Локални избори 2025: ДИК ќе ги објави описите на 3.480 избирачки места


Државната изборна комисија (ДИК) попладнево на својата веб – страна ќе ги објави описите на 3480 избирачки места за Локалните избори 2025 закажани за 19 октомври 2025. Општинските изборни комисии (ОИК) исто така ќе ги објават описите на избирачките места.  Како што беше нагласено на денешната 135. седница на ДИК, од понеделник започнува обуката на […]

СДСМ: ФК Вардар не заслужува да го преставува Миленко, ширач на омраза и навреди


СДСМ бара разрешување на Миленко Неделковски од ФК Вардар поради навредите кон жените изкажани на социјалните мрежи. -Во денови кога Македонија е потресена од грозоморни случаи на фемицид, кога растат насилствата и убиствата врз жени поради неспособноста на институциите, Миленко Неделковски, пуленот на ВМРО-ДПМНЕ, јавно изнесува навреди и омаловажувања кон жените, посочува СДСМ во соопштение […]

Мицкоски се амнестира: Јавната администрација нема повеќе да биде партиски плен!


Денес сме собрани со исклучително важна цел – да потврдиме дека реформите не се само зборови во програма, туку дела што се гледаат и чувствуваат. Нема модерна држава без модерна администрација. Нема напредна економија без функционален јавен сектор. Нема доверба во институциите без професионални, одговорни и мотивирани службеници, порача Христијан Мицкоски, претседател на Владата денес […]

Каранфилова Пановска: Владата на ВМРО-ДПМНЕ е директно одговорна за еколошкиот хаос во Вардариште и Дрисла


Серијата пожари во депониите Вардариште и Дрисла, што предизвикаа  загадување на воздухот во Скопје, претставуваат сериозен екоцид за кој директна одговорност носат институциите раководени од ВМРО-ДПМНЕ, обвини заменик претседателката на СДСМ, Фани Каранфилова-Пановска, во емисијата 24 Анализа на ТВ24. „Управувањето со Дрисла и Вардариште е надлежност и на општините, и на Градот Скопје, и на централната […]

Милошоски: Пожарите не се случајни, МВР успешно ја врши својата работа, сторителите ќе одговараат за своето дело


  Во емисијата 24 Анализа гостуваше пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски, кој истакна дека пожарите не се случајност со оглед на тоа што директорот на Дрисла е од ДУИ и смета дека овие намерно предизвикани пожари се со цел да се предизвика страв и паника кај граѓаните и да одредени поединци постигнат политички […]

СДСМ бара одговорност, независна истрага и конкретни чекори за да нема нови фемициди


По уште еден трагичен фемицид, овојпат во Велес, каде Росица, жена која со месеци живеела во страв и неколкукратно го пријавувала насилникот, е брутално убиена, СДСМ бара итна оставка од Тошковски и кривична одговорност за секој кој со своето непостапување придонел за ова брутално убиство, се наведува во партиското соопштение.  Од СДСМ велат дека како […]

СДСМ ќе поднесе кривична пријава за „морбидната кампања“ на ВМРО-ДПМНЕ


СДСМ најави дека ќе поднесе кривична пријава за „морбидната кампања“ на ВМРО-ДПМНЕ во која тврди дека сајт зад кој стои оваа опозициска партија објавил фотографија од премиерот напрскан со крв и тврдејќи дека се повикува на негово убиство.  -Патетеична и разочарувачка е кампањата на ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски кои се обидуваат да се претстават како […]

Филипче: Жално е што Владата воопшто не ги спроведува реформите за ЕУ


Жално е што реформите за ЕУ интеграциите Владата воопшто не ги спроведува. Да го искористиме времето и искуството на другите земји, за да исчекориме напред и да покажеме резултати во преговорите за членство во Европската Унија, порача претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и претседавач со Националниот совет за евроинтеграции,  Венко Филипче.   На денешната […]

Дрисла го нападна ВМРО-ДПМНЕ со негово соопштение


Препишувајќи го соопштението од ВМРО-ДПМНЕ и менувајќи ги имињата и партиите наведени во него, депонијата Дрисла денеска испрати реакција на тврдењата од владеечката партија дека „дури и врапчињата знаат дека со Дрисла раководи ДУИ“. Оттаму како виновник за хаосот со ѓубрето во Скопје го посочија Даме Димитровски, кој е претседател на Управниот одбор на Дрисла. „Бидејќи […]

Левица: Со поддршка на необалистот Касами ДПМНЕ ги брани македонските интереси во Тетово?


Пратеничката од Левица, Јована Мојсоска, реагираше на Фејсбук на обвинувањата од ВЛЕН дека нејзината партија има политички договор со ДУИ. иако се продава како албанофобна.    -Изјава на (вмровскиот) кандидат за градоначалник на Тетово, Билал Касами: ,,Да ја направиме Македонија ВТОРА АЛБАНСКА ДРЖАВА”.   И  овие од Вреди обвинуваат дека Левица е албанофобна?! Левица ниту […]

Мицкоски и Тошкоски ставени на фото со крвави лица


ВМРО-ДПМНЕ реагира на, како што велат,  срамниот, злонамерен и монструозен обид за политичка злоупотреба на трагичните настани во Кочани преку дистрибуција на фотомонтажи и лажни обвинувања кон претседателот на Владата и други функционери. „Овие содржини беа објавени на интернет страницата ubijcitenakocani.com. Според јавниот WHOIS-извештај објавен на whois-страницата, доменот е регистриран вчера, на 16.9.2025 година. Од […]

Муцунски ги пречека фудбалерите на Престон Лајонс: Тие се гордост на македонската заедница во Австралија


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски синоќа им посака добредојде на фудбалскиот клуб од Австралија – Престон Лајонс кои вчера пристигнаа во Скопје. Како што посочи Муцунски во објавата на Фејсбук, тој вели дека во Скопје имал чест, веднаш по слетувањето, да го пречека тимот на Престон Лајонс, за кој истакна дека се промотори […]

ВЛЕН тврди дека ДУИ прави зделки со Левица


  Коалицијата ВЛЕН га обвини Демократската унија за интеграција (ДУИ) за „најтемниот политички пазар досега“ – тајна соработка со партијата Левица, со цел спречување на победата на нивниот кандидат за градоначалник на Струга, Менди Ќира.   Според ВЛЕН, „договорот“ бил испланиран од пратеникот Кренар Лога, пратеник и висок функционер на ДУИ, во договор со лидерот […]

ЕУ е загрижена за владеењето на правото во Македонија и земјите од регионот


Европската Унија (ЕУ) останува загрижена за владеењето на правото во земјите-кандидатки, иако има опиплив напредок во оваа област, изјави европската комесарка за проширување Марта Кос на 16 септември. „Продолжува мешањето во судските постапки, притисокот врз службените лица кои истражуваат корупција и политизацијата на медиумските регулаторни тела, што е неприфатливо“, рече Кос пред новинарите на конференцијата […]

Правилникот на ДИК за собирање потписи за кандидатските листи за локалните избори пред Уставен суд


 На денешната седница на Уставниот суд  ќе се дискутира по предметот во кој е оспорен Правилникот за регулирање на постапката за собирање потписи за поддршка на кандидатските листи поднесени од група избирачи и начинот на определување на нотарите, за локалните избори 2025 година, донесен на 17 август годинава од Државната изборна комисија. Подносители на иницијативата […]

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вечерва е меѓу граѓаните во Свети Николе од каде испраќа силна порака за иднината на државата и за претстојните локални избори, се вели во соопштението од СДСМ, што МИА го пренесува интегрално. „На што сведочиме? Сведоци сме секој ден на хаос во институциите, на тотална партизација, на селективна правда, на […]

Левица за ВМРО-ДПМНЕ: Тоа ли е вашата визија за „Горда Македонија“- да гласаме за Касами!


Со искрено неверување ги следиме бламирачките изјави на Мицкоски и ДПМНЕ по повод кандидатурите на Левица за градоначалници во Тетово, Гостивар и Струга, соопштија денеска од Левица по однос на изјавите на премиерот Мицкоски дека Левица одработува за ДУИ. – Од патетични флоскули за „горда Македонија“ паднавте на ниво да напаѓате партија која единствена има […]

СДСМ: Мицкоски не е само неспособен туку и опасен!


СДСМ реагира дека во изминатите неколку месеци јавноста е сведок на бројни манипулативни изјави на премиерот Христијан Мицкоски, почнувајќи од последната изјава, дека странски центри на моќ и хибридни напади стојат зад пожарите во Македонија која сериозно ги загрижи граѓаните и ја потресе безбедноста во земјата. -Наместо докази, издржани информации и активирање на сите безбедносни […]

Кос го впери прстот во балканските лидерите


Раководствата на земјите кандидати за членство во ЕУ ја имаат една од клучните улоги во пристапниот процес, изјави денеска во Брисел еврокомесарката Марта Кос пред почетокот на шестата Пристапна конференција Албанија-ЕУ. – Ако лидерите манифестираат вистинска проевропска ориентација, тогаш и граѓаните имаат чувство дека нивната држава се движи во вистинска насока, изјави Кос. Според неа, […]

СДСМ бара Мицкоски да одговара за ширење страв и паника


  СДСМ преку соопштение побара премиерот Христијан Мицкоски да одговара за ширење страв и паника оценувајжи дека за да си го спаси рејтингот, како ниету еден премиер досега, ги злоупотребил институциите и безбедносната состојба . „Министериот Панче Тошковски во интервју за ‘360 сетепени’ призна дека нема осомничени дека одреден центар на моќ влијаел да се […]