Мицкоски рече дека Лукровски ќе победел уште во првиот круг во Карпош, ВМРО-ДПМНЕ вели дека ќе има и втор круг


  Претседателот на партијата ги гледал анкетите и тврди дека во Карпош ќе имало само еден круг на изборите за градоначалник, додека неговата ВМРО-ДПМНЕ мисли поинаку – ќе имало и втор круг. Какофонија во изјавите на Христијан Мицкоски и претставниците на пратијата. Пред неколку дена, на митинг во скопската општина Карпош, Христијан Мицкоски, зборувајќи за […]

Филипче на средба со борците по повод 11 Октомври, НОБ е клучот за Македонија


  Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска во чест на 11 Октомври – Денот на народното востание, одржа средба со претставници од Сојузот на борци на НОАВМ.   Филипче го честиташе големиот македонски празник, го истакна аманетот на борбата и го посочи значењето и придонесот на НОБ и на Сојузот на борци во […]

Пендаровски: Мицкоски разбра дека „агентот што го следел бил од најмоќната тајна служба“


  Премиерот Христијан Мицкоски се излизга или беше наместен – така изјави поранешниот претседател Стево Пендаровски во поткастот „Политиканти“ околу наводната афера дека тој бил следен од агенти на тајната служба. Но не само тоа: објавувајќи ги кодните имиња „Цилиндар“ и „Џокер“ од собрансиската говорница, Пендаровски рече дека едниот е во највисокото раководство на ВМРО-ДПМНЕ, […]

На 11 Октомври Сиљановска повика на обединување и сплотеност


  Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во пораката до граѓаните за празникот 11 Октомври, Денот на востанието, повика обединетост и сплотеност, за зачувување на она што го наследивме. „Отпорот и антифашистичката борба на македонскиот народ, во време кога многу поголеми и посилни народи се придружија кон оската на злото, или се дистанцираа од војната, се доказ дека […]

Пендаровски: Не верувам дека би се повторила Шарената револуција


Јас немам намера да бидам вечно бивш претседател, но нема да се туркам некаде каде не ми е местото. Ако има потреба, ако некој побара помош, тоа го имам соопштено и на опозицијата, пред се на лидерот на СДСМ, јас сум достапен, истакна во гостување во поткастот „Политиканти“ на Инфомакс поранешниот претседател, Стево Пендаровски одговарајќи […]

Каде исчезна слоганот „Горда Македонија“ и гордоста, праша Филипче од Ѓорче Петров


  Вечерва од граѓанската трибина во Ѓорче Петров, претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче зборуваше за лагите и големите ветувања на ДПМНЕ дека граѓаните и Македонија ќе бидат горди. „Само година и половина подоцна никој не е горд“, рече тој. „Зошто немаат слоган ‘Горда Македонија’? Затоа што никој не е горд на урнисаниот животен стандард, на измамите […]

„Оската СДСМ-ДУИ-Левица сака да ја врати Македонија назад“, обвинува Мицкоски


  На денешните два митинзи во Дојран и Валандово претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ги нарече СДСМ, ДУИ и Левица „тројна оска“ која сакала да ја врати Mакедонија назад. Мицкоски во Дојран таа „тројна оска“ ја нарече полуформална коалиција. „На овие избори имаме две опции. Трета опција нема. Едната опција е една, полуформална, на моменти неформална, а […]

Директорот на Клиниката за неврологија зборува за „бело“. Веднаш е разрешен


  Откако на Икс се појави видео во кое директорот на Клиниката за неврологија, Игор Кузмановски (кадар на ВМРО-ДПМНЕ), разговара со друго лице за како најдобро да се конзумира дрога, тој е веднаш разрешен. Кузмановски на директорската позиција беше поставен во август годинава. Министерот за здравство, Азир Алиу веднаш го разрешил по објавувањето на видеото. […]

Орце Ѓорѓиевски отиде и во МАНУ, но како претседател на ЗЕЛС


  Кандидатот на ВМРО-ДПМНЕ за градоначалник на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, ја искористи функцијата претседател на ЗЕЛС да отиде на денешната конференција во МАНУ посветена на 58-годишнината од основањето на академија. Седеше во првиот ред. Немаше други функционери од властите. Во кампањата треба да се искористи секоја можност, па Ѓорѓиевски ја искористи и оваа. Во обраќањето, […]

Фон дер Лајен в среда во Скопје на средби со Сиљановска-Давкова, Мицкоски и Гаши


Претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен следната недела ќе ги посети партнерите на ЕУ од регионот на Западниот Балкан, во чии рамки в среда попладне ќе престојува во Скопје, соопшти денеска главната портпаролка на ЕК, Паула Пињо.  Пињо информира дека за време на престојот во Скопје, Фон дер Лајен ќе има одвоени средби […]

Последни седум дена од изборната кампања, партиите со ветувања за подобар живот на граѓаните


Изборната кампања влегува во последната фаза. Остануваат уште седум дена до изборниот молк пред изборите што ќе се одржат на 19 октомври. Изборните активности на партиите продолжуваат и денеска. Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ ќе биде во јужниот дел на државата со митинзи и средби со граѓани во Дојран, Валандово, Богданци и Гевгелија, а нивниот кандидат […]

Достоинството на лозарите е урнато, порача Филипче од Кавадарци


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на вечерашната трибина од Кавадарци потенцираше дека достоинството на земјоделците и лозарите е срушена поради неспособноста и погрешните политики на власта. „Тиквешијата страда од оваа власт. Ако има еден сектор кој беше урнат целосно во изминатата година, тоа е земјоделието. Неспособноста на Мицкоски и Трипуновски го урна достоинството на […]

Муцунски бара заеднички одговор со ЕУ за хибридните закани


Регионалната соработка, европските перспективи на земјите од Западен Балкан и заедничките безбедносни предизвици се главните теми на кои дискутираа министрите за надворешни работи во рамките на Берлинскиот процес, меѓу кои и македонскиот министер Тимчо Муцунски. На состанокот што се одржува во Белфаст, министерот Муцунски во своето обраќање ја нагласи потребата од заеднички одговор на современите […]

И според Управниот суд законска е дискриминацијата на Левица


И Граѓанскиот и Управниот суд ги отфрлија тужбите од политичката партија Левица против  Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги во врска со Упатството за радиодифузерите за локалните избори 2025, со кое партијата Левица го изгуби правото да добие време за рекламирање. „Управниот суд на седницата одржана на 6 октомври 2025 година, донесе решение со […]

Андонов: Функционерите се борат за службена картичка, тендери, секретарка и службен телефон


Оливер Андонов – професор на Воена академија, на панел дискусијата на ЦИВИЛ – Демократско назадување: Импликации и последици, научени лекции – заштита на демократијата, истакна дека студентите во Воената академија се водат со идејата „честитка – ѕвездичка“, односно да стигнат до офицер и потоа ќе станат клиенталисти. „Во партиите нема демократија, има назадување. Функционерите се […]

Апасиев ги повика граѓаните да ја тужат државата во Стразбур


Лидерот на Левица Димитар Апасиев ги повика граѓаните да ја тужат државата за урбаниот хаос бидејќи во Стразбур е донесена пресуда против ваквата практика на градење без мерка.   -Европскиот суд за човекови права во Стразбур вчера – во случајот Џорџевиќ vs Србија – утврдил повреда на “правото на приватност и сопственост” поради тоа што државните […]

ЗНАМ промовира прва ВИ-платформа за дијалог со граѓаните “Прашајте го градоначалникот со GPT“


Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика – „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“, со што се отвора ново поглавје во дигиталната демократија и политичката транспарентност во земјата. – Со оваа иновација, Движењето ЗНАМ овозможува директен и брз дијалог меѓу граѓаните и кандидатите за градоначалници на движењето. […]

И Стевчо Јакимовски и Сотир Лукровски најавуваат победа


Во време кога опозицијата ја пласира приказната дека „ВМРО-ДПМНЕ води во Карпош“, кандидатот Стевчо Јакимовски цврсто се држи до резултатите од својата работа и најавува убедлива победа уште во првиот круг. Јакимовски истакнува дека неговиот мандат зборува сам за себе, со реализирани проекти, инфраструктурни вложувања, чисти улици и грижа за животната средина. Неговата екипа потенцира […]

Максим е подизведувач на ВМРО-ДПМНЕ и со такви не дебатирам, вели Филипче


  Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, од Прилеп му одговори на Максим Димитриевски, лидерот на ЗНАМ. „Слушам Максим Димитриевски, пионот на Мицкоски, барал дуел со мене. Јас со предавници на социјалдемократската идеја и подизведувачи на ВМРО-ДПМНЕ не дебатирам“, рече Филипче. Претседателот на СДСМ нагласи дека „секој кој решил да ги предаде идеалите за функција не […]

Владиката Петар во Москва со патријархот Кирил се моли за победа на Русија во Украина


  Преспанско-пелагонискиот митрополит Петар, заедно со еден од неговите викарни епсикопи, Никола е во Русија и служат литургија со рускиот патријарх Кирил, пишува поратлот „Религија“. Литургијата, на која учествува и Антониј, шефот на руската црковна дипломатија и уште неколку други архиереи на Руската црква е во манастирот „Свети Сергеј Радоњишки“, на Сергеов посед, близу Москва. […]