(Фото) Стоп за труењето: Граѓаните го блокираа мостот „Близнаци” поради загадувањето и пожарите на Вардариште, Дрисла…


Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ утринава го блокираше сообраќајот на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Баба. Како што претходно најавија организаторите на протестот, овој чекор го преземаат поради немањето слух на надлежните органи за нивните барања и се поголемото труење кое доаѓа од пожарите на депониите Вардариште и Дрисла, но и пради пожарите […]

Јавно ќе се уништуваат запленети наркотични дроги и оружје


Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска во кругот на фабриката „Макстил“ ќе присуствува на јавно уништување на запленети наркотични дроги и оружје. Како што информираат од МВР, уништувањето ќе се изврши во организација на Министерството за внатрешни работи, Агенцијата за управување со одземен имот и Државната комисија за уништување на наркотични дроги и Националната […]

Протест на „Стоп за Вардариште“ со блокада на мостот „Близнаци“ во Скопје


Граѓанската иницијатива „Стоп за Вардариште“ најави дека утринава во 07.30 часот ќе одржи протест со блокада на мостот „Близнаци” меѓу општините Аеродром и Гази Баба. – Овој чекор го преземаме поради немањето слух на надлежните органи за нашите барања и се поголемото труење кое му се прави на овој народ, наведуваат во најавата за протестот […]

Преполн Парк на Франкофонија, илјадници скопјани уживаа на „Нешто што ќе остане“


Илјадници граѓани, синоќа го исполнија Паркот на Франкофонија и заедно уживаа во големиот музички хепенинг „Нешто што ќе остане“, кој по трет пат собра врвни македонски изведувачи и создаде незаборавна атмосфера. Пет часовна ноќ за паметење со најпознатите македонски хитови на Дарио и Миг-21, Елена Ристеска, групата „2 Бона”, Викторија Лоба, Кристина Арнаудова и Барбара […]

Тошковски: Граѓаните во непосредна близина на пожарот во Трубарево да ги напуштат домовите


Поради зголемено загадување на воздухот, денеска на граѓаните кои живееле во непосредна близина на пожарот што зафати објект во скопско Трубарево, им било препорачано да ги напуштат своите домови, соопшти вечерва на прес конфернција министерот за внатрешни работи Панче Топшковски кој е на чело на Управувачкиот комитет во кој се и министрите за здравство, за […]

Стоп за Вардариште најавува протест и од 7:30 часот наутро во понеделник


„Движењето ‘Стоп за Вардариште’ ја информира јавноста дека во понеделник, 15 септември 2025 година, покрај најавениот протест во 18:00 часот, ќе се одржи и утрински протест со почеток во 07:30 часот. Протестот ќе се одржи со блокада на мостот ‘Близнаци’, кој ги поврзува општините Аеродром и Гази Баба. Организаторите велат дека на овој чекор се […]

Mинистерот за животна средина не се појави на пресот за Трубарево, новинарите го бараа


МИнистерот за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, кој воедно е и вицепремиер, вечерва не беше на вонредната прес-конференција во МВР, а новинарите прашуваа зошто деновиве, кога горат неколку депонии, тој воошшто не дал никакви информации лично. Министерот за здравство, Азир Алиу со министерот за внатрешни Панче Тошковски рекоа дека и двајцата разговарале со […]

Ѓорѓиевски од Трубарево: Ова што се случува е злосторство против народот, против луѓето на Скопје


Сведочиме на ужас кој не смее да се повтори, огромен пожар ја уништува животната средина и директно го загрозува здравјето на скопјани! Од самиот почеток, заедно со моите колеги Бобан и Дејан сме на терен и даваме сѐ од себе за да го ставиме под контрола овој разбеснет оган – алармираше на својот ФБ профил […]

Институтот за јавно здравје со општи препораки за заштита, никој не соопшти што точно гореше во Трубарево и колку е опасно


Институтот за јавно здравје попладнево излезе со општи препораки за заштита на населението во случаи кога постои опасност од загадување на воздухот. До сега ниту една инситуција во држата не излезе со конкретни информации што точно гореше во Трубарево и колку е тоа опасно по здравјето на луѓето, иако темниот облак од пожарот се рашири […]

Ова е хибриден напад врз државата: Стојанче Ангелов се сомнева дека пожарите се подменати (видео)


Во пожарот кој изби денеска во објект на фирмата „Ф-Групација“ во Трубарево која се занимава со електронски отпад, се зафатени уште два други објекти во кои имало голема количина пластичен отпад. Повредени лица во пожарот нема, вели директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов.  Додава дека од перцепцијата на терен се работи […]

(Фото) Темниот облак од пожарот во Трубарево надвисна над Владата


Темниот облак од пожарот во Трубарево се рашири над главниот град Скопје. Ветерот го насочи кон запад, па облакот се надвисна и над зградата на Владата. Миризбата на изгорено се чувствува насекаде, велат скопјани. Засега нема официјални информации за тоа што гори, и дали облакот со себе носи опасни материи. Од Шанса за Центар преку […]

Мециновиќ: Институциите немаат никаква системска регулација и инспекциски надзор


Пратеникот и кандидат за градоначалник на Град Скопје, Амар Мециновиќ, остро реагираше на социјалните мрежи, за огромниот пожар што избувна во фабриката за електронски отпад во Трубарево и предизвика вознемиреност кај скопјани. Мециновиќ прстот го впери кон лицемерието на властите и стручните кругови кои со години ја префрлаат вината за загадувањето врз сиромашните, се вели […]

Шанса за Центар: Гори рециклаторен центар, компанијата е овластена за преземање на литиум јонски батерии


Граѓанската иницијатива Шанса за Центар денеска преку Фејсбук тврди дека пожарот во Трубарево е во компанија која е овластена за преземање на литиум јонски батерии.  Нивниот статус го пренесуваме во целост:  „Гори рециклаторен центар, соработник на НУЛТА ОТПАД, инаку оваа компанија е овластена за преземање на литиум јонски батерии од апарати и возила, како секаков […]

Полицијата одзела документација и извршила разговори со вработени во депонијата Дрисла откако таму избувна пожар


 Полицијата одзела документација од Јавното претпријатие „Депонија Дрисла“ и извршила разговори со вработените, откако во неа избувна пожар, од кој што се уште има чадење. -По претходно одземена документација во Дрисла од страна на полициски службеници од СВР Скопје,  во текот на вчерашниот ден полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција во Дрисла извршија службени […]

Ангелов очекува денеска да заврши затрупувањето во Дрисла, поставени се термални камери кај Вардариште


Директорот на Дирекцијата за заштита и спасување (ДЗС) Стојанче Ангелов очекува денеска да биде затрупан делот од депонијата „Дрисла“, каде по пожарот се уште има чадење. Ангажирана е побројна механизација (багери, булдожери, камиони), кои го чистат и пробиваат местото каде се случува чадењето. – Во овој момент напредуваме добро и очекувам во текот на денешниот […]

(Фото+видео) Скопје повторно се гуши во чад, гори во Трубарево, се слушаат и експлозии, пожарникарите интервенирале и во Лисиче


Скопје и денеска се гуши во чад. Уште не се санирани последиците во Вардариште и Дрисла, а се јавија и нови пожари, од кои што огромни црни облаци се надвија над делови во градот. Снимките се повеќе од загрижувачки. Жители на Ново Лисиче велат дека се слушаат и експлозии од правец на Трубарево. Пожар избувнал […]

(Видео) Црн чад од Вардариште денеска, друг спроти „Џеваир“


Црн чад се издига од правец на Вардариште во моментов, а друг столб од црн чад има спроти кулите „Џеваир“. Наши читатели ни пратија снимки: Утрово, директорот на ДЗС, Стојанче Ангелов, информираше дека на дивата депонија Вардариште нема горење ниту чадење,а  и денес продолжува затрупувањето на критичниот канал во кој се одвиваше пожарот. Таму, според […]

„Исклучи го говорот на омраза“


Во урбаниот простор на Скопје на познатата локација на малиот сквер кај Ким е поставена нова уметничко-активистичка интервенција со наслов „Исклучи го говорот на омраза“. Централниот објект на акцијата се состои од огромен прекинувач со димензии 100x200x150 см, симболично претставен како копче кое граѓаните треба да го притиснат за да го исклучат говорот на омраза. […]

Децата порачаа: Сакаме воздух! – Најброен протест против Вардариште


Со транспарнети во рацете, свирежи и повик за чист воздух и вечерва се одржа протест на жители на Аеродром, кои бараат што поскоро да се реши проблемот со Вардариште, кое постојано им ја труе населбата.  „Сакаме воздух!“, извикуваа учесниците, кои од крстосницата кај мостот „Киро Глигоров“ и вечерва маршираа до пред зградата на општината.  Децата […]