Универзална чека одлука по жалба – ќе продолжи ли конечно реконструкцијата?


Реконструкцијата на Универзална сала никако да почне. По изборот на изведувач, пристигната е жалба, уверува министерот за култура и туризам, Зоран Љутков, па се чека второстепената комисија која одлучува по жалбите да донесе одлука. Тој се надева дека овојпат одлуката ќе биде позитивна, затоа што еднаш јавниот повик веќе пропадна, и дека изградбата на Универзална […]

Во најдобар случај првите 30 автобуси за ЈСП ќе стигнат до Нова година – да не се радуваме пред време


Откако Министерството за транспорт го објави вториот јавен повик за набавка на нови 150 еко-автобуси, дел од советниците во Советот на Град Скопје тврдат дека „не треба да се радуваме пред време“. Советничката Катерина Јовановски појаснува дека според јавниот повик, новите автобуси ќе пристигнуваат на рати. „30 автобуси во рок од 6 месеци од потпишувањето […]

Започна реконструкцијата на јавните пешачки површини кај ТЦ „Три бисери“


Општина Аеродром започна со реализација на уште еден значаен и капитален инфраструктурен проект – целосна реконструкција на пешачките површини кај ТЦ „Три бисери“, простор што секојдневно го користат голем број граѓани. Со овој проект ќе се уредат околу 4.000 квадратни метри јавен простор, на потегот покрај бул. „Јане Сандански“ – од зграда број 7 до […]

Маџир Маало и Стајковци без вода


 Поради уличен дефект ф-150 мм на улица „Периша Савелиќ“ 4, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од истата улица. Поради изведување на водоводен приклучок ф -100 мм на Кеј „13 Ноември“ бб, пак, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците од улиците „Истарска“ и Маџирмаало. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санација на дефектот. Денеска, исто така поради реконструкција […]

Без струја делови од Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода


Без електрична енергија денеска неколку часа ќе бидат корисниците од општините Карпош, Ѓорче Петров, Аеродром и Кисела Вода. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од ЕВН Македонија АД, причина за прекинот се зафати во електродистрибутивната мрежа. Од 08:30 до 12 часот без струја ќе бидат корисниците на бул.„Партизански одреди“ бр. 125-2 во општина Карпош, […]

Се реконструира и доградува мостот на Маркова Река во општина Аеродром


 Во општина Аеродром започна реконструкцијата и доградбата на мостот на Маркова Река, што ги поврзува населбите Горно и Долно Лисиче. Проектот има за цел да обезбеди побезбеден и современ инфраструктурен објект, што ќе ја олесни секојдневната мобилност на жителите и ќе ги намали ризиците при сообраќај, се наведува објавата на Владата на Фејсбук. – Зафатот […]

Општина Центар започна со пролетна дератизација, се третираат 2.000 шахти против глодари


Општина Центар ја започна редовната пролетна дератизација на целата територија, како дел од мерките за одржување на високо ниво на јавна хигиена и заштита на здравјето на жителите. Во рамки на акцијата, што ја спроведуваат стручни екипи, се третираат околу 2.000 шахти, каде што се поставуваат специјални мамци за контрола и уништување на глодари. Дератизацијата […]

Три дена ќе се чисти влезниот булевар „Александар Македонски“


Во текот на вчерашниот ден, ЈП „Комунална хигиена“-Скопје започна тридневна акција за чистење на пешачките и велосипедските патеки по должина на булеварот „Александар Македонски“ во скопската општина Гази Баба. Во рамките на акцијата се реализира чистење, како и рачно и машинско метење и миење на целокупниот простор на патеките, со цел непречено движење на пешаците […]

Крводарителска акција во Општина Ѓорче Петров – покажете солидарност!


Во четврток во Општина Ѓорче Петров ќе се одржи крводарителска акција во рамки на Планот за социјална, здравствена и детска заштита на општината. Акцијата ќе се реализира во Центар за култура Ѓорче Петров, во периодот од 12:00 до 18:00 часот. Од Општина Ѓорче Петров ги повикуваат сите хумани граѓани кои се во можност да се […]

Без вода дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје


 Дел од корисниците на ул. „Борис Трајковски“ во населба Усје од 7.30 часот немаат вода поради уличен водоводен дефект на таа улица. Како што соопшти ЈП Водовод и канализација – Скопје, прекин во водоснабдувањето имаат корисниците од бр. 4 до бр. 30 на ул. „Борис Трајковски“. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.

Без струја делови од Центар и Кисела Вода


Поради зафати во електродистрибутивната мрежа, денеска од 8.30 до 15:00 часот електрична енергија ќе немаат корисниците на дел од ул.„Тодор Александров“ – Комплекс „Олимписко село“ во општина Центар. Како што соопшти РЦУК по известување добиено од  ЕВН Македонија АД, од 8:30 до 15:30 часот струја ќе немаат и корисниците на дел од ул. „Јустинијан Први“, […]

Голема акција за уредување на зелените површини во Општина Аеродром


Денеска, во соработка со ЈП „Паркови и зеленило“, започна голема заедничка акција за уредување и разубавување на парковите и булеварското зеленило на територијата на Општина Аеродром.   Градоначалникот Дејан Митески и в. д. директорот Муамер Сефери извршија увид на теренот, каде што екипите со соодветна механизација работат на повеќе локации. Се врши машинско косење на […]

Општина Центар објави јавен повик за организирање тематски прошетки низ Центар


Општина Центар објави јавен повик за реализација на проектот „Тематски организирани прошетки со граѓаните за поблиско запознавање со културните обележја на Општина Центар“, во рамки на Програмата за култура за 2026 година. Градоначалникот Горан Герасимовски посочи дека целта на проектот е граѓаните да ја запознаат архитектурата, историјата и културното наследство во срцето на градот. „Центар […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје поради Протестниот марш за 8 Март


Поради протестен марш по повод Меѓународен ден на жената, утре (8 март) во Скопје ќе биде воведен посебен режим на сообраќајот на повеќе улици во централното градско подрачје. Маршот ќе започне во 12:00 часот од Парк „Жена Борец“, по што учесниците ќе се движат по следната траса: ул. „11 Октомври“ → ул. „Димитрија Чуповски“ → ул. „Даме Груев“ → […]

Дали цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти: Еве што вели Ѓорѓиевски


Околу три милиони евра ќе предвиди Градот Скопје во првата фаза за изградба на монтажни паркинзи, но приоритет ќе имаат двата монтажни паркинга во комплексот клиники „Мајка Тереза“. Цените за паркирањето на Клинички ќе останат исти во наредниот период, а откако ќе се изградат монтажните паркинзи ќе биде утврден за дополнителните позиции нов правилник, но […]

Потпишан Договорот за изградба на паркинзи во комплексот клиники „Мајка Тереза“


Министерството за здравство (МЗ) и Град Скопје го потпишаа Договорот за изградба на паркинзи во рамки на Клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Договорот е на 15 години, со 10 отсто закупнина од вкупно остварениот промет. Во првата фаза е предвидена изградба на два современи монтажни паркинга, со најмалку 500 паркинг места, кои се очекува да бидат […]

Со турска помош ќе се осветлува Камениот мост во Скопје


Турската Општина Есенлер и раководството на Халкбанк АД Скопје, денеска се сретнаа со градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски при што беше потпишан Протокол за пријателство и соработка за реализација на проектот за декоративно и архитектонско осветлување на Камениот мост. Проектот предвидува поставување современо LED осветлување кое ќе биде внимателно усогласено со архитектонските карактеристики на […]

Стефковски ги засука ракавите – тргна неколку коли од калта


Под паролата „Акција за почитување на законот и заштита на зелените површини“, градоначаклникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, денеска во соработка со МВР и ЈП Градски паркинг, спроведе акција на патниот правец R-1102, во близина на пазарот за стари работи, од каде со „пајак-службата“ отстранија неколку автомобили, паркирани покрај патот – во калта. Тој, […]

Гази Баба објави повик за субвенции за велосипеди


Општина Гази Баба објави јавен повик за доделување субвенции за набавка на велосипед за 2026 година, со цел поттикнување на граѓаните почесто да го користат велосипедот како превозно средство. Според повикот, општината ќе субвенционира 50 проценти од цената на велосипедот, но најмногу до 4.000 денари по лице. Право на аплицирање имаат жители на Општина Гази […]

Без вода дел од „Перо Наков“ кај Годи


Поради уличен дефект, прекинато водоснабдување од 08:30 часот ќе имаат корисниците на дел од улицата „Перо Наков“ кај Годи, информира ЈП Водовод и канализација Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до отстранување на дефектот.