите блокади од бугарска страна. За да не го блокираат користењето на краткото име побараа да се испрати нота која објаснува дека Северна Македонија нема територијални претензии, изјави вицепремиерот за европски прашања, Бојан Маричиќ во емисијата „Клик плус“ на ТВ21. Тој додаде […]

Логар: Доколку Балканот не се вклучи во ЕУ, ќе трпи разни закани


Интеграцијата на земјите од Западен Балкан во Европската унија е важна за стратешката позиција на блокот во светот, а тоа е и можност за словенечките компании, изјави денеска министерот за надворешни работи на Словенија, Анже Логар. – Додека регионот не е вклучен во ЕУ, тој ќе биде отворен за различни стратешки закани кои произлегуваат од […]

Макрон: Европа мора да биде појасна за иднината на Западен Балкан


  Францускиот претседател Емануел Макрон во својот говор пред Европскиот парламент во Стразбур каде ги претстави приоритетите на француското претседателство со ЕУ, уште еднаш нагласи дека, Западен Балкан „според својата географија и историја, како и преку ветувањето за иднината што го носи, е во срцето на европскиот континент, носи лузни кои не потсетуваат и на […]

Што предвидува идната соработка меѓу Македонија и Бугарија


  Посетата на бугарскиот премиер Кирил Петков на Скопје и најавената заедничка седница на двете влади на 25 јануари во Софија се јавниот политички дел од очигледно подолго време подготвувана деескализација на односите меѓу двете држави и поставување на соработката на нов колосек. Тоа, во крајна линија би требало да доведе до кревање на блокадата […]

Сите бараат крст, Мицкоски бара избори


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска присуствуваше на централната манифестација во Охрид на положување на Светиот крст во водите на Охридското езеро, од каде што повторно побара одржување на предвремени парламентарни избори. -Час поскоро да се одржат. СДСМ бега од одговор кога би се случиле. Подготвени сме да доставиме до Парламентот измени на изборниот законик, […]

Петков: Посетата на Скопје беше огромен успех


Вчерашната посета на Скопје беше огромен успех, изјавил бугарскиот премиер Кирил Петков пред новинарите во тамошното Народното собрание. „Од една страна подадовме рака, прво отидовме таму, од друга страна тие испратија нота до ОН што се надевавме дека ќе ја добиеме две години. Оваа нота е многу поважна од само кратко и долго име. Оваа […]

Пендаровски: Петков е нестандарден политичар


 Далеку сме од ситуација во која ќе кажеме дека работата е завршена или дури и дека е поодмината во позитивна насока. Треба да бидеме многу претпазливи и да не избрзуваме, зашто станува збор за многу сензитивно прашње од највисок национален и државен интерес. Треба поширок општествен консензус и добро обмислување на секој нареден чекор, рече […]

Петков: Можно е да се менува составот на Историската комисија


  На средбата со бугарските новинари кои известуваа за неговата посета на Скопје, премиерот Кирил Петков изјавил дека е можно да се менува составот на историската комисија. Колегите од „Дневник“ пишуваат дека Петков немал дефинитивен одговор, но рекол дека „ќе биде потребен нов формат на работа, бидејќи мешовитиот комитет за историски и образовни прашања ќе […]

Димитров: Ние правиме отстапка, Бугарија стои


 Во однос на тактиката нашиот заеднички став беше – ништо не е договорено додека не е договорен цел пакет и затоа ништо не може да се спроведува. Ние денес направивме една отстапка, без притоа Бугарија да одговори со нешто, што нам ни треба и ни е важно, изјави вечерва поранешниот вицепремиер за европски прашања Никола […]

Маричиќ: Ако во Бугарија има луѓе кои се декларираат како Македонци, тоа право никој не може да им го ускрати


Се обидов само да се држам во рамки на Уставот кој јасно ја утврдува  улогата на нашата држава во однос на заштитата на македонскиот народ и нашите државјани. Принципиелно, само го кажав тоа што стои во нашиот Устав и што е наша обврска, без никому да ускратам какво било право. Вака вицепремиерот за евроинтеграции Бојан […]

Ахмети: Да го прифатиме бугарското малцинство во Уставот, ништо лошо нема да ѝ стане на државата


Нема лошо да ѝ стане на државата ако ние го прифатиме бугарското малцинство како уставна категорија, порача лидерот на ДУИ Али Ахмети на прес-конференција по средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков попладнево во Собранието. Ахмети рече дека на средбата се интересирал за тоа кои се пречките за позитивен епилог во спорот односно решение за почнување […]