Одржано првото издание на детскиот фестивал „Киселко“


Во преполната сала на Домот на култура „Билјана Беличанец“ денес се одржа првото издание на детскиот фестивал „Киселко“, во организација на Општина Кисела Вода. Настанот донесе вистинска музичка магија за најмладите, а пред публиката премиерно беа изведени 12 нови авторски детски песни. Покрај соло изведувачите, на сцената настапи и хорчето на „Киселко“, кое заедно со […]

Денови за спорт на младите во општина Илинден


Општина Илинден пулсираше во духот на спортот и заедништвото. На спортските терени изминатите два дена се одржа традиционалната спортска манифестација „Денови за спорт на младите во Општина Илинден“, на која учествуваа околу 400 ученици од основните училишта во општината, како и учениците од СОСУ „Илинден“, се наведува во соопштението од Општина Илинден, што МИА го […]

Лајка-Фест во Градски парк


ЈП Лајка денеска и утре организира дводневен едукативно-забавен настан Лајка-Фест во Градски парк – Скопје, посветен на вдомување, одговорно сопствеништво, едукација и заедништво помеѓу граѓаните и животните. Како што информираат од ЈП Лајка, во рамки на фестивалот присутните ќе имаат можност да уживаат во зона за вдомување и привремено згрижување, едукативна зона за одговорно сопствеништво, […]

Детски фестивал „Киселко“ во Кисела Вода


Во организација на Општина Кисела Вода денеска ќе се одржи првото издание на детскиот фестивал „Киселко“, настан кој има за цел да стане нова културна традиција и платформа за промоција на младите таленти. Фестивалот ќе се одржи во Домот на култура „Билјана Беличанец“ со почеток во 13 часот, а публиката ќе има можност премиерно да […]

Посебен сообраќаен режим во Скопје: Дел од центарот ќе биде затворен во сабота


Граѓаните кои утре планираат да се движат низ централното градско подрачје треба да сметаат на привремени ограничувања и пренасочување на сообраќајот поради одржување на ревијална трка во Скопје. Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во сабота, 6 јуни, во периодот од 17 до 18 часот ќе биде воведен посебен режим на сообраќај со цел […]

Скопје за две години ќе го реши проблемот со бездомните кучиња


Проблемот со бездомните кучиња во Скопје не може да се реши преку ноќ, но со новата стратегија, за година и пол до две граѓаните веќе ќе треба да ја заборават оваа тема, изјави денеска директорот на Јавното претпријатие „Лајка“ Војислав Димитровски пред отворањето на тридневниот „Лајка фест“.   Во рамки на настанот, во просториите на […]

Следната недела ќе се заловуваат кучиња скитници низ Аеродром


  Наредната недела тимовите на ЈП „Лајка“ ќе спроведат стратешки теренски активности за заловување и третман на нетретирани бездомни кучиња на повеќе локации во Општина Аеродром. Активностите ќе се реализираат во Долно Лисиче, Горно Лисиче, Тодор Чангов, Населба Лисиче, Ново Лисиче, Јане Сандански, Реонски центар, Бисер, Стар Аеродром, Мичурин и Острово. Од претпријатието апелираат до […]

Учениците од ООУ „Дане Крапчев“ со највисоко општинско признание за освоеното второ место на FIRST LEGO League


Градоначалникот, Бобан Стефковски сподели дека денеска имал особена чест во Општина Гази Баба да ги прими учениците од ООУ „Дане Крапчев“, за кои вели дека испишале историја, освојувајќи го второто место во светот на престижниот натпревар FIRST LEGO League во роботска игра. „Во конкуренција од 55 држави и повеќе од 1000 ученици од целиот свет, нашиот тим […]

Бутел поставува камери на детски игралишта за да спречи вандализам


Општина Бутел започнува со поставување на видео надзор на сите јавни површини, детски игралишта и спортско-рекреативни центри, со цел да се спречи натамошното уништување на урбаната опрема, информираше градоначалникот Дарко Костовски. Локалните власти се одлучија на овој чекор по зачестените појави на вандализам, каде новоизградените содржини за најмладите и за рекреативците редовно се на мета […]

Вчера избувнал пожар под Железничката станица во Скопје – горело насобрано ѓубре


Вчера во близина на Железничката станица во Скопје избувнал пожар откако се запалило насобрано ѓубре, предизвикувајќи густ чад кој можел да се забележи од поголема оддалеченост, сведочат граѓани за порталот „МКД.мк“. Според сведоштвата на граѓаните за порталот, огнот брзо се проширил, а додека траел пожарот имало граѓани кои чекале автобус на постојката која се наоѓа […]

БРТ откочен – ќе се развива велосипедската инфраструктура


Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, на денешната прес-конференција изјави дека општините во земјава во изминатиот период добиваат силна поддршка од Владата и од Светската банка за реализација на капитални и инфраструктурни проекти, а меѓу најзначајните инвестиции ја посочи набавката на нова механизација за комунална хигиена. Градоначалникот истакна дека една од клучните теми на кои се работи е […]

Сo помош на Светска банка рехабилитирани 103 км локални патишта – следува подобрување на хигиената


Со поддршка на Светска банка изградени се околу 103 км локални патишта, а со истата поддршка најавено е одржување и подобрување на состојбата со хигиената во општините.  – Денеска ќе зборуваме за проектот локални патишта, во кој што за две години, во периодот од јуни 2024 година до јуни 2026 година се склучени договори во […]

Летен камп на оперативните сили на Црвениот крст – Сарај 2026


Свечено отворање на настанот „Летен камп на оперативните сили на Црвениот крст на Република Северна Македонија – Сарај 2026“ ќе се одржи денеска во Скопје. Како што се наведува во соопштението на Црвениот крст на РС Македонија настанот свечено ќе го отвори министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Во рамки на настанот ќе бидат презентирани […]

Започна изградбата на пешачка патека и чистењето на реката Серава во Бутел 1


Општина Бутел во соработка со Град Скопје започна активности за изградба на пешачка патека и чистење на коритото на река Серава во Бутел 1. „По повеќе од 20 години, се реализира едно од најголемите барања на граѓаните на општина Бутел. Проектот напредува со одлична динамика и предвидува изградба на нова патека во должина од 1590 […]

Без вода викенд населбата Моране


Поради водоводен приклучок, без вода од 07:40 часот се корисниците во викенд населбата Моране, информира ЈП Водовод и канализација – Скопје. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршување на работите.

Нови семафори кај „Макпетрол“ на излез од Скопје


Известување за монтажа на нови семафори на булевар„Александар Македонски“на пешачки премин кај бензиска станица „Макпетрол“ Екипите на Јавното претпријатие „Улици и патишта“ – Скопје на 07.06.2026г./недела/ со почеток во  08.00часот. ќе изведуваат активности за монтажа на нови портални семафорски столбови на булевар„Александар Македонски“ на пешачки премин кај бензиската станица„Макпетрол“. На истоимениот пешачки премин ќе бидат воведени и нови светлосни сигнали согласно […]

Ѓорѓиевски од Брисел: Општините имаат клучна улога во евроинтеграциите


 Градоначалникот на град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, денеска престојува во посета на Брисел, каде што се одржува седницата на Заедничкиот консултативен комитет при Европскиот комитет на регионите, тело за соработка на македонските општини со локалните власти на земјите од ЕУ, каде што ќе има и свое обраќање. Како што посочува Ѓорѓиевски на социјалните мрежи, на овој […]

На 5 јуни завршува акцијата за отплата на заостанатите долгови без камата за „Водовод и канализација“


ЈП „Комунална хигиена“-Скопје им соопштува на своите корисници што имаат заостанат долг во евиденцијата на ЈП „Водовод и канализација“-Скопје, на заедничка сметка, по основ неплатени сметки за собирање и транспортирање на комунален отпад (тужен и редовен), дека заклучно со 05.06.2026 година завршува акцијата за отплата без пресметана камата за задоцнето плаќање. Ги повикуваат корисниците во […]

Без струја делови од Бутел


Без електрична енергија денеска ќе останат дел од корисниците од Општина Бутел. -Без електрична енергија ќе останат – во периодот од 08.00 до 10.00 часот, корисниците од ул. „Боца Иванова“, како и магацинот на ЕВН и објектот на автосервис „Дон“ (Општина Бутел), а во периодот од 10.00 до 12.00 часот, корисниците од улиците „Душко Поповиќ“, […]

Дел од Ѓорче Петров без вода


Поради дефект на ул. „Ѓорче Петров“ бб до „Вардар Мебел“ во населба Ѓорче Петров, без вода од 19:15 часот се корисниците од ул. „Ѓорче Петров“, „Алексо Демниевски“, „Браќа Чакреви“, „Никола Пушкаров“, „Смољане“, „Јосиф Ковач“ и „Мечкин Камен“, соопшти ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје. Водоснабдувањето ќе биде прекинато до санирање на дефектот.