ДИК го усвои календарот за локалните избори: Поднесување листи на кандидати до 13 септември, кампањата ќе почне на 29 септември


 Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на 128 седница ги усвои роковите за сите дејствија за одржување на Локалните избори 2025, откако претходно денеска нив ги распиша претседателот на Собранието, Африм Гаши.  Првиот круг за избор на градоначалници и членови на советите на 80 општини и на градот Скопје ќе се одржи на 19 октомври, а […]

Гаши ги распиша локалните избори на 19 октомври


  Претседателот на Собранието Африм Гаши денеска ги распиша локалните избори, што ќе се одржат на 19 октомври. Собранискиот спикер, како што се наведува во соопштението на прес-службата на Законодавниот дом,  го потпиша Решението за распишување на осмите локални согласно член 12 став 4 од Изборниот законик, почитувајќи го рокот од 70 до 90 дена […]

СДСМ: Режимот се врати, полицијата на Тошковски во служба на политички прогон во Демир Хисар


Бруталниот упад на полицијата во домот на директорката на СОУ „Крсте Петков Мисирков“ во Демир Хисар, Маја Лозановска, е уште една потврда дека режимот се врати, реагира СДСМ: „Ова е сликата на секој режим, полиција ставена во функција на политички притисок и незаконско разрешување на директорка во средно училиште, со единствена цел пред избори да […]

Претседателот на Собранието се очекува да ги распише локалните избори


Претседателот на Собранието, Африм Гаши денеска се очекува да ги распише локалните избори. Ова ќе бидат осми локални избори по ред од независноста на државата.  Со тоа ќе почнат да течат роковите за изборниот процес. Локалните избори треба да се одржат на 19 октомври, а вториот круг на 2 ноември. На локалните избори, граѓаните ќе […]

Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир


 Мухамед Муртези ќе биде носител на советничката листа на ВРЕДИ за Општина Чаир, соопшти денеска првиот заменик претседател на Владата и кандидат за градоначалник, Изет Меџити. -Дефинирано е, носител на листата за советници во Општина Чаир е д-р Мухамед Муртези, личност која доаѓа надвор од политиката, тој е додадена вредност на ВЛЕН. ВЛЕН некаде ќе […]

Мицкоски летува во Хрватска


Од владината прес-служба информираат дека премиерот Христијан Мицкоски од вчера е на годишен одмор во Хрватска. Ќе користи четири дена. – Тоа ќе биде кратка пауза, пред повторно да се врати на своите обврски со полн интензитет, одговориле од таму за Плусинфо. Од кабинетот на министерот Тимчо Муцунски информираат дека тој веќе е на годишен одмор […]

СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори


СДСМ ја обвини власта за брутална партизација на образованието пред избори. „Весна Јаневска и ВМРО-ДПМНЕ спроведуваат брутална партизација во образованието пред изборите.Во очи на распишување на локалните избори, гледаме масовни незаконски огласи за вработување и напредувања само по партиска линија, за вдомување на кадри на ВМРО-ДПМНЕ. Државниот просветен инспекторат, под диригенство на Јаневска, станува партиски […]

ДИК донесе упатство за избор на нови избирачки одбори за претстојните локални избори


Државната изборна комисија (ДИК) на денешната седница,  донесе неколку клучни одлуки во пресрет на претстојните локални избори. Од страна на ДИК беше усвоено упатство за именување на претседател, членови и нивни заменици во избирачките одбори, кое произлегува од законските обврски за формирање нови состави од редовите на државната администрација, со оглед дека оваа година истече […]

За време на викендот почнуваат роковите за локалните избори на 19 октомври


Последни денови од годишните одмори бројат многумина наши сограѓани кои ќе се вклучат во изборните активности за локалните избори во октомври. Според информациите од Собранието, во петок или во сабота ќе бидат распишани локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври (втор круг на 2 ноември). Ќе се бираат градоначалници и советници во […]

Министерката за финансии во работно време прима кандидат за градоначалник од партијата


  Работна или партиска задача. Министерката за финансии, Гордана Димитриеска-Кочоска, денеска го примила на средба во нејзината канцеларија кандидатот за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Карпош, Сотир Лукровски. Која била основата да прими во работно време кандидат за градонаачик може само да се претпоставува – веројатно да покаже дека Лукровски ја има и нејзината поддршка во […]

Гаши ќе ги распише изборите во петок или сабота


Собранискиот спикер Африм Гаши во петок или сабота претпладне ќе ги распише локалните избори планирани за наесен. Гласањето за општинските совети и првиот круг за избор на градоначалници ќе се одржи на 19-ти октомври, додека пак, вториот круг за првите луѓе на општините ќе се одржи на 2 ноември. – Изборите ќе бидат распишани на […]

Се апси по вторпат за „Илирида“, МВР и Обвинителството во акција


Секторот за внатрешни работи – Скопје во координација со Основното јавно обвинителство – Скопје постапуваат по вчерашните националистичките скандирања на натпреварот Шкендија-Карабах на Националната арена „Тодор Проески“. Од преносот на натпреварот може да се слушне дека се извикува „Илирида“, додека дел од медиумите јавуваат дека се скандирало и „Голема Албанија“. За помалку упатените, Илирида е […]

Хелсиншки бара од МВР да постапи околу националистичките скандирања на натпреварот на Шкендија


Хелсиншкиот комитет за човекови права изразува сериозна загриженост и го осудува националистичкото и политизирано скандирање за време на фудбалскиот натпревар меѓу ФК Шкендија и Карабах, кој се одигра на 5 август во Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје, соопштија денеска оттаму. „И покрај апелите од јавноста и институциите за фер и спортско навивање, од трибините […]

И Гаши не ги слушнал скандирањата за „Голема Албанија“, навивачите биле „достоинствени“


  Навивачите на Шкендија синоќа во повеќе наврати за време на натпреварот со Карабах на Националната арена скандираа „Илирида“ и „Голема Албанија“. Тие и покрај сите апели за фер и спортско навивање,  настапија со националистичките извикувања. И овојпат натпреварот на трибините на Арената „Тодор Проевески“ го следеа влaдини фунционери, вицепремиерот Изет Меџити, претседателот на Собранието […]

ДУИ објави имиња на кандидати за неколку општини, Фатмир Дехари ќе трча за уште еден градоначалнички мандат во Кичево


 Демократската унија за интеграција (ДУИ) попладнево по седница на Централното претседателство ги објави имиња на кандидати за неколку општини со кои ќе учествува на локалните избори во октомври. Потпретседателот на ДУИ, Арбер Адеми на прес-конференција соопшти дека партијата ќе го кандидира Фатмир Дехари за уште еден градоначалнички мандат во Кичево.  За уште еден мандат довербата […]

Сиљановска: Срамот не е само на тие што скандираа навредливо, туку на сите!


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова ги осуди навредливите скандирања на кошаркарскиот натпревар во Куманово, којшто се одржа викендов. Според неа, срамот не е само на оние чии зборови повредуваат, зашто ги погодуваат не само оние во салата или на теренот, туку и оние што ги гледаат и слушаат заради нивниот неограничен домет. „Срамот падна на сите: на […]

Меџити си одбра наследник, ако биде избран за градоначалник


Првиот вицепремиер и министер за животна средина Изет Меџити, кој е кандидат на ВЛЕН за градоначалник на Чаир, изјави дека ако ја добие изборната трка, на вицепремиерското место ќе го замени Беким Сали. Меџити во изјава за медиумите рече дека во ВЛЕН се согласиле оти Сали е најкомпетентната, најподготвената и најискусната личност за извршување на […]

Ивановска: Како ќе се справиме со државата со вакви масовни вработувања на гласачи!


Не е забрането со закон, но има етички кодекс во кој е кажано дека доколку „членови на влада имаат намера да учествуваат во избори, треба да го известат премиерот и членот на Владата кој е задолжен за следење на етичкиот кодекс“. Треба да бидат свесни учесниците или кандидатите во изборите дека предност има функцијата што […]

Левица : Унапредена професорката што го спаси Бојан Христовски околу скандалот со дипломата


Левица продолжува да објавува информации за партиската послушност и, според нив,  незаконското постапување на инспекторите во Просветниот инспекторат, кои единствено делуваат под партиска наредба.   „Просветната инспекторка Соња Зашовска (поранешен советник на ДПМНЕ во општина Гази Баба) е типичен приказ дека во партизираните институции напредуваат само партиските послушници кои без приговор ги штитат незаконските дејанија […]

Молк од Тирана, драматизирања од Приштина за скандирањата во Куманово


  Додека во Албанија има речиси молк за антиалбанските скандирања на кошаракарскиот натпревар Македонија – Романија во Куманово, во Косово, и покрај многуте огради од македонскиот дтржавен врв, тие и натаму се драматизираат, што сугерира дека тоа што се случи кај нас се користи за политички пресметки во Приштина и, уште повеќе – преку политичките […]