И Владата тврди дека ќе се зачува автентичноста на Старата скопска чаршија
Во реставрацијата и санацијата на автентичниот лик на Стара Чаршија се запазени сите процедури за заштита на автентичноста според програмата на Националниот Совет за ревитализација на чаршијата како културно наследство од особено значење. Во рамките на проектот за Локална и регионална конкурентност (ПЛРК), Општина Чаир аплицираше со под-проектот „Промоција на чаршиски туризам во Општина Чаир“. […]