СДСМ бара поништување на огласот во М-НАВ


Опозициската СДСМ бара поништување на огласот во М-НАВ, со кои беа примени на работа три лица. Според СДСМ, последен е скандалот во М-НАВ – клучната институција задолжена за безбедноста во воздухопловниот сообраќај, која станува уште една партиска испостава на власта. „Без било какви квалификации, мажот на директорка на Централен регистар, сопругата на Игор Југ — […]

Германскиот амбасадор во Софија: Бугарија и Македонија не се во билатерален спор


  „Францускиот предлог“ за Северна Македонија, кој предвидува вклучување на Бугарите во уставот на земјата, нема да биде репреговаран, изјави денеска германската амбасадорка во Софија, Ирене Марија Планк. Во поткастот на телевизијата БНТ, таа коментираше дека „овој договор е резултат на унифициран консензус на сите земји од ЕУ и тој е основа Северна Македонија да […]

Каја Шукова кандидат на СДСМ за градоначалник на Скопје


Претседателот на СДСМ Венко Филипче попладнево на прес-конференција објави уште еден дел од кандидатите за локалните избори, по состанокот на Извршниот одбор на партијата, којшто заседавал денеска. За кандидат за градоначалник на Скопје ја најави потпретседателката на СДСМ Каја Шукова. Ексминистерката за животна средина, значи, ќе биде противкандидатка на градоначалникот на Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски, […]

„Одредете си цена за вашите деца“: Тешки детали од средбата на родителите од Кочани со премиерот Мицкоски


  Брегот не стигна кај родителите, затоа тие отидоа кај брегот. Неколку месеци родителите на загинатите и повредените млади луѓе од Кочани ги чекаат премиерот Христијан Мицкоски и претседателката Гордана Сиљановска-Давкова да ги посетат во нивниот град и отворено пред јавноста да разговараат за нивната тага, за опустошените семејства, за истрагата, за виновниците, за финансискиот […]

Две обвинувања за претседателката на Антикорупциска: Оддавала службена тајна и друг полагал за неа безбедносен сертификат


  Претседателката на Антикорупциската комисија, Татјана Димитровска, е наведена на два пати во обвинителниот акт што денеска го објави Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција (ОЈО ГОКК) – еднаш дека оддавала службени тајни во случајот „Адитив“, а друг пат дека побарала од нејзин колега во Државниот завод за ревизија да го […]

Мицкоски дава идеја, Антонио Милошоски спроведува


  Потпретседателот на Собранието и поранешен министер за надворешни работи, Антонио Милошоски, денеска на прес-конференција ја разработи идејата што синоќа во интервју на Канал 5 ја даде премиерот Христијан Мицкоски. Тој даде еден предлог кој изгледа невозможен – самиот бил подготвен заедно со Бугарија, преку  бугарските пратеници во Европскиот парламент, да поднесе резолуција во која […]

Реакција од Владата: Не се точни наводите од обраќањето на родителите од Кочани


  Владата преку Секторот за односи со јавноста тврди дека со пренесување на јавното обраќање на родителите од Кочани се правело злонамерно дефокусирање. И дека таа прави сѐ да се решат проблемите по трагедијата во Кочани и ќе прави уште повеќе. Таа тврди дека наводите во обраќањето не биле точни. И повторно апелира да не […]

ВМРО-ДПМНЕ го нареди и Андреј Жерновски на листата на домашни предавници


  Откако поранешниот градоначалник, заменик-министер и амбасадор, Андреј Жерновски, јавно запраша дали е вистина тоа што го пишува бугарскиот медиум „лупа.бг“ дека во 2008 Христијан Мицкоски наводно аплицирал за бугарско државјанство, ВМРО-ДПМНЕ веднаш го додаде на својата листа „домашни предавници“. Жерновски на Фејсбук напиша: „Граѓаните, но и дипломатскиот свет, ги интересира одговорот на следново прашање: […]

„Лупа.бг“: Мицкоски аплицирал за бугарско државјанство во Скопје во 2008


Во 2008 година, премиерот на Македонија, Христијан Мицкоски, поднел барање до бугарското конзуларно претставништво во Скопјe за бугарско државјанство“, објави вчера бугарска „Лупа“. Како што стои во текстот на бугарскиот медиум, во тоа време, генерален конзул на Бугарија во Македонија бил извесен Венцислав Цветанов. Бугарскиот медиум пишува и дека дел од роднините на Мицкоски имаат […]

Мицкоски предлага заедно со Бугарија да се донесе резолуција во ЕП за „многувековен македонски јазик“


  Премиерот Христијан Мицкоски вечерва изјави дека е за Европската унија, но не по секоја цена, но нема одговор што ако Македонија додека е тој премиер не ги почне преговорите и драматично заостане зад другите земји во регионот, особено Црна Гора и Албанија. Тој даде еден предлог кој изгледа невозможен – самиот бил подготвен заедно […]

Македонија и Британија потпишаа декларација за стратешко партнерство


  Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и британскиот секретар за надворешни работи Дејвид Лами денеска во Форин офисот во Лондон потпишаа Декларација за стратешко партнерство меѓу Македонија и Велика Британија. Шефот на македонската дипломатија на Фејсбук објави дека со ова се отвора ново поглавје во односите меѓу двете земји и се […]

Левица предлага со закон да се заштити името ВМРО, Мицевски вели дека било нарачка од туѓина


  Пратеничката група на Левица поднесе до Собранието предлог-закон за заштита на името Внатрешна македонска револуционерна организација – ВМРО. Тоа го потврди пратеникот и лидер на Левица, Димитар Апасиев, кој објави на својот Фејсбук. „Конечно, дојде Денот за законска заштита на името ВМРО и забрана разно-разни злосторнички здруженија олицетворени во бизнис-партии да го злоупотребуваат ова […]

Мицкоски го отфрли предлогот на Филипче за лидерска средба


  Премиерот Христијан Мицкоски во моментов не гледа причина зошто би организирал уште една лидерска средба со претседателот на СДСМ, Венко Филипче, кој во неколку наврати повикува на лидерска средба за да се детерминираат црвените линии и би се постигнал натпартиски консензус за европските интеграции. Мицкоски во одговорот на прашањето за поканата за лидерската средба […]

Спуштени тензиите: Mакедонија и Бугарија ќе го градат тунелот на Деве Баир според постоечкиот проект


  Во Брисел се одржа средба на ретко разбирање во последно време меѓу Македонија и Бугарија. И тоа во секторот каде што имаше голема напрегнатост до пред два-три месеци: во транспортот. делагации на двете министерства за транспорт со посредство на ЕУ се договорија не само да продолжат, туку и да се забрзаат активностите во изградбата […]

ЗХГ ги отвора вратите за секој што сака да биде член на Совет на Град Скопје


Граѓанската коалиција ЗЕЛЕН ХУМАН ГРАД на претстојните локални избори повторно ќе настапи со своја листа на членови за Совет на Град Скопје. Листата и овојпат ќе ја предводат докажани активисти од областа на здрава животна средина/одржлив развој, социјална правда и заштита на животните. Ова се три од четирите столбови на коалицијата. Четвртиот е воведување директна […]

Македонија ќе добие само половина од парите од ЕУ за реформите што ги направила до декември лани


  Од предвидените 17 милиони евра од ЕУ од Планот на раст за земјите од Западен Балкан, според направените реформи до декември лани Македонија во наредниот период ќе може да смета на половина од износот, или 8,5 милиони евра, покажуваат прелиминарните сознанија на Министерството за европски прашања. Ваквиот епилог се должи на фактот дека од […]

Нов бисер на Тошковски – дивоградбите ќе се уриваат само ако се опасни по живот


  Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, денеска додаде уште еден бисер во ѓерданот на неговите несоодветни изјави. Тој рече дека законот за уривање на дивоградбите ќе се почитувал само ако објектите се опасни по живот. Ако не се, тие ќе можат и натаму да си останат дивоградби, а со ваквиот став да се поттикне […]

Арсовска му одговара на ВМРО-ДПМНЕ: Полицајци на Тошковски фатени како крадат вода


  Со секој ден ВМРО-ДПМНЕ влегува во нов судир со градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска (нивен кандидат на последните локални избори) и наместо да го осуди нападот врз неа ја обвинува дека главниот град страда за вода. Арсовска одговори остро, велејќи дека „полицајци на Тошковски“ се меѓу тие што диво се приклучуваат на водоводната мрежа. […]

Мицкоски е само ученик на Груевски, а не на ЕУ, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во синоќешната емисија „Само интервју“ на Канал 5 ја оцени политиката на сегашната влада како продолжение на владеењето на Никола Груевски. Тој рече дека се воспоставува систем на ВМРО-ДПМНЕ каков што постоеше до 2016 година. „Граѓаните не гледаат дека се воспоставува каков било систем во владеењето. Тие само гледаат […]

Левица ќе има партиски кандидат за градоначалник на Скопје


Левица за локалните избори се откажа од проектот од минатите избор кога поддржаа независен кандидат за Скопје, а сега партијата ќе оди со свој партиски кандидат. Тоа го соопшти претседателот на партијата, Димитар Апасиев, во интервју за ТВ 24. Левица објави оглас за кандидати за градоначалници, на кој се пријавиле 20 лица. Од утре ќе […]