Секоја сабота иста приказна – паркинг кај спортските терени во Ново Лисиче ни за лек


Спортските терени во Ново Лисиче, служат за одржување тренинзи, а во сабота се одржува и детска лига.  Секоја сабота, тука пристигнуваат родители кои ги носат своите деца на фудбалски натпревар или тренинг, а паркинг-место не може да се најде ни за лек.  Затоа, тревниците пред терените се полни со паркирани автомобили, а дел се паркираат […]

Трендафилов: Без работници нема ни држава ни власт! Не ви се плашиме! (видео)


Протестот на работниците денеска започна од Работничкиот дом, ќе помине покрај Собранието и Стопанската комора, за да заврши пред Владата. Барање се исти -минималната плата да се зголеми на 600 евра и линеарно зголемување на сите работнички плати за 6.000 денари. Според податоците на Управата за јавни приходи, на кои се повикува синдикатот, околу 160.000 […]

Донесени ДУП-ови со кои ќе се среди просторот околу Калето – спортски сали и паркови, место хотели


На шестата седница на Советот на Општина Центар донесени се два нови детални урбанистички плана, за Градска четврт ЦС 14 „Кале и СРЦ Кале“ и за Градска четврт ЦС 01 „Француски гробишта, Тетовска трошарина и Парк 2“.  Донесувањето на овие ДУП-ови претставува усогласување со Генералниот урбанистички план на Град Скопје 2012–2022. Дополнително, за првпат се […]

Голем дел од булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ денеска без струја


Од ЕВН Македонија известуваат дека поради планирани технички зафати денеска дел од корисниците во општина Центар ќе се соочат со долгпрекин во снабдувањето со електрична енергија од 08:30 до 15:30. Според најавата, зафатот без струја ќе ги остави дел од корисниците на булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“ (броеви 49-53), поликлиниката „Идадија“, „Веро“ маркет и „Макпетрол“, Катната […]

Протест на ССМ за зголемување на минималната плата на 600 евра


Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) денеска во Скопје ќе одржи работнички протест со барање за зголемување на минималната плата на 600 евра и линеарно покачување на сите останати плати за најмалку 6.000 денари. Протестот, според најавата од ССМ, ќе започне во 12:05 часот пред Работничкиот дом. Рутата на движење ќе тргне од зградата на […]

Финансова поднесе кривична против екс директорот на „Комунална“ Сабахадин Рустеми: Ангажирал познаници за работи што не очекувал да ги извршат


Финансова полиција поднесе кривична пријава против поранешниот в.д. директор на ЈП Комунална хигиена Скопје Сабахадин Рустеми, против кој има основано сомнение за сторени повеќе кривични дела и тоа „злоупотреба на службена положба и овластување“, „фалсификување исправа” и  „проневера во службата” – во обид, склучувајќи договори за интелектуални услуги и јавни набавки со фирми, а со […]

Се реконструираат јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче


Градоначалникот на Општина Аеродром, Дејан Митески сподели дека денеска извршил увид во градежните активности за реконструкција на јавните и пешачките површини во средишниот дел на Ново Лисиче, кај кулите меѓу зградите 39, 41 и 43. „Старите и дотраени плочки се заменуваат со нови павер-елементи, со што просторот добива уреден изглед и повторно станува безбеден за […]

По кој пат се уредува коритото на Серава во Бутел? Ќе заличи ли овој пат?


Започна реализацијата на проектот за темелно чистење и уредување на коритото на реката Серава, како и изградба на нова пешачка патека во општина Бутел.   Почетокот на активностите беше означен во присуство на градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски и градоначалникот на Општина Бутел, Дарко Костовски.   Проектот опфаќа уредување на просторот покрај реката и […]

Од недела повремен дожд, од вторник опаѓа температурата


За време на викендот времето ќе биде умерено облачно со сончеви периоди, а попладне претежно во западните делови со услови за краткотраен повремен дожд.   До крајот на периодов ќе се задржи променливо облачно време со повремен локален дожд.   До вторник ќе дува слаб до умерен ветер претежно од јужен правец.   Во среда […]

Во ЕУ јавен превоз секојдневно користат 10,7 проценти од луѓето, во Македонија 9,6


Јавниот превоз, како клучен дел од одржливиот урбан транспорт во Европската Унија, секојденвно го користат 10,7 % од населението. Во Македонија речиси 7 % од луѓето секој ден користат градски автобус, 2,6 % меѓуградски автобус и 0,06 % воз (вкупно 9,6 %). Податоците покажуваат големи регионални разлики и укажуваат дека додека во некои скопски општини […]

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје


Посебен режим на сообраќај ќе има утре во Скопје поради протест, соопштија денеска од Министерството за внатрешни работи. – Во 12,05 часот во организација на Сојуз на синдикатите на Македонија ќе се одржи протест со почеток на траса на движење од пред зградата на ССМ на улицата „Мирче Ацев“, лево по „Филип Втори Македонски“, десно […]

Мисајлески демантира: Автобуската линија со број 35 не е укината


Советникот во Советот на Град Скопје, Славчо Мисајлески, преку социјалните мрежи реагираше на информациите на Левица дека автобуската линија со број 35 во Град Скопје е укината.  Демант на лажните вести кои произлегуваат од ПП Левица и кои шират паника и вознемиреност меѓу граѓаните, посебно кај најмладата популација, учениците од средните училишта во Град Скопје. […]

Без вода дел од Центар


Без вода од 9 часот ќе имаат корисниците од улиците Истарска и Маџирмаало во Општина Центар. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, прекинот со водоснабдувањето е поради изведувањето на водоводен приклучок на ул. Кеј 13-ти Ноември бб и ќе трае до завршувањето на интервенцијата.

Без струја дел Кисела Вода


Без струја од 8 до 12 часот ќе останат корисниците од улицата „Георги Димитров“ бр. 10 во општина Кисела Вода. Како што соопшти Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје прекинот на електрична енергија е поради зафати во електродистрибутивната мрежа. 

Ќе се гради кружен тек кај комплекс банки


Кружен тек нај комплекс банки или кај „Веро – Џамбо“ ќе се изгради во наредниот период, а тоа треба да придонесе за растоварување на сообраќајот на оваа крстосница. Со ребалансот на буџетот на Град Скопје, се планира изградба на кружен тек кај комплекс банки, крстосница, која редовно, секој ден, особено во шпицот наутро и попладне, […]

Се предлага „15-ка“ да тргнува на секои 56 минути


  Место во 2026 година, автобусот со број „15“ на ЈСП, кој тргнува од Ново Лисиче и го првзува со Карпош 4, поминувајќи низ центарот на Скопје, неговата зачестеност да се зголеми, однсоно да сообраќа на секои 4 минути, со новиот предлог возен ред за линиски автобуски превоз во Скопје, се предлага тој да тргнува […]

„Комунална хигиена“ доби 650.000 евра за набавка на нови контејнери


Скопје не изгледа почисто од претходно, со нови и чисти контејнери, кои се наместени за граѓаните да мора да ги користат за одлагање комуналне отпад, а многу граѓани во Скопје се жалат дека од „Комунална хигиена“ сѐ уште не ги празнат доволно често.  Сликите од искршени и распаднати контејнери, кои сами претставуваат ѓубре, а не […]

За да се изградат катни гаражи во Клинички, ќе има ребаланс на буџетот на Град Скопје


Советот на Град Скопје денеска ќе одржи 9-та редовна седница, на која главна точка на дневниот ред е Предлог-изменување и дополнување на Буџетот на Град Скопје за 2026 година, на предлог на градоначалникот Орце Ѓорѓиевски. Со предложениот ребаланс се предвидуваат дополнителни средства за реализирање значајни инфраструктурни, образовни и сообраќајни проекти, насочени кон унапредување на квалитетот […]

Почнува реконструкција на спортската сала во кампусот на УКИМ во Скопје


Со 54 милиони денари, инвестиција на Министерството за спорт, комплетно ќе се реконструира и адаптира спортската сала во комплексот на Универзитетот „Св.Кирил и Методиј“ во Скопје. Градежните работи официјално ќе стартуваат денеска, по што предвидени се обраќања на министерот за спорт, Борко Ристовски, ректорката на УКИМ, проф. Биљана Ангелова и претседателката на Универзитетското студентско собрание […]

Утре без струја неколку скопски улици во Ѓорче, Карпош и во Козле


Поради планирани технички зафати во електросистемот, утре (12.03.2026, четврток), неколку скопски населби ќе останат без снабдување со електрична енергија. Регионалниот центар за управување со кризи ги известува граѓаните за следниот распоред:   Карпош (08:30 – 12:30 часот): Корисниците на ул. „1506 Скупи“, дел од ул. „Никола Карев“ (кај река Лепенец) и објектите околу „Стоп енд Го“. […]