Жерновски тврди дека ВМРО-ДПМНЕ за една година изгубило 130.000 гласови


ВМРО-ДПМНЕ е во паника поради падот од 130.000 гласа, тврди амбасадорот Андреј Жерновски во пост на социјалните мрежи.     -Не е мал бројот на оние кои се зачудени од “кампањата пред кампања” која деновиве ја води премиерот Мицкоски. Не толку од самиот технички момент, бидејќи кај нас веќе од поодамна се дозволува предизборната кампања да […]

Левица: Николоски заборави на истрагата за ,,Марковски“, ВМРО-ДПМНЕ им дава милионски тендери


Продолжува праксата на делење тендери на компаниите кои ВМРО-ДПМНЕ во опозиција ги обвинуваше дека се во криминална шема со СДСМ и ДУИ. Таков е случајот и со познатата битолска фирма ,,Марковски”, која само во последните 4 месеци од минатата година, од РЕК Битола добила тендери во вредност од 2,5 милиони евра, тврди Левица преку соопштение […]

Уставен суд оформи предмет за вториот протокол меѓу Македонија и Бугарија


  Уставниот суд соопшти дека е формиран предметот УЗ. 44/2025 во кој е оспорен Протоколот од вториот состанок на Заедничката меѓувладина комисија со Бугарија донесен на 17.07.2022 година во Софија. Во тек е претходна постапка во која се испитуваат податоците и известувањата потребни за донесување на одлука. Подносител на иницијативата: Лилјана Поповска. Во наводите во […]

За Алијансата на Албанците вработувањата во Тетовската болница се измама


Алијансата за Албанмците ја нарече најголемата измама во историјата наводното вработување на над стотина здравствени работници во Тетовската болница „На министерот за здравство Азир Алиу му завршија лагите. Во последно време излегоа на виделина сите негови измами во врска со вработувањето на 155 здравствени работници во Клиничката болница во Тетово. Иако доби негативен одговор од […]

Мицкоски: Нема македонска или албанска иднина, има само заедничка


На свечената седница по повод 24 години од Охридскиот рамковен договор, со кој беше ставен крај на конфликтот во 2001 година, премиерот Христијан Мицкоски испрати порака за единство, надминување на поделбите и заедничка иднина. „Државата ја имаме само ако ја чуваме заедно,“ рече Мицкоски, потсетувајќи на тешкото лето 2001 година, кога Македонија беше на работ […]

Партијата за движење на Турците бара нов изборен модел по мерка на помалите заедници


Партијата за движење на Турците – ТХП го поздравува историското значење на Охридскиот рамковен договор, кој постави основа за инклузивно општество и за зајакнување на правата на сите заедници.  Сепак, партијата смета дека е неопходно континуирано усовршување на неговата имплементација, со цел целосно остварување на неговите принципи, а посебно внимание да се посвети на помалку […]

Полицијата сега не ја интересира каде се печатите во Демир Хисар, тврди адвокатот на разрешената директорка


  БИТОЛА – Службените печати од Гимназијата во Демир Хисар, поради кои настана цела драма околу разрешувањето на директорката Маја Лозановска за цело време биле во сеф во просторија на училиштето. Ова за „Независен“ го тврди адвокатот на Лозановска, Жарко Стеваноски, велејќи дека „цела Македонија се крена за печатите, а сега полицијата не ја интересира […]

Мицкоски крои план да го спречи упатството на ДИК за независните кандидати


  Здруженијата и организациите на независните кандидати за локалните избори изгледа имаат право. Тие не ѝ веруваат на политиката и покрај одлуката на ДИК дека со ништо не може да бидат спречени нивните кандидатури и дека нема потреба да собираат потписи, па ја продолжуваат акцијата да се формираат како партија. Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави […]

ОЛАФ ја осомничил за измама, Владата ја постави за директорка во Еразмус, велат од СДСМ


  СДСМ соопштува како е можно Владата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски повторно ја „враќа вмровската партиска мафија во Националната агенција за европски образовни програми… која управува со милионски фондови од Европската унија преку Еразмус +“. Јовица Јанковиќ, потпретседател на СДММ, денеска на прес-конференција изјави дека на на 1 август на местото в.д. директор на […]

Али Ахмети до Македонците: Албанците се за унитарна и еднаква Македонија


  Преку колумна во медиумот „360 степени“ лидерот на ДУИ испрати порака за смирување на неочекувано појавените меѓуетнички тензии, порачувајќи дека Албанците се за унитарна, заедничка и еднаква Македонија. Ахмети го напиша текстот во пресрет на одбележување на Рамковниот договор и ова е негово прво вакво обраќање досега. „Соочен повторно со кампањи за оцрнување и […]

Македонски концепт ќе именува кандидати за градоначалници и советници преку јавен повик


Партијата Македонски концепт, која е дел од владеечката коалиција, распишува јавен повик за кандидати за советници и градоначалници на претстојните локални избори. Повикот, според партијата, е отворен за сите граѓани на Македонија – без разлика на етничка или верска припадност, пол, образование или други убедувања.   „На локалните избори ја избирате иднината на вашата општина, […]

Нема реставрација на бугарските споменици во Грција, Атина имала „железна политика“


Заменик-претседателот на Бугарската академија на науките, професор доктор  Емануел Мутафов, го коментираше во интервју за БГНЕС уништувањето на спомениците во Егејска Македонија кои Софија ги смета за бугарски и притоа оцени со жалење дека тоа прашање не се покренува бидејќи Грција има „железна политика“ кон обидите да се споменици „кои го доведуваат во прашање грчкиот […]

Невладините не им веруваат на владините – продолжуваат да собираат потписи за формирање партии


Наместо решение, прават уште поголем хаос – вака претставници на независните граѓански иницијативи го толкуваат појаснувањето што стигна од Државната изборна комисија(ДИК) за тоа како тие можат да учествуваат на претстојните локални избори на 19 март, откако нивните кандидатури се проблематизираа поради правен вакум. Тие продолжуваат со собирањето потписи за да формираат политички партии, бидејќи […]

И Мицкоски го бара печатот од директорката


  Премиерот Христијан Мицкоски денес порача дека, ако има пречекорувања кои имаат и кривична одговорност ќе има и други мерки против началникот на полицијата од Демир Хисар, но посочи дека треба да се преземат  мерки и за директорката бидејќи за нејзината работа биле констатирани големи неправилности од ДПИ, поради кои е и разрешена. „Некој, вели, […]

Партиите во „војна“, се гаѓаат со „списоци за непотизам“


Во пресрет на локалните избори, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ тргнаа во меѓусебни обвинувања кој повеже ја партизира државата и колку од партиски вработените се и јасни случаи на непотизам.   „Во државата на ДПМНЕ, нема институција која не е подложена на груба партизација пред изборите. МНАВ, Министерството за одбрана и уште десетина институции со преку 700 […]

Мицкоски за УЧК: Убивањето службени лица од заседа не е правична борба


Од нафталин е извадена уште една тема која има за цел да ги дефокусира граѓаните од неуспесите на власта и немањето никакви подобрувања една година откако ВМРО-ДПМНЕ и ВРЕДИ ја формираа коалиционата Влада. Место да објаснува како да се живее со минималната плата премиерот Христијан Мицкоски, во текот на денешната посета на општина Петровец, ја […]

Минчев му возврати на Дамјановски и порача да не го мешал Црвенковски


  Откако поранешниот градоначалник на Куманово, Зоран Дамјановски – Циц, за Радио Канал 77 изјави дека Бранко Црвенковски ниту ја создал партијата ЗНАМ, ниту ја поддржува, а дека Горан Минчев бил таму од лукративни цели, министерот за јавна администрација му возврати преку обраќање бранејќи го постигнатото на лидерот Максим Димитриевски како прв човек на Куманово. […]

Бранко Црвенковски не го создаде ЗНАМ, ниту го поддржува, тврди Зоран Дамјановски – Циц


  Зоран Дамјановски – Циц, долгогодишниот соработник на Бранко Црвенковски, тврди дека поранешниот претседател на СДСМ ниту ја создал ниту ја поддржува партијата ЗНАМ на градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски. Дамјановски беше три мандати градоначалник на Куманово и според неговото кажување во емисијата „Стадион“ на Канал 77, тој има регуларни средби со Црвенковски (неколку пати […]

Опозицијата бара Тошковски да го разреши началникот во Демир Хисар по скандалот со директорката


  Двете опозициски партии, СДСМ и Левица, денеска побараа министерот за внатрешни работи да го разреши началникот на полицијата во Демир Хисар кој без налог на обвинителството бараше директорката на средното училиште да биде приведена на носила. Барањето на СДСМ го изнесе на прес-конфренција Трајче Стојчевски, претседател на СДММ. Тој рече дека скандалот со злоупотребата […]

ДИК го утврди упатството за утврдување на цените за платено политичко рекламирање во медиумите за локалните избори


Државната изборна комисија (ДИК) го утврди упатството за начинот и постапката на утврдување на просечно постигната цена и најниска цена за платено политичко рекламирање на радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали кои не учествувале на последните пет изборни циклуси.  Радиодифузери, печатени медиуми, електронски медиуми и интернет портали се должни во рок од пет […]