Николоски: Првите километри од патот Прилеп-Битола ќе бидат готови следната пролет


Изградбата на автопатот Прилеп-Битола се одвива со одлична динамика, а првите километри од новата автопатска делница се очекува да бидат готови веќе следната пролет. Ова денеска го истакна заменик-претседателот на Владата и министер за транспорт, Александар Николоски, при посетата на Општина Могила, оценувајќи изградбата на автопатот ќе има големо значење за развојот на целиот Пелагониски […]

ВМРО-ДПМНЕ го нападна првиот синдикалец во УПОЗ дека „се луксузира“


Бране Петрушевски, пратеник од ВМРО-ДПМНЕ,  порача денес на прес конференција дека синдикалните членарини не смеат да служат за привилегирани патувања и „луксузни игри“ на Јадранот, мислејќи под таа фраза на спортските синдикални игри на кои учествувал УПОЗ, синдикат што не успева да го исконтролира власта.  „Работниците во Македонија заслужуваат чесно, одговорно и транспарентно синдикално претставување, […]

Лани биле прислушувани и следени 365 лица


Јавните обвинители лани дале наредба да се користи прислушување на комуникацијата, следење на лица или, пак, тајно снимање во дом и возила и други тајни мерки во дури 44 случаи за кои воделе истрага. Дополнително, вакви мерки се применувале и во 4 други случаи, кои всушност траеле од 2024 година, стои во најновиот извештај на […]

Денес меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро


Четвртата меѓународна еко-акција за чистење на Охридското Езеро ќе започне денеска во 10 часот на плажата кај хотел „Бисер“ во населбата Калишта, а во неа ќе учествуваат нуркачки клубови од земјава, како и гости од Србија и Хрватска. Покрај нив, во акцијата која има за цел зачувување на природните вредности и подигнување на јавната свест […]

Претпладне сончево, попладне дожд, грмежи и ветер


Времето денеска ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Попладне ќе има локална појава на нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 24 до 33 степени, информира Управата за […]

Законот за пушење влегува во завршна фаза. Владата ќе го усвои во вторник


  Предлог-законот за заштита од употреба на производи од тутун или сродни производи во вторник треба да се разгледа на владина седница, по што се очекува, во најбрз можен рок, да помине и во Собранието. Како што рече денеска премиерот Христијан Мицкоски на завршниот состанок со претставниците од тутунската индустрија и угостителскиот сектор, законот ќе […]

Трифун Костовски најавува дека ќе формира партија


  Поранешниот градоначалник на Скопје, Трифун Костовски, преку текст во порталот „Либертас“ најави дека има планови да формира партија за Македонија да излезе од политичкиот и економскиот ќор-сокак „Македонија е буквално распната на крстопат. Едниот пат води кон апатија, иселување и исчезнување. Другиот води кон правда, работа и нова надеж. Изборот е наш. Јас го […]

Денеска ќе биде мирен и топол ден


  Утрово е најстудено во Берово, 3 степени, а максимални 11 се измерени во Скопје-Зајчев Рид и Гевгелија. Времето денеска ќе биде сончево со мала локална облачност. Во одредени региони ќе дува слаб ветер. Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 31 степен. Во Скопје сончево со мала облачност. Максималната температура ќе достигне […]

Утре сончево, од недела услови за пороен дожд и грмежи


Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а во источните делови повремено засилен северозападен ветер. Утринските температури ќе се движат од 4 до 14 степени, а максималните дневни од 19 до 31 степен. Како што информира УХМР, во недела и понеделник во попладневните часови ќе има […]

Донирани три возила за ТППЕ Куманово


Територијалната противпожарна единица Куманово доби донација од три противпожарни возила, со кои ќе располагаат кумановските пожарникари, соопштија денеска надлежните. Градоначалникот на општина Куманово, Максим Димитриевски информираше дека претставници од ТППЕ Куманово и од Доброволното противпожарно друштво (ДПД) претходно учествувале на петдневна обука во покраинската област Тирол во Австрија, каде посетиле практична едукација за справување со […]

М-НАВ: Нема никакви потешкотии и проблеми во авиосообраќајот


Авиосообраќајот во државава се одвива без никакви потешкотии и никакви проблеми согласно меѓународни процедури за навигација,  информираа денеска од М-НАВ, АД во државна сопственост за вршење на дејноста давање услуги во воздухопловната навигација.  М-НАВ посочува дека поединци со дневополитички дезинформации сакаат да постигнат цел за личен бенефит.  – Ве известуваме дека информациите кои излегоа во […]

Аеродром домаќин на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“


Општина Аеродром од вечерва е центар на фолклорот и традицијата, со почетокот на 12. Меѓународен фолклорен фестивал „Св. Троица“, кој ќе трае до 1 јуни во Долно Лисиче. Покрај домашните ансамбли, на сцената ќе настапат и млади фолклористи од Чиле, Босна и Херцеговина, Србија и Бугарија. Како што соопштуваат од општината, градоначалникот Дејан Митески им […]

Мицкоски најави поддршка за шопинг инвестиција и на северната граница, во општина Куманово


Премиерот Христијан Мицкоски, кој денеска беше на отворањето на Мега шопинг паркот во Гевгелија, најави изградба на ваков сличен објект и на северената граница, во општина Куманово.  Како што изјави, Владата ќе стори се за да ги олесни процедурите и да ја забрза постапката. -Како што сега разбрав од инвеститорот, веќе се развива идеја за изградба […]

Во Општина Илинден се одржа Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“


 Во амфитеатарот при Домот на култура „Илинден“ се одржа 12. издание на Меѓународниот фолклорен фестивал „Св. Троица“, под покровителство на Општина Илинден и во организација на КУД „Гоце Марковски“. Фестивалот започна со свечено дефиле на учесниците, кои придружувани од звуците на зурли и тапани продефилираа од ПООУ „Гоце Делчев“ низ главната улица во н.м Илинден. […]

Во струмичката болница наредната недела ќе биде инсталиран компјутерски томограф, најави министерот Алиу


Во струмичкиот регион наредната недела ќе биде инсталиран компјутерски томограф согласно сите стандарди, а граѓаните од овој регион ќе можат да ја користат оваа дијагностичка услуга, најавува министерот за здравство, Азир Алиу.   Одговарајќи на пратеничко прашање во Собранието за состојбите со болницата во Струмица, како што соопшти денеска Министерството за здравство, Алиу напомена дека […]

Децата се опкружени со нездрава храна! Прва национална проценка на нутритивните средини во и околу училиштата


Новата национална проценка на нутритивните средини во училиштата во државава открива дека нездравите опции на храна и пијалаци се широко достапни и се промовираат во и околу училиштата, додека здравите опции се ограничени, обликувајќи ги навиките во исхраната кај децата и отежнувајќи им го изборот на здрава храна, соопшти денеска Канцеларијата на УНИЦЕФ во Скопје.  […]

Во Крушево наврнаа 34 литри дожд на метар квадратен во изминатите 24 часа


Во Крушево во изминатите 24 часа заклучно со 8 часот наврнале 34 литри на метар квадратен, во Пожаране 8, Виница 6, Прилеп, Попова Шапка, Скопје – Зајчев Рид и Претор, 4, Тетово, 3,  и по 1 литар во Гевгелија, Маврови Анови, Крива Паланка и Битола, покажуваат мерењата на Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР).  Изутринава во […]

Вчера на „Богородица“ се чекало со часови


Новиот европски Систем за влез/излез (EEС-систем) за дигитална контрола на граници и овој продолжен викенд предизвика километарски колони и повеќечасовни чекања на премините од Македонија кон Грција. Уште од вчера на граничниот премин Богородица со часови се чекало за премин на македонско-грчката граница. Министерот за заштита на граѓаните на Грција Михалис Хрисоходис изјави дека примената на […]

Матурантите ќе полагаат три типа матурски испит: Од идната сабота почнува проверката на знаењето


Идната сабота почнува полагањето на екстерните испити од матурата за повеќе од 14.500 ученици кои завршуваат средно образование во учебната 2025/2026 година.  Во согласност со измените на Законот за средното образование, оваа година матурантите ќе полагаат три типа матурски испит – државна матура, државна стручна матура и државна уметничка матура. За секој испит (предмет) од […]

Маврoвско Езеро порибено со 2.090 кг. крап, се подготвува за Светското првенство во риболов


Вработените во ЈП национален парк „Маврово“ во соработка со Македонската риболовна федерација, ја спроведе втората фаза од порибувањето на Мавровското Езеро со 2.090 кг. крап. Порибувањето е дел од активностите во пресрет на Светското првенство во спортски риболов на крап, кое оваа година ќе се одржи токму на Мавровското Езеро. Од МРФ информираат дека оваа […]