„Дрисла“ нема ограда, имало три неуспешни обиди за потпалување


Полицијата ќе испитува дали вработени во „Дрисла“ или пак надворешни лица имаат удел во пожарот што веќе неколку дена гори на депонијата, најави денеска директорот на Дирекцијата за заштита и спасување и шеф на Главниот штаб за управување со кризи, Стојанче Ангелов. Тој информира дека до вечерва, а најдоцна утре ќе биде затрупана со земја […]

Шукова предлага формирање натпартиски стручен штаб за Дрисла, чадот е закана за целиот град


Гаснењето на депонијата Дрисла со вода и пена не дава резултат. Депонијата и понатаму чади, а воздухот е загаден до степен што не може да се дише во целиот град. Како што посочувам неколкупати досега, веднаш во Дрисла треба да влезе тешка механизација, и веднаш да дејствува. Со земја и глина за да се избие […]

МАПАС во Градски парк по повод Денот за пензиска свесност: Информирање, забава и награди за присутните


Во рамки на одбележувањето на Денот за пензиска свесност – 15 септември, Агенцијата за супервизија на капитално финансирано пензиско осигурување МАПАС, на 14 септември (недела) од 11:00 до 13:30 часот, во вториот дел на Градски парк (спроти паркот за кучиња), ќе одржи настан на кој сите граѓани ќе имаат можност да се информираат за своите […]

И од „Дрисла“ се сомневаат дека политички мотивирано е потпалувањето на пожарите


„Дрисла“ е единствената санитарна лиценцирана депонија која од 2022 година не согорува отпад туку со автоклав стерилизира и компримира со што од истата нема никаква можност за загадување. (Од каде им се купиштата ѓубре во околината?) – Сите тековни активности на претпријатието се извршуваат согласно техничко – технолошкиот проектиран процес имајќи ги во предвид заштитата […]

Кадар на ДУИ одговорен за повторното разгорување на „Дрисла“, инсинуира Мицкоски


  Утрово Скопје се разбуди под густ бел покривач од чад. Или од магла. Додека граѓаните чувствуваа смрдеа, повторно мирис на пластика, чад и гуми, директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов, уверуваше дека тоа е редовна појава од магла во Ново Лисиче и делови од Аеродром, што се случува на почетокот на […]

Делови од Скопје обвиени во магла и со високо загадување од ПМ честички


Дел од Скопје утрово се разбуди во магла и загаден воздух. Во населбите Аеродром, Ново Лисиче видливста е намалена како да е зимско утро,  вредностите на ПМ 10 и ПМ 2,5 се во црвената зона, а во воздухот и понатаму се чувствува мирис на изгорено. Иако уште вчера Дирекцијата за заштита и спасување и Центарот […]

Дел од општините Аеродром и Центар без вода


 Без вода денеска од 8:00 часот ќе останат дел од корисниците лоцирани на улиците „Пандил Шишков“ висока зона, од број 1 до број 49, „Вангел Тодоровски“, „Руди Чаевац“ и Коста Новаковиќ“ во општина Аеродром.  Како што информира РЦУК – Скопје, прекинот е поради изведување водоводен приклучок на улица „Пандил Шишков“ број 9.  Поради изведување водоводен […]

Утре и в сабота ќе се прска против комарци во Скопје


Градот Скопје ги известува граѓаните дека на 12.09.2025 година ќе започне авионска дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, а на 16.09.2025 година  терестрична дезинсекција против возрасни форми на комарци и ларви од комарци, односно:   1.Авионската дезинсекција на подрачјето на градот Скопје, против возрасни форми на комарци, ќе се одвива […]

Против Вардариште денеска се маршираше од мостот до Општината (видео)


Со транспаренти, мегафон и многу побројни од претходните денови, жители на Аеродром и Ново Лисиче, денеска повторно излегоа да го изразат своето незадоволство од загадувањето на нивната општина што доаѓа од Вардариште.  Присутните на протестот ги потсетија надлежните дека истиот воздух го дишат и тие и дека треба посериозно да пристапат кон решавање на овој […]

Забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“ – вонреден надзор на „Дрисла“


Донесена е забрана за движење на територија на депонијата „Вардариште“, како итна мерка во насока на справување со пожарот на депонијата „Вардариште“ во општина Гази Баба, а надлежен за оваа проблематика е првиот вицепремиер и министер за животна средина и просторно планирање Изет Меџити. Како што информира денеска Министерството за животна средина и просторно планирање, […]

О2 Иницијативата му покажа на Мицкоски колку воздухот во Скопје „не е аламантен“!


Вчера, премиерот Христијан Мицкоски, ја убедуваше јавноста дека воздухот во Скопје не е алармантно загаден, деновиве, кога двете депонии Вардариште и „Дрисла“ горат, а ветрот го носи чадот над Скопје.    „Нема зголемени такви параметри кои што се алармантни. Тоа е визуелно така, но кога се испитувани параметрите не се така алармантни“, рече Мицкоски.   […]

Вардариште ќе се обезбедува со агенција


Екипа на агенција за обезбедување од денеска патролира на депонијата Вардариште, со цел да се спречи влез  во неа и евентуално нејзино потпалување, соопшти денеска на прес-конференција директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов. Не сакаше да соопшти за која агенција се работи, но вели дека тоа е општествено одговорна компанија, која за […]

Герасимовски: Следната година буџетот за култура ќе изнесува 26 милиони денари, ги поддржуваме македонските изведувачи


Општина Центар, изминативе години бележи значаен напредок во поддршката за култура, за само три години годишниот буџет за културни активности е зголемен од 3 милиони на 13 милиони денари. Градоначалникот Горан Герасимовски истакнува дека општината секоја година вложува за развој на културата, преку културни активности во кои се ангажираат исклучиво македонски уметници.  „Секоја година реализираме […]

„Нема да дозволиме да нѐ убивате“: Зелен хуман град за изјавите и идеите на Мицкоски


  Изјавата на премиерот  Христијан Мицкоски дека загадувањето од пожарите во депониите Вардариште и Дрисла било само визуелно, а дека мерењата не го покажувале тоа, наиде на неверувања кај оние што се борат за заштита на животната средина, а и кај обичните граѓани. Синоќа во Аеродром, Ново Лисиче, Драчево, Гази Баба граѓаните ги затвораат прозорците […]

Без вода дел од Аеродром


Поради изведување водоводен приклучок од Ф-100мм, без вода од 08:00 часот се корисниците на ул. „Пандил Шишков“ во населба Аеродром, на високата зона од број 1 до бр.49, како и дел од корисниците на улиците „Вангел Тодоровски“, „Руди Чајавец“ и „Коста Новаковиќ“, информира ЈП Водовод и каналзиација – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање […]

Без струја корисници во село Бањани


 Корисниците лоцирани кон манастирот „Свети Илија“ во село Бањани во општина Чучер Сандево денеска ќе немаат електрична енергија.  Центарот за управување со кризи, по известување добиено од  ЕВН Македонија АД, соопшти дека струја ќе немаат од 9 до 15 часот. 

Карпош доби нова општинска зграда


Со свеченост,  вечерва беше пуштен во употреба новиот објект во кој ќе биде сместена целата администрација на Општина Карпош. Зградата која зафаќа вкупна површина од 4.500 м 2 претставува еден од најсовремените административни објекти во нашата држава, за чија финална изградба беше потребно нешто повеќе од една деценија. Вратите на „новиот дом за карпошани“ како […]

Во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис, депонијата Дрисла се затрупува


  Вечерва ветрот го смени правецот и дува од депонијата Дрисла во насока на Скопје поради што во делови од Скопје се чувствува силен непријатен мирис. И вечерва продолжуваат активностите за затрупување на депонијата Дрисла, а активностите за затрупување ќе бидат дополнително засилени рано наутро, информира вечерва директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче […]

Загадувањето од Вардариште е само визуелно, тврди Мицкоски


  Депонијата Вардариште со денови ги труе скопјани. Тоа редовно се случува повеќе од триесет години, но деновиве, откако на 31 август се запали, секојдневно група аеродромци протестираат и ја блокираат крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и бараат надлежните да го решат проблемот со Вардариште пред локалните избори закажани за 19 октомври.  Денеска, прашањето за […]

Голем бесплатен концерт во сабота со Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и „2 Бона“


Во сабота, 13 септември, со почеток во 19.30 часот по трет пат ќе се одржи големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“ во Паркот на Франкфонија. На овој музички хепенинг којшто ќе биде бесплатен за сите граѓани ќе настапат едни од најпознатите македонски изведувачи Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова, Барбара Поповиќ и групата „2 […]