Албанскиот претседател Бегај во посета на земјава, денеска во Општина Чаир и Старата скопска чаршија


 Претседателот на Република Албанија Бајрам Бегај денеска и утре ќе престојува во посета на земјава. Бегај денеска ќе има средба со градоначалникот на Чаир Изет Меџити, а утре ќе биде пречекан од претседателката Гордана Сиљановска – Давкова и ќе има средби со претставници на државниот врв.  Од Општина Чаир соопштија дека градоначалникот Меџити, во духот […]

Во Собранието седница за поставување пратенички прашања


 Во Собранието денеска ќе се одржи 86. пленарна седница на која на дневен ред е поставување пратенички прашања.  Седницата за пратенички прашања се одржува секој последен четврток во месецот, а на премиерот и на министрите прашања први поставуваат пратениците од опозициските партии.  Секој последен четврток во месецот се одржува и редовниот брифинг на претседателот на […]

Претставување на кандидатите за член на Судскиот совет што го избира Собранието


Во Комисијата за прашања на изборите и именувањата денеска на дневен ред е Јавна расправа за претставување на кандидатите кои ги исполнуваат условите по Огласот за избор на член на Судскиот совет што го избира Собранието.  На огласот се пријавија десет кандидати, а работната група составена од Комисијата утврди дека само шестмина ги исполнуваат предвидените […]

Известувачот Вајц ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на земјава пред Комитетот за надворешни работи на ЕП


 Известувачот на Европскиот парламент за Македонија, европратеникот Томас Вајц, денеска пред Комитетот за надворешни работи на ЕП (АФЕТ) ќе го презентира годишниот нацрт-извештај за напредокот на државата. Во годишниот нацрт-извештај Вајц, меѓу другото, наведува дека од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата, […]

За Груби фалеше уште црвен ќилим, вели Филипче


  Со доаѓањето на Артан Груби се случи урнисување на правниот систем на државата, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во гостувањето на Сител. Според него, начинот на кој се појави Груби на „Блаце“ покажува дека има договор со власта. „Сите видоа што се случи на граничниот премин ‘Блаце’ тој ден. Тогаш се случи урнисување […]

Собранието ги донесе законите за платите на пратениците и избраните и именувани лица


Собранието вечерва во рамки на 89. седница без расправа го донесе пакетот закони со кои се нивелираат платите на избраните и именуваните лица. Со овие закони се предвидува намалување на платите до 13.000 денари. Пратениците ги изгласаа измените на Законот за пратениците, на Законот за плата и други надоместоци на избрани и именувани лица, на […]

Рокас ги олади плановите за членство во ЕУ без право на глас


  Амбасадорот на ЕУ во Македонија, Михалис Рокас, ги спушти на земја плановите во регионот, а и во нашата земја, дека е можно некакво получленство во Унијата во 2027, во кое новите земји би влегле без право на вето. Процесот на пристапување во ЕУ е дефиниран во договорите на Европската унија. Не постои такво нешто […]

Специјалниот пратеник на Орбан во посета на Скопје


  Ако процесот се базира на мерит-систем, Северна Македонија и другите земји од регионот заслужуваат да станат полноправни членки на Европската Унија, смета Жолт Бунфорт, специјален претставник за Западен Балкан на премиерот на Унгарија, Виктор Орбан. Тој нагласи дека земјата неправедно веќе 20 години „седи на оградата“ и оти е неопходно процесот на пристапување во […]

Мицкоски и Тошкоски ќе имаат плати од над 2.500 евра и покрај намалувањето на коефициентите


Премиерот Христијан Мицкоски и министерот Панче Тошкоски ќе имаат плати од над 2.500 евра – и покрај намалувањето на коефициентите со измените што сега се на дневен ред во Собранието, анализира „Фокус“. Функционерските плати се покачија поради најбитниот фактор што се користи при пресметката на нивните плати – просечната плата за изминатата година, која во последните […]

Заев поднесе тужби против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета


„Поднесени се тужбите против Бране Петрушевски и Жан Митрев за клевета и нарушување на чест и углед.Не постои никаква дилема дека ќе се докаже лагата и на двајцата. Надоместокот од добиените тужби ќе оди за децата без родители и лицата со посебни потреби“, објави поранешниот премиер Зоран Заев на Фејсбук.    Според објавените тужби Заев […]

Трајчевски: Да беше Румен Радев во Македонија, нема да можеше да учествува на избори!


 Да беше Румен Радев во Македонија, не ќе можеше да учествува на избори, а во Бугарија ќе победи, порача денес иронично директорот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, Зоран Трајчевски, на дебата организирана од Институтот за комуникациски студии.  Повод за ваквата негова оценка беше актуелниот Изборен законик во Македонија и дубиозите што ги […]

Груби се врати, обвинителството се заплетка, реагира СДСМ


  Не стивнуваат реакциите по неочекуваното појавување на поранешниот првидепремиер на граничниот премин „Блаце“ и неговотот експресно испрашување во обвинителството и испраќање во домашен притвор. Освен реакциите во стручната јавност партиите извонрфедниот настан го користат за жестока пресметка. СДСМ тврди дека од авион се гледа оти има договор меѓу ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ и дека на […]

СДСМ: Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка


Одлуката за домашен притвор за Груби не е правна, туку политичка. Таа е директна последица на политички дил и целосно контролирано судство и обвинителство од страна на ВМРО-ОКГ, се вели во соопштението до СДСМ. Од СДСМ велат дека со месеци предупредуваат дека судството и обвинителството се ставени под директна контрола на Мицкоски и ВМРО, при […]

ДУИ порачува судот и обвинителството да не потпаѓаат под политички притисоци за случајот со Артан Груби


Демократската унија за интеграција изразува крајно негодување од однесувањето на бројни политички партии, кои преку своите јавни настапи извршија длабока политизација на случајот со Артан Груби. Без разлика на политичките разлики, неприфатливо е правните процеси да се водат надвор од институционалната и правната рамка што е уставно загарантирано, наведува ДУИ во соопштение.  „Веќе го реафирмираме […]

На седница на Собранието законски измени за платите на функционерите, судиите, обвинителите


Собранието денеска треба да ја одржи 89 седница. На дневен ред на седницата се предлогот за именување на претседател и членови на Регулаторната комисија за домување, предлог одлуките за објавување јавен оглас за именување член и на претседател на Регулаторната комисија за енергетика, водни услуги и услуги за управување со комунален отпад, предлог одлуката за […]

И за Максим Димитриевски куќниот притвор за Груби е „невиден преседан“


  По министерот за правда Игор Филков и неговиот партиски шеф во ЗНАМ, Максим Димитриевски го нарече одредувањето мерка куќен притвор за Артан Груби „невиден преседан“. Одговарајќи на новинарски прашања во Куманово Димитриевски рече дека тоа не е патот по кој сакаме да одием во Европа. „Оваа одлука само ги потврдува нашите ставови и како […]

„Оваа одлука е скандал, барам одговорност“: Министерот Филков за куќниот притвор на Груби


  Не може притворот да е правило за обични луѓе, а да не важи за Груби, порача денес на прес-конференција министерот за правда, Игор Филков. Тој , наведувајќи ги по име еден по еден, побара одговорност од обвинителите и од судиите кои ја донеле оваа одлука, порачувајќи притоа дека нема да биде нем сведок кога […]

Објавени ревизорските извештаи за ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левица и за Алтернатива за 2024 година


Државниот завод за ревизија денеска ги објави конечните ревизорски извештаи за извршена ревизија на финансиските извештаи заедно со ревизија на усогласеност на сметките за редовно работење за 2024 година на политичките партии ДУИ, ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, Левицата и Алтернативата. ДЗР, како што се наведува, за ДУИ изразува мислење со резерва за вистинитоста и објективноста на финансиските извештаи и […]

„Нов правен изум: сам се пријавил од бегство“: Апасиев се потсмева околу настаните со Груби


  На хорот реакции за одредувањето на мерката куќен притвор за Артан Груби се приклучи и лидерот на Левица, Димитар Апасиев. Тој се потсмева на Фејсбук на образложението на обвинителството. „Сам се пријавил, ама од бегство’ е најновиот правен изум, нечуен и невиден досега уште од Римското право, а успешно измислен вчера од страна на […]

ВМРО-ДПМНЕ ќе ги намалува платите на функционерите за 10-13 илјади денари


Платите на избраните и именуваните функционери ќе се намалат за 10 до 13 илјади денари, а кај некои од позициите и повеќе, со цел поправична распределба на буџетските средства и усогласување со економските услови во државата – изјави денеска пратеникот од ВМРО‑ДПМНЕ, Бојан Стојаноски, кој информира дека нивната пратеничка група поднела пакет од предлог-измени на […]