Филипче за кампањата на ВМРО-ДПМНЕ: Лаги,клевети и измислици, немаме никаква коалиција со ДУИ и Левица


  Ние ќе водиме позитивна кампања, ќе ги промовираме сите позитивни работи, проекти коишто се имплементирани од страна на нашите градоначалници, изјави претседателот на СДСМ, Венко Филипче на денешната прес-конференција во Општина Центар, каде што одговараше на новинарски прашања каква кампања очекува. Но, Филипче посочи дека силно ќе ги критикуваат и тоа  аргументирано лошите политики […]

Филипче за трагедијата Кочани: Власта направи се за да ги заштити свои функционери


Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, смета дека изминатиот период актуелната власт направила се за да ги заштити своите функционери за да не бидат опфатени во случајот со пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, каде што починаа 62 лица, а околу 200 беа повредени. На новинарското прашање за новите сознанија кои вчера беа објавени од страна […]

Бујар Османи ја претстави изборната програма: 2500 паркинг места, ново комунално претпријатие и одлучна борба против корупцијата


Кандидатот за градоначалник на Чаир, Бујар Османи, ја претстави својата изборна програма со јасно дефинирани приоритети, ургентни и долгорочни, и порача дека промената е неопходна и мора да започне веднаш. „Оттука нашите приоритети се прво во мобилноста во Чаир, бидејќи сметам дека тоа е основниот предуслов за останатите функции: 2500 нови паркинг места, ново комунално […]

Фотографиите со Трамп и Меланија мета на потсмев во целиот свет: Белата Куќа ги фотошопирала светските лидери?


По Генералното собрание на Обединетите нации неколку светски лидери се најдоа во центарот на вирална контроверзност: фотографиите на кои наводно се гледаат заедно со претседателот Доналд Трамп и првата дама Меланија на вечера организирана во Белата куќа се примени само акко незгодни средби со она што изгледаат како восочни фигури од Мадам Тисо, пишува порталот […]

Орце Ѓорѓиевски ветува: Кај мене ќе се вреднува работата, без оглед кој од која партија доаѓа


Сите вработувања ќе бидат според заслугите, и партиските членови ќе мораат да работат, дивоградбите нема да се толерираат и ќе се бара Градот Скопје да има градежна инспекција, нема да се бара алиби во (не)надлежноста, тимот на градоначалникот ќе работи про боно и нема да ги чини ништо граѓаните, главна цел ќе биде хуманизацијата на […]

Сиљановска – Давкова од Детроит: Мораме да си ги задржиме врските во дијаспората, на тој начин опстојуваме


Ние мораме да си ги задржиме врските, да бидеме во постојана комуникација, мораме да си ја повратиме дијаспората, а тоа ќе го сториме преку набрзо формирање на советот за дијаспора, со регистар на луѓето, им порача претседателката Сиљановска – Давкова на македонските иселеници во Детроит при посетата на црквата „Света Богородица“. – Посакувам да бидеме […]

Делегација на Уставниот суд на Турција во посета на земјава, ќе се одржи и свечено отворање на сала за одржување седници и презентација на нова опрема


Делегација на Уставниот суд на Република Турција, предводена од претседателот Кадир Озкаја, денеска ќе оствари официјална посета на Република Северна Македонија и билатерална средба со претседателот Дарко Костадиновски и судиите на Уставниот суд на државава. Како што информираат од Уставниот суд, во рамки на посетата, ќе се одржи свечено отворање на салата за одржување на […]

ВМРО-ДПМНЕ му врати на ДУИ: Вие не сте орли туку врапчиња!


Владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ упати остра критика кон лидерот на ДУИ, Али Ахмети, и неговата партија, обвинувајќи ги за криминал, корупција и политички манипулации. Од партијата порачаа дека ДУИ не е партија на орли, туку на врапчиња, најавувајќи дека на претстојните избори граѓаните ќе им пресудат. „Имаме порака до Али Ахмети: не си ти орел, туку […]

Ахмети до Мицкоски: Со кучиња не се ловат орли


Лидерот на ДУИ, која ја предводи Националната алијанса за интеграција (НАИ), на денешната промотивна конвенција порача дека Рамковниот договор е суштински документ за мирот и стабилноста во земјата и оти мора да се почитува од сите политички страни.Тој истакна дека во изминатите две децении, во соработка со САД, ЕУ и со НАТО, се работело на […]

Левица: Мицкоски ги нарекува лешинари сите што бараат правда, а го наштима предметот за Кочани


Левица смета дека Објавените разговори во сторијата на ИРЛ уште еднаш ја потврдиле мафијашката спрега меѓу ВМРО-ДПМНЕ, институциите и криминалот.Додека Христијан Мицкоски ги нарекува „лешинари“ сите оние кои бараат правда – неговата власт го наштима предметот за најголемата трагедија во поновата историја на Македонија, соопштија од Левица. -Додека лицемерно го обвинува судството и обвинителството за […]

Филипче ги повика заблудените од ЗНАМ да се вратат


СДСМ Венко Филипче истрапи порака со сопартијците кои на минатите избори гласаа за ЗНАМ. -Сакам да им порачам нешто што повеќето од нив го знаат и чувствуваат. ЗНАМ длабоко ве изневери. Наместо борба и коректори на власта, станаа декор во Владата за лични интереси. Молчат и одработуваат. Наместо отпор, покажаа целосна сервилност кон ВМРО-ДПМНЕ. Затоа […]

ВЛЕН: Али Ахмети е бизнис кум на Мијалков и Вучиќ


ВЛЕН тврди дека компанијата “АС Сењак“, во сопственост на близок роднина на Али Ахмети,  продавала акции во Стопанска банка – Битола на Алта банка од Белград, банка која е директно поврзана со режимот на Александар Вучиќ. Оваа продажба се случила на 17 септември годинава, односно пред десет дена. Ова, според ВЛЕН,  е доказ дека семејството […]

Филипче: Апсолутна власт на ВМРО-ДПМНЕ е најопасно нешто за државата


На денешната конвенција на СДСМ, претседателот на партијата Венко Филипче порача дека како партија не ветуваат спектакли, не нудат лаги и шарени програми, туку остварливи, реални програми и служба во интерес на граѓаните. СДСМ Според него, Македонија во моментов нема подобри кандидати од оние на СДСМ, додавајќи дека станува збор за професионалци во своите области […]

Адеми: Каде завршија 250 милиони евра од унгарскиот кредит, Албанците надвор од листата на корисници


 Национална алијанса за интеграција ја изразува својата најдлабока индигнација кон дискриминаторските политики на оваа влада, која според нив не само што не ги почитува колективните права на Албанците, туку ги исклучува и од економскиот развој на земјата. -Фактите се шокантни: 250 милиони евра државно субвенционирани кредити се распределени за македонски компании, додека албанските компании добиле […]

Јакимовски: Карпош не е кафана, ниту ќе биде експеримент


 Карпош е сериозна општина и народот тоа го знае. Народот е со мене, а вистината ќе ги стигне и нив, се вели во соопштението од ГРОМ од актуелниот и кандидат за градоначалник на Карпош Стевчо Јакимовски. -Кога ВМРО-ДПМНЕ нема аргументи, тогаш пуштаат соопштенија со лаги и навреди. А најиронично од сè е што во Карпош […]

Кондарко: Во интерес на сите е изборите да поминат во најдобра демократска атмосфера


 Во интерес на сите е изборите да поминат во најдобра демократска атмосфера. Вообичаено е да има и зголемување на интензитетот на изборната кампања, навикнати сме, но сепак тоа да биде во некои прифатливи демократски рамки кои ќе остават позитивен впечаток за целиот изборен процес, вели во интервју за МИА претседателот на Државната изборна комисија (ДИК) […]

Сиљановска не знае зошто е претседателка – бара помош од дијаспората за иселувањето од Македонија


  Дијаспората мора да биде рамноправен партнер во градењето на Македонија како пристојно место за живот каде младите ќе остануваат и каде вие, иселениците, ќе ја остварите вашата потрага по среќа, рече претседателката Гордана Сиљановска – Давкова на гала-вечерата организирана од страна на Обединетата македонска дијаспора – ОМД во Детроит, во рамки на работната посета […]

Сиљановска: Фотографијата со претседателот Трамп и неговата сопруга е автентична


 Фотографијата објавена на моите официјални профили на социјалните мрежи, на којашто сум заедно со претседателот на САД, Доналд Трамп, е автентична и направена во Њујорк за време на свечениот традиционален прием организиран од претседателот Трамп и неговата сопруга, Меланија Трамп, реагираше претседателката на државата Гордана Силјановска – Давкова. – Написите на одредени медиуми дека станува […]

Филипче: Ѓубрето во Скопје е исклучиво одговорност на ВМРО-ДПМНЕ


Претседателот на Сoцијалдемократскиот сојуз на Македонија, д-р Венко Филипче, во одговор на новинарски прашања поврзаниза хаосот со ѓубрето, запуштените улици и урбаната запоставеност на градот, Филипче директно ја посочи одговорноста кон ВМРО ДПМНЕ. „Еве, 90% од општините во Скопје, вклучувајќи и градот Скопје, се раководени од ВМРО-ДПМНЕ во изминатите 4 години. Па гледајте во каков […]

Мицкоски со порака до кандидатите за градоначалници: Кампањата не смее да биде театар на празни ветувања, вашиот мандат е договор со граѓаните


 Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидатите за градоначалници на ВМРО-ДПМНЕ што се одржа во Штип, порача дека почнува нова изборна кампања и таа не треба да биде театар на празни ветувања, туку дека мандатот на градоначалниците е договор со граѓаните. Мицкоски нагласи дека очекувањата секогаш се високи и оти народот очекува […]