СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат, ќе се знае до крајот на јули – во игра се Ралев и Шукова


СДСМ во Скопје ќе настапи со свој кандидат на претстојните локални избори, а ќе го објави до крајот на јули. Во игра се Мишко Ралев и Каја Шукова, но има и уште двајца други кандидати, рече вечерва партискиот лидер Венко Филипче. Тој во „Само интервју“ на Канал 5 истакна дека не сака да шпекулира со […]

И Скопје се најде во „големата турска епопеја“ на Ердоган


  (Од нашиот известувач) АНКАРА – „Таа ноќ  ја почувствувавме вистинската смисла на тоа што значи да бидеме една заедница. Славата што се читаше во Истанбул одекна и во Скопје, во Пакистан, во Индонезија… Нашиот народ напиша славна епопеја што  со гордост ќе се памети до Судниот ден“, порача денес во својот говор по повод […]

Данска сака да помогне да се направат уставните измени


  Најважната порака што ја имам денеска за вас е можноста за проширувањето којашто е поголема сега отколку што била подолго време. Би сакале да ја видиме Северна Македонија како дел од следната група земји што ќе станат членка на ЕУ. Знаете што треба да се направи, а ние сме тука да ви помогнеме и […]

Милановиќ: Спорот меѓу Бугарија и Македонија е нивно внатрешно прашање


  Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ во заедничката изјава со својот бугарски колега Румен Радев во понеделникот изјави дека е дрска навреда кон земји како Црна Гора и Северна Македонија да се каже дека Украина е најблиску до членство во ЕУ и рече дека спорот меѓу Софија и Македонија е нивно внатрешно прашање. „Ми се чини […]

Радев: Македонија сама се блокира на патот кон ЕУ


  Македонија сама се блокира на патот кон Европската унија затоа што не сака да ги исполни критериумите за членство. Ова во Загреб го изјави бугарскиот претседател Румен Радев, кој кој е во официјална посета на Хрватска на покана на Зоран Милановиќ. Бугарскиот претседател нагласи дека Бугарија нема да се откаже од заштитата на правата […]

Црвениот крст крст му додели медал, а Царината плакета на Мицкоски


  Минатата недела Црвениот крст на Македонија му додели медал на премиерот Христијан Мицкоски како симбол на благодарност за неговата заложба за поддршка на хуманитарната мисија на организацијата. Во Црвениот крст Мицкоски најмногу разговараше за хуманираниот одговор на трагедијата во Кочани. Најдобро е да се биде до политиката, па Црвениот крст ја прескокна организацијата „Сапорт […]

Албанскиот претседател Бегај на средба со Ахмети


За време на вчерашната еднодневна посета на Охрид, претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај, остварил средба со лидерот на Демократската унија за интеграција, Али Ахмети. Во објава на социјалните мрежи, претседателот Бегај го пофали придонесот на Албанците во Северна Македонија како одлучувачки фактор во процесите на градење на државата и во поддршката на евроатлантскиот курс […]

Кузеска: Дали со тендер од 1,8 милиони евра ВМРО-ДПМНЕ ќе си ја плати кампањата за избори?


Скандалот со тендерот вреден 1,8 милиони евра, што Владата на Христијан Мицкоски го распиша за промоција на настан кој ќе се случи дури во 2027 година, станува сè поголем и посрамен. Тендерската документација покажува дека таа е полна со услови кои отвораат сериозен сомнеж дека тендерот е однапред наместен за одредена компанија. Тендерот очигледно е […]

Муцунски на работна вечера за Украина во Дубровник


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија на Република Северна Македонија, Тимчо Муцунски, присуствуваше на работна вечера посветена на Украина – важен политички формат на кој, како регион, уште еднаш беше потврдена силната и недвосмислена поддршка за зачувување на територијалниот интегритет и суверенитет на Украина, во согласност со принципите на меѓународното право, соопшти Министерството. Во […]

ВМРО-ДПМНЕ тврди дека пожарите биле организирана акција


На прес-конференција од партиската говорница, пратеникот Бране Петрушевски од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, денеска рече оти тоа што се случувало во Скопје со пожарите, воопшто не било случајно, туку очигледна цел од организирана акција на лица кои не мислат добро ниту на главниот град, ниту на земјата. Петрушевски вели дека полицијата пронашла дрва потопени со бензин, […]

Обвинителството го демантираше Тошковски, Данела е таа што била нападната


  За помалку од 20 часа Основното јавно обвинителство Скопје  ги демантираше шпекулациите на министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој синоќа преку националните телевизии сугерираше дека можеби градоначалничката на Скопје го предизвикала сериозниот инцидент во Чаир. Според соопштението на обвинителството, за сѐ се виновни двајца напаѓачи на Арсовска, а за едниот се бара притвор. […]

Не е важно дали била тепана Арсовска, за власта е важно кој ја поддржувал


  Големата приказна за инцидентот со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, веќе почна да се префрла од полето за истрага за нападот врз неа во партиски обвинувања. Самиот факт дека еден функционер е нападнат, а при тоа е жена и мајка од поголема група луѓе во скопски Чаир се претвора во мизогониска политичка пресметка. Владејачката […]

Мицкоски со ново обвинување: Бугарија ни врши притисок како Русија врз Украина


Целта на Бугарија е до европартнерите и до НАТО да испратат порака преку која ќе нѐ обвинуваат нас дека ние сме виновниците, вели премиерот Христијан Мицкоски по барањата од Бугарија за извинување и острата реторика кон Македонија. Според Мицкоски, светот и Европа виделе која е целта на Бугарија. „Целта не се разликува во ништо од […]

Мицкоски за обвинувањата на Арсовска: Државата има институции, ги повикувам да постапуваат


Државата има институции, ги повикувам да постапуваат за случајот, рече денеска премиерот Христијан Мицкоски во врска со вчерашните обвинувања на скопската градоначалничка Данела Арсовска. -Што се однесува за градоначалничката на Скопје, многу работи се кажани, не би имал што да додадам, одгвоори кусо Мицкоски на новинарско прашање по пуштањето во употреба на целосната санација на […]

Данела со ново обраќање: Смислиле ново сценарио, да ме обвинат за пожарите


Градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, реагираше утрово на обидите од власта неа да ја посочат како виновна за нападот што го доживеа вчера додека покажуваше на терен како се толерира градење дивоградби во Чаир. Повод беше интервјуто на министерот за внатрешни работи Панче Тошковски кој сугерираше дека треба да се почека со заклучоци- за да […]

Албанскиот претседател Бајрам Бегај во посета на Македонија


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова денеска vо Охрид ќе биде домаќинка на претседателот на Република Албанија, Бајрам Бегај кој ќе престојува во работна посета на земјава. Албанскиот претседател ќе биде пречекан во вила „Билјана“ во Охрид, каде е предвидена средба и работен ручек со претседателката Сиљановска-Давкова. Во попладневните часови тие ќе посетат културно-историски знаменитости, а вечерта ќе […]

Панче Тошковски се прашува: Да не е ова со Данела смислено сценарио за политички циркус?


  Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски вечерва во гостувањето на ТВ Сител изрази жалење и осуда за инцидентот во којшто беше вклучена градоначалничката на Скопје Данела Арсовска, но во исто време се запраша да не е целиот инцидент смислено сценарио за политички циркус. Тој рече дека таа била повикана во полициска станица, но не […]

Остри реакции за нападот врз Арсовска: Зошто постои МВР?


  Јавноста е шокирана од денешниот напад врз градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска од многубројна група луѓе кога таа на терен ги посочуваше дивоградба во општина Чаир и од реакцијата на полицијата во времето на настанот, а и после тоа. Трите збора од реакцијата на Зелен хуман град – Зошто постои МВР? – можеби најсликовите […]

Алијанса на Таравари го прашува ВЛЕН: Се откажавте ли од ЕУ?


  По конфузијата околу Извештајот на Европскиот парламент за Македонија, Алијансата за Албанците на Арбен Таравари бара одговори од владините партнери, претставниците на коалицијата ВЛЕН (Вреди). „Заменик-министерката за европски прашања и заменик-шеф во преговорите со ЕУ, Викторија Трајков – политичкиот асистент на марионетскиот министер Орхан Муртезани – јасно изјави во телевизиска дебата дека: ‘За нас, […]

Жељасков: Мицкоски треба да најде начин да се извини


  Напнатоста меѓу Софија и Скопје не попушта туку изгледа дека се зголемува. По острата реакција на бугарското министерство за надворешни работи за изјавата на премиерот Христијан Мицкоски околу аналогијата за глушецот и лавот, денеска се јави со оценка и премиерот Росен Жељасков. „Наративот и изразот на премиерот Христијан Мицкоски ќе им бидат оставени на […]