Интервју со Маја Морачанин: Нападите на ВМРО-ДПМНЕ предизвикаа револт и отпор кај нас


  ВМРО-ДПМНЕ со нападите врз ДОМ, ЛДП и ДС одбра стратегија како да стигне до предвремени избори откако не успеа да направи ново парламентарно мнозинство. „Но, лоша им е тактиката. Тоа предизвикува многу повеќе отпор и револт кај сите, во сите партии и кај нашите поддржувачи“, вели лидерката на ДОМ, Маја Морачанин во интервју за […]

Нинова бара Софија да го задржи тврдиот став кон Македонија


  Потпретседателката на бугарската влада и лидер на социјалистите (БСП), Корнелија Нинова, вчера ја доби поддршката од конгресот на партијата откако поднесе оставка, изјавувајќи дека нема да има промена во тврдата позиција кон Македонија. Нинова ја доби поддршката на делегатите кои гласа со 415 гласа против оставката и 164 гласа „за“. На три дена пред […]

Формирани работните групи за претстојната заедничка седница на владите на Македонија и Бугарија


Завршуваат последните подготовки пред меѓувладината седница на Северна Македонија и Бугарија, која треба да се одржи во вторник, на 25 јануари во Софија. Формирани се работните групи и од двете страни, а назначени се и нивните копретседавачи. Северна Македонија и Бугарија во периодот што претстои, а во рамки на новата динамика на соработка, која ја […]

Вселенскиот патријарх Вартоломеј упати честитка до премиерот Ковачевски


Неговата Божествена Сесветост, Патријархот Вартоломеј испрати пораки со честитки од името на Вселенската Патријаршија до новоизбраниот македонски премиер Димитар Ковачевски. Неговата Сесветост на Ковачевски му посака плодотворна и успешна служба.

ВМРО-ДПМНЕ во понеделник ќе бараат укинување на пржинската влада


Бришење на околу девет точки од Законот за влада што се однесуваат на техничката влада пред избори ќе побараат во понеделник од ВМРО ДПМНЕ, кои упорно инсистираат на предвремено изборно соочување.  Од партијата не прецизираат за кои точки поточно се работи, но потврдуваат дека се бара укинување на техничката влада договорена во Пржино и враќање […]

И Бугарија ги формираше работните групи во пресрет на меѓувладината седница во вторник


И бугарската Влада ги формира работните групи за соработка со Северна Македонија, кои треба да го интензивираат процесот на приближување и да го отворат патот за решавање на спорот меѓу двете земји, во рамки на новиот пристап и динамика, кои беа најавени од премиерите на двете земји, Димитар Ковачевски и Кирил Петков. Со наредба на […]

СДСМ: Мицкоски со денови не кажува што зборувал со Петков


СДСМ, преку партиско соопштение, го повикува лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски да ѝ соопшти на јавноста за што зборувал со бугарскиот премиер Кирил Петков, на средбата која ја имаа во седиштето на партијата во Скопје. „Мицкоски со денови не кажува што зборувал со Петков, му ги поставил ли прашањата што им ги нарачуваше на новинарите“, […]

Македонија не е на дневен ред на средбата на министрите за европски прашања во Брисел


Новиот импулс во односите меѓу Бугарија и Северна Македонија по посетата на бугарскиот премиер е добар знак за почетокот на преговори со Европската унија. Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен вчера го поздрави воспоставениот дијалог на ниво на премиери меѓу двете земји и истакна дека Брисел силно го поддржува овој процес. Во телефонски […]

Мицкоски чека покана од Ковачевски за средба


Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека досега не разговарал со премиерот Димитар Ковачевски и додаде дека се уште очекува покана од него за средба. Мицкоски вели дека не ја условил таа средба туку само кажал што очекува, односно, како што рече, дека меѓу другото ќе разговараат и за предвремени парламенатарни избори. Според него, […]

Димитров, Шекеринска и Царовска побарале апанажа


Барање за апанажа до Собранието досега доставиле доскорешните вицепремиер за европски прашања Никола Димитров, министерка за образование Мила Царовска, и министерка за одбрана Радмила Шекеринска. Како што информира собраниската прес-служба, Комисијата за прашања на изборите и именувања претходната недела го одобрила барањето за апанажа на поранешниот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Арјанит Хоџа. Тој, […]

Резолуција во Конгресот за славење на македонскиот јазик и наследство


  Во Конгресот на САД е покрената резолуција  за прогласување на септември 2022 за „Месец на македонското американско наследство“ и за славење на македонскиот јазик, историја и култура на македонските Американци и нивниот „неверојатен придонес“ за Соединетите Држави. Она што е интересно, е дека во образложението на резолуцијата е дадена цела истографија на придонесот на […]

Демократски сојуз ги нарече „дрски лаги“ нападите на ВМРО-ДПМНЕ


  Демократскиот сојуз ги отфрли обвинувањата на ВМРО-ДПМНЕ дека „Градски паркинг“ од Скопје работел незаконски и ги нарече „дрски лаги и конструкции“. Генералниот секретар на партијата, Зоран Димитровски, на прес-конференција рече дека нападите на ВМРО-ДПМНЕ врз ДС се обид за уцена да не бидат дел од парламентарното мнозинство. Според него, овие напади на ВМРО-ДПМНЕ врз […]

ВМРО-ДПМНЕ му дава рокови и му се заканува на Демократскиот сојуз


ВМРО-ДПМНЕ му даде рок од  24 часа на Демократскиот сојуз да одговори за наводно користење бесплатен паркинг од страна на функционери, министри, советници на власта, а ако не го сторат тоа – ќе ги објавиме целосните списоци доставени од свиркач. „Денеска објавуваме скандал којшто покажува зошто власта е одлепена од реалноста, но и зошто Демократскиот […]

Пендаровски телефонски разговараше со Радев


Претседателот Стево Пендаровски денеска оствари телефонски разговор со претседателот на  Бугарија, Румен Радев, во кој му  честиташе на  Радев за стапувањето на должноста во вториот мандат и му посака успешх. Кабинетот на Пендаровски соопштува дека двајцата претседатели разговарале за најновиот развој на билатералните односи меѓу двете соседни држави по неодамнешната посета на премиерот Кирил Петков […]

ВМРО-ДПМНЕ прави раздор во малите партии за да дојде до избори


  ВМРО-ДПМНЕ е подготвена да оди на предвремени парламентарни избори без техничка влада, и со тоа изборите да можат да се распишат во најкраток можен рок, без услов од 100 дена. Така, според оваа партија, ќе се заштеди на време и новата влада ќе може бргу да почне да се справува со предизвиците пред кои […]

Ципрас: Авионите „Рафал“ ќе летаат над Северна Македонија


Денес имаме земја сојузник, земја чиј воздушен простор го заштитуваат авионите „Рафал“ што ги земавме завчера, шесте „Рафал“ ќе летаат над Северна Македонија во рамки на договорот Грција да го надгледува воздушниот простор, истакна лидерот на СИРИЗА Алексис Ципрас во интервјуто за грчката телевизија „Контра“, јави дописничката на МИА од Атина. Говорејќи за Договорот од […]

Каракачанов: Македонците страдаат од сопствената глупост


  Склучивме договор меѓу две земји-партнери, а не меѓу непријатели. Денеска страдаат Македонците. Бугарија е во ЕУ и НАТО. Тие страдаат од сопствената глупост, кажа лидерот на бугарската партија ВМРО-БНД, Красимир Каракачанов, во изјава за „БНТ“, додавајќи дека посетата на бугарскиот премиер на Скопје претставувала грешка. – Ново е што испратија како официјална нота до […]

Ана Лирман: ЕУ и Бугарија треба да си го одржат ветувањето кон Македонија


  Сигналите од средбата на македонскиот и бугарскиот премиер Димитар Ковачевски и Кирил Петков во Скопје се многу позитивни и охрабрувачки, оценува во интервју за ДВ, државната министерка во германското Министерство за надворешни работи Ана Лирман. Германската дипломатка го посети Скопје во понеделникот и беше прв странски претставник кој се сретна со новиот премиер Ковачевски […]

Скопје ги формираше меѓувладините работни групи за соработка со Бугарија, Софија најавува дека нема да губи ниту минута 


Во пресрет на заедничката седница на владите на Северна Македонија и Бугарија на 25 јануари, и од Скопје и од Софија се испраќаат пораки за нов пристап во решавањето на билатералните отворени прашања. Владата на вчерашна седница донесе решение за назначување на копретседавачи и членови во заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка […]

Формирани владините работни групи за продлабочување на соработката со Бугарија


Владата на своја денешна четврта седница го донесе Решението за назначување на копретседавачи и членови во заедничките меѓувладини работни групи за продлабочување на билатералната соработка меѓу Северна Македонија и Бугарија, што како заклучок беше произлезен од состаноците за време на официјалната посета на делегацијата на бугарската Влада на нашата земја. Како што соопшти владината Прес-служба, […]