Муцунски разговарал со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски попладнево остварил телефонски разговор со министерот за надворешни работи на Израел, Гидеон Саʼар. Од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информираат дека била реафирмирана поддршката за координираните напори на Соединетите Американски Држави и Израел во однос на Иран, како и неопходноста од зачувување на регионалната […]

Уставните измени се прашање на кредибилитет, вели евроамбасадорот Рокас


Договорите на ЕУ јасно не прават никаква референца на второ ниво, членство, или членство без права, односно без право на глас или право на вето. Ако сакате да направите такви промени, треба да се ревидира договорот, а тоа бара едногласност во Унијата, вели евроамбасадорот Михалис Рокас во интервју за „Слободен печат“. Во ооднос на Уставните […]

ВМРО-ДПМНЕ: Развојната банка сега ја води докажан професионалец во областа


ВМРО-ДПМНЕ денеска со соопштение реагираше на прес-конференцијуата на СДСМ за новиот директор на Развојната банка.  „Сега на чело на Развојната банка е кадар кој е докажан професионалец во областа на развојното банкарство“,, се вели во соопштението. Од ВМРО-ДПМНЕ посочуваат дека кога станува збор за образованието, Ефимија Димовска е и стипендист и најуспешен постдипломец во генерацијата […]

Муцунски: Стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со заканите на Блискиот Исток


Ние стоиме зад нашите американски сојузници во справувањето со дестабилизирачките закани на Блискиот Исток, објави министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски.  – Соединетите Американски Држави јасно ставија до знаење дека дипломатијата е секогаш првата опција – но одвраќањето останува од суштинско значење кога постојат веродостојни ризици. Безбедноста, стабилноста и одговорноста одат рака […]

СДСМ: Мицкоски ја претвора Развојната банка во филијала на своите бизниси


Опозициската СДСМ денеска на прес конференција го обвини премиерот Христијан Мицкоски дека со најновите кадровски промени, ја претвора Развојната банка во филијала на своите бизниси.  „Ефимија Димовска, сопруга на бизнис-партнертот на Мицкоски во хидроцентралите, е назначена за прв човек на Развојната банка. Нејзиниот сопруг, Димитар Димовски е долгогодишен бизнис-партнер на Христијан Мицкоски во хидроцентралите, преку компанијата […]

Зајкова: Колку жени треба да умрат за системот да се разбуди и да постапува?


Колку жени треба да умрат за системот да се разбуди и да постапува?- праша денес со соопштение претседателката на ЛДП, Моник Зајкова, по неверојатниот случај со серијскиот убиец во Старо Нагоричане.    „Денес читаме наслов: 35-годишната жена чие убиство со поврзува со потенцијалниот сериски убиец, била следена од него и тоа било пријавено во полиција. […]

Арбен Фетаи прави трето крило на Алијансата за Албанците


  Вицепремиерот Арбен Фетаи ги организира структурите на Алијансата за Албанците во рамките на „Вреди“ да се вклучат во новата партија што треба да произлезе од коалицијата. Тие вчера одржале состанок за основачко собрание. На состанокот бил усвоен концептот „Нов сојуз“ како стратешки чекор кон посилно и пообединето политичко структурирање. Била донесена одлука за итно […]

Сиљановска до Бегај: Жителите на Пустец да се прашаат дали сакаат мигрантски кампови на нивната територија


  Билатерализацијата на евроинтеграцијата нема да биде осамен пример и членките на ЕУ треба да ја превенираат, изјави денеска претседателката Гордана Сиљановска-Давкова на заедничката прес-конференцијата со албанскиот колега Бајрам Бегај, кој престојува во официјална посета на Македонија. Претседателката Сиљановска-Давкова повтори дека сме цврсто определни за влез во ЕУ и истакна дека во чекорењето на Црна […]

Муцунски и комесарот Брунер разговарале за проблемите на превозниците


  Министерот за надворешни работи, Тимчо Муцунски, денеска оствари средба со европскиот комесар за внатрешни работи и миграции, Магнус Брунер. На средбата, информираат од МНР, министерот Муцунски го истакнал континуираниот ангажман на земјата во процесот на пристапување кон Европската унија, особено во областа на внатрешните работи и миграцијата. Тој ја нагласил посветеноста кон унапредување на […]

Новата директорка на Развојна банка е сопруга на Димитар Димовски од ВМРО-ДПМНЕ


Ефимија Димовска, новата вршителка на должност член на Управен одбор – главен извршен директор на Развојна банка е сопруга на долгогодишниот член на ВМРО-ДПМНЕ, Димитар Димовски. Димовска доаѓа на местото на Кире Наумов, долгогодишен кадар на СДСМ. Димовски е дипломиран шумарски инженер. Во компанијата „Соларис“ каде што основач и содружник е неговата сопруга Ефтимија, тој […]

Вајц: Има конструктивни сили во Македонија и Бугарија за решавање на проблемот


  Извесtувачот на Европскиот парламент за Македонија, Томас Вајц, е умерен оптимист дека може да се најде излез од ќор-сокакот за уставните измени и државава да тргне напред на пристапниот пат кон ЕУ. Во интервју за „360 степени“ по претставувањето на нацрт-извештајот за Македонија во комитетот за надворешни работи, Вајц вели дека „конструктивните сили на […]

Мицкоски имал „чувство“ како ќе се развива истрагата на Груби, СДСМ го прашува какво чувство има за Адамовиќ


  Премиерот Христијан Мицкоски синоќа во интервјуто за Сител ги отфрли тврдењата на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, дека постои договор меѓу власта и ДУИ за враќањето на Артан Груби. Филипче уште додаде дека ниту тој ниту во партијата се плашат од сведочењето на Груби. Премерот во интервјуто објаснуваше дека имал „чувство“ како ќе се […]

Радман: Северна Македонија е подготвена и заслужува членство во ЕУ многу брзо


Северна Македонија заслужува членство во Европската Унија и тоа многу брзо, рече вечерва министерот за надворешни и европски работи на Република Хрватска, Гордан Грлиќ по средбата со својот домаќин, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Како што истакна Радман, Македонија е подготвена, а и добро е преговорите да почнат, особено поради македонските […]

Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција на ЕУ утре на разговори во Македонија


Еврокомесарот за внатрешни работи и миграција, Магнус Брунер, ќе допатува утре во  Македонија за да се договори соработка во областите на внатрешните работи, управувањето со миграцијата, безбедноста на границите, борбата против организираниот криминал и владеењето на правото. Ова е негова трета посета на регионот по посетата на Албанија и Црна Гора претходно овој месец и […]

Мекотели, Фројд, мошти – многу зборови, а малку одговори на Мицкоски на прашањата на Филипче


Премиерот Христијан Мицкоски и денеска од собраниската говорница ја раскажуваше лекцијата од биологија за мекотелите отфрлувајќи ги наводите на лидерот на СДСМ, Венко Филипче, во прашањето поставено до него. На денешната седница за пратенички прашања тој одговараше малку во грч и напрегнато, што веројатно имаше удел и одлуката на обвинителството за Артан Грби, која ја […]

Европарламентарците побараа поголем ангажман на Брисел околу блокадата на Македонија


  Уставните измени остануваат клучни за продолжување на преговорите на Македонија со ЕУ, но  одговорноста за застојот не е само во Скопје туку и во Брисел – порачаа денес повеќе европарламентарци, расправајќи по извештајот на Томас Вајц за нашата држава. Нови, во споредба со лани, беа барањето европската дипломатија да се вклучи повеќе во барањето […]

Нови „алтернативни факти“ на министерот Николоски. Овој пат за аеродромот во Охрид


  Вицепремиерот и министер за транспорт, Александар Николоски, уште еднаш додаде историски квалификативи на она што го прави тој и неговото министерство. Во поткастот на Сител тој рече: „Следната недела почнуваме со реконструкција на аеродродмот во Охрид, прва реконструкција од тој тип од неговото градење. Инаку до скоро беше нелегален објект, го имавме пред нас […]

Руте следната недела во Скопје


  Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, ќе дојде во официјална посета на Македонија идниот  вторник .Домаќин на Руте ќе биде претседателката Гордана Сиљановска-Давкова, а предвидени се и средби со премиерот Христијан Мицкоски и со претседателот на Собранието Африм Гаши.Генералниот секретар ќе присуствува и на показна вежба на Армијата.   Ова ќе биде прва посета […]

Извештајот за Македонија денес на расправа во Европскиот парламент


Комитетот за надворешни работи на Европскиот парламент денес го разгледува нацрт-извештајот за Северна Македонија за 2025 година. Во извештајот, подготвен од Томас Вајц, се наведува дека постои итна потреба од поголема политичка волја за надминување на сегашниот ќорсокак околу усвојувањето на уставните измени. Во секој случај, процесот ќе остане заснован на заслуги и цврсто поврзан […]

Хрватскиот министер за надворешни работи во посета на земјава


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски денеска попладне и утре ќе биде домаќин на хрватскиот министер за надворешни и европски работи Гордан Грлиќ Радман, кој ќе престојува во официјална посета на земјава. Двајцата министри ќе разговараат за билатералните односи, економската и секторската соработка, како и за европската интеграција на земјава и можностите […]