Мобилната болница подготвена – подобро да не ни затреба


Мобилната болница, која деновиве се поставуваше во кругот на Клинички центар во Скопје, а е донација од пред неколку години од норвешката влада, ќе го удвои капацитетот на Инфективната клинка за примање пациени со корона вирус. Денеска во посета на болницата беа министерот за здравство, Венко Филипче, министерката за одбрана, Радмила Шекеринска и градоначалникот на […]

(Видео) За какви услови е подготвена полската болница во кругот на Клинички?


Мобилната болница поставена во близина на Универзитетската Клиника за инфективни болести е подготвена да прими пациенти со корона вирус. Во неа, како што најави министерот за здравство Венко Филипче, ќе има 130 кревети. Во нејзиното поставување, што траеше неполни седум дена, беа вклучени Град Скопје, Министерството за здравство и Министерството за одбрана. Локацијата каде што […]

Ќе се обезбеди заштитен пристап до Инфективанта клиника


Владата  донесе Уредбата со законска сила за финансирање на  реконструкцијата на јавните површини во просторот на Клинички центар „Мајка Тереза“ за време на вонредна состојба.  Со одлуката се утврдуваат финансиски средства во висина од 78.000.000 денари за обезбедување на поефикасно функционирање на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“, за овозможување на здравствени услуги, пренесување и транспорт на […]

(Галерија) Снегот и вирусот ја однесоа шегата во Скопје


Место утрово да се пошегуваме со пријателите и комшиите, иако не ни е до шега, времето се пошегува со нас, и на првиот ден од април не изненади со обилни врнежи со снег кои, кои според прогнозата, ќе запрат во утринските часови. На плоштадот во Скопје, наместо парада со маскирани деца, на кои се навикнавме, […]

Општина Аеродром: Компјутери за учениците од ранливите категории


Училиштата во Општина Аеродром обезбедија компјутери за учениците од социјално ранливите категории, со цел непречено одвивање на онлајн-наставата. – На овој начин, сите ученици ќе имаат можност да се вклучат во алтернативниот вид настава преку платформата „Гугл класрум“, истакнаа од Општина Аеродром. Во Општина Аеродром, како што наведоа, успешно се одвива онлајн-наставата во сите училишта […]

Османи: Кризни штабови за справување со Ковид-19 и на ниво на месни заедници


Во Секретаријатот за европски прашања (СЕП) денеска се одржа конститутивната седница на Координативно тело за координирањето на штабовите на единците на локалната самоуправа (општините и градот Скопје), за справување со заканата од Ковид-19, информираат од СЕП. Во улога на главен координатор со телото со него претседаваше заменикот претседател на Владата задолжен за европски прашања Бујар […]

Општина Бутел ќе ги храни бездомните кучиња


Општина Бутел ќе ги храни бездомните кучиња бидејќи поради самоизолацијата и полицискиот час остануваат гладни. -Во овие  тешки времиња, кога многумина  внимаваат за своја безбедност и своето здравје, надвор остануваат многу гладни бездомни кучиња кои секојдневно страдаат.  Општина Бутел  заедно со АМОС ШЕЛТЕР, започна иницијатива да им помогнеме на гладните и бездомни кучиња.Денеска беа  поставени […]

Дезинфицирани улиците околу поликлиниката „Јане Сандански“


Општина Аеродром денеска изврши миење на улиците околу поликлиниката „Јане Сандански“, Мичурин и Стар Аеродром, а од утре почнува со дезинфекција на сите улици кои се под нејзина надлежност. Ова е уште една од низата превентивни мерки што Општина Аеродром ги презема за заштита од корона вирусот. Град Скопје редовно врши миење и дезинфекција на […]

Од денеска Поликлиниката Чаир, а до крајот на неделава и „Млин Балкан“ ќе врши тестирања за Ковид 19


Тестирање за коронавиросот од денеска во Скопје ќе се врши во Поликлиника Чаир, а до крајот на неделава и во Поликлиниката  „Млин Балкан“. Уште два пункта ќе се отворат во другите градови во државата. Системот на закажување во новите пунктови, кои се надополнување на сегашните 14, ќе остане по принципот на пријавување преку матичните лекари. […]

Шилегов, Шекеринска и Филипче извршија увид во градежните работи за подигнување на монтажната болница


Градоначалникот на Скопје Петре Шилегов, министерот за здравство, Венко Филипче и министерката за одбрана, Радмила Шеќеринска, денеска извршија увид во градежните активности за подигнување на монтажната болница со капацитет до 130 болнички кревети до Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби, информираат од Град Скопје. Оттаму објаснуваат дека просторот, со одлична меѓуинституционална соработка бил расчистен […]

Општина Карпош врши дезинфекција на станбените згради во населбата Козле


Комуналните служби на Општина Карпош денеска ги дезинфицираат влезовите од згради во населбата Козле. Се дезинфицираат влезните врати, сандачињата, гелендерите и лифтот. -Оваа акција се спроведува во текот на целата недела. Се дезинфицираа зградите со повеќе од осум домаќинства, во сите населби на територија на општината. Во текот на утрешниот ден, ќе бидат дезинфицирани и […]

Аеродром дели дезинфекциски средства и држачи за влезовите во зградите


Од вчера и во текот на денешниот ден Општина Аеродром ќе ги дели дезинфекциските средства и држачите за влезовите на станбените згради. На контакт-мејлот на Општината пристигнаа над 200 барања од заинтересирани граѓани, заедници на станари и управители на станбени згради, кои ќе бидат контактирани телефонски или електронски за денот на подигнувањето на средствата. Со […]

Мапа на заболени од коронавирус во Скопје


Институтот за јавно здравје по претходната најава што ја даде министерот за здравство Венко Филипче, изработи детален приказ на општините во Скопје од каде што се лицата кај кои е дијагностициран корона вирусот. Од Карпош се 27 лица, од Гази Баба 20, од Кисела Вода 20, од Центар 20. Има 11 лица кои се од […]

Вработен во ЈСП позитивен на корона вирус


Во ЈСП-Скопје има едно лице позитивно на ковид-19, кое навремено било хоспитализирано, велат од Јавното сообраќајно претпријатие. Оттука нагласуваат дека станува збор за лице кое не било во контакт со колегите повеќе од две недели, со оглед на примена на владината мерка за ослободување од работни обврски на хронично болни лица. – Лицето не било […]

(Фото) Несовесност: Фрлена ракавица во време на корона вирус


Сите на некој начин се обидуваме да се заштитиме од корона вирусот, па луѓе кои никогаш во животот не ставиле маска на лицето или ракавици на рацете, сега ги носат секојдневно. Сепак, фоторепортерот на „Независен весник“ успеа да забележи несоодветно фрлање на овие заштитни материјали. Имено, во фонтана во центарот на Скопје фрлена е искористена […]

Дезинфекција на училиштата, градинките и домот за стари во Аеродром


Деновиве почна да се врши дезинфекција на сите објекти на основните училишта и на градинките на територијата на Општина Аеродром, а беа дезинфицирани и сите влезови на домот за стари лица „Аеродром“. Како што соопшти Општината, ова е дел од мерките кои се преземаат како заштита и превенција од вирусот Ковид-19. Општина Аеродром, се вели […]

Црвен крст на град Скопје дистрибуира хигиенски средства за граѓаните од трето доба


Црвен крст на град Скопје соопшти дека со финансиска поддршка од Државна Лотарија од денеска ќе врши дистрибуција на хигиенски средства за само-заштита за себе и домот за ранливите категории на немоќни лица од најзагрозената категорија граѓани од трето доба. Преку активностите, како што се посочува, ќе бидат опфатени лица од најранливата група граѓани, на […]

Автобусите на ЈСП од утре во сообраќај од 5 часот


  Автобусите на ЈСП „Скопје“ од утре ќе почнуваат да сообраќаат од 5 часот  со оглед на најновата одлука на Владата за забрана за движење на населението од 21 до 5 часот наместо до 6 како во изминатиот прв ден од полицискиот час. Како и во изминатите денови  од прогласувањето на вонредната состојба, автобусите од […]

Привремен сообраќаен режим на „АСНОМ“ и „Васко Карангелески“


Центарот за управување и контрола на сообраќајот ги известува граѓаните дека во тек е реализацијата на втората фаза од проектот за изградба на мост на реката Вардар што ќе ги спои улицата „Васко Карангелевски“ и улицата Индустриска 1, во населбата Ќерамидница. Ве известуваме дека од денеска на овој потег ќе биде воспоставен привремен сообраќаен режим […]