Филипче: Резолуцијата на СДСМ е најпатриотскиот документ што некогаш бил поднесен, власта да не го одбива


Лидерот на СДСМ Венко Филипче упати критика кон власта за тоа што го запира европскиот пат на државата и ја одбива резолуцијата за национален консензус околу евроинтеграциите… Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, на регионалната конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“ во организација на Прогрес Институт со поддршка на Олоф Палме, […]

Филипче: Тотална дипломатска изолација на државните претставници во ОН, се губи меѓународната позиција на земјата


Претседателот на СДСМ Венко Филипче, на денешната регионална конференција „Еден регион. Една визија. Една иднина“, во организација на Институтот Прогрес, истакна дека под водство на актуелната власт, се случува досега невиден дипломатски дебакл. -Тотална дипломатска изолација на состанокот во ОН, претседателката се среќава со најниско рангираниот дипломат од Соединетите Американски држави. Ваков дебакл дипломатијата до […]

Муцунски на маргините на Генералното собрание на ОН на работен ручек со шефовите на дипломатиите од ЦЕИ


Министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски на маргините на 80. Генерално собрание на ОН во Њујорк учествувал на работниот ручек на министрите за надворешни работи на земјите од Централноевропската иницијатива (ЦЕИ), во рамки на српското претседавање. Како што објави Муцунски на својот Фејсбук профил, фокусот бил ставен на проширувањето на ЕУ во […]

Мицкоски: Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени, прифаќам само македонски црвени линии


Без гаранции не ми паѓа на памет да размислувам за уставни измени. Нашата позиција е јасна, ние не ги игнорираме обврските што претходната влада на СДСМ ги прифатила, за жал, но исто така не гледаме дека нашиот истоичен сосед прави нешто во насока на испорака на своите обврски. Очекуваме поробусна акција од ЕУ и кај […]

Беспредметна првата точка на Комисијата со Бугарија – македонската страна го претставила новиот учебник за VII одделение


 Заедничката мултидисциплинарна експертска комисија за историски и образовни прашања вчера и денеска во Софија ја одржа 37. средба, на која, како што информираат од македонскиот тим, македонската страна во Комисијата ја претставила новата реалност во историското образование во Македонија, при што на бугарската страна ѝ го доставила новиот учебник по Историја за VII одделение. -Средбата […]

Сиљановска: Не е лошо во овие чудни времиња да имате пријател некој кој е „the great“


Претседателката Гордана  Сиљановска – Давкова, обраќајќи се на нашинците кои присуствуваа на одбележувањето на 30-годишнината од воспоставувањето дипломатски односи со САД им порача дека ќе направи се – да бидеме заедно и кога сме одвоени. Таа им препорача да останат сплотени, да не ги пренесуваат делбите, но и да не создаваат делби надвор. – Секогаш […]

Апасиев: Не можете да спречите пролет, дури и да ги искорнете сите кокичиња!


Лидерот на Левица, Димитар Апасиев  ја нарече „скандалозно и досега невидено однесување на органите на власта“ спрема една парламентарна и регистрирана политичка партија одлуката за прв пат во историјата на независна Македонија само на Левица да и е забрането политичко претставување, односно платено рекламирање во приватните медиуми.   „Скандалот да е уште поголем – не […]

Сиљановска се сретна со шефот на Бирото за европски прашања во Стејт Департментот


Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова оствари исклучително корисна средба со Брендан Ханрахан, шеф на Бирото за европски и евроазиски прашања во американскиот Стејт Департмент на којашто се разменија ставови за повеќе актуелни прашања коишто се од заемен интерес. На средбата, Сиљановска-Давкова заедно со министерот за надворешни работи и надворешна трговија Тимчо Муцунски и министерот за eвропски прашања […]

„Сите за Палестина“ со писмо до Сиљановска: Молкот за геноцидот е срам за меѓународната репутација на Македонија


Иницијативата „Сите за Палестина“ реагира на изјавите на македонските преставници на Генералното собрание на Обединети Нации каде што присуствуваа на маргинални настани и избегнуваа да бидат дел од главната тема, Палестина. Реакцијата тие ја упатија до претседателката Гордана Сиљановска Давкова порачувајќи дека молкот и и неодлучноста се  срам за меѓународната репутација на Македонија, инаку актуелна […]

СДСМ: Кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ дел од шумската мафија?!


СДСМ се надоврза денес на медиумски информации дека кандидатот за градоначалник на Виница од ВМРО-ДПМНЕ е дел од шумската мафија во државата. „За огромен криминал во Малешевијата уапсени беа 15 лица, меѓу нив и директори, полициски началници и шумски полицајци, осомничени за злосторничко здружување и пустошење на шуми со штета од над 100 милиони евра. […]

Филипче: За кого работи министерот за здравство со советници од приватни болници?


Во главниот советнички тим на министерот за здравство има лекари од приватни болници, рече денеска од Струмица лидерот на Социјалдемократски сојуз (СДСМ), Венко Филипче, коментирајќи ја состојбата во ресорот со кој тој раководеше во минатата влада. Поради тоа упати прашање до актуелниот министер за здравство Азир Алиу – за кого крои политики, за доброто на […]

Мицкоски: После локалните избори ќе предложиме резолуција – за подлога ќе се искористи онаа на Филипче


 Претседателот на Владата и претседател на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вечерва изјави дека по завршувањето на локалните избори во Собранието ќе предложат македонска резолуција која што ќе има за цел да ги штити македонските национални интереси. Мицкоски изнесе повеќе забелешки за предложената резолуција на СДСМ, наведувајќи дека она што му паднало во очи во преамбулата е […]

ЗНАМ ја нарече Левица „алчна за пари“ откако остана единствена и без пари и без право да се рекламира


ЗНАМ излезе со реакција за поплаките на Левица дека ќе биде прва партија во Македонија на која и било забрането да се рекламира на изборите на националчните телевизии и што ќе остане без пари  за тоа. Откако е најдено решение за нив и тие ќе земат пари од буџетот за изборите, ЗНАМ  и префрлаат на […]

Сиљановска пред Генералното собрание на ОН: Сакаме да се интегрираме во ЕУ, но без дополнителни услови


Пред голем испит сме: или ќе го гарантираме меѓународниот поредок врз визионерски принципи или ќе итаме кон катастрофа со несогледливи размери за човештвото, истакна претседателката Гордана Сиљановска – Давкова обраќајќи се денеска на 80. Сесија на Генералното собрание на Обединетите Нации во Њујорк. –  Пред наши очи започнува нова геополитичка ера. Наместо заедно да одговориме […]

Сиљановска од ОН: Mакедонски млади се уморни од чекање на европска иднина


Претседателката Гордана Сиљановска – Давкова денеска, пред обраќањето на Генералното собрание на ОН во Њујорк, се обрати на пленарната сесија посветена на 30-годишнината од Светската програма за млади. Како што јави известувачот на МИА, Сиљановска – Давкова истакна дека ниту една земја, ниту еден регион не може да напредува ако ги занемарува младите.  –  Затоа […]

ГРОМ за одлуката да се дискриминира Левица: Одиме кон тоталитаризам


  Граѓанската опција за Македонија е згрозена од последната одлука на АВМУ да политичката партија Левица биде исклучена од покривање на трошоците за медиуми во кампањата за локалните избори. – стои во соопштението до медиумите на партијата ГРОМ Имајќи во предвид дека Левица е значајна парламентарна и опозициона политичка партија, да се исклучи од рекламниот […]

Муцунски на вечера организирана од Рубио


На покана на Државниот секретар на САД, Марко Рубио, министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски, во рамки на 80. Генерално собрание на Обединетите Нации во Њујорк, присуствуваше на традиционалната Трансатлантска вечера. На настанот учествуваа министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и Европската Унија, при што беше реафирмирана заедничката определба […]

Филипче ги објави „црвените линии“ за ЕУ – до 10 февруари да завршат уставните измени


Владата и сите институции доследно да се придржуваат кон определбата за безусловно почитување на јазичните, идентитетските, историските и културните особености на македонскиот народ, како елементи за кои не се преговара со ЕУ. Македонија да порача дека е подготвена да ги исполни обврските од Преговарачката рамка со ЕУ, вклучувајќи ги и уставните измени, но со јасна […]

Мерко се одмаздува на ДУИ, даде поддршка за независните


Уште еден голем раскол во Националната алијанса за интеграција во Струга. Овој пат, актуелниот градоначалник на Струга, Рамиз Мерко, отворено се изјасни за поддршка на независната листа за Советот на Струга, со што му го сврте грбот на лидерот на ДУИ, Али Ахмети. „Цврсто ја поддржувам независната листа за Советот на Струга. Овие поединци покажаа […]

Николоски: Со Грција може да станеме најдобри економски партнери во регионот


Ако дадеме еден политички импулс, мислам дека соработката со Грција ќе оди многу нагоре и дека можеме навистина да имаме одлична економска соработка и дефинитивно да станеме најдобри економски партнери во регионот, затоа што го имаме тоа како можност, нагласува заменик – претседателот на Владата и министер за транспорт Александар Николоски во интервју за МИА […]