Муртезани на состанок на ГАК во Брисел посветен на владеењето на правото на Западниот Балкан


Министерот за европски прашања Орхан Муртезани денеска во Брисел заедно со неговите колеги од Албанија, Србија и Црна Гора ќе учествува на состанокот на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), на кој една од точките се и извештаите на Европската комисија за владеење на правото во 2025 година.    Како што најави Министерството […]

Мицкоски зборува, Тошковски демантира


  Не може да се докаже поврзаност или организација меѓу пожарите во последниот период, вели министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во интервју за „360 степени“ на МРТ. Сепак, останува сомнежот, како што вели Тошковски, поради тоа што пожарите се случија во краток временски период. „Засега не можеме да докажеме поврзаност или организација помеѓу настанатите […]

Мицкоски: Спречивме многу сценарија на центрите на моќ


Палењето на отпадите во Скопско, коишто се случуваат изминатиот период, се само дел од сценаријата на центрите на моќ внатре и надвор од државата кои имаат за цел да внесат немир, страв и паника кај граѓаните и да ѝ нанесат штета на Владата, изјави премиерот Хриситјан Мицкоски во интервју за ТВ Сител. „Ние како Влада […]

Треба да бараме научни и културни комуникации за „очи во очи“ да ги расчистуваме работите со Бугарија, вели академик Камбовски


Прашањата поврзани со идентитетот, дури и таму каде што има билатерални спорови, да не се подигнуваат на рамниште на вето и условувања за членство во ЕУ, туку за нив да владее принципот на добра волја, добросовесност и поддршка на другите земји, да се решаваат низ комуникација, низ културен и научен дијалог, низ културна соработка, за […]

СДСМ нема кандидати во општини во кои нема шанси да победи


СДСМ нема свои кандидати за градоначалници во општините Кичево и Струга и во тие општини членовите и симпатизерите на СДСМ ќе ја дадат поддршката на оние кандидати на коишто најмногу им веруваат, вели претседателот на СДСМ, Венко Филипче. – Во тие две општини и во другите општини, каде што ние практично немаме шанси за победа, […]

Данела до Орце: Кај си да писнеш за УСЈЕ кој е утврден голем загадувач


По повиците каде е Данела Арсовска и зошто молчи додека се случува екоцид таа се јави на Фејсбук  си нои напади. „Додека Орце Самка Ѓорѓиевски ми прави нарачки поврзани со последниве настани, ајде да го едуцираме бидејќи нема знаење, ама покрај голема желба и очигледно вложува и многу пари во ПР за да се промовира […]

СДСМ бара оставки од министерите за здравство и за внатрешни: Едниот лажел за загадувањето, другиот не спровел евакуација


Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарско прашање повика на итна одговорност и оставки од министерот за здравство и министерот за внатрешни работи, поради, како што рече, несоодветното справување со пожарот во депонијата во Трубарево и загрозувањето на здравјето на граѓаните. „Треба да си поднесе оставка министерот за здравство. […]

Филипче: Ако сме под напад, требаше да заседава Советот за безбедност


Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, денеска силно ги нападна изјавите на премиерот Мицкоски дека државата била цел на хибриден напад организиран од странски центри на моќ. Тој предупреди дека ова е злоупотреба на безбедносната сфера во државата од страна на врвот на власта. „Мислам дека ниту еден премиер до сега не се осмелил вака […]

И таму ќе се делат: Во Тирана регистрирано здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“


Македонското здружение „ВМРО-ДПМНЕ-Албанија“ денеска го доби решението за регистрација во судот во Тирана, кое на претседателката Елена Симонофски и беше врачено од Албан Дурај, од адвокатското студио „Duraj Law Firm“ – Тирана. Веста ја објави Дурај кој на Симонофски и посакал успех во мисијата на оваа организација, која, како што наведува  се фокусира на заштита […]

Место Мицкоски повторно претседателката ќе оди на Генералното собрание на ОН


Претседателката Гордана Давкова Сиљановска и годинава ќе учествува на Генералното собрание на Обединетите нации иако според практиката ротираат претседателот на државата и премиерот, така што овојпат во Њујорк требаше да отпатува Христијан Мицкоски. Според неофицијалните информации, премиерот Мицкоски се откажал од учество на Генералното собрание поради презафатеност со локалните избори. Претседателката Сиљановска-Давкова за „Слободен печат“ […]

Државата оди брзо назад, власта ќе нема цел мандат: Интервју со Бујар Османи


  Кандидатот за градоначалник  на Чаир и поранешен шеф на дипломатијата, Бујар Османи, во интервју за „Независен“ ги гледа изборите на 19 октомври како референдум  на кој граѓаните ќе кажат – дали ќе продолжат по европскиот пат или кон српскиот свет. Тој смета дека уназадувањата во државата се толку големи што не смее да се […]

Вреди: ДУИ 20 години ги труеше институциите со корупција


ДУИ 20 години го распаѓаше системот. Последиците ги сносиме сите, за жал граѓаните најмногу, обвини коалицијата Вреди преку соопштение. „ДУИ, која две децении по ред ги труеше граѓаните со корупција, денеска најде храброст да зборува за воздухот во Скопје. Дволичноста нема граници. А каде бевте кога Скопје секоја година излегуваше на листите на најзагадените градови […]

ДУИ: Скопје се труе, Изет се крие!


Демократската унија за интеграција изразува длабока загриженост за еколошката катастрофа што го погоди главниот град по избувнувањето на пожарот во Трубарево, додека министерот за животна средина, Изет Меџити, остана невидлив и неодговорен пред кризата, стои во соопштението на ДУИ кое МИА го пренесува интегрално:  Во моментите кога Скопје беше обвиено со токсични облаци, со мирис […]

СДСМ: Власта раскажува приказни за пожарите во депониите, време е за одговорност


СДСМ обвини дека Македонија има неспособна власт која раскажува приказни додека горат депонии и фабрики, а граѓаните ја плаќаат цената со сопственото здравје. -Над 500 илјади жители на Скопје и околината се гушат во отровен чад од пожарите во Трубарево, Дрисла и Вардариште, а власта се крие зад измислени приказни за „хибридни напади“. Додека граѓаните […]

Муртезани во Брисел на состанок на ГАК за владеење на правото


На покана на Данското претседателство со Советот на ЕУ, министерот за европски прашања, Орхан Муртезани, утре во Брисел ќе учествува на состанок на Советот за општи работи на Европската Унија (ГАК), кој ќе биде посветен на владеење на правото, соопшти неговиот кабинет. Ова е второ учество на министри од земји-кандидатки за членство во Унијата, заедно […]

Осумнаесет кандидати во трка за градоначалник на Скопје


Осумнаесет кандидати ќе влезат во трката за градоначалник на Скопје на претостојните локални избори доколку Државната изборна комисија (ДИК) ги потврди нивните кандидатски листи. Рокот за поднесување кандидатури истече на 13 септември на полноќ. ДИК соопшти дека до завршување на рокот за поднесување на кандидатски листи за градоначалници и совети на 80 општини и на […]

Одбележување на Меѓународниот ден на демократијата


Во Собранието денеска ќе биде одбележан Меѓународниот ден на демократијата, со одржување на едукативен семинар на тема: „Демократијата и Собранието“ за ученици од средните училишта. На отворањето на настанот ќе се обратат Антонијо Милошоски, потпретседател на Собранието, Марина Димовска, генерална секретарка на Собранието и Михал Харари, заменик-амбасадор на Швајцарската Конфедерација. На тема „Политичка писменост, демократија […]

ДУИ: Архитектот Мишел Ројкинд и Бујар Османи ја презентираа „Визија Чаир 2040“


Мексиканскиот архитект со глобална слава, Мишел Ројкинд, го стави Чаир во редот на своите урбани визии, заедно со Мексико сити и низа други градови низ светот. Во партнерство со кандидатот за градоначалник Бујар Османи, денес ја претстави „Визија Чаир 2040“, стратешки план за целосна урбанистичка преродба, стои во соопштението од ДУИ. Османи откри дека идејата […]

ВМРО-ДПМНЕ: Филипче бара граѓаните да седат дома, а со Герасимовски се забавува на партиски концерти


ВМРО-ДПМНЕ реагираше на изјавата на лидерот на СДСМ Венко Филипче во врска со молкот на институциите за пожарот во Трубарево и неговиот повик граѓаните во овој дел на градот да останат дома и да не излегуваат. „Додека Венко Филипче преку социјалните мрежи наводно драматично ги повикуваше граѓаните на Трубарево и пошироко во Скопје да седат […]

Пратеничката Мојсоска кандидат на Левица за градоначалник на Струга, партијата ги соопшти и имињата за Тетово и Гостивар


Со особена чест и одговорност најавуваме дека во општините Тетово, Гостивар и Струга, Левица е единствената  парламентарна партија од македонскиот политички блок која излегува со сопствени кандидати за градоначалници, наведува Левица во соопштение.  Во Општина Струга, кандидат за градоначалник е актуелната пратеничка во Собранието на Република Македонија, Јована Мојсоска – дипломирана на Факултетот за безбедност […]