Мицкоски кокетира со идејата за предвремени парламентарни избори


Премиерот Христијан Мицкоски денеска во Струмица изјави дека по очекуваната победа на ВМРО-ДПМНЕ на локалните избори, логично би било да се размислува за можноста за предвремени парламентарни избори и нов четиригодишен мандат, но, како што посочи, за таа одлука ќе се водат не од политичкиот туку од интересот на државата. „Очекувам по овие локални избори […]

Зошто Мицкоски во Тетово јавно не го поддржа Билал Касами?


  Држејќи се стриктно до говорите што му беа напишани, со рамен глас, како на предавања, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, синоќа за време на двете предизборни обраќања во Гостивар и Тетово направи една дистинкција спрема кандидатите на ВЛЕН („Вреди“) во овие два града. Во нив (како и во Струга) ВМРО-ДПМНЕ не предложи свои кандидати […]

Судот одбил дел од тужбата на Левица против АВМУ


Основниот граѓански суд Скопје, на 3 октомври донел Решение со кое како неоснован го одби предлогот од тужбата на политичката партија Левица против Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) за издавање привремена мерка со која на АВМУ ќе ѝ се забрани: до комерцијалните медиуми да го достави Упатството за радиодифузерите за локалните избори […]

За ДУИ нападот на Шахини е обид за атентат, бараат од МВР да не го релативизира


Длабоко сме загрижени и потресени од вооружениот напад врз нашиот кандидат и носител на советничката листа во Општина Липково, д-р Зеќирија Шахини, кој беше застрелан од маскирано лице и ранет. За среќа, неговиот живот е надвор од опасност, но самиот факт што во сред изборна кампања се случува ваков атентат претставува сериозен аларм за демократијата, […]

Панчо Минов бил носител на листа за изборите – ДИК ќе одлучува што ќе биде со гласачкото ливче


Поранешниот градоначалник на Кавадарци, Панчо Минов, кој почина денеска, беше носител на независна листа за Локалните избори 2025 Панчо Минов. Од Општинската изборна комисија Кавадарци информираат дека утрово добиле информација дека Минов починал за што ќе ја известат Државната изборна комисија. – Утрово добивме потврдена информација. Сега ние ќе известиме до Државна изборна комисија. Има […]

ДУИ ја паузираат кампањата поради нападот на нивниот кандидат во Липково


ДУИ ги стопира сите денешни активности по вооружениот напад врз нивниот кандидат во Липково. Од партијата велат дека одлуката е знак на солидарност и протест, сè додека институциите не преземат конкретни мерки за враќање на довербата и безбедноста. Тие упатија и апел до поддржувачите да останат смирени и да не подлегнуваат на провокации. Кандидатот и […]

СДСМ: Уште колку луѓе треба да настрадаат за Панче Тошковски да почувствува одговорност?


Министерот Панче Тошковски без око да му трепне јавно соопшти дека не чувствува никаква одговорност за колапсот на безбедносниот систем и фактот што на улиците се пука како да сме Див Запад, регира СДСМ на пораката од министерот дека нема намера да дава оставка и дека барањето на опозицијата било хистерично.   -Последиците од партизацијата […]

Муцунски на министерски состанок во рамки на Берлинскиот процес


Денеска и утре во Белфаст ќе се одржи состанок на министрите за надворешни работи во рамки на Берлинскиот процес, на кој ќе учествува министерот за надворешни работи и надворешна трговија, Тимчо Муцунски. Министрите ќе дискутираат за прашања поврзани со европската безбедност, помирувањето, регионалната и европската интеграција, како и за справувањето со нелегалната миграција, во контекст […]

Тошковски не дава оставка, барањата на СДСМ ги нарече хистерија


Министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, преку објава на Фејсбук реагира на, како што вели, „очајните, неосновани и политички мотивирани напади“ од СДСМ, наведувајќи дека преку постојани барања за негова оставка се обидуваат да го прикријат сопствениот неуспех и стравот од одговорност.  -Во последните денови сме сведоци на уште еден бран од очајни, неосновани и […]

Филипче: Македонија не е вилает на Мицкоски


  Социјалдемократите денеска беа на митинзи во Дојран и Гевгелија и повикаа „доста е од лаги, доста е од ароганција, доста е од власт која се грижи само за себе“. Од гевгелија лидерот на СДСМ, Венко Филипче, му порача на премиерот Христијан Мицкоски: „Македонија не е твој експеримент ниту твој вилает. Македонија е нашата татковина, […]

ВМРО-ДПМНЕ нема кандидат за Гостивар, но ја нападна Левица дека има


  Има многу гротескни настани во кампањата за локалните избори. Еден од најгротескните  се случи денеска во Гостивар кога пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска, го обвини лидерот на на Левица, Димитар Апасиев, дека одработувал за туѓи агенди затоа што партијата имала свој кандидат за градоначалник за Гостивар. Карванот на ВМРО-ДПМНЕ вечерва беше во Гостивар, каде […]

Во пукотницата во Куманово ранет е д-р Зекирја Шаини, носител на советничката листа на ДУИ во Липково


  Во денешната пукотница во Куманово ранет е д-р Зекирја Шаини од Слупчане, носител на Листата за советници на ДУИ во Општина Липково. Шахини е пулмолог на Клиниката за пулмологија во Скопје. Тој бил застрелан со два до три куршуми во близина на зградата на Фондот за пензиско осигурување, по што веднаш е пренесен во […]

Во Битола и власта и опозицијата со иста понуда и ветувања  


  БИТОЛА –  Од анонимуси до веќе видени лица, од аџамии до стогодишни, од уки и неуки, до фамилијарни и колегијални листи и какви не уште споредби може да се направат за кандидатите за градоначалници и советници за претстојните локални избори во Битола. Едно е највпечатливо за оваа изборна кампања во Битола, а тоа е […]

Темите за националниот идентитет доминираат на локалните избори: Извештај на ОБСЕ


  Локалните избори во Македонија, закажани за 19 октомври, ќе се одржат во општествен и политички контекст што останува длабоко поларизиран, оценува Канцеларијата на ОБСЕ за демократски институции и човекови права (ОДИХР) во својот преоден извештај објавен на 3 октомври. Според Мисијата за набљудување на изборите (МНИ), недовербата во институциите, перцепцијата за раширена корупција и […]

Мицкоски барал кандидат кој ќе биде добар за Кичево, а не за ВМРО-ДПМНЕ


Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски,  на денешниот народен митинг во Кичево, изјави вечерва дека кога размислувал кој да биде  кандидат за градоначалник на Кичево,  не размислувал кој ќе биде најдобар за ВМРО-ДПМНЕ, туку кој ќе биде најдобар за Кичевчани. „Кој може да се бори за сите вас, и за ВМРО-ДПМНЕ, но и за СДСМ, и […]

Муртезани: Предвремени избори нема да има, Беким Сали ќе биде прв вицепремиер


Предвремени парламентарни избори следната година нема да има, зашто нема никаква потреба за тоа, вели министерот за европски прашања и потпретседател на Алтернатива (дел од ВРЕДИ), Орхан Муртезани, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1. На прашање дали, сепак, има контекст којшто може да направи притисок и да ја принуди ВМРО-ДПМНЕ да се реши […]

ВМРО-ДПМНЕ предлага пион на олигархијата во Карпош, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, денеска попладнево беше на митинзи во скопските општини Центар и Карпош, каде што беа претставени кандидатите за градоначалници и советници. Тој во Центар рече дека ВМРО-ДПМНЕ зборува за загари и орли додека младите се селат. Филипче испрати порака дека жално е што зад црната кампања не се крие само […]

Мицкоски по изборите ќе правел ресет на системот: „Ќе ја допреме вистината“


  Иако неговата влада е на власт 15 месеци премиерот Христијан Мицкоски по локалните избори ќе правел „ресет на системот“. На митингот во Македонски Брод тој повторно го нападна судството. „Моментот што го чекале генерации е пред нас, време за ресет на системот, време да ги скршиме синџирите на неправдата и да изградиме држава на […]

Фон дер Лајен доаѓа во Скопје на четири дена пред изборите


  Доколку Урсула фон дер Лајен ги преживее двете гласања за недовероба (в четврток) за кои расправата во Европскиот парламент почна денеска попладнево од недела треба да тргне на турнеја по шесте земји на Западен Балкан. Нејзината турнеја треба да започне на 13 октомври, а во Скопје треба биде на 15 октомври, идната среда. Истиот […]

Левица возврати на ВМРО-ДПМНЕ: Ние не го пуштивме да избега Груби, не им амнестиравме криминали


Соочени со реалноста дека Левица е единственат реална закана за лагите и манипулациите на ДПМНЕ, СДС и ДУИ и нивните прикриени коалиции, Мицкоски сè поочајно ја замајуваат јавноста со измислици за наводна коалиција на Левица со ДУИ. Овие бесрамни лаги и манипулации се повторуваат на секој партиски митинг, со единствена цел, да се пренасочи вниманието […]