Се бара Сотир Лукровски


  Жителите на Карпош, а и скопјани, се прашуваат што стана со градоначалникот на општината Сотир Лукровски. Него никаде го нема, како да исчезнал од земјава, иако е пријавено дека е на боледување. Денеска пак реагираа партиите што се претставени во општинскиот Совет. „Општината е оставена без градоначалник, а последиците од неодговорноста и погрешните кадровски решенија на ВМРО […]

Пуштен во употреба базен во Карпош, почнат во 2023 година


Денеска официјално беше пуштен во употреба новиот базен кај спортската сала „Наум Наумовски Борче“ во Скопје, што почна со изградба во 2023 година. На отворањето присуствуваа министерот за спорт Борко Ристовски, заедно со претседателот на Владата Христијан Мицкоски и заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, . Базенот е од затворен тип со должина од 25 […]

Суво дрво се скршило и оштетило возило на „Волгоградска“ – скопјанка прашува каде да реагира што службите „спијат“


Во Фејсбук групата „Заедно, за заштита на зеленилото во Карпош“ беше споделена објава во која се посочува дека суво дрво се скршило и оштетило возило до степен што тоа веќе не било за употреба. Во објавата, скопјанката Марија објаснува дека дрво на улицата Волгоградска 4 имало обележано со црвена боја буква „С” за сечење скоро цела година, а […]

Без струја дел од Бутел и Ѓорче Петров


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците на Бутел и Ѓорче Петров. -На ден 02.06.2026 година (вторник) без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од улиците Натанаил Кучевишки, Петар Манџуков и Александар Урдаревски (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците […]

Од утре, патувачко кино низ парковите во Центар


Од 2 до 13 јуни 2026 година, со почеток од 20 часот, парковите низ Општина Центар ќе се претворат во кино под отворено небо за сите деца, млади и семејства. „Преку филм, дружба и забава, „Патувачко кино“ на најмладите им нуди едно поинакво културно и едукативно искуство. За оваа намена е снимен посебен македонски детски […]

Градски паркинг со летно работно време


Јавното претпријатие „Градски паркинг“ – Скопје ги известува сите граѓани дека од денес, 01.06.2026 (понеделник) започнува летно сметање на работното време на јавните површини наменети за паркирање- зонско, со кои стопанисува ЈП Градски Паркинг- Скопје. Работното време во зоните А, Б, Ц и Д ќе биде: – Од понеделник до сабота: 07:00- 23:00 часот. Исто […]

Градоначалникот на Скопје на реконструкција на улица во Карпош, но со заменик-градоначалникот


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска заедно со заменик-градоначалникот на Општина Карпош, Неделчо Крстевски, го означи почетокот на реконструкцијата на улицата „Загребска“, една од поважните сообраќајници во Карпош која секојдневно ја користат илјадници граѓани. Според Ѓорѓиевски, улицата има особено значење бидејќи обезбедува пристап до Институтот за респираторни заболувања кај децата – Козле, поради што […]

Со манифестацијата „Денови на децата“ започнува „Културно лето на Чаир 2026“


Општина Чаир официјално ќе го отвори новото издание на традиционалната манифестација „Културно лето на Чаир 2026“, едномесечна програма посветена на културата, уметноста, традицијата и промоцијата на општествените вредности. Отворањето на манифестацијата ќе биде одбележано со тридневната програма „Денови на децата“, која ќе се реализира од 1 до 3 јуни во Старата чаршија, на Плоштадот Скендербег и […]

На секое дете му треба семејство: Одбележување на Денот на згрижувачките семејства


По повод 1 Јуни – Денот на згрижувачките семејства, во организација на ЈУ Детски дом „11 Октомври“, Град Скопје и Црвен крст на Град Скопје ќе се одржи настан посветен на поддршката и промоцијата на згрижувањето како една од најхуманите форми на грижа за децата. Настанот ќе се одржи во Зоолошка градина Скопје, со присуство […]

Авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци во Скопје


Денеска и утре во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на градот Скопје, информираат од Градот Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Од град Скопје ги известуваат […]

Утре и задутре ќе се прска против комарци


Утре и во вторник, во раните утрински часови ќе се изврши авионска дезинсекција против возрасни форми на комарци на подрачјето на Скопје, информираа од Град Скопје. Доколку временските услови не го дозволуваат вршењето на дезинсекцијата, ќе се прска првиот нареден ден, кога ќе бидат поволни временските услови, во истиот термин. Оттаму ги известуваат пчеларите навреме […]

Аеродром домаќин на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“


Општина Аеродром од вечерва е центар на фолклорот и традицијата, со почетокот на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој ќе трае до 1 јуни во Долно Лисиче. Покрај домашните ансамбли, на сцената ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Како што соопштуваат од општината, градоначалникот Дејан Митески им […]

Тендерот за автобуси реобјавен, градоначалникот Ѓорѓиевски очекува успешна постапка


Градоначалникот на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, изјави дека постапката за 100 автобуси е повторно распишана и се очекува да биде успешно завршена, паралелно со плановите за воведување на брз автобуски систем (БРТ). – Денеска е реобјавена постапката за 100 автобуси, искрено се надевам дека овој пат ќе биде успешна. За да не биде градот зависен […]

Од недела ќе функционираат семафорите на булевар „Македонија“


Од недела, екипи на ЈП”Улици и патишта”-Скопје ќе ги пуштат во функција новите семафори на крстосниците помеѓу булевар „Македонија” со улица „11 Октомври” и улица „Пролет” и на крстосницата булевар „Македонија” со булевар „Борис Трајковски”. На семафорите ќе ни биде воведен нов траен сообраќаен режим за сообраќај, што подразбира воведување на нови светлосни сигнали и […]

Посебен сообраќаен режим утре во Скопје поради Задушница – доколку биде потребно ќе биде воведен и во сабота и недела


Од Министерството за внатрешни работи (МВР) информираа дека утре поради верскиот празник Задушница, од страна на Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе бидат преземени мерки за посебен режим на сообраќај за безбедно и непречено одвивање на сообраќајот. Имено, со почеток од 06:00 часот сообраќајот кон градски гробишта „Бутел“ ќе се одвива во […]

Авионско прскање против комарци во Скопје на 1 и 2 јуни


Во Скопје во понеделник и вторник ќе се врши прскање против комарци, како дел од редовните активности за дезинсекција на подрачјето на градот. Акцијата е најавена во период кога поради потоплото време и зголемената влажност се создаваат услови за поголемо присуство на комарци во урбаните и зелените површини. Граѓаните се информираат дека третирањето ќе се […]

За Духовден автобусите во Скопје ќе возат по неделен возен ред


По повод Духовден, автобусите на ЈСП ќе сообраќаат по неделен возен ред, со исклучок на дел од линиите што ќе возат по делничен распоред. Јавното сообраќајно претпријатие „Скопје“ ги информира патниците дека утре, по повод верскиот празник Духовден, автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред. Исклучок ќе бидат линиите 11, 11а, 47а, 51, 55, 55в, […]

Герасимовски на терен со деканот на Градежниот факултет: Се затрупува и обезбедува градилиштето на ,,Теодосиј Гологанов”


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, денеска изврши увид на терен на булеварот „Теодосиј Гологанов“, во близина на Католичката црква, заедно со деканот на Градежниот факултет, инспекциските служби на Општина Центар и стручни лица, каде се спроведуваат итни мерки за обезбедување и стабилизација на просторот по евидентираното свлечиште на земјиштето во непосредна близина на градежен […]

Од октомври студентите повторно ќе се вселуваат во студентскиот дом „Стив Наумов“


Министерката за образование и наука Весна Јаневска денеска изврши увид во реконструкцијата на студентскиот дом „Стив Наумов“ во скопската населба Автокоманда, при што најави дека студентите ќе можат да се сместуваат од почетокот на новата академска година, во октомври. Според Јаневска, реконструкцијата на државните студентски домови „Стив Наумов“ и „Кузман Јосифовски – Питу“ се одвива […]

Герасимовски за паркирањето: Недозволиво е на еден стан да има четири возила


Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, синоќа во гостувањето во Дневникот на Сител телевизија говореше за новиот правилник и ценовник на Јавното претпријатие за паркинзи на Општина Центар, истакнувајќи дека целта е подобрување на условите за паркирање, поголем ред и фер пристап за сите жители. Герасимовски посочи дека Центар е најфреквентната општина во државата, со […]